дома блог страница 825

Утре, бесплатен влез во музејските институции ширум државата

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, датум кој музејските институции низ светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година.

На овој ден, музеите во земјава традиционално ги отвораат своите врати и овозможуваат бесплатен влез за посетителите кои можат да ги видат актуелните изложби и да се запознаат со движното културно богатство.

Музеите, освен својот придонес како платформа за размена на идеи и знаења, имаат значајна улога во образованието и се афирматори на темите што денес силно го засегаат светот, а кои чекаат да бидат истражени и споделени.

Музејските институции ги поттикнуваат идните генерации на креативен, динамичен и интересен начин да се осврнат на комплексните општествени предизвици на денешницата, да се информираат за причините и последиците од човековото влијание врз природата и да развијат критичко размислување и лична одговорност неопходна за градење одржливо општество.

Меѓународниот ден на музеите традиционално се одбележува секоја година на 18 мај со цел промоција на значењето на музејските институции во современото општество. Денот посветен на музеите е востановен од Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ со седиште во Париз.

Прилепчанка останала без пари: Лажен инспектор и’ рекол дека нејзината внука прегазила дете

На 16.05.2024 во 12.30 часот во ОВР Прилеп, 76 – годишна жена од Прилеп пријавила дека била измамена од едно машко лице за сума од 380.000 денари.

Според пријавеното, на 15.05.2024 лицето телефонски ѝ се јавило и, претставувајќи се како полициски инспектор, ѝ кажало дека нејзината внука во сообраќајна несреќа во Охрид удрила дете-мигрант.

Како што е пријавено, тој, исто така, откако ѝ кажал дека родителите на детето барале пари, а доколку не им даде нејзината внука ќе одела во затвор 10 години, таа се согласила и следната вечер во нејзиниот дом дошло женско лице на кое му ги дала парите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Оригинална идеја: Запознајте го тимот инструктори на АМД Прилепец – Професионалци кои се вложуваат за своите ученици!

Со историја која датира од 1972 година, Авто Мото Друштво Прилепец е најстарата авто школа во Прилеп. Тие се пионери во областа на стручно оспособување на возачи во нашата општина и таа традиција продолжува и денес.

Но, за разлика од пред 50 години, денеска Авто школа Прилепец располага со супер модерни автомобили за оспособување на возачи за сите категории (АМ, А2, А1, А, Б, Ц, ЦЕ, Д).

Со оглед дека модерниот начин на живеење налага управување со автомобил, а вработувањето во компаниите, особено за младите, е често врзано со поседување возачка дозвола, тогаш порано или подоцна во животот, обуката за возачка дозвола е повеќе од неопходна, а во АМД Прилепец ќе имате прилика да учите од вистински професионалци, кои целосно се вложуваат да го пренесат своето знаење и вештини на кандидатите.

Од компанијата на уникатен начин го претставија тимот инструктори. Едно е сигурно! За кој и да падне вашата одлука да биде ваш инструктор, со сигурност нема да погрешите. Задоволните кандидати се награда за нивната посветеност!

Tргна возот: Советници од советничката група на СДСМ преминаа во ВМРО-ДПМНЕ

Двајца советници од советничката група на СДСМ во Советот на општина Кисела Вода, преминаа во ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за советници од политичките партии ЛДП и ДС кои беа во советничка група со СДСМ. Тие сега ја напуштија советничката група на СДСМ.

-Благодарност до Јане Петковски и Елизабета Стефковска што ги препознаа победничките политики кои носат подобра иднина за нашите жители. Да живее Македонија, порача градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

https://www.facebook.com/reel/429705893021973

Жива е Македонија! Матурантите од прилепската гимназија “кренаа сончева револуција” (ВИДЕО)

Со песна, оро и десетици знамиња со шеснаесеткракото македонско сонце од Кутлеш, прилепските гимназијалци денеска слават матура и ги разиграа улиците во градот под Марковите Кули.

Забележливо е дека кај младите се враќа трендот на прославување со македонски знамиња, нешто што во изминатите години беше подзаборавено. Секоја чест!

Нека им е честита матурата, а од утре ум во глава и паметен избор на соодветно високо образование!

Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија и македонски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање пред Самитот Македонија 2025, во врска со свечената заклетва на претседателката Гордана Сиљановска Давкова истакна дека таа беше достоинствена и дека очекувал честитка од нашиот јужен сосед, наместо покажување политички мускули.

-Не очекувам односите помеѓу двете држави да се темелат на политички мускули, очекуваме да имаме добри и одлични меѓусоседски односи. Ценам како ВМРО-ДПМНЕ, а и тамошната влада предводена од Нова демократија имаат свој став поврзан со Преспанскиот договор, нити на едните ниту на другите ни се допаѓа тој договор, рече Мицкоски.

Тој вели дека за разлика од Грција, Преспанскиот е дел од македонските институции, од македонскиот Устав и закони и комуникацијата во институциите и самите институции остануваат согласно Уставот, но негово основно човеково право е како својата држава ќе ја нарекува пред јавноста и медиумите.

-Очекувам и да биде начин на однесување на претседателката Силјановска да се користат Македонија и македонски бидејќи на тој начин, според нашето толкување на Преспанскиот договор немаме прекршување истиот и ја користам оваа прилика до нашите пријатели од Грција да престанеме со закани, опструкции, со враќање назад, да гледаме во иднината, ова се документи кои се дел од правото. Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда па таму ќе ги вкрстиме аргументите. Не би сакал до тоа да дојде, повикувам на пријателски односи, да се помагаме. А ако некој очекува од ВМРО-ДПМНЕ да ги повтори грешките од минатото бидете сигурни дека тоа нема да го направиме, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека се очекува да биде ратификуван протоколот кој ќе се однесува на економската соработка помеѓу двете држави.

-Сакаме да економска соработка и ја користам оваа прилика да ги поканам грчките компании да инвестираат во Македонија, ние сакаме да им посакаме добредојде, како и македонски компании да инвестираат во Грција, така треба да соработуваат партнери. Нема втора можност за прв впечаток, а за жал првиот впечаток од нашиот јужен сосед наместо честитка за убедлив триумф и на ВМРО-ДПМНЕ и на Силјановска видовме на отворена сцена политички мускули иако тоа се што е од Преспанскиот договор и повеќе е имплементирано во Македонија, а од тоа што можеме да видиме што се случува таму основните три работи не ги завршиле. Сакаме добрососедски односи и очекувам да во најскоро време со грчкиот премиер се видиме и разговараме за соработка во туризмот, економија, образование и така натаму, изјави Мицкоски.

Керов продукција со стил од светска класа

Керов продукција е позната по својата висококвалитетна и стилска фотографија, доловувајќи го секој момент од денот на вашата свадба на уникатен и креативен начин.

Керов продукција е одличен избор за парови кои бараат висококвалитетни свадбени фотографии со стил.

Керов продукција има одлични критики на платформите на социјалните мрежи, при што многу среќни парови ја фалат нивната работа и професионализам.

За повеќе фотографии на facebook – instagram

Гостиварчанец измамен од прилепчанец – oстанал без два автомобили

Вчера во 13.45 часот во ОВР Гостивар, 33 – годишен гостиварец, управител на правно лице од Маврово, пријавил дека бил измамен од Д.Н. од Прилеп.

Според пријавеното, на 10.01.2024 Д.Н. со шлеп служба земал две возила на правното лице за да ги поправи, но до моментот на пријавување не ја завршил работата, давал разни изговори, а престанал и да се јавува на телефон.

Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Мицкоски: Веќе имаме 61 пратеник, продолжуваме да разговараме и со ВЛЕН

При вчерашното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има доволен број пратеници за формирање на влада истакна дека во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано 61 пратеник но и продолжуваат разговорите со потенцијалните идни коалициони партнери како што е коалицијата Вреди.

„Па да, можам да кажам дека како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ги завршуваме разговорите со неколку од пратениците кои што не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“ и можам да кажам дека во моментот успешно консолидиравме 61 пратеник“, кажа Мицкоски и додаде:

„Не можам да зборувам во однос на деталите, но многу скоро од денеска ќе ги дознаете деталите имајќи предвид дека состојбата е чувствителна, но она што можам да кажам е дека како коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во парламентот покрај 58 пратеници кои што ги има автентично самата коалиција и очекуваме одлука на управниот суд да видиме што ќе се случува со изборната единица 5 и 6 можам со задоволство да кажам дека имаме консолидирано точно 61 пратеник но тоа нема да не повлече од разговорите со идните потенцијални коалициони партнери како што е коалицијата Вреди“, истакна Мицкоски.

Вистински амбасадори! Најдобриот македонски судиски пар со ново признание – Ќе судат финале во Лигата на шампиони!

Европската ракометна федерација ги делегира арбитрите за „фајнал-фор“ турнирот во Лигата на шампионите. Огромна чест добиваат најдобрите македонски судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, кои се делегирани за финалето на елитното европско натпреварување.

Ова е уште едно признание за нашата најдобра судиска двојка, и вистински спортски амбасадори на Македонија, кои претходно судеја финалиња и на Европско, Светско првенство, како и на Олимписки игри.

Мечот за трофејот во Лигата на шампионите ќе се одигра на деветти јуни во 18:00 часот во „Ланксес Арената“. Ден порано ќе се одиграат полуфиналињата.