дома блог страница 843

Доктори од повеќе области имаа стручен состанок во Прилеп: Се разговараше за примена и складирање на матични клетки

Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари и Интердисциплинарното здружение на лекарите за добра клиничка пракса поддржан од Cells4Life-банка за матични клетки од Велика Бритaнија, организираа стручен состанок на тема: „Матични клетки – современа технологија и можности“, во Прилеп.

Свое обраќање имаше и д-р Ана Вангелов, специјалист гинеколог во Болница Плодност, на тема „Улогата на гинекологот во процесот на складирање на матичните клетки“.

На овој стручен состанок, учествуаа со свои излагања и голем број доктори од повеќе области во медицината од државата (гинекологија, педијатрија, кардиологија), а се разговараше за матичните клетки, нивниот потенцијал, терапевтските методи и ефекти, како и за тоа што може да се очекува во блиската иднина од нивната употреба

Распеано и весело во Бигорски и Рајчица: Со ангелскиот глас на дечињата се празнуваа празниците Лазарева сабота и Цветници (ВИДЕО)

Погледнете како се празнуваа празниците Лазарова сабота и Цветници во двата најубави македонски манастири, манастирот Св. Јован Бигорски и манастирот Свети Ѓорѓи кај село Рајчица:

(ВИДЕО) “Чкембари“ го “запалија“ паркот кај Саатот во чест на загинатите битолчани кај Вејце и упатија апел за помош

Црвено – жолти бакли го осветлија паркот и споменикот на бранителите на годишнината од масакрот кај с. Вејце во чест на сите херои кои со животот не’ бранеле нас и ја бранеле МАКЕДОНИЈА! Наш завет е да ги чуваме од заборавот и да го пренесуваме нивното големо дело на секој човек. МАКЕДОНИЈА секогаш раѓала храбри синови со кои можиме да бидиме горди пред светот.

На 28.04.2001 год. во заседа и во грозоморен чин се убиени:
-МАРЈАН БОЖИНОВСКИ
-ИЛЧЕ СТОЈАНОВСКИ
-КИРЕ КОСТАДИНОВСКИ
-БОШКО НАЈДОВСКИ
-РОБЕРТ ПЕТКОВСКИ
-БОБАН ТРАЈКОВСКИ
-ИГОР КОСТЕСКИ
-МИЛЕ ЈАНЕВСКИ

“Нема потреба да доаѓате повеќе во помош, сите ќе загинеме за Македонија” – Последна реченица на еден од жртвите која кажува колкаво е херојството на овие бранители!

ВЕЧНА ВИ СЛАВА!

Должни сме и на живите бранители!

САШО ЛАЗАРЕВСКИ БРАДА е командант на битолската чета на лавовите во војната. Потребна е финансиска помош поради сериозно нарушување на неговото здравје.

Донирај на броевите:
-143 401 (А1)
-143 104 (Телеком)
Жиро сметка:
– 300 070163512 82

Николоски ја крена “Тризла” на нозе: Потребна е референдумска излезност на престојните избори!

Ова се историски избори, потребна е највисока излезност во историјата на парламентарните и претседателските избори – порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 4, Александар Николоски, при вчерашната посета на населбата “Тризла” во Прилеп.

-Најголема поддршка за ВМРО-ДПМНЕ за:

– Сценарио на ДУИ за БОЈКОТ на претседателските избори ДА НЕ УСПЕЕ
– ВМРО-ДПМНЕ да има чист мандат за Влада која НЕМА да биде УЦЕНУВАНА од никого

Благодарам населба Тризла – Прилеп! Референдумски на избори – порача Николоски.

Златни дечиња! Второоделенци од ООУ “Блаже Конески” Прилеп на прекрасен начин ви го честитаат Христовото Воскресение – Велигден

Велигден – Голем ден. Најубавиот христијански празник, празник на љубовта и мирот.

Учениците од II-3 одделение при ООУ “Блаже Конески” Прилеп, под менторство на наставничката Весна Арсиќ, на прекрасен начин ви го честитаат овој животворен ден, кој е една и единствена основа на христијанскиот живот и христијанската надеж.

-Да поздравиме сé што е во светлината на Христовото Воскресение, зашто после него сé е поразлично од она што го имавме вчера, сé изгледа подобро и повеличенствено. Додај мир во душата, љубов во срцето со верба во Бога, во слава на Христос да се радуваме, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме. Ви посакуваме од Велигден до Велигден да биде присутна кај сите вас ЉУБОВТА, ИСКРЕНОСТА, ДОБРОДУШНОСТА… и секогаш бидете она што и всушност сте, за да сите знаат колку е убаво да бидете само СВОИ… Имајте среќни празници! За многу години – стои во описот на видеото.

Величенствен настан! Во скопско Драчево осветен 63-метарскиот крст – Дванаесетти по височина во светот, а втор во Македонија (Фото галерија)

Во организација на Светскиот македонски конгрес и Општина Кисела Вода, вчера на ден Цветници, точно напладне, беше осветен Македонскиот крст во центарот на населбата Драчево, кој е лоциран во Паркот на бранителите. Македонскиот крст, кој е висок 63,5 метри, беше осветен од неговото блаженство, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, со свештеници од Скопската епархија.

На осветувањето присуствуваше и неговото високопреосвештенство, бискуп скопски и струмичко-скопски епарх, г. Киро Стојанов, како и претставници од Светскиот македонски конгрес и од Општина Кисела Вода, на чело со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

– Од денес погледот кон небото нема да е ист. Од денес- над нас, тука во Драчево стои еден моќен симбол на верата, надежта и љубовта. Крстот е икона на верата, симбол на возвишеноста на човекот пред бескрајната моќ на небото. Во неговите контури е собрано целото значење на христијанството, каде се преплетуваат симболиката на жртвата, спасението и вечната љубов кон Бога! Осветувањето на овој Македонски Крст е чин на почитта кон минатото, вера во иднината и мост кој не спојува сите нас. Тој ќе стои тука, како светилник на нашата заедница, потсетувајќи нè на човековите вредности, на моралот и на нашиот пат кон почит и човекољубие. Силно верувам дека Бог нè осветлува и нè води, потсетувајќи нè дека секој наш чекор, секој наш обид да градиме нешто во Негово име, е благословен и благодетен. И затоа ова е богатството и заветот што го оставаме за следните генерации-истакна во своето обраќање градоначалникот Ѓорѓиевски.

Додаде дека очекува овој Крст да биде светилиште за сите, мирно место за размислување и молитва, новото збиралиште и центар на Кисела Вода, а можеби и на цело Скопје, од каде ќе одекнува заедништвото, сплотеноста, и љубовта. Тој им се заблагодари на Светскиот Македонски Конгрес, на МПЦ И Г.Г. Стефан, и на секој поединец, на секоја компанија, на сите кои дадоа свој придонес за изградбата на Македонскиот крст.

default

– Посебно ми е драго што неговото осветување се случува денес, кога го славиме празникот Цветници, во предвечерјето на најголемиот ден за христијаните-Велигден. Празникот кој ја слави победата на животот над смртта и кој на највисок пиедестал ја издигнува верата. Денешниот ден е силен одек за времињата што доаѓаат, за промените што веќе започнаа да се случувaат, за новите историски моменти кои допрва ќе ги испишуваме во историјата на нашата Македонија. Со Божји благослов продолжуваме напред со проекти, со дела кои ќе бидат нашиот потпис и влог во иднината што ја оставаме на следните поколенија-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Изградбата на Македонскиот крст во центарот на Драчево, во “Паркот на бранителите”, започна на 16 април 2022 година. Неговото осветување денес е најголемата молитва пред Господа за победата на животот над смртта, за спасение на човештвото, на Македонците по род и државјанство, и на државата Македонија, истакна Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.

-Македонскиот Крст во Драчево е дванаесетти во светот, а втор во Македонија. Висок е 63,5 метри, широк 4 метри, со распон на краците 34 метри, секој крак по 15 метри. Постаментот е 12,5 метри, на три нивоа, темелната плоча е со дебелина од 1 метар. Во Македонскиот Крст во Драчево е вградена челична конструкција од 80 тона, премачкана со алкална жолта боја. На крстот е изведена светлечка инсталација со енергетска самоодржливост, што ќе претставува вистинска атракција во овој дел од градот Скопје и општината Кисела Вода. Вечерва ќе не огрее неговата светлина. Крстот претставува симбол на мирот и љубовта наспроти омразата и војната и затоа, радоста е заемна и благодатна за сите граѓани на државата Македонија, за сите Македонци по род и државјанство. За многаја лета Крстот, кој денес се освети, за многаја лета Драчево и општината Кисела Вода, за многаја лета Скопје метрополата и државата Македонија! Нека овој свет крст биде светилник на верата во Бога и на љубовта за татковината Македонија! Нека Господ Бог не’ благослови сите нас, нека Господ Бог ја благослови Македонија-истакна Тодор Петров, кој потоа, како инвеститор на објектот им додели плакети и благодарници на сите кои ја помогнаа изградбата на ова свeто здание.

default

Настанот беше дополнет со богата музичка програма од познати македонски музичари- Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски како и мешаниот камерен хор ,,Свети Климент Охридски” и дечињата од КУД “Китка”.

Македонскиот крст во Драчево е дванаесетти по височина во светот, а втор во Македонија.

Широк е четири метри, со распон на краците од 34 метри, секој крак по 15 метри. Постаментот е висок 12,5 метри и е на три нивоа, а темелната плоча е со дебелина од еден метар. Во Македонскиот крст е вградена челична конструкција од 80 тони, премачкана со алкална жолта боја. На крстот е изведена светлечка инсталација со енергетска самоодржливост, што ќе претставува вистинска атракција во овој дел од Градот Скопје и Општина Кисела Вода. Поставен е на 12 шипа со длабочина од 12 метри и дебелина од 80 сантиметри, плус четири централни шипа со длабочина од 16 метри и дебелина од еден метар. Во крстот се вградени 720 тони бетон и 32 тони армирано железо, најголемиот дел под земја, поради статиката на крстот.

Учениците од денеска се на пролетен распуст, а еве како ќе се одработат неработните денови поради изборите

Учениците од основните и средните училишта од денеска заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година. Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од деновите кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

– Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН кое, по реакции во јавноста и од синдикатите, ја повлече претходната одлука пропуштеното да се надомести во саботи.

Детско дружење, игра, забава и музика на Могила – падна и ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ пинг-понг дуел (ФОТО)

Во Паркот на револуцијата денеска во Прилеп, денеска на Цветници се одржа голем забавен хепенинг, насловен како “Пролетта не’ мами, на Могила не’ кани”.

Голем број дечиња го искористија топлото време и играа различни игри, се забавуваа на музичка програма, цртаа, спортуваа, а во активноситете се приклучија и двајца градоначалници, поранешниот Марјан Ристески и актуелниот Борче Јовчески, кои одиграа и меѓусебен пинг-понг дуел.

-Навистина е задоволство да се гледаат парковите исполнети. Посебно вака денес, во овој убав пролетен ден, во кој што организиравме уште еден Хепенинг исполнет со многу забава и многу активности за сите генерации. Денес е голем празник, Цветници, сакам да им го честитам именденот на сите кои што слават. Сакам да истакнам дека и во иднина ќе продолжиме со организација на вакви настани, на различни локации во нашиот град, со цел да понудиме анимација, вклученост и забава за сите наши сограѓани – порача Јовчески на ФБ.

Бидете внимателни во центарот на Прилеп, може да ви падне малтер на глава (ФОТО)

До нашата редакција пристигнаа фотографии од загрижени граѓани, кои забележале поголем одрон на малтер од тераса на зграда во строгиот центар на Прилеп.

Нашите читатели апелираат граѓаните да бидат внимателни кога поминуваат по ова шеталиште.

Се работи за постар станбен објект, на кои итно му е потребна санација.

Приведени тројца прилепчани за нарушување на јавниот ред и мир – се степале пред угостителски објект

Денеска (28.04.2024) во 01.30 часот полициски службеници од ОВР Прилеп ги привеле О.П(34), Д.Т.(41) и Ф.С.(28) сите од Прилеп, затоа што пред угостителски објект во Прилеп го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.