дома блог страница 841

СДСМ: Направивме европско здравство

СДСМ континуирано вложува во унапредување и модернизација на здравството, со капитални инвестиции во објекти и опрема, како и со покачување на платите на здравствените работници – велат од владеачката партија.

Во продолжение интегрален текст од соопштението:

Само изминатите неколку денови во употреба се пуштени голем број нови реновирани здравствени објекти, како и нова опрема ширум медицинските центри во државата.

Скопската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, е модернизирана со набавка на нови апарати, во вредност од 1 милион евра, обезбедени од Владата предводена од СДСМ.

Набавен е нов современ апарат за литотрипсија, нов апарат за мамографија со томосинтеза, и лапароскопски столб за изведување на минимално инвазивни хируршки процедури, кој веќе е ставен во функција во оваа Клиника.

На Клиниката за ортопедија е пуштена во употреба комплетно реновираната современа хируршка сала. Со инвестиција од 15.000.000 денари, средства обезбедени од Фондот за здравствено осигурување и од донации, се овозможува Клиниката да има зголемен број на операции за 20% на годишно ниво, а со новата опрема за пациентите се обезбедува современа и комплетна грижа.

Новата Клиника во Козле, од институт за белодробни заболувања прерасна во клиника каде се овозможува и специјалистичка нега на терцијално ниво.

Набавени се голем број на нови апаратури во клиниката за гастроентерохепатологија со комплетно реновиран нов оддел, потоа одделот ендокринологија, Клиниката за токсикологија, како и Одделот за педијатрија во Општа Болница Гостивар.

Граѓаните од Сарај за прв пат по 50 години добија модерен поликлинички центар, вреден 1,3 милиони евра.

Од друга страна СДСМ ги покачи платите за здравствените работници и лекарите.

Реформите и инвестициите во здравство се еден од најважните приоритети, а тој процес не застана ниту во време на најголемата светска здравствена и економска криза.

СДСМ продолжува со унапредување на здравството, за подобри услови за лекување на граѓаните.

„Длабоко сме повредени од богохулноста и непристојното исмевање на Господ“ – Бигорскиот манастир бара извинување

Бигорскиот манастир бара извинување од организаторите на Вевчанскиот карневал, за, како што пишуваат, исмевањето на Господ.

„Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина. Се сеќаваме дека кога во минатото токму на овој карневал се случи поигрување и со чувствата на верниците од исламска вероисповед, што предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија, се воспостави една своевидна практика да се избегнуваат маски со содржини коишто ќе предизвикуваат навреда кон верските чувства – нешто што како апел беше упатено и од општинската власт во Вевчани. Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи, и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд. По овој немил повод, би сакале повторно да напомнеме за карактерот на овие световни манифестации, со коишто на еден потполно туѓ на нашиот менталитет начин, се одбележува споменот на Св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар“, се вели во реакцијата од Бигорскиот манастир.

(Видео) Најскапиот оброк во животот: Kуче изело 4.000 долари

Сопственикот Клејтон оставил пари на шанкот во кујната и половина час подоцна го нашол својот миленик како ужива во најскапиот оброк во својот живот. Сопствениците повикале ветеринар, кој ги советувал да го надгледуваат кучето, а кога Сесил почнал да го исфрла она што го изел, тие се обиделе да ги залепат уништените банкноти.

Имено, тие пари ги издвоиле за реновирање во куќата, но нивниот миленик успеал да ги најде, пренесува CBS Pittsburgh.

За среќа, повеќето од залепените банкноти успеале да ги разменат во банката, но сепак изгубиле околу 450 долари.

Отец Љупче Петрески: Св. Василиј не бил бурекџија, туку СВЕТИТЕЛ, а светците кај нас се чествуваат во црква

Фејсбук статус на Протоереј Љупче Петрески

-СВ. ВАСИЛИЈ НЕ БИЛ БУРЕКЏИЈА
Зошто православните вртат бурек(лепче) со паричка на Василица? Од верски побуди и во чест и спомен на СВЕТИ Василиј Велики, нели?

Е па тогаш, убаво е да се знае дека Василиј Велики не бил бурекџија ами СВЕТИТЕЛ, а светителите во православната црква се чествуваат така што, верниците одат на богослужба во храмовите.

Вртењето бурек или лепче со паричка е убава традиција од преданието на Црквата и треба да се зачува, но ја губи смислата ако верните не присуствуваат на богослужба.

Патем, автор на денешната Литургија е токму Свети Василиј Велики и се служи само десетина пати во годината.

И сега, вртевте бурек во спомен на СВЕТИТЕЛОТ Василиј Велики или на Васил бурекџијата?

Глобална војна за Арктикот: “Се ќе биде ситница во споредба со судирот за природните богатства на Северниот Пол”

Во наредните години во светот би можело да се креира ново бојно поле, во однос на кое серијата воени конфликти што започнаа во последната година може да изгледаат како ситница.

Ова го пишува британскиот Дејли Меил, кој потсетува дека во 2023 година имаше нагло зголемување на конфликтите во светот. Спомнувајќи ја војната меѓу Израел и Хамас, како и војната меѓу Русија а Украина која трае две години.

Истовремено, во субсахарска Африка продолжуваат судирите меѓу владините сили, паравоените формации и екстремистичките организации, а во земји како Мјанмар и Судан беснеат граѓански војни.

На тоа ново бојно поле, кое, според британскиот весник, ќе ги засени сите тие конфликти, глобалните сили ќе се борат меѓу себе како никогаш досега во трка за контрола и превласт на Северниот пол.

Регионот се вели дека е подложен на невидени промени предизвикани од климата, при што топењето на мразот го отвора патот до огромна нова граница и отклучува ризница од досега недопрени природни ресурси, нови трговски патишта и стратешка надмоќ.

Но зошто е важен Арктикот?

Арктикот, некогаш само ледена дивина, брзо станува жариште на геополитички маневри, првенствено поради неверојатните природни ресурси скриени под неговата замрзната површина.

Американскиот геолошки институт проценува дека Северниот пол содржи 90 милијарди барели нафта, или околу 15 отсто од неискористените конвенционални ресурси на црното злато во светот, како и околу 40 милијарди барели природен гас, што е околу 30 проценти неискористени конвенционални извори на тој извор на енергија.

(Видео) Новак доби понуда за брак сред меч

Новак Ѓоковиќ со многу мака стигна до второто коло на Австралија опен, а на мечот против хрватскиот тенисер, Дино Прижмиќ, Србинот доби неочекувана понуда – предлог за брак!

Имено, во текот на четвртиот сет, во моментот кога Ѓоковиќ водеше со 4:1 и сервираше, една девојка извика од трибините:

– Омажи се за мене!

Новак се насмеа, а потоа со потсмев одговори:

– Јас сум оженет!

ФОТО: Се урна таван на манастир за време на свадба, 35 лица повредени

Триесет и пет лица се повредени, од кои пет се здобиле со сериозни повреди, кога се урна таван на свадбена прослава во поранешен манастир во градот Пистоја, во италијанскиот регион Тоскана, пренесуваат италијански медиуми.

За многу години Свети Василиј Велики – Вечно име Васка, Васко, Васил, Весела, Нове…

Денеска се празнува Св. Василиј Велики

Именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка…

Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Обрезанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква.

Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството. Денес се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век.

Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил голем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил во 379 година.

Отец Петровски: Вевчанци дали имате ум? Се исмејувате со доброволната жртва на нашиот Господ Исус Христос (Фото)

ФБ статус на Отец Оливер Петровски како реакција на една од маските на денешниот Вевчански карневал:

-Ти благодарам Господи на Твоето долготрпение!!! Твојата голема љубов кон нас, недостојните Твои слуги, е преголема и иако секојдневно одиме против Твоите заповеди, Ти продолжуваш да нѐ љубиш…

Вевчанци, дали имате воопшто ум и разум? Чествувате пагански (сатански) празник и се исмејувате со доброволната жртва на нашиот Господ Исус Христос која Тој ја поднел за простување на нашите и спасение на нашите души.

Прости им Господи, не знаат што прават…

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02xtyH8umDeDFftB4Zn6d1tV7MyFaZfY3wPzMuPdZgZ774i3L4ZbZgNSX7yCUQ1aCQl&id=100000340066183&mibextid=2JQ9oc

“На Василица во Прилеп” – Љупчо Трајкоски е среќниот пронаоѓач на паричката (Фото галерија)

Со бурек, греано вино и топол чај, и оваа година ден пред православниот христијански празник Св.Василиј, а во организација на општина Прилеп, се одржа манифестацијата „На Василица во Прилеп“.

Голем број граѓани денеска на пладне се собраа на платото пред Градскиот Саат за заеднички да го одбележат дочекот на Православната Нова година.

Најсреќен помеѓу прилепчани беше Љупчо Трајкоски, кој ја пронајде паричката, а од градоначалникот на општината, доби пригодни подароци.

-Ден пред празникот, сакам да ви ја честитам православната нова година или Стара нова година како што уште и си ја нарекуваме, традиционален празник кој се прославува како почеток на Новата година според јулијанскиот календар. Воедно и празникот Св. Василиј Велики-Василица, кој што традиционално се празнува во Прилеп и сме една од општините во Македонија, каде што на овај празник традиционално вртиме пита или лепче со паричка и според обичаите веруваме дека во текот на годината ќе го следи среќа оној на кој што ќе му се падни паричката.

По тој повод, денеска тука од центарот на Прилеп трета година по ред со настанoт „На Василица во Прилеп“ го одбележуваме празникот и воспоставуваме една традиција, која што сигурен сум дека ќе ја надоградуваме во текот на наредните години со цел да прерасни во уште поголем настан кој што е единствен од ваков тип во Македонија и ќе претставува уште еден препознатлив знак на градот Прилеп.

Сакам да им се заблагодарам на општествено одговорните компании: пекари, винарии и ресторани кои што дадоа свој придонес за реализација на овој настан.

Поделивме парче бурек, топол чај и греано вино за сите присутни а за најсреќниот граѓанин кој што ја најде паричката, подаривме еден скромен и симболичен подарок, со кој што му посакавме здравје, среќа и бериќет него и на неговото семејство.

Сакам да испратам една порака од денешниов настан, да бидиме горди преносители на нашата македонска традиција, на нашите православни празници, и да се трудиме да ги продолжуваме и негуваме нашите обичаи кои што претставуваат корени на нашето постоење и со кои што и тоа како се истакнуваме и ја промовираме нашата македонска култура во светот – напиша Јовчески на ФБ.