дома блог страница 824

ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Двајца прилепчани биле затекнати како крадат во куќа

На 05.04.2024 во 02.30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б.(34) и О.М.(29), двајцата од Прилеп.

Тие биле фатени при извршување на „тешка кражба“ во куќа во Прилеп, при што кај нив биле пронајдени украдените предмети и ќе бидат вратени на сопственикот.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ни доаѓа неработен ден – ќе одмараме во среда

Пред македонските граѓани е неработен ден по повод првиот ден на Рамазан Бајрам. Бидејќи најголемиот муслимански празник е прогласен за државен, неработен ден е за сите граѓани. Годинава тој паѓа во среда, 10 април.

За граѓаните припадници на ромската заедница, пак, неработен е и овој понеделник, 8 април, кога се одбележува Меѓународниот ден на Ромите.

Следниот неработен ден за сите е Празникот на трудот, 1 Мај, кој годинава се паѓа во среда. За православните верници неработен е и 3 мај, кога годинава се паѓа Велипеток, а сите ќе одмараме на Втор ден Велигден, понеделник 6 мај.

Мицкоски со селфи од пред Влада: Македонијо благодарам!

Македонијо благодарам. Промените доаѓаат. Македонија повторно твоја! Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по завршувањето на сенародниот собир пред Влада во организација на ВМРО ДПМНЕ, а со кој се одбележа почетокот на кампањата за Претседател на Република Македонија на кандидатката Проф. Др Гордана Силјановска Давкова.

https://www.facebook.com/share/p/p2zq2q8CPS1CoWcG/?mibextid=oFDknk

Tрагедија! Македонски автобус се судри со камион во тунел во Италија, возачот починал на лице место, 12 други патници Македонци се повредени (ВИДЕО)

Возач на автобус, македонски државјанин роден 1965, загинал денеска во сообраќајна несреќа во Италија, а 12 патници, исто така македонски државјани, се полесно повредени, соопшти Министерството за надворешни работи.

МНР било информирано од нашата Амбасада во Рим дека на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна несреќа во која учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија, при што, како што се наведува „на самото место починал возачот на автобусот – Р. И. (1965) додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани“.

-Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот, информираше вечерва МНР.

Според објавите на италијанската противпожарна служба, несреќата се случила во тунел на наведениот автопат, а македонскиот автобус се судрил со товарно возило натоварено со алкохол.

Николоски: Човек како Пендаровски кој што потпишува Кривичен законик за амнестија не е ниту скромен, ниту некорумпиран

„Главната причина зошто Македонија не преговара за членство со ЕУ и главната причина за уназадувањето на Македонија е невладеењето на право“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ4 во Отвореното студио пред започнување на големиот народен митинг пред Влада на Република Македонија.

„Еден од темелниците кој што беше срушен во изминатиов период е Кривичниот законик кој што да потсетам беше набрзина донесен минатото лето во Собранието со европско знаменце и беше експресно истиот ден потпишан од Стево Пендаровски, кој што за жал ја извршува функцијата претседател на државата“, укажа Николоски.

Николоски додаде дека со потпишувањето на измените на Кривичниот законик практично се удри во темелите на правната држава и на владеењето на правото во Македонија.

„Тоа е по мене едно од најголемите злосторства кои што Пендаровски направи. Нешто што дефинитивно мора да менуваме. Мора да воведеме функционален систем на владеење на правото и реална правна држава“, нагласи тој.

Тој посочи дека граѓаните се прашуваат зошто Пендаровски го направи тоа. Пендаровски посакува во јавноста да се прикаже како скромен и некорумпиран, но човек кој што потпишува Кривичен законик за амнестија на криминалци не може да е ниту скромен, ниту некорумпиран. Веројатно е многу алчен, веројатно е многу корумпиран и затоа го направи тоа.

(ВИДЕО) Танцовото студио New Generation од Прилеп има потреба од финансиска помош: Да помогнеме дечките амбасадори на Прилеп да отпатуваат на Светско во Будимпешта!

Танцовото студио New Generation од Прилеп е формирано во април 2011 година, и досега клубот може да се пофали со стотици успеси, како на домашни, така и на меѓународни натпревари и првенства.

Дечките заедно со нивниот ментор, Оливер Богојевски, се вистински амбасадори на Прилеп и Македонија, а сега имаат потреба од сите граѓани и сите стопанственици кои сакаат да помогнат, за да отпатуваат на Светско првенство во Будимпешта, Унгарија.

Во апелот за помош на танцовото студио стои:

(ВИДЕО) Тошковски во посета на Прилеп, Кривогаштани и Ропотово: “Зголемена е ефикасноста, но ОВР Прилеп се соочува со недостаток на службени возила”

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (04.04.2024) во прилпескиот крај беше во посета на полициските одделенија Кривогаштани и Ропотово и одделението за внатрешни работи Прилеп, каде одржа работни состаноци со раоводниот кадар на тие организациски единици.

На подрачјето кое го покрива ПО Кривогаштани со 13 населени места безбедносната состојба е стабилна и оваа организациска единица е една од ретките каде кадровската пополнетост е на највисоко ниво.

Што се однесува до ПО Ропотово има недостаток на раководен кадар и што поскоро треба да се направат соодветни распоредувања со цел да се овозможи непречено функционирање на одделението.

„ОВР Прилеп се соочува со недостаток на службени возила кои се неопходни за ефикасно постапување, но сепак во делот на реализирани кривични дела се бележи зголемена ефикасност во последните два месеци. За оваа полициска станица советот на Општина Прилеп избра командир, но од страна на Владата беше поништен актот доставен од моја страна поради што бев спречен да донесам решение за негово назначување се до вчера кога добив правосилна пресуда од Управниот суд со која е поништена ваквата незаконска одлука на Владата, па така во наредните денови ПС Прилеп ќе добие командир.“, констатираше министерот Тошковски.

25 годишно момче од Битола со остар предмет го нападнал својот татко

На 03.04.2024 во 18.45 часот во СВР Битола, 55 годишен битолчанец пријавил дека бил физички нападнат од неговиот син на возраст од 25 години, кој употребил и остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

Биле под истрага од почетокот: „Го виде ли ова во Виена, се извлековме“ – е пораката која ги откри извршителите на грозоморното убиство на малата Данка

Двајцата жители на околината на Бор, се осомничени за убиството на малата Данка Илиќ (2), која со денови ја бараше цела Србија, регионот и дел од европските земји, надевајќи се на чудо и среќен крај. Прво ја удриле со автомобил, а потоа еден од нив излегол од возилото и наводно, според неофицијални информации на српските медиуми, го задавил детето кое лежело на патот и плачело.

Многу брзо по исчезнувањето на малата Данка двајцата се приведени и сослушани во рамки на истрагата и тврделе дека немаат никаква врска со исчезнувањето на девојчето.

Но, на полицијата и биле многу сомнителни, па упорно ја продолжувале истрагата и во таа насока.

Клучниот момент беше објавувањето на видеото од Виена, кога двајцата си размениле порака „Го виде ли ова во Виена, се извлековме“, откри истрагата.

Утре во храмот св. Кирил и Методиј во Прилеп: Трет Акатист посветен кон Пресвета Богородица и предавање на тема “Првородниот грев”

Во третиот петок од Великиот Велигденски пост со почеток од 17 чадот, во храмот св. Кирил и Методиј – Параклис, ќе се служи Големо повечерие на кое ќе се чита акатист посветен кон Пресвета Богородица и ќе се осветува петтолебие за здравје и спасение на верниот народ. Потоа ќе се одржи и предавање во овогодишниот циклус од предавања на тема за ПРВОРОДНИОТ ГРЕВ на кое ќе предава отец Јове Тренчевски, во просториите на административната зграда.

ВОЕДНО И ПОКАНА до верниот народ, свештеното братство за присуството на предавањето. Храбра наша Војвотко победоносна, ние, слугите твои од зло избавени, песни пофални ти воспеваме, Богородице.

Но Ти, Која крепост имаш непобедлива, од секоја беда ослободи не, да повикуваме:

Радувај се, Невесто Неневестна!