дома блог страница 838

Зима топло, лето ладно, сметките за струја таман, а семејството среќно! “Гермак” е доживотно решение за дотраените врати и дограма (ФОТО)

Вложувањето во квалитетна дограма во денешно време е пред се спас од високи сметки за електрична енергија, а за прилепчани најчесто тоа е инвестиција која значи домаќинлук. Прашањето секогаш е кому да му се даде довербата, кој нуди поевтини цени и квалитет и кој најбезболно ќе ви го реши проблемот со дотраената надворешна столарија.

Ако ги прашате прилепчани, особено оние кои веќе се увериле, ќе ви речат да се обратите во “Гермак Дизајн”, една од најдобрите специјализирани фирми за производство и монтажа на ПВЦ и алуминиумска столарија.

Енергетско ефективните ПВЦ и алуминиумски прозори и врати кои ги нуди “ГЕРМАК”, во изминатите години станаа прозорец кон светот за голем број домаќинства, не само во Прилеп, туку и ширум државата.

Покрај тоа компанијата располага со сите видови на термопан стакла, ролетни, гаражни врати, роло врати, жалузини, завеси, секакви видови на комарници и парапетни даски. За сите производи од “ГЕРМАК” гарантираат за квалитетот, а целта секогаш е задоволни муштерии кои ќе го шират позитивниот глас.

Нивните ПВЦ профили се со високи стандарди кои на вашиот дом ќе му дадат идеална топлотна и звучна изолација, безбедност, како и одличен естетски изглед.

Профилите се произведени по најмодерна технологија која ги користи стандардите за квалитет EN ISO 9001. Тука пред се се издвојува 7 коморниот профил со ширина од 85мм и термопан стакло, кој овозможува техничко совршенство, а истовремено е лесно одржлив и функционален.

И најважно, од “ГЕРМАК” ќе излезат во пресрет за сите ваши архитектонски и изведбени барања, а монтажата е секогаш брза и навремена.

Контактирајте ги на телефонскиот број 078 308 548 и закажете состанок, а потоа заедно пронајдете го најдоброто и најфункционално решение за вашиот дом.

Денеска е Тодорова сабота: Честито и вековито име Теодора, Тодорка, Тодор, Тео…

Тодорова сабота е празник посветен на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, кој настрадал во прогоните на христијаните од страна на римскиот цар Максимилијан. Овој ден се празнува во спомен на едно чудо што го направил св. Теодор Тирон околу 50 години по смртта.

Имено, еднаш, непосредно пред почетокот на велигденскиот пост, византискиот цар Јулијан Отстапникот сакал да им напакости на христијаните и наредил храната што се продавала по пазарите да се испрска со крвта на жртвите што им се принесувале на римските идоли.

Меѓутоа, св. Теодор Тирон на јаве му се појавил на цариградскиот патријарх и му кажал да им забрани на христијаните да купуваат храна од пазарите, зашто таа ќе биде осквернавена со крв и наместо тоа, цела недела да јадат пченица со мед.

Патријархот така постапил и христијанските верници отанале неиспоганети пред нивниот најголем празник. Во спомен на овој настан, првата сабота од велигденските пости е наречена Тодорова сабота.

Со празникот Тодорова сабота се поврзани и други обичаи и верувања. Во Гостиварско пченката што ја враќале од црквата утрото на самиот празник ја носеле во полето и ја фрлале по нивите и бавчите велејќи: „Господе, колку зрна, толку тоари, толку дар и бериќет да ни даеш”.

Очигледно е дека иако празникот Тодорова сабота или Тодорица е пред се црковен празник, иако повеќето од обичаите се изведуваат во црквата и се поврзани со споменот на Свети Теодор Тирон, особено житото, сепак, во овој празник се контаминирале и поголем број пагански обичаи поврзани со доаѓањето на пролетта и со разбудувањето на вегетацијата.

На овој ден се вари пченица во која се додава малку мед и оние кои постат задолжително јадат од тоа.

Oва е листата на СДСM за Изборната Единица 4: Пачешкоси во длабок аут

СДСМ денеска на конгрес ќе одлучува за кандидатите за пратеници и за носителите на листи за парламентарните избори на 8 мај. На собирот ќе биде претставена и партиската програма со која СДСМ ќе се претстави пред гласачите.

Во пресрет на партискиот конгрес, ТВ КЛАН ексклузивно ги открива целосните листи за кандидати за пратеници, при што во ЧЕТВРТАТА изборна единица, каде битката ќе се води во Прилеп, Кавадарци и Струмица како најголеми градови, ќе се соочат Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ и Венко Филипче од СДСМ.

Екс министерот за здравство во оваа изборна единица не листата ќе го придружуваат следните имиња:

Актуелниот пратеник од Прилеп, Миле Талевски, е сигурен за уште еден мандат на третото место на листата, а од Прилеп е уште и Кети Стеванинџија на 13-та позиција. На листата пак го нема претседателот на ОО СДСМ Прилеп и Генерален директор на Тутунски-Комбинат, Зоран Пачешкоски.

Прилепскиот БОКСЕРСКИ АС, Ице Трајкоски, стигна до третата победа во професионалниот бокс – овојпат на мега настан во Тирана (ФОТО)

Прилепскиот боксер Ице Трајкоски, синоќа ја имаше својата петта професионална борба, на боксерскиот спектакл “ЧЕЛИЧНА ТУПАНИЦА”, кој се одржа во Тирана, Албанија.

Трајкоски стигна до третата професионална победа во кариерата против боксер од Босна и Херцеговина, и уште еднаш докажа за каков боксерски талент станува збор.

Да му честитаме за најновиот успех и него и на тренерот Дарко Чатлески, а во текот на викендот ќе објавиме повеќе детали за целата борба, како и за други новитети во прилепскиот бокс, кои следуваат наскоро.

Сега пак се со ВМРО: Петар Богојески, Павле Трајанов, Љубе Бошкоски, Стојанче Ангелов и нивните партии се приклучуваат кон ВМРО?

Листите се во добар дел усогласени, единствено она што ни преостанува е два – три дена да ја затвориме коалицијата со нови коалициони партнери. И тоа што имам да го соопштам сега како би рекол одредена новост за Вашиот медиум е дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде проширена со во моментов 7 политички партии, кои што до вчера биле во коалиција со СДС, а сега преминуваат во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

„За два – три дена очекуваме одлука од уште една политичка партија. Значи би биле вкупно осум политички партии“, рече тој.

Милошоски додаде дека тоа е сигнал дека коалицијата на СДС веќе не е привлечна.

Toj посочи дека тие партии се Социјалдемократската унија, Обединетата партија за целосна еманципација на Ромите, Македонски концепт, Демократскиот сојуз, Обединети за Македонија, ТМРО, Достоинство. И се очекува одлуката на уште еден довчерашен коалиционен партнер на СДС.

„Во овој концепт кој што гледаме е дека прво постои интерес и нас ни годи тоа што постои интерес за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, сепак тоа дава сигнал дека овие партии препознаваат на каде се движи политичката тенденција во државата. А, второ заедничкиот именител со овие партии е дека да имало грешки од наша или од нивна страна во минатото, но дека сега е дојдено време за обединување. Обединување за интересот на Македонија“, порача Милошоски.

Милошоски рече дека е време Македонија да биде една подобра држава во која што и демократијата и економијата, и владеењето на правото, и образованието, здравството ќе бидат на еден подобар и повисок стандард.

„Затоа сметам дека ова е еден добар сигнал, тоа што политички партии од јатото на коалицијата на СДС го напуштаат бродот кој што тоне и преминуваат кај ВМРО-ДПМНЕ. Препознаваат тука коалиција што ќе победи на овие избори“, укажа тој.

Народот рекол: “Испеј си едно петтолебие за здравје”, a прилепчани денеска ги исполнија црковните храмови за првиот Акатист во велигденските пости

Во првиот петок од Великиот Велигденски пост во храмот св. Кирил и Методиј – Параклис, се отслужи Големо повечерие на кое се читаше акатистот посветен кон Пресвета Богородица и се освети петтолебие за здравје и спасение на верниот народ.

Потоа се одржа првото предавање во овогодишниот циклус од предавања кое беше посветено за ПРОСТУВАЊЕТО, благодарност до теологот АНДРЕЈ ИВАНОСКИ.

Благодарност до верниот народ, свештеното братство за присуството на предавањето, воедно и повик до сите прилепчани да ни се придружат следниот акатист наредниот петок, со ново предавање на нова тема – стои во соопштението од овој црковен храм.

Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи не, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!

(ВИДЕО) Затоа мотото им е “Секогаш и секаде први”: Волците го кренаа Прилеп на нозе

Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана во соработка со локалната самоуправа, денеска на плоштадот “Александрија” во центарот на Прилеп, организираа отворен ден за граѓаните. Настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно 4 години од членството на Македонија во Алијансата.

На плоштадот “Александрија” беа изложени артилериски орудија и системи на АРМ, а специјалните единици “Ренџери” и “Волци”, презентираа дел од своите вештини.

(Фото галерија) Изложба на артилериски системи на Армијата на Република Македонија во центарот на Прилеп

Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана во соработка со локалната самоуправа, денеска на плоштадот “Александрија” во центарот на Прилеп, организираа отворен ден за граѓаните. Настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно 4 години од членството на Македонија во Алијансата.

На плоштадот “Александрија” беа изложени артилериски орудија и системи на АРМ, а специјалните единици “Ренџери” и “Волци”, презентираа дел од своите вештини.

Настанот предизвика голем интерес на прилепчани, а особено кај младите.

Топлото време ги врати и пред Благовец: Штрковите се вратија во своите домови во прилепско (ФОТО)

Големите штркови гнезда, поставени долж патиштата, високо на електричните столбови се честа слика речиси низ сите делови на држвата од рана пролет па се до последните топли денови во есента.

Враќањето на штрковите меѓу јавноста во Македонија се смета за неофицијален почеток на пролетта. Тие, заедно со ластовичките се првите знаци дека ладните зимски месеци завршуват и почнува новата сезона.

Иако нивното враќање во нашите краишта народски се поврзува со празникот Благовец, низ Пелагониските села веќе може да се види нивното присуство.

Фотографиите се од денеска од Кривогаштани, каде овие благородни птици веќе се вратени во своите домови и речиси да не постои празно гнездо.

Kомпанијата “Дрекслмајер” Македонија донираше специјално современо возило за општина Прилеп (ФОТО)

Општина Прилеп ја доби донацијата на ново специјално возило, кое го обезбеди компанијата “Дрекслмајер” Македонија.

Возилото е опремено со автоматска рампа за непречен пристап на инвалидска количка, како и простор кој е соодветно наменет за транспорт на опремата на лицата со посебни потреби.

Специјалното возило ќе биде на располагање за потребите на сите лица и здруженија за лица со посебни потреби од општина Прилеп, а општината ќе се грижи за неговото тековно одржување и сервисирање.

Градоначалникот Борче Јовчески изрази благодарност до Дрекслмајер затоа што компанијата во континуитет поддржува бројни проекти кои се особено значајни за развојот на заедницата.

„Социјалните проекти се од особено значење за лицата со посебни потреби, но и за нашата локална заедница. Би сакал да се заблагодарам за овој убав гест од страна на Дрекслмајер преку кој заеднички ќе успееме барем малку да им го олесниме секојдневието на овие наши сограѓани“, рече Јовчески.

„Можноста да создадеме подобри услови за лицата со телесен инвалидитет, подобрена социјална инклузија и да придонесеме за подбрување на квалитетот на животот на оваа ранлива категорија граѓани нѐ прави особено среќни. Важно е заеднички да делуваме и уште повеќе да ја развиеме свеста за потребите и предизвиците со кои овие лица се соочуват“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на Дрекслмајер Македонија.