дома блог страница 816

Николоски во целодневна посета на прилепските населени места: “Луѓето се желни за промени и сакаат да ја видат Македонија повторно горда” (ФОТО)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска во посета на прилепските населени места.

-Ги посетивме Мало Коњари, Големо Коњари, Ерековци и Беровци. Многу искрени активности со чесните жители на овие населени места. Разговаравме за проблемите со иселувањето на младите, за проблемите со откупот и ниските цени како и за задоцнетите субвенции. Во сите населени места во прилепско луѓето се желни за промени и сакаат да ја видат Македонија повторно горда. Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија, напиша Николоски на ФБ.

Димитриевски: Ќе иницирам законски решенија за директна поммош на вистинските винопроизводители

Kампањата на претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска во посета на Демир Капија.
Димитриевски во изјавата за медиумите рече дека она што го работат граѓаните коишто живат во Повардарието и Тиквешијата е пример кој треба да се потенцира.

„Сметам, додаде тој, – дека тие со својата работа во голем дел придонесуваат во зголемувањето на бруто домашниот производ. Само со
посветана работа која ќе влијае на зголемувањето на богатстово во државата можеме да зборуваме за самоодржлива држава Македонија“.

Димитриевски рече дека винопроизводството, одгледувањето на виновата лоза е дополнителен приход за секое семејство, но и зголемување на Бруто домашниот производ на државата.

„Од позиција на Претседател на Македонија ќе иницирам нови законски решенија за директна помош, особено на реалните винопроизводители, а се со цел семејните активности да се трансформираат во семејни бизниси, а малите бизниси да се трансформираат во средни бизниси. Тоа ќе придонесе во равојот на економијата, како и во зголемувањето на приходите во буџетот“, рече Димитриевски.

Денеска караванот на претседателскиот кандидат Максим Димитриевски покрај Демир Капија ќе ги посети Неготино, Росоман и Кавадарци.

Вклучен алармот во Тел Авив: „Иран денес би можел да не’ нападне“

Израел се подготвува за директен напад од Иран во рок од два дена, но Иран сè уште нема донесено конечна одлука за нападот, се вели во најновиот извештај на светските агенции.

Како што пренесува агенцијата „Anadolu“, повикувајќи се на извор, американскиот „Wall Street Journal“ тврди дека по нападот на Израел врз зградата на конзулатот во комплексот на иранската амбасада во Дамаск, се очекува потенцијалната одмазда на Техеран да биде директно насочена кон Израел.

Тел Авив се подготвува Иран да изврши директен напад врз јужен или северен Израел уште во петок или сабота, рече изворот за овој медиум.

Друг извор, наводно информиран од иранскиот државен врв, изјавил дека додека траат дискусиите за плановите за напад, не е донесена конечна одлука, пренесува „Јутарњи лист“.

Иран најверојатно ќе изврши одмазднички напад во Израел во следните неколку дена, според проценката заснована на разузнавачки извештаи од американски функционер, објави тој.

Советникот на иранскиот ајатолах Али Хамнеи исто така рече: „Плановите за напад се пред врховниот лидер и тој сè уште го мери политичкиот ризик“.

На 1 април, воздушен напад ја погоди зградата на конзулатот во комплексот на иранската амбасада во Дамаск, што резултираше со смрт на седум лица, вклучително и двајца високи генерали од Иранската револуционерна гарда.

Во средата, иранскиот врховен водач Али Хамнеи рече дека Израел згрешил што го нападнал иранскиот конзулат во Дамаск и убил генерал, велејќи: „Израел мора да биде казнет и тие ќе платат за своите грешки“, барајќи одговорност и од САД.

Како одговор, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, за време на посетата на ракетната одбранбена единица „Железна купола“ во Израел, ги предупреди Иранците да не го напаѓаат Израел, велејќи дека оние што ќе се обидат да го направат тоа ќе се соочат со силна одбрана и силен одговор.

Во прилепскиот театар се подготвува претставата “Поблиску” во режија на Кирил Петрески

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во тек се подготовките за претставата „Поблиску“, текст од Патрик Марбер, во режија на Кирил Петрески. Текстот и авторот првпат се поставува во прилепскиот театар.

-Се работи за еден специфичен драмски текст кој што се занимава со односите на маж – жена и прави анализа на деструктивните можности на љубовта, интимноста и телесните желби меѓу два модерни парови – вели режисерот Петрески.

Во претствата ќе играат Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Илија Волчески и Дарко Карбески.

Костимограф е Александар Џинго, изборот на музиката е на режисерот Петрески и Томе Темелкоски. Премиерата е планирана за месец мај.

Авторот Патрик Марбер е современ англиски драматург, театарски и филмски режисер, актер и сценарист. Автор е на повеќе пиеси, сценарија за филмови, професор по современ театар на Оксфордскиот универзитет.

“Ми даде Господ сила, ја фатив за уши”: Цане од прилепско раскажува како го преживеал нападот од мечка (ВИДЕО)

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се сретна и разговараше со повредениот Цане Србиновски, 61-годишник, жител на село Дреновци во Општина Долнени, кој во неделата претрпе опасен напад од мечка на планината Мукос, на месноста „Сеча“, во поширокот атар на селото Оморани на територија на Општина Чашка.

Цане по два дена беше пронајден од неговите најблиски, и од местото каде што ги чувал кравите, беше пренесен во болница во Велес, од каде што по укажаната медицинска помош, беше пуштен на домашно лекување.

Србиновски при нападот од мечката успеал инстиктивно, по неговото соборување на земја, со нозете да се одбрани, а го бранеле и неговите две помали кучиња. Притоа, се здобил само со повреди, а ситуацијата била сериозна, бидејќи мечката при повеќекратниот напад се обидувала да го зграпчи и да го касне на стомакот, што можело да биде фатално. По нападот, Србиновски се вратил назад во неговата колиба, заедно со стадото крави, но таму поради изнемоштеност, изгубил и најверојатно заради претрпениот шок, не се јавило веднаш за помош, при што поминал цело едно деноноќие, информирале блиските на Србиновски за ЦУК.

Грција нуди бесплатен одмор на туристи, a eве кој има право да ја искористи можноста

Грција им нуди бесплатно патување до Родос на туристите кои мораа да го напуштат островот поради шумски пожари.

Страшните шумски пожари кои ја опустошија Грција минатата година принудија многу туристи рано да се вратат дома, пишува Daily Mail. Ова лето Грција реши да им се оддолжи и да им понуди на 25.000 луѓе речиси бесплатен одмор како компензација за нивното принудно бегство од островот Родос минатата година.

Се смета дека грчката влада прва одлучила за ваков вид на компензација. Грчките власти известија дека секој што бил евакуиран од хотел на островот и чиј одмор бил прекинат поради пожарот има право на ваучер во вредност од 500 евра за покривање на трошоците за нивниот престој на островот.

Туристите кои го остваруваат правото на компензација можат да уживаат во некој од избраните хотели на Родос во периодот до 31 мај или од 1 октомври до 15 ноември. Ова значи дека тие не можат да изберат јуни, јули, август или септември. Според официјални лица, 5.000 туристи одлучиле да ја прифатат понудата на грчката влада, а се очекуваат уште повеќе. Шемата наречена „Недела на Родос“ ја дизајнираше грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во соработка со Министерството за туризам и хотелиерите во Родос. Најголем дел од луѓето евакуирани од Родос поради шумските пожари биле британски туристи, па оваа вест е објавена во емисијата „Добро утро Британија“ на ИТВ.

Фатени четворица битолчани, краделе во рудникот на РЕК Битола

На 11.04 2024 во 16.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода С.Р.(31), Ј.В.(28), Ѓ.В.(30) и Д.М.(22), сите од Битола.

Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во кругот на рудник Суводол, систем Брод – Гнеотино, при што одзеле повеќе предмети.

Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

НАГРАДНО ПРАШАЊЕ: Погодете кои тројца на фотографијата земаат плата над 2.000 евра

Партиите се веќе длабоко влезени во изборна кампања. Се оди од куќа во куќа, се бара поддршка за претседателските кандидати, но и за изборните програми за парламентарните избори.

СДСМ како се’ уште владеачка партија, на овие избори освен за Пендаровски, во Прилеп поддршката ја бара и за единствениот кандидат за пратеник на добитна позиција, Миле Талевски.

За Талевски ова ќе биде втор мандат во законодавниот дом, иако дебело ги загуби локалните избори во 2021 година, а пред тоа губеше како претседател на ОО СДСМ Прилеп и на минатите претседателски избори.

Токму затоа одлуката само тој да се најде на добитна позиција од Прилеп во 4-та изборна единица, наиде на нож кај најголем број од симпатизерите и членството на партијата во Прилеп.

Но, каков и да биде исходот, Талевски ќе продолжи да си зема над 2.000 евра плата…, а кои се другите двајца на фотографијата со слични примања, оставаме да препознаете вие.

Радост за најмалите! Две филмски проекции на популарни анимирани филмови утре во киното “Мис Стон” во Прилеп

Две филмски проекции во кино Мис Стон!

Сабота 13.04.2024

11.00 ч. „Неверојатната приказна за џиновската круша„

(од 4 до 14 години)

13.00 ч. „Кариран нинџа“ (12+).

****************************************

Влезници на билетарницата од киното денеска до 13 часот и сабота од 10 до 13 часот!

Толку од сонцето, температурите ќе паднат и за 10 степени: Еве кога ќе врне!

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 28 степени.

До почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Од среда се очекува значителна промена на временската состојба, проследена со зголемена облачност, врнежи од дожд, локална појава на грмежи, засилен ветер и опаѓање на температурата.