дома блог страница 837

(ФОТО) Грозно дело во Прилеп: Дали секој заслужува да се нарекува човек?

Рано утрово наш сограѓанин пронашол две бездомни кучиња, кои со јажиња и челични жици биле престегнати околу вратот и врзани за бетонски блок.

Кучињата едвај дишеле и цивкале од болка, слика на која ретко кој би останал рамнодушен. Александрар Стојчески ги одврзал, а потоа и ги нахранил недолжните суштества, кои од среќа долго потоа трчале по неговиот автомобил. Неговата објава на социјалните мрежи предизвика низа реакции и загриженост.

Дали после едно вакво грозно дело, секој може да се нарече човек? Проблемот со кучињата скитници е еден од најгорливите во Прилеп со години, но тоа не му дава право на никој од нас, на ваков начин да се однесува со овие невини суштества. Апел и до МВР да ги пронајде сторителите на ова дело, затоа што истите се опасни не само за бездомните животни, туку и за околината.

ФОТО/Александар Џо Стојчески

По 100 евра за Нова година: Ковачевски им вети на пензионерите бакшиш за најлудата ноќ доколку победи на изборите

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во своето обраќање на Конгресот на политиката ја претстави програма, за која рече дека е на 250 страници.

Тој ветува поголем извоз на земјоделски производи, просечна плата од 1.100 евра, додека пак минималната до 2028 година ќе достигне 600 евра.

„Ќе задоволиме 100 проценти од потребите за електрична енергија од сопствено производство. Ова ветување нема да може никој да го спори. Ние сме тие кои историски направивме најголем прогрес во производството од домашни обновливи извори на енергија. До 2028 ќе имаме 20.000 денари минимална, а просечна пензија од 30.000 денари. Плус од оваа година ќе има новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите“, рече Ковачевски.

Како што вели Ковачевски, еден од проектите ќе биде по 200 евра месечно за секое прво вработување на лица до 26 години во првите 12 месеци, а најави и дневен оброк за секој ученик од основно и средно чии родители немаат поголеми плати од просечните.

Првиот третман вроди со плод: Да помогнеме сите за малиот Марко од Прилеп

Maлиот Марко од Прилеп, боледува од Ангелман синдром – еден од најретките во светот. Марко се’ уште не оди и не зборува, а често се соочува и со бубрежни инфекции, за што досега му се извршени 4 хирушки интервенции.

Неговите родители можност за лекување пронајдоа преку третманите со матични клетки, кои се многу скапи и семејството не е во можност да ја обезбеди целата сума.

Благодарение на сите хумани граѓани, Марко веќе имаше еден ваков третман во болница во Турција и веќе има напредок во неговото лекување.

Но, за да има нормално детство, на Марко му е потребен и втор третман, кој чини 19.000 евра, а секоја донација е добредојдена.

Донирајте на телефонскиот број и жиро сметките во продолжение:

Прилепскиот карвинг виртуоз, втора година по ред освои медал на најголемиот гастрономски натпревар на Медитеранот (ФОТО)

Изминатите денови на островот Брач во Супетар, Хрватска, се одржа најновото издание на најголемиот гастрономски натпревар на Медитеранот ,,Бисер мора”, кој 19 години се одржува во организација на Сојузот на кувари од медитеранот и европскиот регион.

Како дел на тимот од “Гастромак”, на истиот по втор пат учествуваше и прилепчанецот Влатко Алексоски, кој повторно ги презентираше своите карвинг мајстории и оваа година освои второ место – сребрен медал.

Алексоски, кој прераснува во вистински амбасадор на Прилеп и Македонија, минатата година на овој натпревар го освои златото.

Покрај Алексоски, од тимот на “Гастромак” со признанија се закитија и: Виктор Радевски од “Етно Село Тимчевски” со сребрен медал, a Дени Шубашевски од “Вила Виста” oсвои две сребрени медали.

Oд видео во видео стануваат се подобри: Двајца млади прилепчани со прекрасна дрон приказна од Охрид

Истражете ја волшебната убавина на македонскиот Ерусалим преку извонредно ДРОН ВИДЕО на двајцата млади прилепчани Гоце Дојчиноски и Валентин Цветановски.

Дечките се веќе мајстори на својот занает и пронашле одличен начин да ги презентираат убавините на Македонија. Во описот на своите видеа пишувааат и кратки стории на англиски јазик, па секој странец кој ќе дојде до нивните репортажи на јутјуб, ќе може да се запознае со нашите природни убавини.

Да им дадеме поддршка со тоа што ќе го заследиме нивниот канал Skyscapes Production

Уживајте во глетката во продолжение:

Што се случува со нашата младина? Петмина малолетници фатени со марихуана во двор на црква во Битола

На 20.03.2024 во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Битола привеле пет малолетници и С.М.(19), сите од Битола.

Тие биле затекнати во двор на црква во Битола и при преглед кај нив, кај двајца од малолетниците биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана.

По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

ВИСТИНСКИ ХЕРОЈ: Петнаесетгодишно момче спаси речиси стотина луѓе за време на нападот во „Крокус“ (Видео)

Петнаесетгодишно момче им помогна на речиси стотина луѓе да ја напуштат концертната сала „Крокус“ ​​кога се случи терористичкиот напад.

Ученик од осмо одделение, по име Ислам, работел како гардеробер во концертна сала.

Кога почнала пукањето, тој успеал да ја задржи присебноста, брзо да си го најде патот и да ги насочи испаничените луѓе кон излезот од зградата.

Така спасил многу животи, пренесува Спутник.

Пред тоа Танјуг објави дека маж кој во петокот бил со жена во концертната сала „Крокус“ ​​за руските медиуми изјавил дека совладал терорист и му го одзел оружјето.

Според неговите зборови, тој во моментот на нападот ја оттурнал сопругата, потрчал кон терористот, ја грабнал неговата автоматска пушка, ја одзел и почнал да го удира напаѓачот по главата, пренесува РТ.

Овој човек наведува дека набрзо притрчал друг маж и му помогнал да го онеспособи напаѓачот.

Да немаше такви херојски жртви во нападот врз посетителите на концертот во Москва, што се случи во петокот вечерта, сигурно ќе ги имаше уште многу. За жал, загинаа најмалку 133 лица, а се претпоставува дека оваа бројка ќе се зголеми.

Огромен револт во СДСМ Прилеп – Најавени преминувања во ЗНАМ

По објавувањето на листата за пратеници за 4 ИЕ, врие во СДСМ Прилеп.

Поискусните членови се длабоко разочарани од кадровските решенија и од одлуката на централата, во Прилеп повторно да се гласа за Миле Талевски, кој важи за најголем губитник во последните изборни циклуси.

Прилеп е на маргините и сега целата партиска машинерија треба да се мотивира, за еден пратеник да зема 2.500 евра плата, а сите други да останат во длабока опозиција.

Во чаршиските кулоари се погласно се шпекулира дека овие избори СДСМ Прилеп ќе нема ни 8.000 гласови, и дека уште отсега огромен број разочарани членови преминуваат во ЗНАМ на Максим Димитриевски.

Уште пострашно е што актуелниот претседател на ОО СДСМ Прилеп и Генерален директор на Тутунски Комбинат, Зоран Пачешкоски, не е ниту на последното 20 место од листата за пратеници, и тоа навестува дека целата негова екипа ќе ги бојкотира овие избори.

Вечните пратеници и губитници во СДСМ Прилеп, ќе доведат до распад на целата структура, макотрпно градена во изминатите години.

Зима топло, лето ладно, сметките за струја таман, а семејството среќно! “Гермак” е доживотно решение за дотраените врати и дограма (ФОТО)

Вложувањето во квалитетна дограма во денешно време е пред се спас од високи сметки за електрична енергија, а за прилепчани најчесто тоа е инвестиција која значи домаќинлук. Прашањето секогаш е кому да му се даде довербата, кој нуди поевтини цени и квалитет и кој најбезболно ќе ви го реши проблемот со дотраената надворешна столарија.

Ако ги прашате прилепчани, особено оние кои веќе се увериле, ќе ви речат да се обратите во “Гермак Дизајн”, една од најдобрите специјализирани фирми за производство и монтажа на ПВЦ и алуминиумска столарија.

Енергетско ефективните ПВЦ и алуминиумски прозори и врати кои ги нуди “ГЕРМАК”, во изминатите години станаа прозорец кон светот за голем број домаќинства, не само во Прилеп, туку и ширум државата.

Покрај тоа компанијата располага со сите видови на термопан стакла, ролетни, гаражни врати, роло врати, жалузини, завеси, секакви видови на комарници и парапетни даски. За сите производи од “ГЕРМАК” гарантираат за квалитетот, а целта секогаш е задоволни муштерии кои ќе го шират позитивниот глас.

Нивните ПВЦ профили се со високи стандарди кои на вашиот дом ќе му дадат идеална топлотна и звучна изолација, безбедност, како и одличен естетски изглед.

Профилите се произведени по најмодерна технологија која ги користи стандардите за квалитет EN ISO 9001. Тука пред се се издвојува 7 коморниот профил со ширина од 85мм и термопан стакло, кој овозможува техничко совршенство, а истовремено е лесно одржлив и функционален.

И најважно, од “ГЕРМАК” ќе излезат во пресрет за сите ваши архитектонски и изведбени барања, а монтажата е секогаш брза и навремена.

Контактирајте ги на телефонскиот број 078 308 548 и закажете состанок, а потоа заедно пронајдете го најдоброто и најфункционално решение за вашиот дом.

Денеска е Тодорова сабота: Честито и вековито име Теодора, Тодорка, Тодор, Тео…

Тодорова сабота е празник посветен на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, кој настрадал во прогоните на христијаните од страна на римскиот цар Максимилијан. Овој ден се празнува во спомен на едно чудо што го направил св. Теодор Тирон околу 50 години по смртта.

Имено, еднаш, непосредно пред почетокот на велигденскиот пост, византискиот цар Јулијан Отстапникот сакал да им напакости на христијаните и наредил храната што се продавала по пазарите да се испрска со крвта на жртвите што им се принесувале на римските идоли.

Меѓутоа, св. Теодор Тирон на јаве му се појавил на цариградскиот патријарх и му кажал да им забрани на христијаните да купуваат храна од пазарите, зашто таа ќе биде осквернавена со крв и наместо тоа, цела недела да јадат пченица со мед.

Патријархот така постапил и христијанските верници отанале неиспоганети пред нивниот најголем празник. Во спомен на овој настан, првата сабота од велигденските пости е наречена Тодорова сабота.

Со празникот Тодорова сабота се поврзани и други обичаи и верувања. Во Гостиварско пченката што ја враќале од црквата утрото на самиот празник ја носеле во полето и ја фрлале по нивите и бавчите велејќи: „Господе, колку зрна, толку тоари, толку дар и бериќет да ни даеш”.

Очигледно е дека иако празникот Тодорова сабота или Тодорица е пред се црковен празник, иако повеќето од обичаите се изведуваат во црквата и се поврзани со споменот на Свети Теодор Тирон, особено житото, сепак, во овој празник се контаминирале и поголем број пагански обичаи поврзани со доаѓањето на пролетта и со разбудувањето на вегетацијата.

На овој ден се вари пченица во која се додава малку мед и оние кои постат задолжително јадат од тоа.