дома блог страница 833

Мицкоски за партиите кои ја напуштаат власта: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна Влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз основа на тој договор, да функционираме како идна влада, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан од новинарите за коментар за тоа што многу коалициони партнери ја напуштаат владината коалиција и преминуваат во опозицискиот блок.

Во однос на нивниот мотив за ваквите потези, Мицкоски истакна дека не може во нивно име да даде одговор и дека за тоа треба се прашаат тие самите, посочувајќи дека би сакал тоа да е поради фактот дека тие препознале добри работи во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

„Околу мотивот и причината, можеби тие ќе треба да ви дадат одговор. Јас би сакал тоа да е фактот што тие препознале во нашата програма добри работи и поради тоа одлучиле да ја прифатат. Имаше и такви кои што преговараа со нас, не успеавме да постигнеме договор, или ќе настапат самостојно или ќе останат заедно со актуелните владејачки партии, дали се тоа СДСМ или ДУИ без разлика“, рече Мицкоски.

Пронајдена дрога кај ученичка во училиште во Битола

Вчера во 13.00 часот во средно општинско училиште во Битола, полициските службеници на СВР Битола лишиле од слобода 18 – годишна ученичка од ресенско затоа што кај неа била пронајдена и одзмена марихуана.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Важно известување од станицата за технички преглед “Авто Контрол” за превозниците кои се занимаваат со меѓународен транспорт

Станицата за технички преглед “АВТО КОНТРОЛ” Прилеп, е носител на овластување од Министерството за транспрот и врски за издавање на сертификат за тестот за подготвеност за сообраќај на возилата.

Сертификатот ЕКМТ-ЦЕМТ мора да го поседуваат сите возила што вршат меѓународен транспорт. Проверката на техничката исправност на „EURO3 безбеден“, „EURO4 безбеден“ и „EURO5 безбеден“ камион важи 12 месеци и таа се обновува секоја година.

Преглед се извршува на нови возила, како и на возила што веќе се во употреба. Претставува постапка за проверка на товарните моторни и приклучни возила согласно Европската конвенција за транспорт на Министрите за транспорт (ЕКМТ-ЦЕМТ), за возила со ЕУРО 3 , ЕУРО 4, ЕУРО 5 и ЕУРО 6 стандард.

Возилата кои ги исполнуваат ЕУРО стандардите добиваат сертификат, кој понатаму на превозниците им служи за аплицирање за годишни ЕКМТ(ЦЕМТ) дозволи.

Потребни документи:

-Сертификат од министерство за транспорт и врски со МК-број

-Сообракајна дозвола на возилото

-Сертификат за калибриран тахограф (само за товарни возила и влекачи)

Oд денеска изменет сообраќаен режим на патот Прилеп – Битола

Заради интезивирање на градежни активности во врска со проект “Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп – Битола”, и тоа

Од денеска (27.03.2024) ќе има целосно затворање на делницата – информираат од АМСМ.

Поминаа речи си 24 часа: Цела Србија се уште трага по 2 годишната Данка

Трае потрагата по двегодишнотот девојче кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поље, недалеку од Бор во Србија.

Данка во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони и маслинесто зелена јакна.

Мајката раскажала како Данка исчезнала додека одела да му даде вода на постарото дете. Се свртев да му дадам вода на другото дете и кога повторно погледнав, ја немаше“, раскажала преплашената мајка за „Телеграф“.

Веста за исчезнувањето брзо се прошири на социјалните мрежи. Во потрагата учествуваат војска, полиција, кучиња трагачи, граѓани. Системот за алармирање наречен „Најди ме“ беше активиран за прв пат во Србија. Информацијата за исчезнатото девојче е испратена преку СМС до сите граѓани на Србија.

На приодот кон Бањско Поље се поставени пунктови на кои полицијата врши преглед на возила, јавува Танјуг. Проверени се сите напуштени објекти на тоа место, а сослушани се и сите лица кои претходно имале проблеми со законот.

Претседателот на српскиот центар за исчезнати и малтретирани деца (ЦНЗД), Игор Јуриќ, за Танјуг изјави дека „една минута е многу важна“ во случајот со исчезнатите деца.

„Важно е луѓето кои ја примиле пораката, особено оние кои се во околината на Бор, да се активираат и да ги споделат сите информации со полицијата. Затоа што секоја информација е важна сега и може да биде спасоносна. Затоа не двоумете се, дури и ако не сте целосно сигурни, подобро е да го споделите со полицијата“, рече Јуриќ.

„Јавете се на 192. Следете ги вестите. Исчезна дете во Бор“, стои во пораката прикажана на автопатите.

Околу еден час по полноќ почна да врне силен дожд во околината што ја отежна потрагата. Температурите се ниски. Пред куќата на исчезнатото девојче синоќа се собраа голем број луѓе, а местото на настанот го чуваше полициски кордон.

„Околу куќата на Илиќ има неколку дупки. Овде има неколку дупки длабоки меѓу еден и два метра. Овие дупки се наполнија со подземна вода. Моментално проверуваат со стапови дали можеби девојчето паднало во некоја од нив. Засега нема ништо пронајдено во нив“, изјави синоќа еден од соседите, пренесува медиумот.

Градоначалникот на Бор, Александар Миликиќ изјави дека во текот на првиот ден во потрагата учествувале повеќе од 350 лица. „Тоа е приградска населба која има и многу тежок терен. Има шуми и потоци. На самиот крај од тоа место се случи исчезнувањето на нашиот мал сограѓанин“, изјави Миликиќ.

„Речиси повеќе од осум квадратни километри се пребарани со термални камери. Пристигнуваат два дрона од приватни компании кои имаат термални камери“, најави тој. Тој им се заблагодари на сите граѓани кои дојдоа да помогнат, но и апелираше да не се прават големи гужви за да не се мешаат во работата на полицијата.

Шест незгодни прашања од Николоски за Филипче, на кои тешко дека ќе се осуди да одговори (Видео)

Ангажманот на Венко Филипче во 4 изборна единица е потенцијална лидерска битка во СДСМ, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.

Николовски вели низ 4 ката во седиштето на СДСМ на Бихаќка од луѓето кои што го поддржуваат Филипче се зборува дека по изборите се надева да го преземе раководењето на СДСМ и дека затоа влегува во оваа изборна трка.

Филипче да одговори за неговата улога како Министер за здравство во справување со ковид кризата, бара Николовски кој поставува шест конкретни прашања:

▪️ Прво каде е тој во однос на модуларната болница во Тетово која што изгоре и 14 човечки животи кои што беа загубени таму

▪️второ што мисли за тоа што Македонија имаше меѓу највисоките смртности во корона пандемијата

▪️трето каква е неговата улога при набавката на вакцини преку сомнителни фирми од Хонг Конг за трговија со јужно овошје,

▪️четврто каква е неговата улога во процесот на приватизација на стерилизацијата во сите Јавно здравствени установи во Македонија,

▪️петто дали се обидувал или не една приватна болница во Македонија на сила или под притисок да биде продадена на еден бизнисмен од Албанија,

▪️шесто каква е неговата улога во случајот Онкологија и семејството Пановски

Целата прес конференција на Николоски во продолжение:

АЈДЕ ХУМАНИ ЛУЃЕ! Малата Искра од Прилеп има потеба од сите нас! Во 17 месеци живот има видено еден куп страдања!

Искра е 17 месечно детенце кое е родено со спинална мускулна атрофија – Тип 1. Искра не знае што значи да дишеш слободно, со полни гради бидејќи е на респиратор од раѓање, и не може да живее без него. Искра никогаш во животот нема вкусено храна, бидејќи се храни со назогастрична сонда која и влегува преку носето. Нејзината приказна ќе го скрши и најтврдокорното срце: имала 6 операции на нејзиното мало срценце досега, една од нив и на дијафрагмата, со цел да се дијагностицира состојбата, но оваа болест е толку ретка, што ваквите генетски тестови кај нас ги има само во МАНУ, но проблемот со ретките болести е што треба некој да ги препознае за да знае да упати каков тест да се направи. Малата Искра имала среќа, во белградскиот педијатар кој работел во Систина и кој во неможноста Искра да ги движи рачињата ја препознал болеста и ги упатил на тестирање.

Искра никогаш не земала воздух, и не може да дише без респиратор, а знаеме каква е ситуацијата за респиратори кај нас: таа користела респиратор од петгодишниот Петар, кој за жал починал, и неговите родители го предале за Искра. За жал, респираторот откажал пред 5 дена, на 22 март, по што Искра била транспортирана на Клиниката за детски болести, но и таму откажал респираторот, и сега е Искра во Систина, во исчекување да и помогнеме да се купи мобилен респиратор.

Не постои цена за да може Искра да земе здив. Во име на таткото Гоце Трајковски, Ве молиме да одвоите колку што имате за да се спаси ова мало, невино детенце, кое веќе видело многу страдање во својот краток живот.

ДОНИРАЈТЕ ТУКА за респираторот за Искра да се набави што поскоро!

Петтолебие за здравје и спасение и предавање на тема “Воскресение и живот”, овој петок во храмот Св. Кирил и Методиј во Прилеп

По повод големиот велигденски пост, секој петок на вечерната богослужба се пее акатистот на Пресвета Богородица и се осветува петтолебие за здравје и спасение на верниот народ, велат од храмот Св. Кирил и Методиј – Параклис од Прилеп и ги покануваат сите верници, откако ќе заврши вечерната богослужба, да присуствуваат на “агапе” (вечера на љубовта) на која овој петок ќе се зборува на тема “ВОСКРЕСЕНИЕ И ЖИВОТ”, а ќе предава ПРОТОЕРЕЈ ЖИВКО ДЕСПОДОВСКИ.

Младата шахистка од Прилеп, Теодора Ѓорѓиеска, се врати со медал од врвен турнир во Белград

Повеќе од 100 млади шахисти од 14 различни земји, изминатиот викенд се дружеа во Белград на шаховскиот турнир “Шаховски средби на идните шампиони”. Македонската делегација беше најбројна со 15 шахисти, при што Кирил Николоски од Скопје освои златен медал, а Теодора Ѓорѓиеска од Прилеп се закити со бронзен медал.

-На турнирот освен симултанки и предавања, одигран беше и рапид турнир во пет различни возрасни категории. Сите учесници-тренери и шахисти наградени, насмеани и почитувани. Пример како треба да се организира еден шаховски настан – напиша на ФБ, претседателот на Шаховскиот клуб “Прилеп”, Тони Кироски.

Промовирана книгата “Молк пред стиховите” на крушевчанката Ирена Дончева

На 23.03.2024 година – Тодорова сабота, се одржа промоција на стихозбирката „Молк пред стиховите“ на Ирена Дончева, во Спомен куќа „Тодор Проески“, во организација на НУ Центар за култура „Десет Дена Крушевска Република“-Крушево. Промотор на книгата беше Елена Христоска која ја претстави книгата со голема емоција.

Стиховите пред публиката ги пренесе Ана Стојанов,која низ воздишка го читаше секој стих.

Дончева за својата книга вели дека е инспирирана од нејзиното секојдневие и е наменета за сите кои го обожаваат пишаниот збор.

Вечерта беше исполнета со емоции и позитивна енергија, за која што е заслужна и присутна читателската публика.