дома блог страница 817

Толку од сонцето, температурите ќе паднат и за 10 степени: Еве кога ќе врне!

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 28 степени.

До почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Од среда се очекува значителна промена на временската состојба, проследена со зголемена облачност, врнежи од дожд, локална појава на грмежи, засилен ветер и опаѓање на температурата.

Што е разликата: IQOS ILUMA споредено со претходната генерација IQOS уреди?

Уредите без чад значително ја променија сликата на пазарот на алтернативи на пушењето. Предводник во оваа категорија несомнено се IQOS уредите. Со загревање наместо согорување на тутунот, уредите нудат подобра алтернатива на цигарите за сите полнолетни пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат.

На македонскиот пазар неодамна пристигна технолошки најнапредниот уред за загревање – IQOS ILUMA, што користи технологија за индукциско загревање, а истражувањето што го спроведе Филип Морис покажува дека IQOS ILUMA пружа подобрено корисничко искуство. Овој производ не создаваат чад од тутун, туку аеросол кој содржи 95 отсто помалку штетни материи, што не значи дека е без ризик, бидејќи ослободува никотин.

Новата генерација решава три најголеми предизвици на корисниците: чистењето, непријатните мириси и полнењето. Во продолжение ви донесуваме што точно е унапредено во однос на претходната генерација уреди:

Новата генерација уреди не треба да се чистат

Кај претходните генерации, загревањето се одвиваше преку сечилото во држачот, па поради тоа се собираа остатоци на дното и потребно беше редовно чистење на уредот. Новата генерација уреди користат технологија на индукциско загревање и повеќе нема сечило во држачот. Тоа значи дека нема потреба од чистење на уредот, никогаш повеќе!

Автоматско загревање

За разлика од претходната генерација уреди, каде што загревањето стартуваше со притискање на копче, кај ILUMA држачот автоматски почнува да се загрева, без притискање на копчиња, благодарение на Аuto-start опцијата.

Дизајн и избор на уреди

Покрај тоа што дизајнот е далеку попрефинет од претходниот модел, новото портфолио опфаќа три различни модели – IQOS ILUMA PRIME, IQOS ILUMA и IQOS ILUMA ONE. Дополнително, батеријата на новата генерација уреди има и подолг век на траење.

IQOS ILUMA уредите нудат и следно ниво на елегантен дизајн со дополнително нови бои и додатоци, како и дополнителни smart гестови за проверка на статусот на батеријата, заклучување на држачот. Со постојано унапредување на портфолиото на производи без чад, компанијата Филип Морис ја потврдува својата посветеност на мисијата – иднина без чад од тутун и продолжува да ја предводи трансформацијата на тутунската индустрија кон намалување на штети.

Мицкоски до Пендаровски: По поразот на изборите, ниту ГПС нема да те пронајде

Ја слушнав вчера најновата навреда на Стево, охрабрен, осилен, а во суштина исплашен како глувче мало и вели на професорката која за него е величина голема како Монт Еверест на Хималаите и недостасувало ГПС. Го гледам како се сили на жени, а пред Али Ахмети преде како маче, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Кичево во рамки на претседателската кампања.

Мицкоски му порача на Пендаровски дека после избори и тешкиот пораз ниту ГПС нема да го пронајде.

Јас ќе му порачам да си го зачува ГПС бидејќи ќе му треба после изборот кој ќе му се случи најпрво на 24 април, а после тоа на 8 мај ќе не знае главата каде му е, нека си го чува ГПС-от барем да знае каде точно се наоѓа во тој момент, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека Пендаровски се фалел дека изминатите 5 години не крадел, но го праша да каже како ја финансира неговата кампања, посочувајќи му дека во РЕК Осломеј се испорачуваат услуги три пати поскапи, дел од тие пари завршуваат во приватни џебови, а дел за финансирање на претседателската кампања на Пендаровски.

„Она што е главна карактеристика со која што Стево се гордее и вели на полупразните плоштади вели барем не крадев, тоа било главна карактеристика и главен успех изминатите 5 години на Стево Пендаровски. И тука се поставува едно клучно суштинско прашање, добро Стево еве да те разбереме дека не си крадел, но со какви пари ти се финансира Стево кампањата за претседателските избори“, вели Мицкоски и додаде:

„Еве јас ќе ти дадам одговор за да не се мачиш, да не треба повторно да коленичиш во Зајас и да измеќариш пред Али и Артан. Има еден објект недалеку од Кичево, се вика РЕК Осломеј по три пати поскапи цени се испорачуваат услуги таму, дел завршуваат во приватни џебови, а дел ја финансираат твојата кампања. Ете така се финансира со криминални крадени народни пари кампањата на Стево Пендаровски“.

Утре во храмот Параклис, четврт Акатист кон Пресвета Богородица и предавање на тема “ЗА ОДНЕСУВАЊЕТО ВО ХРАМОТ”

Во четвртиот петок од Великиот Велигденски пост со почеток од 17 часот, во храмот св. Кирил и Методиј – Параклис, ќе се служи Големо повечерие на кое ќе се чита акатист посветен кон Пресвета Богородица и ќе се осветува петтолебие за здравје и спасение на верниот народ.

Потоа ќе се одржи и предавање во овогодишниот циклус од предавања на тема ЗА ОДНЕСУВАЊЕТО ВО ХРАМОТ на кое ќе предава ѓакон Димитар Поп Атанасов, во просториите на административната зграда.

ВОЕДНО И ПОКАНА до верниот народ, свештеното братство за присуството на предавањето.

Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи не, да повикуваме: Радувај се, Невесто Неневестна!

Мечка нападнала сточар од прилепско, го спасиле неговите две кучиња

Во велешкото село Оморани мечка нападна човек. Имено, 60-годишен сточар од селото Дреновци, прилепско, бил нападнат од мечка додека пасел крави при што се здобил со телесни повреди.

Сточарот го спасиле неговите две кучиња кои ја исплашиле мечката и таа побегнала. За случајот се огласи и ЦУК кој продолжува да ја следи состојбата на повредениот.

„Сточарот при нападот од мечаката успеал, инстиктивно, после неговото соборување на земја, со нозете да се одбрани, а го бранеле и неговите две помали кучиња. Притоа, се здобил само со повреди, а ситуацијата била сериозна, бидејќи мечката при повеќекратниот напад се обидувала да го зграпчи и да го касне на стомакот, што можело да биде фатално, информираа блиските. Потоа, по нападот, лицето, дури имало сила, се вратило назад во неговата „Колиба“, заедно со стадото крави, но таму папсало, изгубило сила, а и најверојатно заради претрпениот шок не се јавило веднаш за помош, при што поминало цело едно деноноќие“, известува ЦУК.

Kривична пријава за полицаецот од Крушево кој нападна свои колеги и со нож им се заканувал на тројца прилепчани

ОВР Крушево поднесе кривична пријава А.А.(51) од Крушево, полициски службеник во Полициската станица Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 31.03.2024 во Крушево, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и претходно со остар предмет им се заканил на М.С., Е.С. и Р. Р., тројцата од Прилеп и на С.Г. од Крушево.

По извршени проверки, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и дадени се задолжителни мерки да се отстрани од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.

Tотален хаос, патници се степаа па се легнаа на земја – AВИОН ИТНО СЛЕТА ВО БЕЛГРАД! (ВИДЕО)

Авионот „Сан експрес“ кој на 9 април во 19 часот и 30 минути полета од аеродромот во Манчестер кон Даламан во Турција, мораше принудно да слета во Белград поради патник кој предизвика тотален хаос.

Поради драмата, авионот доцнел на својата дестинација два часа, пишува Дејли мејл.

На видеата што ги снимија шокираните патници и ги споделија на социјалните мрежи, јасно се гледа како еден маж вика и навредува друг патник, покажувајќи со прст кон него.

На крајот се огласи авиокомпанијата „Сан експрес“:

„По слетувањето во Белград, локалната полиција го извади патникот од авионот, а авионот продолжи кон Даламан, планираната дестинација“.

Тие исто така нагласуваат дека безбедноста на патниците им е најголем приоритет.

Приведени 7 лица од Непал, се обиделе илегално да преминат во Грција – Пред 3 дена четири девојки од од оваа држава избегаа од работа во Прилеп

На 10.04.2024 во 10.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица привеле седум лица мигранти од Непал, кои се обиделе нелегално да ја преминат државната граница од Република Северна Македонија кон Република Грција.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – стои во соопштението од МВР.

Инаку, на 07.04.2024 го 21:57часот во Полициската станица Прилеп, Д.Н. пријавил дека четири државјанки на Непал, Л.С.(29), Б.К.П.(26), С.С.М.Т.(29) и С.Р.М.(29), кои биле во работен однос со склучен договор во неговата фирма, од околу 19:00часот на 06.04.2024 не се вратиле во куќата во која престојувале во Прилеп.

Засега не е познато дали станува збор за истите лица кои вчера се обиделе илегално да ја преминат македонско-грчката граница.

Димитриевски денеска во Карпош и Центар: Притисоците нема да ме одвратат од намерата да ги промениме нештата во наша Македонија

Максим Димитриевски , претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, денеска е во Скопје.

Во изјавата за медиумите тој потенцира дека води позитивна кампања, се среќава со голем број на граѓани и отворено разговара за неговата
Програма Манифест за Македонија и секојдневните проблеми на граѓаните.

„Одѕивот е голем, интересот и за мене како претседателски кандидат и за Движењето ЗНАМ- За наша Македонија, како пполитички субјект, секојдневно се зголемува“, рече Димитриевски.

Тој додаде дека и покрај тоа што водат позитивна кампања, притисоците на власта од ден на ден се зголемуваат.

„Тие притисоци се насочени првенствено кон нашите членови и активисти, дополнително кон граѓаните од ниските социјални слоеви, а и директно кон мене како претседателски кандидат. Бидејќи беа покренати поголем број на фингирани постапки иницирани од поединци коишто се блиски до власта, конкретно со случајот за кривичниот прогон“, рече Димитриевски при тоа потенцира дека:

„Јас и покрај сите притисоци ќе го дадам мојот максимум да ја презентирам мојата програма во целост пред граѓаните на територијата на целата држава. Веќе успеавме да посетиме поголем број на населени места и се сретнавме со луѓе кои даваат огромна поддршка. Денеска сме тука во Скопје, во општините Карпош и Центар и ќе оствариме поголем број средби со граѓаните на кои ќе им ја доставиме нашата изборна програма. Верувам дека до крајот на кампањата ќе успееме да го посетиме секој дом и да ги увериме граѓаните дека нештата можат да бидат поинакви”.

Запрашан со какви притисоци се соочува тој и членовите на Движењето, Димитриевски одговори дека се тоа непринципиелни методи, обиди за
притисоци од аспект на вработени во јавна и државна администрација, а луѓе од ниските социјални слоеви добиваат нерпистојни предлози. Тоа,
рече тој, е нешто што се случувало и во минатото.

Димитриевски во однос на неговиот случај одговори со прашање:

„Дали имало случај во државата досега, против било кој од досегашните претседателски кандидати, во еден неполн месец да бидат поднесени две обвиненија против него и да биде повикан два пати на обвинител и еднаш пред надлежен суд. Следното рочиште е веќе закажано на 30 април во текот на кампањата. Тоа е дополнителен притисок врз мене којшто има за цел да ме одврати од намерата во мојата борба, заедно со граѓаните да ги смениме нештата во наша Македонија и да ми одземе време во кампањата да не можам да се посвеатам на изборниот процес“.

Димитриевски во рамките на изборната претседателска кампања денеска и ќе има средби со граѓаните на општина Карпош и Центар.

СН Осигурителен брокер АД Битола со поддршка за младите музички таленти

– Под мотото „28 години пееме заедно“ СИ ДО звездичките на голем музички концерт собраа огромен број вљубеници на детската музика и покажаа дека детската песна е бесценета.

Младите музички таленти заслужуваат вистинска поддршка која ќе им овозможи да се усовршат во светот на музиката и оние кои се навистина талентирани да имаат добри услови да градат музичка кариера. Ова го истакнуваат од СН Осигурителен Брокер АД Битола, општествено одговорна компанија која и оваа година обезбеди поддршка за детскиот музички фестивал „СИ ДО“.

Под мотото „28 години пееме заедно“ СИ ДО звездичките на голем музички концерт собраа огромен број вљубеници на детската музика и покажаа дека детската песна е бесценета, исполнета е со најубавите детски желби и соништа, кои кога би се отствариле светот би станал поубаво место за живеење.

Токму ваква позитивна енергија испратија 20 солисти од сцената на Центарот за култура во Битола на 9 април. Освен што обезбеди поддршка за организацијата на фестивалот од страна на Здружението на граѓани од областа на културата “Промедиа Битола“, СН Осигурителен брокер младите пејачи ги награди и со пакетчиња со школски прибор со цел да ги мотивира да останат посветени во процесот на својата едукација и постојано напредување.

„Фестивалот СИ ДО е музички симбол на Битола. Тоа што интересот за овој фестивал е толку голем покажува дека станува збор за вистински вредности, во чиј дух сакаме да бидат воспитувани идните генерации. Фестивалот се наближува кон тоа да ја заокружи својата трета деценија и особена чест и задоволство ни е што веќе со години сме партнери и поддржувачи на фестивалот кој ја афирмира детската песна не само во земјата, туку ширум светот.“-посочуваат од СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Фестивалот кој го носи името „СИ-ДО“ во чест на познатиот композитор Петар Сидовски успешно ја исполнува мисијата да биде двигател на македонската музичка сцена и да им даде поткрепа на младите таленти на почетокот на нивната музичка кариера.

„Во сите изминати години од фестивалот имаат излезено многу хитови кои се влезени во македонската антологија на детска песна и секое издание на фестивалот е проследено со аудио и видео издание. Како што може да се забележи низ сите овие години имаат поминато многу генерации на деца. Како резултат на тоа секоја генерација си има свои хит песнички, повозрасните генерации се сеќаваат на постарите хитови, новите генерации на актуелните хитови. Од оваа инстанца за успешно одржување на фестивалот многу ни значи поддршката од спонзорите за што искрено им се заблагодаруваме. Токму со таа поддршка одржуваме високо ниво на фестивалот по кој Битола е препознатлива. “-вели Дарко Шерденков, директор на фестивалот СИ ДО, заблагодарувајќи се за поддршката од СН Осигурителен брокер АД Битола.