дома блог страница 818

(Фото/Видео) Ново урбано катче во Прилеп во кое секој ќе ужива! Посетете го Street Caffe Bar!

Прилеп конечно може да понуди уникатно уживање за пиење кафе во едно топло, пријатно и модерно место.

Она за што досега голем број вљубеници во кафето мечтаеа, сега е реалност и од пред неколку дена го има во новиот локал Street Caffe Bar, коj се наоѓа на ул. “Oктомвриска”, веднаш до маркет “Кипер”, во новата зграда кај кружниот “Солидност”.

Идејата да се креира едно ново, уникатно, визуелно искуство, во простор во кој луѓето ќе можат да се опуштат и да заборават на нивните грижи и проблеми, им успеа на сопствениците на ова ново урбано катче, кое иако се наоѓа надвор од центарот на градот, во уреденост и пријатна атмосфера ретко кој може да им парира.

Просторот го кради нов урбан изглед, летна бавча, а за најмалите и мини игротека, во која ќе уживаат додека вие безгрижно си муабетите и дегустирате некој освежителен пијалок и кафе.

Цените одговараат за сечиј џеб, имаат и супер промотивни пакетчиња, па не случајно деновиве се чека ред за слободна маса.

Кратко кажано Прилеп “гребеше” за едно вакво место каде секој би се пронашол и би уживал.

Нека им е аирлија работата, а вие посетете го Street Caffe Bar и уверете се во сето она што погоре во напишваме.

Прилепската фаланга немилосрдна со “фенерџијата”

Eкипата на РК Прилеп со високи 21:32 триумфираше над Скопје, на гостувањето од осмата рунда во плеј-аут разигрувањето од Супер лигата.

Прилепчани уште во првото полувреме ги обезбедија трите бода со водство 7:14, а победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање ниту во вториот дел.

Најефикасни кај РК Прилеп беа Пеце Рајатовски со 7 погодоци, а го следеа Христи Бикоски и Томислав Квастек со по 6.

После осум одиграни кола Прилеп останува на делба на првото место на табелата со ист број бодови со Еурофарм Пелистер 2.

Во наредното коло во Прилеп гостува екипата на Голден Арт.

Ако ја имате оваа крвна група, тогаш сте посебни: Носите некои од најретките особини во човечката раса

Во 1930-тите, еден јапонски професор беше првиот што тврдеше дека крвната група може да одрази некои од нашите карактеристики. Во јапонската култура има дури и хороскопи за крвните групи.

Постојат четири крвни групи А, Б, АБ и 0, со негативен или позитивен RH-фактор. Најретката крвна група е АБ со околу 3,4 отсто и АБ негативна со 0,6 отсто.

Ако вашата крвна група е АБ, можете да се сметате за доста посебна личност. Значи, зошто луѓето со крвна група АБ се посебни?

Науката ни кажува дека луѓето со крвна група АБ го наследуваат генот А од едниот родител и Б генот од другиот родител. Фактот дека оваа можност е многу ретка нуди една огромна предност: луѓето кои се АБ позитив можат да примат крв од која било крвна група, поради што се познати како „универзални примачи“. Па, сметајте се себеси за среќни!

Одлични се во мултитаскинг

Згора на тоа, постојат и други причини зошто треба да им завидуваме на луѓето со крвна група АБ. Очигледно, тие се одлични и во мултитаскинг и можат брзо да завршат што и да работат. Некои велат дека овие луѓе можат да се однесуваат поинаку во зависност од ситуацијата или личноста со која се. Тоа не значи дека не се искрени со себе. Тие се токму такви.

Тие се чувствителни и срамежливи

Луѓето со крвна група АБ, исто така, можат да бидат доста срамежливи и невини, барем на почетокот, пред подобро да ја запознаат личноста. Откако ќе почнат да се навикнуваат да бидат со некого, тие се како отворена книга. Покрај тоа, ако имате крвна група АБ, постои голема веројатност дека сте и чувствителна, емотивна личност која се грижи за одредени проблеми.

Кога станува збор за љубовта, овие луѓе се големи идеалисти. Оној што може да ги исполни нивните високи стандарди им е совршен партнер. Тие исто така сакаат да бидат третирани со грижливост и топлина. Сè на сè, луѓето со крвна група АБ се многу посебни и ние сакаме да ги имаме во близина!

Младите фанкофони од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп маестрални: Нови успеси на регионалните и државните натпревари (ФОТО)

И оваа учебна година, младите франкофони од OOУ “Гоце Делчев” Прилеп, под менторство на наставничката Ирена Наумоска покажаа високи резултати на натпреварите по француски јазик, организирани од страна на Здружението на професори по француски јазик во Р. Македонија и од Францускиот институт во Скопје.

Ученикот Никола Здравески освои 3-то место на регионалниот натпревар по француски јазик за 8 одд. “Олимпијади – 2024”, што се одржа на 22.03.2024 година во ООУ “Даме Груев” во Битола, и беше рангиран меѓу најдобрите шест ученици на Државниот натпревар што се одржа на 30.03.2024 год. на Филолошкиот факултет “Блаже Конески “во Скопје.

Исто така ученичките од седмо одделение Илина Ризовска, Бисера Димоска, Стефанија Попоска и Марија Николова, имаа успешно учество на натпреварот по изразно читање на француски јазик, организиран од страна на Француски Институт-Скопје, со што ги покажаа своите знаења за правилен изговор и дикција при читање на текст на француски јазик.

Честитки за сите наши ученици!

Мицкоски за СДСМ и ДУИ: Овде во Радовиш оставаат директор да биде човек кој продава дрога, тепа полиција, но наскоро ќе дојде крајот на ова

Македонија е земјата со најголема стапка на криминал во Европа. Со најголема инфлација и рекордер по сиромаштија. Над 600 илјади луѓе живеат со 150 денари на ден. 80 илјади луѓе живеат во екстремна сиромаштија со 60 денари на ден. Македонија е на врвот по индексот на мизерија. Косово се гради и стана центар во споредба со Македонија, а Македонија не може глава да крене, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ oд митингот во Радовиш.

Мицкоски посочи дека причината за ваквите резултати се ДУИ и СДСМ.

„Ахмети владее со Македонија, Ковачевски му слугува. Груби, Талат, Бујар ја раскрчмуваат, а Маричиќ, Спасовски, Николовски му помагаат. Ахмети е стопанот, а Ковачевски на тацна му даде се што сака. На тој начин си купуваат мир и време во фотелјите додека народот страда. И таквата неспособност се пресликува од министер до службеник“, кажа Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПММЕ се осврна на ситуацијата во Радовиш и конкретно на еден скандал од деновиве.

„Поставија директор на центарот за социјални работи, го фатија со дрога, потоа го фатија како во алкохолизирана состојба напаѓа полицајци. Министерот за труд во техничката влада Ѓоко Велковски кој е на предлог на ВМРО-ДПМНЕ го разрешува, владата вчера го враќа на таа иста позиција. Која е пораката која ја испраќаат? Може некој да продава дрога, да тепа полиција овде во Радовиш ама мора директор да биде“, изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде „тие мислат дека закон за нив не важи, реално граѓанин може да одговара ако помине на жолто светло, ама овој може да тепа и продава дрога и никој ништо не му може“.

Претседателот Мицкоски најави дека доаѓа крајот на ваквата ситуација.

„Ви велам дека овие избори се и шанса да воспоставиме ред. Доаѓа одговорност за сите кои се огрешиле пред законите. Доаѓа одговорност и владеење на законите подеднакво за сите. Било да е некој од СДСМ, ДУИ или ВМРО. Мора еднаш да владеат законите, ако сакаме Македонија да ја биде. Нашата борба е и за средена Македонија. Македонија на народот и која ќе биде повторно твоја“, порача Мицкоски.

А, што да речат прилепчани? “Додека Филипче тераше себе промоција во јавноста, 109 семејства во Радовиш се зацрнеа за време на корона кризата”, порача Николоски

„Го гледам денеска Филипче од Гевгелија, ќе отидам утре таму да видиме што тој кажал на гевгеличани, а што јас ќе кажам и каков ќе е приемот. Го гледам таму вели сум водел црна кампања против него, нити јас, нити ВМРО-ДПМНЕ, нити црна нити бела кампања водиме, ние само поставуваме прашање затоа што кога сте во политиката, особено кога ќе решите да се враќате во политиката мора да одговорите на прашањето“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски oд митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш.

Потпретседателот Николоски продолжи и постави 5 прашања до Венко Филипче.

„Прво каква е неговата улога во модуларната болница Тетово и 14 згаснати животи? Второ, што има со бизнисменот од Албанија што ја доби стерилизацијата во сите здравствени установи во Македонија? Трето, какво е неговото влијание врз еден сопственик на приватна болница истата да ја продаде на бизнисмен од Албанија? Четврто, колку провизија зеде од компанијата за трговија со јужно овошје, колку провизија зеде од компанијата „Стабри“ од Хонг Конг за вакцините кои никогаш не стигнаа во Македонија? И петтата работа каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и скандалот во Онкологија каде болни од рак за жал не ја добиваа терапијата со цел некој да полни приватни џебови?“, запраша Николоски.

Потпретседателот Николоски додека Филипче тераше себе промоција во јавноста, 109 семејства во Радовиш се зацрнеа за време на корона кризата.

„Дополнително тука од Радовиш сакам да го прашам дали кога со пи-ар агенцијата „Рејтинг“ си го договара сопствениот пи-ар и себе промоција и договара како да плаќа по 100 евра по напишан текст за него само денеска потрошија 1,800 евра за 18 текста кој излегоа за него. Не го гризе ли малце совеста за периодот на 2020-2021 година кога градеше личен рејтинг во време на корона кризата, а луѓе умираа. Додека тој држеше прес конференции во кои се себе промовираше, само во Радовиш 109 луѓе го изгубија животот, 109 семејства се зацрнија, нели го гризе малце совеста за оваа работа затоа што додека правеше себе промоција луѓе во супстандардни услови со никаква помош го губеа животот, а Македонија последна доби вакцини“, посочи Николоски.

(Видео) Фатен на дело: Крадец на акумулатори уловен на камера во Прилеп

Наш сограѓанин на социјалните мрежи објави видео од крадец, кој се обидува да украде акумулатор од автомобил на улицата “Мице Козар” во Прилеп.

Според напишаното, ова на крадецот веројатно не му е прва кражба, а оперира после полноќ.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Николоски до Филипче: Одговори каква е твојата улога во пожарот на модуларната болница во Тетово

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 4, денеска на митинг во општина Василево му порача на Венко Филипче, дека тој не води црна кампања против него, туку дека граѓаните очекуваат одговор на 5 прашања, меѓу кои каква е неговата улога во прерано згаснатите 14 човечки животи кои што, за жал, живи изгорае при пожарот на модуларната болница во Тетово, како и дали неговата улога во притисокот врз сопственикот на една приватна болница за истата да ја продаде на бизнисмен од Албанија.

-Јас само поставувам прашања кои што вие мене ми ги кажувате. Би сакал да ги повторам, нека даде утре одговор при некој настан кој ќе му го организира скапо платената пи-ар агенција Рејтинг на Никола Спасов и да ја затвориме темата. Каква е неговата улога во прерано згаснатите 14 човечки животи кои што за жал живи изгоре при пожарот на модуларната болница во Тетово. Второто прашање каква е неговата улога во тендерот за стерилизација каде што стерилизацијата во сите здравствени установи во Македонија се приватизираше и случајно ја доби фирма од Албанија. Третото прашање е каква е неговата улога во притисокот врз сопственикот на една приватна болница за истата да ја продаде на бизнисмен од Албанија. Четвртото прашање е колку провизија зеде од фирмата за трговија со јужно овошје Стабри од Хонг Конг кој што требаше да донесе вакцини во Македонија, вакцини сами знаете дека не дојдоа и Македонија за жал вакцини имаше само од донации, праша Николоски.

Николоски го повика Венко Филипче да одговори која е неговата поврзаност со семејството Панковски и каква е улогата во случајот Онкологија каде што не им бил даван лекови на болните од рак се со цел како што рече тој да се полнат приватните џебови.

-И петтото прашање каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и каква е неговата улога во случајот Онкологија каде што лек не бил даван на болни од рак со цел да се полнат приватни џебови. Еве за почеток нека ги одговори овие 5 прашања па нема да имаме ниту црна, ниту бела кампања, рече Николоски.

Николоски укажа дека Филипче треба да одговори од каде се парите за пи-ар агенцијата Рејтинг да плаќа по 100 евра за објавен текст за Венко, додавајќи дека само денеска се објавени 18 текстови, или вкупно се платени 1800 евра.

-Како што е фер да одговори од каде му се парите за агенцијата Рејтинг секој ден плаќа и до 100 евра за објавен текст за Венко Филипче. Повторувам, 100 евра по објавен текст. Пред да дојдам тука само денеска има 18 текста, тоа се 1800 евра само денес. Од каде му се тие пари, кој ги обезбедува, дали се пријавени во Државниот завод за ревизија и Антикорупциската комисија и дали ќе ги видиме во извештаите за парламентарните избори, изјави Николоски.

Овој универзитет е најдобар избор за матурантите – Проверете!

Тимот за маркетинг и промоција на Универзитет “Скопје” со силна и интензивна кампања во пелагониските градови, ги претставува своите факултети – eкономија, информатика, туризам, човечки ресурси, меѓународен маркетинг и менаџмент и меѓународни односи и дипломатија.

Матурантите со својата масовна посетеност на презентациите од Универзитет Скопје, покажуваат дека сакаат да студираат онаму каде што можат да се стекнат со европски призната диплома, стекната преку современа методологија на учење – европски кредит трансфер систем.

Условите за студирање и можностите кои ги нуди Универзитетот, ќе бидат претставени пред идните студенти во: Прилеп, Крушево, Битола, Ресен.

Жител на прилепско итно донесен во болница: Со мопед излетал од коловозот на патот Прилеп-Градско

На 09.04.2024 во 15.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Градско- Прилеп мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од П.Д.(58) од с.Дуње, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската болница-Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.