дома блог страница 814

Велигден во Крушево – голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

Дочекајте го Велигден во Крушево со Panorama All Season Adventure.

На 4. мај од 10 до 16 часот, бидете дел од највозбудливата open air забава за целото семејство во најголемиот адреналински парк во Македонија. Детска програма, настапи во живо на Пајак и Бени Шаќири, забава со диџеи и адреналински авантури во текот на целиот ден.

Дојдете и поминете незаборавен и возбудлив велигденски викенд во Крушево со PANORAMA ALL SEASONS ADVENTURE.

Инфо и резервации на 072805805

Над еден милион евра незаконски се поделени како социјална помош, најмногу пари потрошени во Гостивар и во Прилеп

Над еден милион евра државни пари се поделени како социјална помош на лица кои не ги исполнувале условите оти на свое име имале возило, покажаа првичните анализи во Министерството за труд и социјална политика. Социјални работници за „Макфакс“, неофицијално, велат дека сумата ќе расте оти се уште во пресметката не се опфатени сите центри за социјална работа.

„Во незаконски исплати предничат Гостивар и Прилеп. Таму незаконски се исплатени најмногу пари. И сумата за Скопје, ако се соберат сите општини, не е мала, но Гостивар и Прилеп се на врвот на листата по незаконски исплати доколку се земе предвид бројот на жители и поделените пари како помош од државата“, неофицијално брифираат социјалните работници.

Техничкиот министер за труд и социјала Ѓоко Велковски, иако најави дека на 5 април ќе биде извесно колку пари се проневерени оти ќе се исплаќа социјалната помош , бројки не соопшти. Од неговиот кабинет најавуваат дека првични податоци ќе бидат објавени следната недела.

„Се уште се работи на собирање на сумите по исплатата на социјалната помош месецов. Следната недела пред јавноста ќе ги презентираме наодите“, велат од кабинетот на техничкиот министер за „Макфакс“.

Најпрецизно, пак, ќе се знае колкава е проневерата во Министерството за труд и социјала за два месеци кога техничкиот министер Велковски очекува да завршат рачните проверки на секое барање за социјална помош во сите центри за социјална работа низ државата.

На почетокот на минатиот месец техничкиот министер Велковски обвини за милионски криминал со социјалната помош откога првпат во Министерство направија електронско вкрстување на податоците со Министерството за внатрешни работи и открија дека 2.252 лица кои примиле социјална помош имале возило на свое име иако еден од условите е да немаат возило.

Почнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Во Окружниот суд на Менхетен во Њујорк денеска почнува судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и тоа ќе биде прво судење на американски претседател во историјата.

Доналд Трамп е обвинет за фалсификување деловни документи кога и платил на порно актерката Сторми Даниелс, преку својата адвокатка, 130.000 долари за таа да не зборува јавно за нивната наводна афера.

Трамп ги отфрли сите обвинувања и ги оцени како политички мотивирани.

Денес сончево време со температури до 32 степена, од утре голема промена

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.

Во Скопје претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 31 степен.

Според УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во вторник попладне, во текот на ноќта, а особено во среда ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со појава на грмежи и силен ветер. Потоа и во следните денови ќе има повремени локални врнежи. Температурата од среда ќе биде во позначително опаѓање.

“Ме прашува син ми, тато каде се навивачите?” – Жална слика од јужната трибина на Градски додека игра Победа

Победа загуби на дуелот од 24-то коло во фудбалската Втора лига. На стадионот “Гоце Делчев” во Прилеп, гостите од Гевгелија со минимални 0:1 се радуваа на трите бода.

Црвено-белите се наоѓаат на 13-то место на табелата со само 23 освоени бода, а полоши од прилепчани се само Осогово, САСА и Караорман.

Победашите ќе водат жилава борба за опстанок до крајот на сезоната, а она што загрижува е дека покрај катастрофалната финансиска состојба во која се наоѓа клубот, почна да изостанува поддршката од навивачката група.

Јужната трибина зјаеше целосно празна…. Една жална слика која доволно покажува на кое ниво е доведен македонскиот фудбал….

35 казнети возачи во Прилеп за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на денешниот ден (14.04.2024)во времето од 14.00-19.00 часот продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 90 мерки, за возење повеќе од дозволената брзина и тоа 60 мерки надвор од населено место и 30 мерки во населено место.

По градови ( 16 мерки во Битола, 35 мерки во Прилеп, 21мерка во Ресен, 12 мерки Македонски Брод, 4 Демир Хисар и 2 Крушево).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Баба Даница била избpaна од Cв. Петка да го изгpaди xpaмот кој денecка е гopдocт на прилепчани: За чyдотo ce збopyва и денecка (ФОТО)

На источната страна од селото Лениште, на шест-седум километри од Прилеп, народот го издигнал новиот грандиозен божји храм Света Петка. Храмот е граден 12 години и е фрескоживописан.

Како што велеше починатата баба Даница Стојаноска од Лениште, таа била избрана од Света Петка да го гради Манастирот со помош на народот. Првото црквиче било градено 1986 година. И за новиот храм и’ кажале каде и колкав да биде, кој да помогне.

Баба Даница, луѓето од Одборот, МПЦ, верниците и нашите од дијаспората, помагајќи се трудат да му вдахнат духовност на ова божјо здание. Уште има работа овде. Само со упорност и добра волја од помагателите може да и’ се даде “живот” на црквата.

Стојаноска сонила тажна висока жена која, и’ рекла да собира денар по денар од народот и да направи црквиче. За новиот манастир и’ рекла да биде 18 метри должина, 9 метри ширина. На сонот и’ порачале да мери со старото метро, со чекори од старото црквиче. Дури и’ се претскажал бројот на ќерамидите, да бил 240.

Брат и’ не ја послушал и ја покрил со табли. Но биле откриени од времето. После никогаш братот не и’ коригирал ништо и не и’ преправал. Бабата сонила кој да го копа прв темелот, кој да земе и да плати за 6 летви, кој да малтари внатре.

Даница Стојаноска била болна на младост. Сонувала гласови кои барале од неа да оздрави и да гради црква. Како ниту жива, ниту умрена, слушала гласови. Лек барала по доктори и по бајачи. Сонувала дека била роб на Света Петка. А светицата и’ велела дека таа да дава лек, а не да бара илач. Ориентирајќи се по соништата, првин ја нашла петочната вода. Копнала со мајка и’ меѓу двете карпи и “засолзи” карпата. Водата течела само еден чекор од карпата и се загубувала. Не била брза, ама не пресушувала. Тоа е петочната вода.

Кога се разболела вторпат шест години бел ден не видела. Некоја невидлива сила ме туркаше. На сон пак í дошла убава жена, Света Петка, облечена во црно и и’ заповедала да гради манастир – вели Стојаноска.

Конаците се градени како што сонувала Даница. Има четири соби со по четири кревети, кујна со ѕидано шпоре и трпезарија. Многу посетители доаѓаат за славата, летната Света Петка и на Петковден 27.10 и Иванден на 7.7.

Во близина на старата црква некој човек видел арно од лековитата Петочна вода. Ја изградил со црвени цигли да привлекува. Водата да лекува требало да се зема само во посно. Тука е и Неделската вода и Средочната вода. Овие чешми често се посетени од луѓе кои бараат лек за некоја болест, кои ги бараат за здравје. Парализиран човек се измил со Петочната вода и оздравел.

Патот е направен пред неколку години, по погибијата на бранителите кај Карпалак. Манастирот има два резервоара за вода.. Околу нема многу дрвца, но на Ленишката планина свој дом нашле багремови, јасенови дрвца, борчиња и по некој орев. Планинската рекичка со мал водотек дава живот.

ТЕКСТ ПРЕЗЕМЕН ОД “НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ”

Искуството на капитенскиот тандем пресуди! Голема победа за РК ПРИЛЕП!

Ракометарите на РК Прилеп стигнаа до седмата победа во плеј-аут разигрувањето од Супер лигата. Во салата “Ричко”, прилепчани денеска беа подобри од Голден Арт со 26:23, противник кој се покажа како тврд орев во сите 60 минути од натпреварот.

Прилепчани натпреварот го почнаа во своја корист и поведоа со 4:1, но гостите направија целосен пресврт и го презедоа водството со 6:7. На паузата Голден Арт водеше со 11:13.

Вториот дел се одвиваше со ист ритам, Голден Арт ќе заводеше, Прилеп ќе израмнеше, но клучни беа двете одбрани на голманот Ангелески во самиот финиш на натпреварот, кога Прилеп конечно го презеде водството и се радуваше на нови три бода.

Шабановиќ со седум и Рајатовски со шест погодоци беа најдобри стрелци во победничкиот состав на Прилеп.

Со овој нов триумф, опстанокот во елитата за прилепчани е се поблиску, но потребен е фокус до самиот крај на разигрувањето.

Нетанјаху: Подготвени сме за директен напад од Иран, се подготвуваме со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел со години се подготвува за директен напад од страна на Иран и е целосно подготвен, како во одбраната, така и во нападот „Во последните години, а особено во последните недели, Израел активно се подготвува за директен напад напад од Иран“.

Нашите одбранбени системи се распоредени, подготвени сме на секое сценарио и во одбрана и во напад. Израел е силен, армијата е силна, општеството е силно“, рече тој. Нетанјаху додаде дека Израел ја цени поддршката на САД, Велика Британија, Франција и многу други земји во светот. „Поставив јасен принцип – ние ќе удри по секој што нè удри . Ќе се заштитиме од секаква закана и тоа ќе го направиме ладнокрвно и одлучно“, нагласи тој.

Со песна од Тоше и „Бисер Балкански“, Жељко Самарџиќ го воодушеви Скопје!

Концертот почна со настапот на Жаре Бербер и неговиот бенд, кои ја загреаја атмосферата.

Изведувајќи ги „Елено ќерко“ и „Бисер Балкански“, миленикот на македонската публика пред публиката призна дека секојдневно зборува по малку македонски и на сите свои концерти изведува по некоја песна од Тоше Проески.

„На секој концерт пеам по една песна за Тоше. Тоше, ако нè гледаш, ова е за тебе“, рече Самарџиќ.

Едноставноста, спонтаноста и ставот на џентлмен се најверојатно особините поради кои го стекнал вниманието и почитта кај жените, а љубовните рефрени само го потврдуваат истото.

Во нив вчера уживаше скопската публика, сите оние кои беа во „Борис Трајковски“ танцуваа и пееја во еден глас.

Помеѓу големите концерти, важните успеси, болните сеќавања, носталгијата, помеѓу песните се провлече една животна приказна преполна со искушенија и музика, преполна со емоции.

Пред крајот, македонската публика ja изненади и со микс од македонски песни, па испеа и делови од: „Како што е оваа чаша полна со вино“, „Ако умрам ил’ загинам“, „Македонско девојче“.