дома блог страница 842

Трагедија во Штип: Да бидеме хумани и да помогнеме

АПЕЛ за помош на семејството Јорданов од Штип. Боби Јорданов почина во средата во болницата Großhadern во Минхен од рак на желудникот, објави Телевизија Стар.

Секоја донација ќе значи премноги за неговата сопруга и неговата 17 месечна ќерка, како би можеле телото да го донесат и погребат во Македонија.

Лекувањето го донесе семејството до финансиско исцрпување и секоја мала помош за нив е голема. Да бидеме хумани,да и помогнеме на Славица да му ја исполни последната желба на Боби, да биде погребан во Македонија.

ЛИНК ЗА ДОНАЦИИ

https://www.gofundme.com/f/b7mfq-bobby?fbclid=IwAR0HbeKu8LWv8ucOgLow1Xhm4uI6BhXGZJ6S7ilw-GZqNxKhbAxO9JRUuIs

Улиците во Вевчани никогаш попразни пред Василица: Организаторите на карневалот со важно соопштение

Фото/Ohridnews.mk

Деветнаесетгодишно момче со иницијали М.М. синоќа загинало во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу 1: 20 часот на локален пат меѓу Вевчани и струшкото село Подгорци, информираат од СВР Охрид.

Полицијата соопшти дека увид на лице место извршиле полициски екипи, како и дека и јавен обвинител излезен е на местото на настанот. Според информациите од Вевчани, каде денеска треба да се одржи традиционалниот Вевчански карневал, станува збор за синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

Улиците на 13-ти јануари никогаш не биле вака празни, скоро и да не се забележува маскирани лица, вели градоначалникот Спасе Кочовски.

Вевчани сме мало место и сите сме како една фамилија. Вакви немили настани не потресуваат. Вечерашниот концерт, забавниот дел ќе е откажан. Вевчани овој ден го чека цела година но не на ваков начин како што се случи оваа година. Имавме средба со Василичарските друштво, традицијата ќе продолжи, дефилето ќе се одржи во минимална состојба. Кој ќе учествува не можеме да кажеме и да влијаеме. Вака никогаш не било. Досега маскирано лице не забележавме на улица, без музика ќе работат и рестораните, додава Кочовски.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојческа изрази сочуство до фамилијата и рече дека целата ситуација е неизвесна.

Денес дојдов со градоначалникот да видиме што ќе се случува. Цела ситуација е неизвесна. Тоа што ќе одлучат граѓаните на Вевчани да се случува, тоа и ќе се случи. Традицијата ќе продолжи следните години. Се надевам дека вакви немили настани повеќе нема да има, додаде Костадиновска Стојчевска.

Информација околу дефилето – Св.Васиља (Вевчански Карневал)

ℹ️ Дефилето со маските ќа се одержит во исто време како секоја година.
ℹ️ Имат промена на рутата во која се движет василичарите. Ќа се заобиколит церквата Св.Спас Долни (василичарите ќа поминет од задната стерна)
ℹ️ Музика ќа имат, ама со намален интензитет.
ℹ️ Оро немат да се играт.
ℹ️ Ќа имат минутно молчење во центарот на Вевчани во чест на починатото дете.
ℹ️ Рестораните и кафиќите ќа работет денеска, живата музика е откажана.
ℹ️ Чекаме официјална информацја околу вечерните концерти, најверојатно ќа се откажани.

🙏Споделете да знет сите домашни и гости кој денеска се Вевчани

извор: ФБ Мое Вевчани

Уапсен прилепчанец, кој доцна синоќа агресивно се однесувал кон полициски службеници

На 13.01.2024 во 02.00 часот, на ул. „Мице Козар” во Прилеп С.М. агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејства.

По документирање на настанот против С.М. ќе следува соодветна пријава информираат од СВР Битола.

(Видео) Средношколци од Токио го изучуваат македонскиот јазик, култура, кујна, традиција, а професорот им е исто така Јапонец

Е затоа во многу нешта се први во светот, затоа што нив како нација нема што не ги интересира, особено изучување нешто ново, па дури и јазик на една мала балканска нација.

Ова се учениците по македонски јазик во средното училиште Таканава во Токио

Тие го изучуваат македонскиот јазик изминативе две години, ја презентираат македонската кујна, природното наследство на земјата и обичаите на училишните фестивали. Иницијатор и инспирација за нивните активности е нивниот професор г. Томоки Аојама – објавија од јапонската амбасада во Македонија.

https://fb.watch/pyb65Rweds/?mibextid=2JQ9oc

Во тешка сообраќајна несреќа загина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски

Трагична вест го потресе Вевчани утрово. Во тешка сообраќајна несреќа почина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

– На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Струга, велат од МВР.

Оваа недела работевме четири дена и следната исто – идниот петок споен викенд, а потоа за следниот неработен ден ќе почекаме малку подолго

Од неработните денови во месец јануари речиси „глава“ не можеме да кренеме. По првите два споени викенди во јануари и двата неработни понеделници, време е да одмараме и во петок пред викендот.

Идниот петок е неработен ден во Македонија, но само за граѓаните од православна вероисповед, додека за идниот нереаботен ден ќе почекаме малку подолго време.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

  • 10 април (среда), Рамазан Бајрам,  првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 01 мај (среда), Ден на трудот
  • 06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
  • 02 август (петок), Ден на Републиката,
  • 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
  • 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 19 јануари (петок), Богојавление (Водици),
  • 03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 01 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 01 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

  • 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

 За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

  • 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

  • 08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница  во РСМ

  • 23 мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

  • 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница  во РСМ

  • 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

  • 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Таткото монструм е спроведен во битолскиот затвор: Ќе одговара за убиство на малата ќерка

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(30) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Тој, на 18.12.2023 година околу 21 часот во неговата семејна куќа во Кичево, при вршење на семејно насилство, со физичка сила и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје каде, на 08.01.2024 починала.

Судија на претходна постапка при ОС Кичево, на Ф.Д. му одреди мерка притвор од 30 дена по што е спроведен во Казнено поправната установа „Затвор-Битола“.

ПРОСЕК 10,00 – Демонстратор на факултет, студира на магистерски студии и работи: Христина Нунеска од Прилеп е пример кој младите треба да го следат!

Христина Нунеска е 23-годишна девојка од Прилеп, која го понесе признанието за најдобар студент на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски” за академската 2019/2020 година. Минатата година Христина дипломираше со просек 10,00, и покажа дека Македонија се’ уште има млади луѓе кои пред се веруваат во образовниот процес, и се вложуваат себе си да постигнат висок резултат, а со тоа и широко да си ги отворат вратите кон подобра иднина и подобар економски бенефит.

Христина во моментов е на втор циклус студии, насока Сметководство и ревизија, како и демонстратор на Економскиот факултет од областа на Сметководство, финансии и ревизија. Покрај тоа, Христина работи и како AR-Specialist во компанијата Taskforce и успешно се справува со сите овие ангажмани и предизвици.

– Наградата за најдобар студент за мене претставува континуитет на претходно двете добиени титули за најдобар ученик во средно и основно образование. Големо признание за мојот досегашен труд, упорност, многу непроспиени ноќи и голем мотив за идни амбиции и нови достигнувања – вели Христина во интервју за “Факултети.мк”.

Наградата за најдобар студент Христина ја прими на патрониот празник на битолскиот Универзитет, кој се одржа на 07.12.2023год. во Офицерскиот Дом во Битола, каде имаше и свое обраќање пред членовите на Универзитетскиот сенат и Ректорската управа, како и пред наградени студенти од останатите факултети.

Од име на најуспешните Нунеска ја искажа благодарноста до УКЛО: за развиената мрежа со бизнис заедницата, можноста дипломираните да застанат зад катедрите на факултетите, да се цени нивниот труд, да се почитува успехот и да се слуша гласот на младите.

Не се туркајте пред врати: Личните карти ќе важат за внатрешна употреба, а еве што ќе биди со пасошите

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека личните документи, како личните карти, што се за внатрешна употреба ќе важат и по истекот на рокот за нивна замена, а во однос на пасошите рече дека ќе се разгледаат сите опции.

Во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за личните документи, Ковачевски рече дека секоја иницијатива може да биде разгледана и дека Уставниот суд ќе го каже своето мислење.

– Ние во различни одвоени средби, бидејќи Уставниот суд е највисоката судска инстанца, имаме разговарано на поединечно ниво во однос на тоа, рече тој.

Премиерот информираше дека вработените во Министерството за внатрешни работи веќе имаат издадено 1.200.000 пасоши во државата, што, според него, значи дека се работи со големо темпо.

– Јас знам дека сите сакаат повеќе да критикуваат, меѓутоа треба да се каже и фала на оние вработени кои работат деноноќно, и на сликање на граѓаните, и на изработка на документите, и на издавање на документите, така што 1,2 милиони пасоши не е мала бројка. Верувам дека ќе се продолжи со такво темпо, а ние ќе ги испитаме сите можности со цел доколку биде потребно да се направи пролонгирање во делот на пасошите, бидејќи тие им служат за граѓаните да можат да патуваат надвор од земјата, рече Ковачевски.

Ректор на македонски универзитет стана член на Академската унија на Оксфорд

Ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, е избран за член на Академската унија на Оксфорд.

Претходно, на пригодна церемонија, на ректорот Миленковски му беше доделено и признание за активна посветеност во високото образование!