дома блог страница 822

Судскиот совет му го одзема имунитетот на врховниот судија Георгиев и одобри негов притвор

Судскиот совет на Република Северна Македонија на итната седница на полноќ му го одзема имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев со што го одобри неговиот притвор, а го оддалечи и од вршење на судиската функција.

Како што соопштија од Судскиот совет, на 487-та итна седница одржана на ден 21 мај 2024 година, Советот расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија.

-Судскиот совет, го одзема имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ, заради непречено водење на кривичната постапка. Го одобри барањето за одобрување на притвор на судија на Врховниот суд на РСМ поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје и времено го оддалечи од вршење на судиската функција судијата на Врховниот суд на РСМ, до правосилно завршување на кривичната постапка, се наведува во соопштението.

Георгиев вчера беше уапсен за примање примање награда за против законито влијание, а како што соопшти полицијата, бил лишен од слобода додека го вршел кривичното дело.

Цаци сака да биде Претседател на СДСМ

Размислувам да се кандидирам за претседателка на СДСМ, но конечната одлука ќе ја донесам откако ќе биде започната постапката, изјави актуелната министерка за одбрана Славјанка Петровска за Фокус.

Покрај неа, како што пишува најновиот број на неделникот „Фокус“, како можни претседателски кандидати на СДСМ се споменуваат и Зоран Заев, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Венко Филипче…

Анета и Спасен кренаа и старо и младо на оро во прилепско Ново Лагово (ФОТО/ВИДЕО)

Вчера (19.мај), во прилепско Ново Лагово се одбележаа 5-години од осветувањето на црквата Св. Петка.

Во храмот ќе се служеше света литургија, а потоа следуваше богата музичка програма за која се погрижија естрадните пејачи Спасен Силјаноски и Анета Љумаковска, заедно со oркестарот “Маестрал”.

Голем број прилепчани уживаа во убавото време, ечеше песна и се виеше убаво македонско оро.

Да им живее традицијата уште многу, многу години!

Овој прекрасен црковен храм беше осветен на 19.05.2019 година, а со чинот на осветувањето тогаш чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски господин Петар.

Темелите на црквата во ова населено место беа поставени и осветени во 2001 година.

Maтуранти за мерак: Цела генерација во еден глас ја пее “Заветна” (ВИДЕО)

Слушнете како матурантите од ОСУ “Мирко Милески” Кичево во еден глас заедно со “Инструментал бенд” ја пееја ,,Заветна”…

Честито матура дечки!

Ова се новите цени на горивата, oд полноќ поевтинуваат сите деривати

Горивата од полноќ ќе се продаваат по пониска цена, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 ќе се намали за 1,5 денари, и од утре ќе се продава по 83 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе се изнесува 85,5 денари, што е намалување за 1 денар. За 1 денар ќе има намалување на цената на ЕУРОДИЗЕЛ и ќе се продава по 73 денари по литар.

Намалување има и кај екстра лесното масло за домаќинство за 1 денар и ќе се продава по 72,5 денари, а мазутот поевтинува за 0,3 денари и ќе се продава по 42,6 денари по килограм.

Фатени на дело: Двајца млади прилепчани краделе на плац од фирма, а потоа нападнале и полициски службеник

На 19.05.2024 во 22.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.С.(27) и Д.Д.(22), двајцата од Прилеп.

Тие биле затекнати при извршување на „тешка кражба“ од плац на правно лице од Прилеп.

Притоа, тие физички нападнале полициски службеник кој не бил на работа, а го пријавил настанот.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Честит 20 Мај – Денот на пожарникарите во Македонија! Нашите херои заслужуваат многу повеќе!

Денескa е 20. мај – Денот на пожарникарте во Македонија

Нашите локални херои од ТППЕ Прилеп опслужуваат три општини: Прилеп, Кривогаштани и Долнени, или над 100.000 жители.

Затоа апел до надлежните институции да обрнат повеќе внимание и почит кон оваа професија од која зависат многу животи и фамилијарни добра.

Сите општествени чинители – власти, општествено-одговорни компании и организации, треба да се залагаат оваа професија и овие луѓе да го добијат заслуженото место под сонцето.

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК ХЕРОИ!

По катастрофалниот пораз во последното коло, Победа наиде и на најтежок противник во баражот за опстанок во Втора лига

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја извлече ждрепката за баражот за место во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) и познати се паровите кои ќе разигруваат за местата.

Победа мина најтешко на ждрепката затоа што го извлече амбициозниот ГФК Куманово. Во вториот пар ќе се сретнат Вардарски од Богданци и Кораб, додека во третиот дуел на мегдан одат Велазерими и Борец од Велес.

Натпреварите од баражот за ВМФЛ се играат следниот викенд. За терминот и локацијата на одигрување на баражот јавноста ќе биде известена додатно.

Во последното коло од Втората лига, Победа беше поразена на домашен терен од БЕСА со 1:5. За несреќа на прилепчани, Осогово победи со 3:0 над Пелистер, а Каменица САСА триумфираше над Вардар Неготино.

Битолчанец ги нуди своите возила бесплатно за матурантите: “Ако некој има потреба од возило да ја земе партнерката, нека ме контактира”

Матурските прослави се во полн ек во целата држава. За матурантите завршува едно поглавје од животот и започнува ново, она најважното, влез во светот на возрасните и избор на соодветно високо образование. За жал живееме во едно материјалистичко општество каде не секој може да си дозволи се’, особено во овие денови кога секој матурант сака да биде убаво облечен, да купи нешто убаво за партнерот или партнеркатa… Тоа веројатно го поттикнало битолчанецот Никола Секуловски, да ги понуди своите возила бесплатно за оние матуранти кои имаат потреба да ја земат партнерката, или партнерот. Еден гест кој е за секоја пофалба!

-Со среќа на сите матуранти, и многу успех во иднина. Доколку некој има потреба од возило (без никакви давачки) да ја земи партнерката, и обратно слободно нека ме контактира – напиша на својот ФБ профил Никола Секуловски.

Секој натпреварувач од прилепската гимназија освои награда на државниот натпревар по биологија

Во организација на Друштвото на биолози, на 18.05.2024 година во просториите на Природно-математичкиот факултет се одржа Државниот натпревар по биологија.

Од Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп, на натпреварот учествуваа осум ученици и сите се вратија со награди.

Од втора година:

Ивана Атанасоска освои – I награда
Георги Николоски освои – I награда
Марија Митреска освои – I награда
Теодора Конеска освои – II награда
Антонио Велкоски освои – III награда

Од прва година:

Јован Митов освои – II награда
Михаела Андриеска освои – III награда
Горјан Ристески освои – III награда

Ментор на сите ученици е професорката Софија Крстеска.

Континуитетот во високото рангирање на државните натпревари е одраз на посветеноста и амбицијата од страна на нашите ученици за стекнување на нови и продлабочување на стекнатите знаења и безрезервната заложба и мотивацијата од страна на нашите професори.

БРАВО за учениците и за менторот!