Ламбе Алабакоски заедно со „Некст тајм“ и композиторот и музичар Никола Мицевски се на голема турнеја низ Австралија, каде настапуваат пред нашинците од дијаспората. Од центарот Сиднеј Ламбе објави видео каде што пее македонски песни:
АНКЕТА: Филипче пред голем пораз во ИЕ 4 од Николоски
Останува големата предност на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ во третата и четвртата изборна еденица и во месец април. Според анкетата на ИПИС објавена во емисијата Објектив на МРТ, во третата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ име речиси двојна предност пред владеачката СДСМ, односно опозициската партија има доверба од 34,2%, а Социјалдемократскиот сојуз има доверба од 17,8% од испитаниците.
По нив следат Левица со 4,7% и движењето ЗНАМ со 4,5% поддршка од анкетираните.
Во четвртата изборна единица во месец април ВМРО-ДПМНЕ чиј носител на листа е Александар Николоски ужива 32% рејтинг, а СДСМ со Венко Филипче има 19,9%, додека пак Левица со 4,1% и движењето ЗНАМ со 3,7% исто така влегуваат во комбинација за евентуален влез на пратеници од оваа единица.
СДСМ состави пратенички листи за САМОАМНЕСТИЈА, епа не може така, порача Димитриевски од Тетово
Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски во Тетово рече дека се наоѓаме пред историски чин. Граѓаните можат да ја променат таа состојба и за првпат во Македонија да се гласа за, а не против. Тој рече дека сме жртви на два политички субјекта од македонскиот блок и два од албанскиот.
– На Македонија ѝ треба претседател, обичен човек, којшто ќе тргне од нив и ќе биде со нив. И затоа со право можам да кажам дека јас сум еден од тие.
– Не сакам да видам како се превртуваат автобуси затоа што немаат технички преглед. Живи луѓе да горат по болници, наместо да ги лекуваме, ние ги убиваме. И денеска ги гледам истите луѓе кои се најодговорни за таквите нешта, се шетаат по Македонија, исто како во корона кризата, кога правеа пи ар кампања во владата и направија огромен прес центар, наместо да решаваат проблеми, како се саморекламираат и афирмираат за актуелни носители на пратенички листи. И од овде сакам да им порачам на сите такви, а тие таквите во моментов се актуелното раководство на СДСМ, кое состави пратенички листи за самоамнестија и имунитет. Едни исти луѓе во континуитет со години наназад. Ги испроменија сите функции, а граѓанинот го ставија на дното. Е па не може така – рече Димитриевски.
Тој говореше и за ситуацијата во надворешната политика и дипломатијата, нагласувајќи дека професионалните кадри се ставени во ќоше.
– Ние сите битки ги изгубивме на маса, поради неспособноста на кадрите кои доаѓаат од партиските кујни – рече тој.
Излезе од печат збирката песни „За копнежот, љубовта и зборот“, од прилепчанката Марија Кулеска
Збирката на песни „За копнежот, љубовта и зборот“ од писателката Марија Кулеска излезе скоро од печат.
Марија е поет, писател, професор и лингвист. Ова е нејзина прва поетска збирка. По своето дипломирање, на 22 годишна возраст, на Филолошкиот факултет во Скопје, на катедрата за англиски јазик и книжевност, активно се занимава со писателска дејност. Во 2020 година го издаде својот прв роман „ Холограм од емоции “.
За оваа збирка писателката ќе каже:
„Овие стихови се одраз на доживување кое продира низ духот на индивидуалното и го пренебрегнува времето и просторот. Ги допира копнежите на човек. Го соединува парадоксалното во едно. Како да љубиме и да сме слободни? Како да копнееме, ама копнежот умствено да го усмеруваме? Оваа збирка е
милување на душата и бранување на емоциите. Поетскиот израз импонира со цел да ослободи од монотонијата и бессмисленоста на секојдневниот навик. Имено, поезијата е чувствување на пулсирањето на жиличките, кои се под површината на човековото постоење. Поезијата е разденување на душата и зората на страственоста кон самото живеење. Таа е разлистување на самите копнежи како што кажува и самиот наслов. Љубовта е она што човек го остава како завештание зад себеси. Зборот е животворна сила со која човек гради сводови од копнежи, љубов и мненија. Зборот го допира интимното во поетот. Тој е одраз на најинтимниот дијалог кој човек го води со себеси.“
Промоцијата ќе биде на 15-ти април во 18 часот во кино салата Мис Стон. Промотор е професорката Сузана Николоска.
Ајде Прилеп, ајде Македонијо! Гласајте ТУКА за прилепчанката Билјана Зероска да продолжи во шоуто “Никогаш не е доцна” (ВИДЕО)
Билјана Зероска e наша прилепчанка која во изминатите години живее и работи во Лондон. Изминатиот викенд Билјана настапи во третиот круг од популарното талент шоу “Никогаш не е доцна”, каде одново покажа дека е личност родена за забава, музика, филм и естрада.
Но, сето тоа останало само хоби во нејзиниот живот, со оглед на една друга традиција во семејството Зероски, а тоа е медицината.
Завршила Фармацевски факултет во Скопје и денеска води ланец на аптеки во Велика Британија. Пеењето иако споредна опсесија во нејзиниот живот, секогаш било присутно. Како дете настапувала на различни фестивали, а има завршено и музичко училиште за клавир.
На шоуто Билјана досега го фасцинираше жирито, а во третиот круг се пласираше преку два баражи, каде гласовите на прилепчани и на сите Македонци беа пресудни таа да продолжи да се натпреварува.
Во последната емисија настапи со песната на Лепа Брена “Окречеш ми леџа и одлазиш”, со која ги разнежни судиите и публиката пред малите екрани.
“Бидејќи сме ист хороскопски знак, Лав, се чувствува целата таа енергија. Одлично Билјана, ти посакувам многу успех”, рече Јордан.
“Еве како се поддржуваат Македонците. Ја сакам оваа песна и ти ја пренесе на некој поблаг начин. Енергијата која ја пренесе го наполни целото студио, браво”, додаде Елвира.
“Остана доследна на себе си потполно, секоја твоја изведба беше различна. Променуваше жанрови, а тука на вистински начин ја искористи сцената. Бидејќи не си професионален пејач, драго ми е што истражуваш, променуваш стилови и ова беше изненадување”, заклучи Маре.
Настапот на Билјана можете да го проследите од 28. минута во видеото во продолжение:
Во третиот круг Билјана одново е во бараж, каде има конкуренција од други двајца кандидати. Гласајте за таа да помине понатаму на следниот ЛИНК: https://nnk.app.do/polls/nikad-nije-kasno-glasanje-07-04-2024-glasanje-traje-48h/forms/165961902/thankyou
(ВИДЕО) Лименките станаа минато во Кавадарци, локациите прераснаа во прекрасни зелени површини
-Во 2018 та година за прв пат, покрената е иницијатива за отстранување на бесправно поставените лимени гаражи на земјиште во сопственост на Република Македонија. Во таа насока општината спроведи низа акции за отстранување на гаражи на повеќе локации во градот. Овие простори прераснаа во убави зелени површини кои сега ги користат граѓаните – напиша на ФБ градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Спречена катастрофа: Цистерна горела до бензиска пумпа
Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната Противпожарна Единица од Велес утрово спречиле експлозија на цистерната којашто се запалила на автопатот Велес – Градско во близина на бензиската пумпа „Дади Компани“.
Како што соопштуваат од ТППЕ Велес, утрово во 9:08 часот добиле дојава за запалениот шлепер цистерна во близина на бензиската „Дади Компани“ , по што веднаш се упатиле кон местото на настанот со две противпожарни возила и пет пожарникари.
– По пристигнувањето пристапено беше кон гаснење на пожарот и поради брзата итервенција не дојде до експлозија на цистерната, велат од ТППЕ Велес.
Оттаму апелираат доколку граѓаните забележат пожар веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 или 193.
Лашкоска: Дали Универзална сала е ОСИГУРАНА? Денешниов пожар бара ревизија и одговорност!
Од кога пред неколку дена Бисера ,,свечено” стави купола, за да вчера 8.04.2024 градежните фирми во државава реагираат на условите кои министерство за култура ги бара за ИЗВЕДУВАЧ. Замислете ИЗВЕДУВАЧ, а салата се гради!
На 8.02.2024 ја прашав министерката за култура Бисера Костадинова – Стојческа кога распиша тендер за реконструкција на Универзална сала? — вели пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска.
На сајт за јавни набавки, ваква набавка министерството нема.Која фирма ја избрале за изведувач и како? Кој е и како го избрал надзорот?
На 16.02.2024 кога се пофали Бисера дека почнале со градба и го кажав следново:
Од кога пред неколку дена Бисера ,,свечено” стави купола, за да вчера 8.04.2024 градежните фирми во државава реагираат на условите кои министерство за култура ги бара за ИЗВЕДУВАЧ. Замислете ИЗВЕДУВАЧ, а салата се гради!
И денес сум гневна! Многу гневна за неодговорноста на Бисера!
Денес, кога Универзална сала гори, повторно, еве за прв пат потенцирам, пратеник актуелен во Собрание на Р. Македонија јавно прашувам: Дали универзална сала е ОСИГУРАНА?
И кој ќе сноси одговорност за ова за ова денес што се случи?!?!
Замислете, Владата презеде објект од локална Власт и со одлука го даде на МК. Ова е башибозук од невидени размери!
Денешниов пожар бара РЕВИЗИЈА и ОДГОВОРНОСТ! — пишува таа на Фејсбук.
Шест совети како да ја намалите анксиозноста
Анксиозноста претставува природна реакција на вашето тело на стрес, која се манифестира на различни начини. На пример, едно лице може да доживее чувство на немир, друго лице може да има напади на паника, кошмари или пак лоши мисли. Анксиозноста се третира со когнитивна бихевиорална терапија, одредени лекови како редовна терапика, но постојат и неколку начини како самите можете да си помогнете во борбата против истата.
1.Бидете активни
Редовното вежбање покрај тоа што е важно за физичкото здравје, тоа исто така е важно и за менталното здравје, затоа што може да ви го одвлече вниманието од нешто што ве прави да се чувствувате вознемирени. Според Американската психолошка асоцијација (АПА) редовното вежбање може да доведе до зголемена концентрација и енергија, што може да помогне при симптоми на анксиозност.
2. Избегнувајте алкохол
Консумирањето на алкохол на почетокот може да ја ублажи анксиозноста, поради тоа што е природен седатив, но сепак пиењето на алкохол може да ја наруши рамнотежата на невротрансмитерите кои се клучни за менталното здравје. Алкохолот може да го наруши спиењето, а добриот сон е особено корисен во борбата против анксиозноста. Алкохолот создава зависност и токму затоа потребно е истиот да се избегнува особено при состојба на анксиозност.
3. Медитирајте
Медитирањето му помага на организмот, доведува до чувство на смиреност и задоволство. Познато е дека медитацијата ги ублажува стресот и анксиозноста. Истражувањето на Институтот Џон Хопкинс сугерира дека 30 минути дневна медитација може да ги ублажи симптомите на анксиозност и да дејствува како антидепресив.
4. Ограничете го внесот на кофеин
Ако имате хронична анксиозност, кофеинот не е ваш пријател. Истражувањата покажуваат дека кофеинот може да ги влоши анксиозните нарушувања, но исто така може да предизвика и напади на паника. Кај некои лица, отстранувањето на кофеин може значително да ги подобри симптомите на анксиозност. Умерениот внес на кофеин е безбеден за повеќето луѓе.
5. Наспиjте се добро
Сонот е важен за добро ментално здравје и може да го направите приоритет на неколку начини. Спијте само навечер, а не и преку ден. Не гледајте телевизија во кревет, не користете телефон, таблет или пак компјутер во кревет. Избегнувајте кофеин и големи оброци пред спиење. Одржувајте ја вашата соба темна и со малку пониска температура од останатите простории, а дополнително, настојувајте да легнувате секоја вечер во исто време.
6. Откажете се од цигарите
Пушачите често посегнуваат по цигара во стресни моменти. Но, како и конзумирањето алкохол, пушењето цигара кога сте под стрес може да ја влоши анксиозноста со текот на времето. Доколку сепак не се откажувате, а не сакате да не ги внесувате штетните материи од чадот од цигарите, преминете на алтернатива. Иновативните електронски уреди кои го загреваат тутунот и до 95% ја намалуваат изложеноста на штетни материи. Преку оваа нова технологија нема чад од цигари, што е штетен и претставува примарен причинител за болестите предизвикани од пушењето. Иновативните електронски уреди кои загреваат испуштаат 95% помалку штетни материи, што не значи дека е без ризик, бидејќи ослободува никотин.
ВИДЕО: Гори Универзална сала
Во моментов гори Универзала сала.
Огромни пламени јазици ја зафатија Универзалната сала во центарот на Скопје. Екипи на противпожарната бригада се на терен и се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола.
Причината се уште не е позната.
https://www.facebook.com/share/v/UohLf3feJFCPM1fB/?mibextid=oFDknk




































