дома блог страница 834

ЕКСКЛУЗИВНО: ВМРО-ДПМНЕ 3:1 СДСМ

Маркукуле ексклузивно дознава, во моментов според бројот на преброени гласови, разликата во корист на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори е 3:1, односно коалицијата “Твоја Македонија” досега има над 32.000 гласови, а СДСМ околу 10.000.

Според досегашните бројки блиска е разликата помеѓу ДУИ и новалата албанска коалиција ВЛЕН, a ЗНАМ досега има околу 3.000 гласа.

Секако ова се првични резултати и претстои уште многу до конечниот резултат од денешните двојни избори.

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ од ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност на почетокот

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги објави првичните резултати од досега преброените гласови за парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ според овие бројки има тројна предност пред СДСМ.

ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ: Силјановска води со над 50.000 гласови разлика во моментов!

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ објави први моментални резултати од пребројувањето на гласовите за претседател на државата. Според сегашните бројки Силјановска Давкова води со повеќе од 50.000 гласови разлика.

Миланка Рашиќ за Оскари, Сашко Коцев за Бубамара, Влатко Ѓорчев за ИЗБОРИ

“Миланка Рашиќ за Оскари.
Сашко Коцев за Бубамара.
Влатко Ѓорчев за ИЗБОРИ”
– напиша на својот ФБ профил Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, кој најави дека за неколку минути започнува со објавување на изборните резултати.

Прилеп и Битола со најголема излезеност помеѓу големите општини до 17часот

Oд 62.169 со право на глас, во Прилеп до 17часот гласале половина, или 51,7% на претседателските избори и речиси исто на парламентарните избори.

Изборите во Прилеп и населените места се одвиваат мирно и речиси без никакви забелешки и проблеми.

Слична излезенот на изборите има и во Битола, каде за претседателските избори до 17часот гласале речиси 52% од бирачите со право на глас.

Постигнат е цензус: Македонија денес ќе добие претседател!

До 17 часот на претседателските избори гласале 452.412 гласачи.

ДИК информира дека излезноста е 42,32 %, што значи дека е постигнат цензус.

Македонскиот народ масовно излезе денес да го оствари своето право на глас. Не успеа бојкотот кој го заговараа, организираа и реализираа дел од партиите на власт.

Државната изборна комисија се уште нема објавено официјални бројки од излезеноста до 17 часот, но првичните информации се дека цензусот потребен за избор на претседател на државата во моментов е надминат.

Според последните бројки пак, до 15 часот во Прилеп денеска на двојните избори на гласање излегле повеќе од 42 проценти од граѓаните со право на глас.

Кедев на Велигден го искачи петтиот највисок врв на светот

Македонскиот кардиолог Сашко Кедев утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу, висок 8.485 метри, петти највисок планински врв во светот.

Успешната експедиција во која беше и Кедев, ја сочинуваше тим од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси. Кедев беше во придружба на искусниот Кили Пемба Шерпа, кој беше еден од 10-те непалски планинари кои се искачија на К2 во 2021 година.

Планинарското резиме на Сашко Кедев, покрај Макалу, вклучува искачувања на 10 од 14-те врвови над 8.000 метри. Тоа се Монт Еверест (8.848), Нанга Парбат (8.126), Анапурна (8.091), Чо Оју (8.188), Броуд Пик (8.051), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163) и Лоце (8.516).

Македонските ракометари вечерва го стартуваат мундијалскиот бараж против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство во 2025.

Дуелот е закажан со почеток во 20 часот по македонско време во салата Холин а Халси во која избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчера го одржаа официјалниот тренинг.

Реваншот е на програмата в недела во салата „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 19 часот.

Домаќини на Светското првенство, 29 по ред, кое ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари идната година, ќе бидат Хрватска, Данска и Норвешка.

До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 за претседателските и 31,31 за парламентарните избори

Двојните избори во Прилеп се одвиваат без проблеми и непречено, информираат од Општинската изборна комисија. До 13 часот на гласање излегле 31,41 проценти од запишаните избирачи за претседателските, а 31,31 процент за парламентарните избори.

Процентот на излезност во 13 часот е речиси идентичен со одзивот во првиот круг на претседателските избори на 24 април.

За претседателските избори се запишани 62 169, а за парламентарните 62 271 граѓанин со право на глас. Се гласа на 142 избирачки места.

МПЦ-ОА со вонредно соопштение до граѓаните и верниците: Ве повикуваме да излеземе масовно да гласаме!

„Почитувани верници и граѓани на Р Македонија,

Изборите се демократски чин преку кој ја изразуваме својата суверена волја. Секој изборен процес е важен, но овие избори се од суштинско значење, како за опстојот така и за сегашноста и иднината на народот и државата.

Изборите се можност кои ни се дадени за да учествуваме во креирањето на сопствената сегашност и иднина, а со тоа и иднината на поколенијата по нас. Слободната волја и правото на избор се дар од Бога дадени секому. Па, наша должност е да го искористиме и овојпат тоа право!

Затоа, почитувани верници на Македонската православна црква и сите граѓани, Ве повикуваме да излеземе масовно и да гласаме!

Бог да ја благослови Македонија!“, пишува во соопштението на Македонската православна црква – Охридкса архиепископија.