Пролетта во центарот на Прилеп е магична кога ќе расцветаат јапонските цреши.
Розевиот цвет на овие раскошни дрвца, му дава посебна убавина на градот од средината на април, па речиси до крајот на месец мај.
Глетката е висинско уживање…
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Јосиф Балтов, извршија увид на активностите за почеток на реализација на проектот за изградба на пешачка патека на потегот Тумбе кафе – Смолево. Градоначалникот Коњановски, информираше дека покрај на овој проект, на терен се работи и на други локации, а ја најави и планираната динамика на општината за дел од оваа градежна сезона:
“Денес, се наоѓаме на една посебна локација, која за сите нас битолчани значи многу, особено со почетокот на топлите денови, во кои многу сограѓани имаат навика да пешачат во овој дел на градот. Токму затоа, почетокот на градежната сезона го користиме за реализација на овој важен проект, кој градот го заслужува, а се однесува на Изградба на пешачка патека на потегот Тумбе кафе – Смолево, проект кој локалната самоуправа го реализира во соработка со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Вредноста на склучениот договор изнесува 11.596.320 денари и верувам дека согласно договорената динамика, оваа летна сезона, ќе имаме еден прекрасно уреден простор за одмор и рекреација.
Додека, траат овие активности, паралелно веќе сме во завршна фаза со реконструкција на улиците во населба Недопирливи, потоа во Долно Оризари, оваа недела очекувам целосно да биде завршена улицата Захарија Шумлјанска кај Светонеделските гробишта, а пред асфалтирање се и улиците во Горно Оризари, каде што се работи на водоводна, канализациона мрежа и нов коловоз.
Продолжуваме со реконструкцијата на улица Солунска, се поставува хоризонтална сигнализација на улица Крушевска република, ќе се асфалтира отворената делница на улица Стив Наумов, каде изведувачот на сопствен трошок ќе ги санира оштетувањата кои се појавија.
Од страна на изведувачите, без дополнителен надомест од општината, ќе се извршат корекции и на кружниот тек кај Ветеринарната станица, a на мое барање, изведувачот на топловодот ќе ги санира оштетувањата на улица „Македонски гемиџии“.
Ја завршуваме првата фаза од изградбата на детската градинка во АРМ и во тек се подготовките за втората фаза, теренот се подготвува за реконструкција и на улица Бурса (Индустриска), додека за изградбата на противпожарниот дом, избран е изведувач и наскоро очекувам да започнат работните активности“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Градоначалникот Коњановки, нагласи дека уште во првиот квартал постигната е реализација на општинскиот буџет од околу 27%, што најавува подобра динамика од минатогодишната, кога согласно извештаите од одделенијата за 2023 година, реализацијата на Програмата за уредување на градежно земјиште изнесува 71%, Програмата за улично осветлување е реализирана со 93,2%, а од програмата за економски развој, реализирани се 62,1%. Со ваквата динамика, Битола, повторно станува привлечно место за нови инвестиции:
„Изградените и реконструирани улици, водоводни и канализациони мрежи, Новиот парк во Нова Битола, подобрувањето на енергетската ефикасност на неколку станбени згради, поставените фотоволтаици на училиштето Даме Груев во Долно Оризари, подобрените услови во Спортската сала „Боро Чурлевски“, новите паркинг простори и многу други реализирани проекти, кои се видливи за битолчани, се најголемиот извештај, кој е моја должност пред граѓаните и на што секојдневно и посветено продолжувам да работам.
Со таква динамика и конструктивни и развојни програми и оваа градежна сезона инвестираме во град кој се менува, што ја докажува и заинтересираноста на домашните и странските компании, за кои Битола, повторно станува привлечна дестинација за нови инвестиции, како ЛИДЛ, БЛИС, КАМ и неколку други“, рече градоначалникот Коњановски.
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на нафтените деривати.
Согласно новата одлука на РКЕ, поскапуваат сите горива. За еден денар поскапи ЕУРОСУПЕР БС-98, за 1,5 денари се зголеми цената на ЕУРОСУПЕР БС-95. За два денари од полноќ поскапи дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.
Ова се новите цени на горивата:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 78,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 77,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 45,173 (денари/килограм)
Иницијативниот одбор за доизградба на манастирските конаци во манастирот Св. Никола, село Загорани, прилепско, ве поканува на вториот хуманитарен концерт, кој ќе се одржи на 25.април во ресторант “Центар” во Прилеп.
-Со вашето присуство и купување на картата, со дел од средствата директно ќе помогнете во донациите за помош за доизградба на манастирскиот конак. На овој концерт ќе ве забавуваат голем број гости и звезди од македонската естрада, кои се одважија и дадоа безрезервна поддршка и придонес во доизградбата на овој храм. Ве очекуваме во голем број! ЗАБАВУВАЈ СЕ И ПОМОГНИ – стои во поканата на социјалните мрежи.
Караванот на претседателскиот кандидат од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски и денеска беше во охридскиот регион.
„Јас како кандидат за Претседател на државата којшто сака да го даде својот максимум за наша Македонија, заедно со членовите и претставниците од Движењето ЗНАМ вчера и денеска поминавме многу домови, се сретнавме со многу граѓани од Охрид и регионот. Проблемите се секаде исти во Македонија“, рече Димитриевски во обраќањето до медиумите.
„Во рамките на нашата програма и мојата програма како претседателски кандидат, Манифест за Македонија, има голем број на решенија кои ги
нудиме.И ќе ги реализираме, нема да останат само зборови на хартија. Едно од најбитните е дека Македонија ќе добие Претседател од граѓаните, којшто нема да биде во функција на политичките субјекти, туку првенствено ќе ги штити граѓанските интереси. Со тоа што никогаш нема да дозволам да потпишам закон или каков било дргу акт којшто е спротивен на вољата на граѓаните и секогаш истиот ќе добие вето и ќе биде вратен на повторно разгледување пред законодавниот дом“, објасни Димитриевски и додаде дека тоа што граѓаните ќе дадат поддршка на еден ваков концепт, ќе значи дека ќе добијат Претседател на државата од своите редови, човек којшто излегува од самите граѓани. Човек кој не должи никому, ниту на еден политички субјект.
Тој рече дека Движење ЗНАМ-ЗА наша Македонија е мал политички субјект кој добил повеќе потписи во делот на подршката за неговата кандидатура, отколку што имал членови во тој момент и верува дека граѓаните ќе ја дадат нивната поддршка на денот на изборите.
Запрашан за што најмногу се жалат граѓаните, Димитриевски рече:
„Најголемите проблеми кои ги наведуват се владеењето на правото, неказнивоста, селективната правда, нефункционална држава и
финансиско-социјалната состојба во којашто е државата,а знааеме дека е многу лоша. Недостаток на уреден систем кадешто можат институционално да ги решаваат проблемите. На средбите со капетаните коишто се тука и даваат услуги на туристите рекоа дека, на пример, нема Марина каде што може да се снабдат со основната работа на прописен начин, а тоа е горивото. Со години се ветува дека ќе се реши, но реално тие децениски проблеми не се решаваат. Сметам дека нивото на организацијата во делот
на туризмот треба да се подобри“, потенцира Димитриевски.
Неговиот караван денеска ќе ги посети населенните места во Дебарца. Вчера претседателскиот кандидат Максим Димитриевски имаше повеќе средби со граѓаните на Вевчани и Струга, а се обрати и пред граѓаните на Охрид.
На 07.04.2024 го 21:57часот во Полициската станица Прилеп, Д.Н. пријавил дека четири државјанки на Непал, Л.С.(29), Б.К.П.(26), С.С.М.Т.(29) и С.Р.М.(29), кои биле во работен однос со склучен договор во неговата фирма, од околу 19:00часот на 06.04.2024 не се вратиле во куќата во која престојувале во Прилеп.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата – стои во соопштението од СВР Битола.
ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против С.М.(21), О.И.(26) и А.А.(34), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „насилство“ по член 386 и „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека на 05.04.2024 околу 19 часот во близина на Градскиот часовник во Прилеп физички го нападнале С.Ч.(54) од Прилеп и му нанеле тешки телесни повреди.
По преземени мерки, набргу биле лишени од слобода и против нив е поднесена пријавата, а судија на претходна постапка им определи мерка притвор – информираат од МВР.
Новата детска приказна на Еду Шампиони за Ран Детски Развој пристигна во нашиот град, и е место во кое сонот на секое дете станува реалност, растат среќни деца и се гради силна основа.
ЕДУ “ШАМПИОНИ” ви нуди:
👉секојдневен престој на деца од 2.5 до 6 години;
👉попладневни едукативни активности и работилници за деца од 3 до 11години;
👉попладневно кафе за родители во игротеката додека ние се грижиме за децата;
👉саботен престој исполнет со многу игра, креативни едукативни работилници;
👉роденденски прослави;
Дел од АКТИВНОСТИТЕ се прикажани на следните фотографии:
На 07.04.2024 во 10.50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Џ.П.(41) од Прилеп. Тој се сомничи дека околу 05.30 часот извршил „тешка кражба“ во продажен објект во Прилеп, при што одзел повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.
На 06 април во Скадар, Р.Албанија се одржа професионална боксерка ревија организирана од промотерот Нелсон Хиса.
На овој настан учествуваа двајца наши боксери од Македонија.
Во борба од 4 рунди во лесно тешка категорија 17-годишниот Матеј Чатлески oд Прилеп, дебитираше против Стефан Марич од Р.Србија. Чатлески прикажа одлична борба со добра боксерска техника. Сите четири рунди беа со размена на удари од двете страни. Во втората рунда Марич доби нокдаун од Чатлески. На крајот со едногласна одлука на судиите победата му припадна на младиот прилепски боксер.
Тоше Цветков во тешка категорија дебитираше против Анел Балич од БиХ. Во првата рунда Цветков беше доминантен и надмоќен над Балич. На крајот од првата рунда тренерот на Балич беше принуден да ја прекине борбата поради повреда. Со технички нокаут во првата рунда Цветков го победи Анел Балич.
Честитки за борците од “Про Бокс Македонија”, и да им посакаме овие деби борби да бидат само почеток во нивната понатамошна успешна спортска кариера.