дома блог страница 826

Ухмр со прогноза- еве какво ќе биде времето до недела

До четврток времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени.

Во петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за време на викендот.

(ФОТО ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО) Прилепскиот бренд IVERI го освои и Тетово

Брендот кој почна да расте во Прилеп, веќе стана добро препознатлив и во Битола, Скопје, Струмица, а отсега и тетовчани ќе чекаат на ред за да се подноват со нештно ново и модерно.

Во екскузивниот “РЕМОЛ”, на површина од 300 квадрати, се отвара најновото чедо во ланецот на овој бренд, со што “Ивери” полека, но сигурно прераснува во еден од попознатите македонски брендови.

За изборот на модни прачиња не треба да разговараме, затоа што за брендот “Ивери” ќе слушнете само пофални зборови и ќе наидете само на задоволни муштерии.

Не постои девојка која нема да пронајде нешто за себе, а вие момци, купете нешто убаво и изненадете ги вашите поубави половини.

Купувајте и не мислете на паричникот, затоа што во “Ивери” ќе наидете на цени пристапни за секого.

Побарајте ги бутиците “Ивери”, во Битола на Широк Сокак, Прилеп во бизнис центарот, Скопје во строгиот центар, Струмица на градскиот плоштад, а сега и во “РЕМОЛ” во Тетово.

Уживајте во секоја сезона со најновите модни парчиња облека од “Ивери”.

Полнете гориво: Од полноќ нови повисоки цени

Од полноќ горивата ќе бидат со повисоки цени. Согласно новата одлука на РКЕ, бензините и дизелот горивото поскапуваат за 1,5 денари.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2024 година

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,293 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2024 година.

Од 30.1.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,439 (денари/килограм)

Стојкоски од Ѓорче, брилијантен! Решен повеќегодишен проблем (ФОТО)

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски преку статус на Фејсбук пишува дека била пуштена во употреба доградбата на основното училиште „Тихомир Милошевски“.

-По долги години барање најразлични решенија во однос на одржувањето на наставата во ООУ ,,Тихомир Милошевски”, конечно учениците ќе учат сите заедно во една смена, а со тоа и ќе се заштедат средства кои што во изминатите години беа енормно поголеми, поради греењето на училиштето во зимскиот период, како и други пропратни трошоци кои навистина претставуваа товар на општината и на самото училиште во текот на изградбата на новиот дел.

Имено, изградено е ново крило на две нивоа со вкупен капацитет од 6 училни, 6 тоалети. Во секој од тоалетите има по три кабини (машки и женски), како и една кабина за лицата со попреченост кои досега ги немаа во целост условите во ова училиште.

Изградена е и нова трпезарија и во новиот дел е вграден и лифт за совладување на висината.

Целосно е обновена хидрантската мрежа, како и промена на системот за греење на целото училиште. Училиштето порано се загреваше на дрва, а сега целото училиште се загрева на нафта, при што е инсталирана е 20 тонска цистерна и целосно нова котлара.

На катот предвидена е уште една доградба со канцеларии за потребите на наставничкиот кадар, во делот над влезот од задниот двор, со што се со што се оформува настрешен дел над самиот влез. Целиот дел од доградбата, вклучувајки го и постојниот дел со катност П+1, предвидено е да бидат под еден ист кров, со што предвидена е комплетна демонтажа на постојниот кров покриен со салонит плочи и оформување на единствен кров од систем на решетки со пад од 12% покриен со лим.

Извршена е реконструкција на:
– Санитарни јазли во приземје и на кат
– Обезбеден е и санитарен јазол за лица со попреченост

Училишна кујна е дислоцирана во сегашната просторија за технички персонал, споена со сегашниот кабинет по физичко во приземје со системот за издавање на храна „група на маса“ – со делење порции од страна на наставникот. Сместена е во близина на влезот, со што во иднина би можело да се овозможи директен дотур на храна во истата со директен влез од дворот.

Просторија за хигеничарки (технички персонал), доградба на нови канцеларии – доградба на нови канцеларии, со што се добива цел еден наставнички дел.

Комплетна реконструкција на постоечка котлара, сместена во подрумски дел на стариот објект.

Проектот е финансиран од Министерството за образование и за истиот се одвоени 33 милиони денари.

Продолжуваме посветено да работиме на подобрување на условите во сите училишта во нашата општина, се со цел најмладите да ги имаат сите потребни услови за едукација, напиша Стојковски.

Еве кога ќе легнат парите од „Мој ДДВ“ на сметките на граѓаните

Се очекува парите од „Мој ДДВ“ да легнат на сметките на граѓаните што скенираат фискални сметки, на крајот од јануари или на почеток од февруари. Станува збор за исплата на повраток од данок преку проектот „Мој ДДВ“ за октомври, ноември и за декември минатата година.

Според Законот, УЈП треба да ги исплати средствата во рок од 60 дена од завршувањето на тримесечјето.

Проектот „Мој ДДВ“, како еден од најуспешните, го оправда своето постоење. За нешто повеќе од четири години од спроведувањето на оваа мерка, преку „Мој ДДВ“ на сметките на граѓаните легнале без малку 120 милиони евра.

1.400 изложувачи од 74 држави, меѓу нив и прилепскиот бренд: Производите на “Витаминка” претставени на саемот ISM во Келн (ФОТО)

Производите на Витаминка се преставени пред светската и стручна јавност на саемот ISM во Келн, Германија. Компанијата традиционално зема активно учество на овој престижен саем веќе дванаесет години по ред и се претставува со целиот свој асортиман, што предизвикува особен интерес од страна на посетителите.

Саемот претставува одлична можност за Витаминка, да ги продлабочи односите и соработките, како и да се остварат нови контакти со потенцијални дистрибутери ширум светот.

„Настапот на саемот ISM е од големо значење за изложувачите, затоа што ова е најголем светски саем специјализиран за кондиторија. Тука изложуваат најзначајните фирми од оваа индустрија и доаѓаат посетители од целиот свет што прави ИСМ да ужива репутација на најзначајно место за промовирање на еден производител. Витаминка е редовен изложувач тука и во досегашното искуство сме се увериле во придобивките и реалните резултати. Истовремено, со нашата разновидна, богата и квалитетна понуда високо се позиционираме во нивото на производители и изложувачи присутни тука и на тој начин обезбедуваме успешно пробивање и до останатите светски пазари“, вели Љупчо Велески, директор на Извоз во Витаминка.

И оваа година на ISM се претставени и најголемите технолошки иновации и трендови во кондиторската индустрија, со главен фокус врз потребите на потрошувачите и стимулирање на компаниите за проширување на својот спектар со нови и иновативни производи што ќе одговорат на барањата на консументите. Со над 1 400 изложувачи од 74 земји, саемот нуди опширен преглед на тековните случувања.

Важно известување до верниците од прилепските црковни храмови за престојниот празник Св. Атанасиј Велики

За претстојната слава на СВ. АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ, во храмот Св. Петка лепчиња ќе се креваат во вторник (30.01.2023г) во периодот од 08:00 – 11:00 часот а во храм Свети Кирил и Методиј – Прилеп (ПАРАКЛИС) и лепчиња ќе се креваат во вторник (30.01.2023г.) во периодот од 8:00 – 12:00 часот и попладне од 16:00 – 17:00 часот.

Исто така, во двете цркви, лепчиња ќе може да се креваат и на самиот празник, во среда, за време на богослужбата.

Во црквата Св. Благовештение лепчињата ќе се креваат во ВТОРНИК НА 30.01. од 07.30 до 17.00 часот.

Во црквата СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН (БОЛНИЦА) од 11.00 до 12.30 часот.

СВ. КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА (ТИПСКИ) од 11.00 до 12.30 часот.

СВ. ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ГРЧКА ЦРКВА) на вечерната Богослужба.

На 31.01. утрото во СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА).

Братот на Џафери: Талат има коефициент на интелегенција како Алберт Ајнштајн, а можеби и поголем

Има големо искуство и многу работи. И да дојде по полноќ, не одмора, прво ќе чита нешто, а има коефициент на Ајнштајн, можеби и поголем – вели во изјава за косовската телевизија „Клан“, Нешат Џафери, брат на техничкиот премиер Талат Џафери

„Знаев дека ќе биде изгласан затоа што не ги остава работите на половина“, вели Нешат Џафери, брат на техничкиот премиер Талат Џафери, кој од семејниот дом го следеше изборот на техничката влада, а на гости му беше екипа од косовската телевизија „Клан“.

Според Нешат Џафери, неговиот брат Талат Џафери, со посебна посветеност ги завршува обврските, без разлика дали има неразумни пречки од други партии или пратеници.

Тој вели дека Талат секогаш наоѓа правилен и реален пат за подобар соживот на народите во Македонија, без разлика на која нација или вера припаѓаат.

Понатаму, Нешат додава дека брат му не одмора дури и кога доцна се враќа дома, но затоа цени дека е искусен и има капацитет да ја води државата.

„Има големо искуство и многу работи. И да дојде по полноќ, не одмора, прво ќе чита нешто, а има коефициент на Ајнштајн, можеби и поголем“, вели Џафери.

Со 65 гласа „за“ и 3 „против“, Собранието денеска ја изгласа техничката влада, по речиси двочасовна пленарна дискусија. Премиер во преодната влада е Талат Џафери од ДУИ.

ДИВ ЗАПАД! За две години во Прилеп запалени 23 возила, сторителите откриени само во 5 случаи

Во периодот од 01.01.2022 година до денес во Прилеп намерно се опожарени 23 возила од кои кај само 5 се откриени сторителите. Најмногу возила биле опожарени во 2023, дури 12, во 2022 година се опожариле 9 возила, а во месец јануари годинава 2 возила. Градоначалникот Јовчески бара преземање на посериозни мерки од полицијата за заштита на граѓаните – oбјави порталот “ИНФОКОМПАС”.

„Вакво нешто е недозволиво! Апелирам до Министерството за внатрешни работи итно да ги преземат сите потребни мерки за заштита на граѓаните. Наша основна обврска е да направиме се што е потребно секој жител да се чуствува безбеден и сигурен во сопствениот град“, вели во својата реакција градоначалникот Јовчески.

И граѓаните велат дека се чувствуваат небезбедни. Обвинуваат дека сторителите при голем број криминални дела не се откриваат.

„Ништо тоа е беззаконие што да ти кажам, никој не води сметка за ништо, нема власт, нема закон нема ништо. Не се чувствувам безбедно“’, вели еден граѓанин.

Целиот прилог погледнете го <a href=”https://infokompas.com.mk/2024/01/28/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%b7%d0%b0-2-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%bf-%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d0%b8-23-%d0%b2%d0%be/?fbclid=IwAR28T59IJDsJ8554q36szFIMTBaDuInL2O0fHmWY5eq-DuCGAfAnxMqj_Zk”>ТУКА

Македонците од денеска кираџии во сопствената држава, пишуваат српските медиуми

Медиумите од регионот пишуваат за изборот на Талат Џафери за прв премиер Албанец. „Новости“ пишува дека Македонците од денеска се кираџии во сопствената држава, пренесувајќи ја и пораката од пратеникот Антонио Милошоски дека „Џафери не може да биде добар премиер“.

Српска „Република“ пишува дека Македонија доби за прв пат премиер Албанец, кој е еден од водачите на УЧК во 2001 година.

„Вести онлајн“ пренесува анализа за случувањата во Македонија и што ќе ја очекува земјата во следниот период по изборите.

Бугарската телевизија „БТВ“ пишува дека Македонија го доби првиот премиер кој е етнички Албанец.

Грчките медиуми исто така ја пренесуваат информацијата дека Талат Џафери е избран за привремен премиер во Македонија.