дома блог страница 840

Мицкоски: Сè ќе направиме ДУИ да оди во опозиција

Се додека математиката дозволува ние да имаме можност за формирање влада со опозицијата условно, консолидирана во албанскиот блок, таа можност стои како отворена. Е сега ако резултатот е 22 наспроти 5 или ако е резултатот 20 наспроти 6-7 јасен е параметарот по кој што ние треба да се движиме, но тоа нема да се случи. Еве јас ви гарантирам, запамтете ми го ова што го зборувам дека разликата помеѓу консолидираниот опозициски албански блок условно кажано и ДУИ која што ќе биде во коалиција со ДПА, тоа што осана од нејзе и тоа што остана од Алијанса за Албанците нема да биде така како што тие мислат. Разликата ќе биде многу мала, а може и да претрпат пораз, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „24 Анализа” на ТВ 24.

Тој додаде дека после 20 години ДУИ треба да оди во опозиција и да помине еден процес на катарза, па повторно да се појави на политичката сцена со некоја друга програма.

„Цениме дека после 20 години Демократската унија за интеграција треба да замине во опозиција и треба да помине еден период на внатрешна катарза и после 4 години да се обиде повторно да се појави на македонската политичка сцена со некоја друга програма. Видете го дијапазонот од ултразелени до ултранационални политики и на моменти насилнички“, потенцираше Мицкоски.

За тоа дека ДУИ според анкетите е неприкосновен победник во албанскиот блок, Мицкоски истакна дека тоа не е точно бидејќи во јавноста се гледа само излезот на анкетите.

„Јас тука не можам да се сложам и не можам да се сложам со тие што ги анализираат анкетите затоа што секоја анкета, се објавува излезот на анкетата, односно тоа е прашањето кое што вели за кого ќе гласате доколку утре се случат парламентарни избори, но никој не го гледа влезното прашање, а влезното прашање е за кого гласавте на претходните парламентарни избори, бидејќи секоја равенка има и влез и излез. Ние секогаш го гледаме во јавноста излезот, но социолошки треба да го видиме влезот. Јас се ценам како човек кој видел стотици и стотици анкети, анализирал во детали, кростабулации по возраст, по пол, по образование, по работа или не работа, по региони. Јас мислам дека ДУИ во услови на обединета албанска опозиција ќе биде многу многу непријатно изненадена од резултатот“, потенцираше Мицкоски.

Блескаме! Македонското знаме во друштво со руското, палестинското и израелското, забранети на Австралија Опен

Македонската заедница во Австралија објави фотографија со забранети знамиња, каде што се наоѓа и македонското знаме.

Знамето е забрането заедно со Израел, Русија, Белорусија, Палестина и Тајван, а засега не е позната причината на организаторот, јавува австралиското радио СБС на македонски.

Забрането е и старото знаме со 16 краци од Кутлеш.

Знамињата на Палестина и Израел се забранети поради војната, а руските и белоруските знамиња поради војната во Украина.

Од четврток дожд и пораст на температурите, во сабота снег и северен ветер

УХМР најавува врнежи и пораст на температурите во четврток и петок. Како што информира, врнежите ќе бидат од дожд и повремени, а ќе дува и засилен јужен ветер.

Под влијание на студен и влажен бран во петок кон крајот на денот и во сабота, врнежите ќе преминуваат во снег и ќе дува засилен северен ветер.

Според УХМР, утре ќе биде променливо облачно, претпладне во западните и северните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините и во повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од -3 до 9 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно во утринските часови со слаб дожд. ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и температура од -2 до 5 степени.

Ужас! Комуналците пронашле тело на 42-годишен прилепчанец во центарот на Прилеп

На 14.01.2024 во 06.58 часот во СВР Битола, од Јавно комунално претпријатие „Комуналец“-Прилеп било пријавено дека во паркот спроти Плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп бил пронајден починат Г.В.(42) од Прилеп.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, a по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Maлолетник од Битола со “Голф” удрил во дрво и две паркирани возила

Денеска (15.01.2024) во 04.18 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„1 Мај“ во Битола, патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Битола, удрило во дрво и две паркирани патнички моторни возила „бмв“ и „форд“, двете со битолски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Регулаторна одлучи: Ова се новите цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64% во однос на одлуката од 9.1.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,387%, кај дизелот зголемување за 1,583%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 2,420% и кај мазутот зголемувањето е за 0,842%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,419%

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,424 ден/кг и сега изнесува 41,941 ден/кг.

Од 16.1.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,941 (денари/килограм)

Претрес на приватни факултети поради сомнение дека издавале фалсификувани дипломи

Припадници на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) вршат претрес во приватни високообразовни установи во областа на Мостар, поради сомнение дека издавале фалсификувани дипломи.

Акцијата „Кластер“ се спроведува по налог на Судот на Босна и Херцеговина, а од приватните факултети во Мостар се одземаат документи и сомнителни студентски досиеја, соопшти СИПА.

Привременото одземање на документација се врши поради постоење основи на сомнение дека се сторени кривични дела „Организиран криминал“, „Недозволена трговија“ и „Перење пари“, како и „Злоупотреба на положба или овластување“, „Фалсификување или уништување службена исправа“.

(ФОТО) Прилепчанец со “Бе-Ем-Ве” се заби во зелениот појас на булеварот “Гоце Делчев”

На 14.01.2024 во 09.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(36) од Прилеп, удрило во ограда од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.

Трамп: Ќе спречам трета светска војна

Светот никогаш не бил толку блиску до избувнувањето на Третата светска војна, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп обраќајќи им се на своите поддржувачи во Ајова.

„Мислам дека никогаш не сме биле во таква опасност од трета светска војна како што сме сега. И како што велам во секој говор, ќе ја спречам третата светска војна, ги познавам сите овие луѓе“, рече тој, пренесува РИА Новости.

Според политичарот, САД под управата на неговиот наследник Џозеф Бајден станале „слаба и неефикасна држава“ чие мислење не се зема предвид на светската сцена.

„Бајден е крајно неспособен. Единственото нешто во што е добар е мамењето на изборите. Тие (демократите – уред.) се добри во лажирање изборни резултати, а исто така се одлични и во прогонот на нивните политички противници. Нема ништо друго што можат да направат “ – нагласи поранешниот американски претседател.

Трамп тврдеше дека Третата светска војна, доколку започне, нема да биде вообичаено бојно поле меѓу армиите и воената опрема на двата противници.

„Ова воопшто не е исто како Првата и Втората светска војна. Тоа беше страшно, но оваа ќе биде многу поголема, ќе има уништување“, додаде политичарот.

(ФОТО) Казино “ВЕГАС” во Прилеп прослави прв роденден

Веќе една година прилепчани имаат шанса да си ја пробаат среќата во еден поинаков амбиент. КАЗИНО ВЕГАС викендов прослави 1 година постоење во градот под Марковите Кули. Роденденот го прославија со сечење на роденденска торта и голем број изненадувања за играчите.

ВЕГАС КАЗИНО е единственото место каде љубителите на слот игри имаат можност да се забавуваат, а истовремено да освојат некој од вредните џек потови, кои само таму растат со неверојатна брзина.

ВЕГАС КАЗИНО нуди еден куп изненадувања, особено во викендите, кога играчите можат да освојат некој од вредните бонуси кои се паѓаат на секој час.

Среќен роденден на КАЗИНО ВЕГАС, а вие играјте со стил и играјте ОДГОВОРНО!