Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата во н.м Алинци (двор – водоводна мрежа) и н.м Лагово (Петрески Тоде, водоводна мрежа) не одговара за употреба и не смее да се користи за пиење – стои во соопштението од општина Прилеп.
Експресна реакција на МВР… уапсени се четворица напаѓачи, кои вечерва претепаа газда на кафуле во Прилеп – Се очекува притвор!
По експресна реакција на МВР уапсени се четири лица, кои вечерва околу 20:45ч., во центарот на Прилеп претепаа сопственик на кафуле.
Лицата моментално се на распит во Полициската станица Прилеп, а граѓаните веќе реагираат и на социјалните мрежи бараат да им се одреди притвор.
Според првичните информации, тие вечерва без посебна причина физички го нападнале сопственикот на кафулето пред неговиот локал и му нанеле потешки повреди.
Лицето со возило на брзата помош е пренесено во градската болница “Борка Талески”, каде му се укажува лекарска помош.
Верниот прилепски народ до последно место ги исполни храмовите и на Третиот Акатист посветен кон Пресвета Богородица во Великиот пост (Фото галерија)
Во третиот петок од Великиот Велигденски пост во прилепските црковни храмови, се отслужи Големо повечерие на кое се читаше акатистот посветен кон Пресвета Богородица и се освети петтолебие за здравје и спасение на верниот народ.
Прилепчани до последно место ги исполнија црквите и принесоа петтолебија за здравје и спасение на себе си и своите ближни.
Мајката Црква, премудро одредила, за време на Четириесетницата (Великиот пост), која е време кога ние христијаните треба да вложиме дополнителен труд за духовно усовршување, преку особена служба, која се нарекува Акатист, ние верните да упатуваме молитви и кон Пресветата Богородица.
Црквата од векови не почучувала дека за време на нашиот краток животен век, кој е обременет со многу животни искушенија, за нас е дужеполезно да ја повикуваме за помош Мајката на нашиот Господ Исус Христос, Пресветата Богородица и да ја молиме да го моли својот Син и наш Бог, Исус Христос, да не’ запази од животните бури.
Во деновите, кога се служи овој посебен чин, Акатистот кон Пресвета Богородица (петоците), според православната традиција, верните принесуваат петтолебие од благодарност кон Бога и за здравје на нивните семејства. Меѓу народот, вообичаено се вели: „Испеј си едно петолебие за здравје“
Петолебието е кратка служба на Благодарност, преку која ја изразуваме нашата благодарност кон Бога за сите благослови во животот. Маслото, виното, пченицата и лебовите што се употребуваат во службата ги претставуваат најосновните елементи неопходни за живот. Ова благословување не’ потсетува на чудото на умножување на лебовите и рибите од страна на Христа, со кои нахранил мноштво луѓе.
Ова благословување обично се извршува за време на празнично вечерно богослужение и особено во петоците од Великиот пост.
По службата, лебовите се разделуваат меѓу присутните верници. Овој благословен леб помага против секакво зло, доколку се прима со вера.
Еве како изледаа црковните храмови во Прилеп денеска:
Црква Св. Благовештение – Стара црква
Црква Св. Петка
Црква Св. Кирил и Методиј – Параклис
Вечерва претепан сопственик на кафуле во центарот на Прилеп – Пет напаѓачи се во бегство?
Сопственик на кафуле во центарот на Прилеп, вечерва поради засега напознати причини, бил нападнат пред својот локал од пет лица, кои потоа се дале во бегство.
Лицето потоа со возило на брзата помош е пренесено во градската болница “Борка Талески” во Прилеп.
Настанот се случил околу 20:45ч. во строгиот центар на градот, а според очевидци напаѓачите без посебна причина го нападнале сопственикот на кафулето.
Граѓаните очекуваат брза и ефикасна реакција на МВР!
Митрополитот Петар ќе чиноначалствува со вечерна богослужба и литургија, по повод храмовата слава на Стара црква во Прилеп
Црковниот храм Св. Благовештение – Стара црква Прилеп, ги известува верниците дека по повод храмовата слава, ќе се служи Архиерејска вечерна богослужба и Света Архиерејска литургија, и тоа:
-Во сабота 06.04.2024 Архиерејска Вечерна богослужба (чиноначалствува нашиот митрополит г. Петар). Почеток 17.00 часот.
-Во недела 07.04.2024 Света Архиерејска литургија (чиноначалствува нашиот митрополит г. Петар). Почеток 08.00 часот.
Да се помолиме на Пресветата Богородица, за што повеќе благовестија на нашиот македонски народ.
УХМР со најнова прогноза: Еве какво ќе биде времето за викенд
Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени, соопшти УХМР.
Наредните денови продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време со појава на повремена умерена облачност. Утре и во сабота ќе дува слаб до умерен, а во недела долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Тасев го уништи наративот на СДСМ на ТВ “Клан”
Колумнистот на Скопско Ехо Никола Тасев го уништи наративот на СДСМ во дебата на ТВ Клан.
Во емисијата во која учествуваат екс шеф на пропагандата на Заев, Зоран Бојаровски, претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски и новинарот Стојан Наумов Тасев ги разби тезите на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ води црна кампања.
Во еден момент Тасев забележува како дел од присутните секогаш кога говорат за црна кампања зборуваат за времињата во кои владеело ВМРО-ДПМНЕ а забораваат на аферите како Фабрика во која вчаса на СДСМ ангажираше новинари за да поставуваат и подготвуваат одговори за високи функционери на СДСМ.
Тасев посочува дека единствен момент во историјата по Гебелс во Нацистичка Германија кога имало министер за пропаганда било во влада на СДСМ.
Целата дебата на овој линк
https://www.facebook.com/share/v/htTfifcGnYCDsHCP/?mibextid=oFDknk
Подгответе се за уникатно искуство овој викенд во Битола!
IQOS турнејата продолжува да шири позитивни вибрации, а оваа сабота забавата е загарантирана во градот под Пелистер, Битола. Кафулето Деус, лоцирано на славниот Широк Сокак, по 12 часот напладне ќе биде центарот на изненадувања и моменти за паметење за сите присутни. За изборот на музика и незаборавно доживување во градот на конзулите ќе се погрижи ди-џеј Гоце Саф и екипата на IQOS TogetherX.
Битола во изминатиот период беше домаќин на најновата иновација – IQOS ILUMA уредите, а саботниот настан најавува наелектризирано искуство и позитивни вибрации за одбележување на турнејата во регионот.
Во кафулето Деус, ќе можете да ги пронајдете и IQOS експертите, кои се подготвени да помогнат со сè што ви е потребно. Покрај тоа, ќе ве информираат и за врвната и современа технологија на IQOS ILUMA, уреди дизајнирани да ги поместуваат границите кога станува збор за искуството на загревање и ќе се погрижат да ги добиете сите потребни информации за да донесете вистинска одлука.
Да уживаме во добра музика, уникатен стил и персонализирано искуство додека споделуваме моменти кои ќе траат цел живот. Добредојдени се сите актуелни корисници и оние кои допрва размислуваат да зачекорат во светот на IQOS и да преминат на следното ниво.
Подгответе се за уникатно искуство и доживејте го неочекуваното оваа сабота во Битола!
Шеф од српската полиција со шокантни детали: Данка се разбудила во автомобилот, па ја удавиле
Откако ја удриле Данка со својот автомобил, помислиле дека е мртва и ја ставиле во багажникот, но девојчето било живо и во еден момент се разбудило, изјави Чмолиќ.
Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ ја убиле малата Данка Илиќ (2), а најновото откритие од истрагата ја шокираше јавноста. Шефот на Управата за криминалистичка полиција Нинослав Чмолиќ обелодени шокантно откритие.
Имено, откако ја удриле Данка со својот автомобил, помислиле дека е мртва и ја ставиле во багажникот, но девојчето било живо и во еден момент се разбудило.
-Според нивните изјави застанеле да уринираат во близина на куќата. Подоцна, кога продолжиле, ја удриле Данка и потоа ја ставиле во багажникот. Чудното движење на нивното возило било снимено на ГПС. Нивните искази не се поклопуваат за давењето на детето, бидејќи детето се разбудило додека возеле, а сопатникот ја задавил Данка. Но, тие не можат да се договорат кој го давел според дадените изјави. Јасно е само дека подоцна ја фрлиле во депонија, изјави началникот на српската полиција.
Тој додаде дека деноноќно се собираат докази.
-Еден од убијците има блокада и не се сеќава каде го оставил телото. Факт е дека нивните приказни се совпаѓаат со деталите за ударот, но не се усогласени за вистинското убиство на детето. Данка била во несвест откако ја удриле со автомобил, а мислеле дека е мртва, па се изненадиле што се разбудила. Едниот ја удавил и на крајот ја фрлиле на депонијата, изјави Чмолиќ.















































