дома блог страница 813

Утре 16 часот е денот “Д” за ракометарите на РК Прилеп – Потребна е поддршка!

Плеј-аут разигрувањето во ракометната Супер лига никогаш не било поинтересно и понеизвесно. Утре (сабота), 1. јуни се игра последното коло, а РК Прилеп и втората екипа Еурофарм Пелистер ќе одлучуваат за првото место.

И двете екипи влегуваат во последниот натпревар со ист број бодови – по 33. Прилепчани како своја предност ќе го имаат домашниот терен и сигурно полна сала во “Ристе Ристески – Ричко”.

Не постои простор за калкулации, па победата ќе биде императив за прилепчани. Не само да се обезбеди првото место и сигурен опстанок во елиатата, туку и поради опасноста Куманово да победи на гости кај Мулти Есенс и да им го загрози на прилепчани дури и второто место на табелата.

Натпреварот РК Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 се игра со почеток од 16:00 часот.

КОЖУВЧАНКА со НОВО ОСВЕЖУВАЊЕ – Кожувчанка Wellness и Кожувчанка Active!

PR текст

Со гордост ви претставуваме уште еден новитет од Компанијата, едно освежително проширување на Фамилијата Кожувчанка!

Сега, природната газирана вода Кожувчанка богата со минерали има и додаток на витамини, со освежителни вкусови за едно поинакво, неодоливо искуство!

Ви ги претставуваме Кожувчанка Wellness и Кожувчанка Active:

– Кожувчанка Wellness е збогатена со природна арома на портокал и природен екстракт од ѓумбир кој има смирувачки ефект, релаксира и ослободува од напнатост со што позитивно влијае на имунолошкиот систем. Со додаток на витамин B6, Кожувчанка Wellness допринесува и за создавање на црвените крвни зрнца!

– Кожувчанка Active се произведува со додаток од екстракт од гуарана и женшен. Тие, како природни извори на енергија, го подобруваат вашиот ментален и физички капацитет. Кожувчанка Wellness содржи витамин B12 и B6, коишто придонесуваат за нормално искористување на енергијата и намалување на заморот и исцрпеноста!

Газираните води Кожувчанка Wellness и Кожувчанка Active може да ги најдете во амбалажа од 0,5L и 1,5L погодни за секоја прилика, без разлика дали сакате да се освежите по тренинг или да уживате во текот на денот на работа или дома.
Секогаш, во секое време имате потреба од вода, освежување, минерали и витамини!

Секогаш, за вас!
Ваша,
Кожувчанка

Саше Политико јавно пред камера се извини за изнесени клевети и навреди кон “Канал 5” телевизија и директорот Мирчевски (ВИДЕО)

Канал 5 телевизија и директорот на медиумот Иван Мирчевски ја повлекоа тужбата против сопственикот на „Мактел“ – Саше Ивановски – Политико за изнесени навреди и клевети во повеќе текстови објавени на неговиот интернет портал.

Откако Ивановски на првото рочиште на судењето преку неговиот адвокат се произнесе дека нема намера јавно да се извини, сепак тој денеска пред почетокот на главното рочиште упати јавно извинување кон вработените во Канал 5 телевизија.

Во јавното извинување Ивановски изрази каење за неговото непрофесионално однесување и кажа дека тоа во иднина нема да се повтори, а директорот на Канал 5 Иван Мирчевски посочи дека ова треба да биде порака за крај на злоупотребата на интернет просторот за ширење на говор на омраза до сите кои го прават тоа.

Во првиот квартал годинава се родиле 3632 деца, се склучиле 2488 бракови, а имало 597 разводи

Во првиот квартал годинава живородени се 3632 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 0,7 проценти. Бројот на умрени лица во првите три месеци од годинава бележи намалување од 0,6 проценти во споредба со истиот период од минатата година и изнесува 5199, а од нив осум се умрени доенчиња, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен и изнесува -1567 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во првото тримесечје од 2024 година се склучени 2488 бракови, што претставува зголемување за 3,8 проценти во споредба со истиот период од 2023 година. Во ова тримесечје се добиени 597 извештаи за разведени бракови.

Најмногу склучени бракови има во Скопје, 617, од кои 123 се во Чаир, 85 во Сарај, 80 во Гази Баба, по 50-ина во Карпош, Кисела Вода и Бутел… Во внатрешноста на државата, најмногу бракови се регистрирани во Липково, 123, по што следуваат Куманово, 92, Желино, 73, Кичево, 72, Битола и Врапчиште по 68, Велес, 66, Гостивар, 65, Боговиње, 60. Ниту еден брак не е склучен во Дебрца, Новаци и Вевчани.

Од регистрираните разводи, 87 се во Скопје, 44 во Велес, 37 во Куманово, 19 во Гевгелива, 18 во Битола…

Заврши мандатот на техничките министри: До избор на нова Влада министер за внатрешни ќе биде Назим Буши

Од денеска (31.05.2024) со Министерството за внатрешни работи ќе раководи Назим Буши.

Досегашниот министер во техничката влада, г. Панче Тошковски официјално му ја предаде должноста на министерот за внатрешни работи г. Назим Буши, досегашниот заменик министер за внатрешни работи.

По денешното примопредавање на должноста, согласно законски одредби на Република Северна Македонија, г. Назим Буши ќе раководи со Министерството за внатрешни работи до почетокот на функционирање на новиот владин состав, поточно до именувањето на новиот министер за внатрешни работи.

Прим. Д-р Владимир Ристевски е нов член на тимот на анестезиолози во болницата “Плодност”

Прим. Д-р Владимир Ристевски, специјалист анестестезиолог со над 35 години работно искуство е новиот доктор во нашата болница, како дел од анестезиолошкиот лекарски тим.

Постојаната надградба со најквалитетен медицински кадар, надополнета со најсовремена опрема, ја носи болницата на врвот во понудата на здравствените услуги кон пациентите во државата – стои во соопштението од болницата “Плодност”.

Трагедија во Македонија: Гром усмрти 20-годишно момче, друго е тешко повредено

Дваесетгодишно момче од село Коџалија, радовишко синоќа почина по удар од гром.

Околу 20 часот во ПС Радовиш било пријавено дека во 19:30 на ливада на место викано Водовод во радовишко од гром починал Р.М. (20), а со повреди се здобил З.М. (23) двајцата од Коџалево.

Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош од Радовиш, а другото лице е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Кои се новите советници кои ќе седнат во клупите на Советот на општина Прилеп?

По верификувањето на мандатите за пратеници на Дејан Проданоски и Билјана Кузманоска, нови двајца советници ќе седнат во клупите на Советот на општина Прилеп.

Распоредот на силите во Советот на општина Прилеп по локалните избори во 2021 година беше следен: ВМРО-ДПМНЕ 14 советнички места, СДСМ 10 и ЛЕВИЦА 2.

Проданоски беше носител на советничката листа и до скоро беше претседател на Советот, а Кузманоска во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ влезе како четиринаесетта на листата.

Нивните места остануваат испразнети во Советот, а на листата следни кои треба да влезат во советничките клупи се Рубинчо Абрашоски и Жанета Видеска.

Но, со оглед дека двајцата извршуваат директорски функции, Абрашоски во ЈКП Комуналец, а Видеска во СОУ “Ѓорче Петров”, ќе треба или да се откажат од директорските позиции или советничкиот мандат да го препуштат на следните двајца, односно Алмир Сулејманоски и Мирјана Конеска.

Сулејманоски е припадник на ромската заедница и верско лице, а Конеска е вработена како медицинска сестра во прилепската градска болница “Борка Талески”.

Oстанува да ја почекаме наредната седница на Советот на општина Прилеп и да го видиме развојот на настаните, кога ќе треба да се избере и нов претседател.

Поголема финансиска писменост за здрава финансиска иднина – СН Осигурителен Брокер започна проект за финансиска писменост кај младите

– Најдобрата инвестиција е инвестицијата во себеси, додека пак менаџирањето со финансиите е многу важна вештина која секој возрасен човек треба да ја знае и да ја совлада што порано во животот. Ова беше главната порака споделена со студенти од битолскиот универзитет на интерактивната работилница за финансиска писменост која СН Осигурителен Брокер ја одржа во соработка со Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

„Поголема финансиска писменост за здрава финансиска иднина“ – Ова беше темата на интерактивната работилница наменета за студенти од битолскиот универзитет која во рамките на својата стратегија за општествена одговорност СН Осигурителен Брокер АД Битола ја организираше во соработка со Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Активноста е дел од проектот на СН Осигурителен брокер за подигнување на финансиската писменост кај младите, а стручни сознанија од областа на студентите им пренесуваат:

-Јасмина Димитровска Босилкова – доктор на науки по јавна администрација и магистер по бизнис администрација, осигурителен експерт во секторот штети и прием во осигурувањето во СН Осигурителен Брокер.

-Анета Шијакова – доктор на науки по јавна администрација и магистер по меѓународна политика, раководител на секторот маркетинг во СН Осигурителен Брокер.

-Даниел Паришко – магистер по маркетинг и менаџмент, искусен осугурителен професионалец и раководител на секторот за прием во осигурувањето во СН Осигурителен Брокер.

-Александра Танатарец – магистер по осигурување и менаџмент со ризик и докторант на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, раководител на секторот наплата во СН Осигурителен Брокер.
Предавањето го поттикна интересот на младите, кои низ плодна дебата со експертите се фокусираа на различни аспекти на финансиската писменост.

„Финансиската писменост претставува основен предуслов за стабилен и развиен економски систем. Финансиски едуцираното население подобро ги користи предностите на финансиските производи, подобро го разбира финансискиот систем и со тоа има способност да носи издржани финансиски одлуки, воедно подобро може да се заштити од евентуални финансиски ризици, а што во крајна линија придонесува и за одржлив економски раст. Но, финансиската писменост не е процес кој може да се одвива стихијно, туку подразбира координиран пристап на сите инволвирани страни, како на финансиските институции како носители на финансиска едукација, така и на сите останати општествени чинители.“-посочи Босилкова, додавајќи дека финансиската писменост е јавно добро, а не индивидуален интерес. Неопходна е интегрирана заедничка заложба и заеднички ангажман визијата да се развие и имплементира во успешни национални стратегии кои ќе бидат во насока на постигнување финансиска стабилност и економски раст на земјата, рече таа.

„Мудрото управување со парите е основен предуслов за еден млад човек да може да носи здрави финансиски одлуки и со тоа да гради здрава финансиска сегашност и иднина. Првиот чекор е правилна информираност во однос на финансиските инструменти и нивната примена. Особено е важно за секој млад човек што порано да научи да управува со своите приходи и расходи, да планира свој личен буџет и тековно да се едуцира за можностите за унапредување на неговата финансиска благосостојба.“-рече Шијакова.

Покрај механизмите за штедење и инвестирање, на дебата се дискутираше и за осигурителните механизми.

„Осигурителната писменост е знаење и разбирање на термините, концептите и принципите поврзани со осигурувањето како што се: достапните видови полиси за осигурување, Како да се постапи при автомобилска штета, Како да се постапи при штета во странство како да се постапи при материјална штета предизвикана од природни катастрофи. Познавањето за овие теми ни овозможуваат да се заштитиме од: купување на погрешен тип полиса со несоодветна покриеност, плаќање на повисока премија и осигурителна измама. Секогаш бирајте квалитет и купувајте од професионалци кои се со докажано искуство. Менаџирањето со финансиите е многу важна вештина која секој возрасен човек треба да ја знае, затоа е уште поважно да се научи што порано во животот. Затоа ги препорачуваме следните: постави си јасни цели, направи си буџет, започни со штедење рано, користи го правилото 50/30/20, секогаш плаќај ги долговите, раздели ги твоите потреби од твоите желби, научи за даноците. Најдобрата инвестиција е да инвестираш во себе. Постојат голем број нешта кои може да ги направиш за да инвестираш во себе како што се зголемување на твоето знаење преку курсеви, нови сознанија преку ново хоби, грижа за сопственото здравје, како и заштита на себеси и она што го поседувате преку осигурување на возилото, имотот, себе си од незгода, животно осигурување и приватно здравствено осигурување.“-посочи Паришко.

„Финансиската едукација треба да започне што е можно порано и сметам дека потребно е да се предава и во училиштата, се со цел младите уште од рана возраст одговорно да се однесуваат во сите животни фази. Што се однесува до осигурувањето како механизам за заштита на финансиските и личните интереси на луѓето, важно е да се сфати дека тоа е инвестиција, а не трошок. Но, за да се разбере ова суштинско прашање, потребна е таа финансиска едукација. Би нагласила дека консултацијата со брокер може да помогне да се разјаснат сите недоумици и да се избере најдобрата полиса за индивидуалните потреби.“-рече Танатарец.

Битолски Водовод доби нов директор

Андреј Гинов е нов в.д директор на ЈКП Водовод.

Гинов е роден на 12.07.1984, а магистрирал безбедност при работа. Во досегашниот период, бележи 17 годишно работно искуство во ЕЛЕМ – РЕК Битола.

Неговото назначување доаѓа по верификацијата на пратеничкиот мандат на досегашниот директор на ЈКП „Водовод“, Пеце Милевски.