дома блог страница 836

МАКЕДОНИЈА ПОД СНЕГ – еве до кога ќе врне, УХМР најавува и рекордно минусни температури!

Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 сантиметри.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 1 до 8 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и студено со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 3 степени.

Локални врнежи од снег, како што информира УХМР, ќе има и во недела претпладне. Од понеделник времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени.

Денеска е Собор на св. Јован Крстител: Чесит именден Јован, Јована, Јованка, Јове…

Денеска е Собор на св. Јован Крстител.

Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Боголавление. Тоа е затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус.

Така, иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т. е. главен празник е на денешен ден.

Според Јулијалнскиот календар денеска православните верници го празнуваат Свети Јован Крстител, кој се празнува на 20-ти јануари.

Свети Јован Крстител е важен светец во христијанството, братучед на Исус Христос според евангелието на Лука и човекот којшто го крстил во реката Јордан. Со оглед дека оваа главна улога на Свети Јован се остварила на денот на Богојавление (19 јануари), древната Црква денот по Богојавление му го посветил на неговиот спомен.

Јован Крстител најверојатно имал голема улога во првите векови во христијанството, а според некои, тој дури имал и поголем број на верници.

Денеска, во христијанството, Јован се смета за светец и мачениk. Во исламот е познат како пpорок Јахја ибн Закарија. Медејците, пак, го сметаат за единствен и вистински меcија.

Празникот Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 20 јануари по македонскиот православен црковен календар. Исто така, во православната црква се празнува и денот на отcекувањето на главата на Св. Јован Крстител (11 септември).

Моштите на св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот, а дел од дланката се наоѓа во Бигорскиот манастир, св. Јован Крстител во Македонија.

(ВИДЕО) Неизвесна “борба” во која девојка ги победи момчињата: Зорица Колчакоска најсреќна за Водици во Врбјани

Осветување на водите денеска имаше и во општина Кривогаштани, каде во населеното место Врбјани, прва до Светиот крст стигна Зорица Колчакоска.

Помеѓу 12-те учесници имаше и две девојчиња, па по “жилава борба”, Зорица ги победи момчињата и го извлече крстот од осветените води.

Прилепчанец втора година по ред го фати Светиот крст во германскиот град Дизелдорф (ФОТО)

Големиот христијански празник Богојавление – Водици и оваа година масовно се празнуваше во сите градови и населени места, а водите се осветуваа и кај Македонците во дијаспората.

Каде и да се ширум светот, нашинците се верни на своите корени, традицијата, обичаите и религијата.

Во германскиот град Дизелдорф фрлањето на Sветиот крст во водите го изврши свештеник од црквата Св. Петка, а најсреќен втора година по ред беше прилепчанецот Дарко Јанкоски.

Честитки за Дарко и му посакуваме да го прати среќа во текот на целата година!

(ФОТО) Трета среќа за 24-годишниот Влатко Орданоски, кој прв стигна до Светиот крст во Прилеп

Големиот христијански празник Богојавление – Водици денеска масовно се одбележуваше во Прилеп и во населените места околу градот. Централниот настан беше во Аквапаркот “Салида”, каде најсреќен помеѓу 123 учесници беше 24-годишниот Влатко Орданоски, кој прв стигна до Светиот крст.

Голем број граѓани беа присутни и го проследија осветувањето на водите.

Влатко две ипол години живее во Германија, а за празниците редовно си доаѓа дома. Три години скокал во водите по Светиот крст, па ова за него беше трета среќа.

Борче Сркески прв до Светиот крст во Големо Коњари, а Костадин Петкоски во Мало Коњари (ФОТО)

Празникот Богојавление-Водици традиционално секоја година се одбележува и низ поголем број населени места во Прилепскиот регион.

Така е и оваа година, а осветување на водите со помасовно присуство и Света литургија се одржа во населените места Големо и Мало Коњари, како и населеното место Селце.

Прв до Светиот крст во Селце дојде Кире Најдоски, во Големо Коњари најсреќен беше Борче Сркески, а во Мало Коњари Костадин Петкоски.

Нека е за многу години! Бог се јави!

17-годишно момче го фати Светиот крст во водите на реката Вардар и порача: “Да се обедини Македонија и македонскиот народ”

На мостот „Слобода“ архиепископот г. г Стефан во го положи Светиот крст во водите на реката Вардар.

„17 години, ова ќе ми донесе спокој, здравје и среќа. Со Господ напред и се најдобро за сите. Господ е голем и Господ гледа се, за сите да имаме единство, да се обедини Македонија и македонскиот народ“, рече среќниот фаќач.

Видео кое зрачи со неизмерна љубов и убавина: 11 новороденчиња на Водици во болницата “Плодност” во Битола

-На денешниот празник Богојавление – Водици, благословени сме со 11 бебиња. Нашата Болница Плодност – Hospital Plodnost и денес го дочекува овој голем христијански празник со многу новороденчиња и со желби за нивно добро здравје, заедно со нивните семејства – напишаа од болницата на Фејсбук.

(ВИДЕО) Топлото време донесе голем број посетители: Празникот Богојавление по четврти пат одбележан со осветување на водите на Плетварското езеро

По четвти пат група ентузијасти од Прилеп, и оваа година организираа одбележување на празникот Богојавление – Водици во водите на Плетварското езеро.

Ако првата година на ова место се собраа неколкумина, минатата година интересот кај прилепчани беше многу поголем, а оваа година уште повеќе верници се пријавија да влезат во осветените води на езерцето.

Првите две години организаторите правеја крст во замрзнатите води, а минатата и оваа година поради топлото време, беше направена макета на крст каде влегуваа верниците.

Теофил Петрески прв до Светиот крст во дворот на црквата Св. Кирил и Методиј – Параклис (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Големиот христијански празник Богојавление-Водици масовно се одбележува во прилепските црковни храмови, не само во градот, туку и во населените места.

Водите се осветуваа и во црковниот храм Св. Кирил и Методиј – Параклис, каде најсреќен меѓу учесниците беше Теофил Петрески.

ФОТО: Андреј Иваноски