дома блог страница 812

Не само во Прилеп, и во Битола се палат автомобили: Синоќа битолчанец останал без својот џип

На 01.06.2024 во СВР Битола З.Л.(52) од Битола пријавил дека на ул.„Ѓорги Наумов“ во Битола било опожарено неговото патничко возило „бмв х3“ со бугарска национална ознака.

Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема.

Од пожарот се оштетени дел од фасадата на зградата, балкон и патничко возило „мерцедес“.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

“Керов продукција” планира да ги изненади прилепчани

PR текст

Тоа е прекрасен гест!

Керов продукција со возбуда најавува специјално изненадување за прилепчани кои се подготвуваат за нивната свадба следната година.

Во знак на благодарност за трудот и посветеноста, ќе им подготвиме специјално изненадување. Веруваме дека љубовта и посветеноста се најубавите работи во животот и сакаме да ја прославиме оваа посебна пригода со идните брачни двојки.

Останете во тек за повеќе информации за големото изненадување, кое ќе биде откриено во наредните недели. Едвај чекаме да го споделиме со вас и да го направиме денот на вашата свадба уште понезаборавен!

Граѓаните одлучија: Ирена Стрејовска треба да биде нов претседател на Советот на општина Прилеп

Преку нашата Фејсбук фан страна ги прашавме граѓаните: “Кој треба да биде нов претседател на Советот на општина Прилеп?”. Деновиве низ градот се шпекулира со повеќе имиња кои треба да го наследат Проданоски на ова столче, а граѓаните ги интересира кој ќе ја преземе оваа втора по важност функција за функционирањето на општината.

Најчестиот одговор на нашето прашање беше името на советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Стерјоска, која е долгогодишен функционер во партијата и во два мандати советник во Советот на општината. Поради тоа, но и поради нејзините лични квалитети, граѓаните сметаат дека токму таа ќе биде најсоодветно решение за оваа функција.

Стерјоска беше претседател на Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, а беше назначена и за заменик градоначалник на општина Прилеп.

Кривична за прилепчанец: Со две лица грабнале човек, го однеле на мостот „Беласица“ во Скопје и му одзеле пари

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Ч.(35) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

Пријавениот, заедно со А.Т. и К.К., со употреба на сила го внеле К.Б. во патничко возило, по што А.Т. со остар предмет му нанел повреди, а потоа на мостот „Беласица“ физички го нападнале и му одзеле пари – информираат од МВР.

Трамп беше прогласен за виновен: 24 часа подоцна доби повеќе од 50 милиони долари во донации

Менаџерите на кампањата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп објавија дека се собрани повеќе од 50 милиони долари донации во првите 24 часа откако тој беше прогласен за виновен за фалсификување документи.

„Тоа се повеќе од два милиони долари на час“, се вели во извештајот.

„Во минутите по објавувањето на пресудата, нашиот систем за донации беше преплавен со поддршка, и покрај неколкуте прекини поради големиот сообраќај, претседателот Трамп успеа да собере 34,8 долари од мали донации“, изјавија утрово менаџерите на кампањата Крис Ла Сивита и Сузи Вајлс.

До вчера вечерта таа сума порасна на 52,8 милиони долари, пренесува агенцијата Франс прес. Така, веќе утрово тоа беше двојно повеќе од вообичаениот дневен приход на WinRed, републиканската платформа за донации. Околу 30 отсто од нив се од нови донатори.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, републикански кандидат за ноемвриските избори, во четвртокот беше прогласен за виновен за фалсификување документи за да се прикрие молчењето на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година.

Поротата во Њујорк го прогласи Трамп за виновен по сите 34 точки од обвинението, што го прави првиот американски претседател кој е осуден за кривично дело. Тој се соочува со максимална казна од четири години затвор, иако другите осудени за такви злосторства често добиваат помали парични казни или условни казни.

Kласата е вечна! Битолчанец со својот убавец предизвика воздишки низ улиците (ВИДЕО)

Низ улиците на Битола забележан фантастичен олдтајмер кој предизвикува воздишки кај сите љубители на автомобилите. Се работи за прекрасниот Мерцедес 280 SL, a батката кој го вози ја заслужува сета почит и пофалба за класата.

Поразителна статистика: Речиси половина од населението во Македонија се активни пушачи

Речиси половина од населението во земјава се активни пушачи, соопшти денеска Државниот институт за јавно здравје, додавајќи дека во последните години многу мал процент успеале да ја прекинат оваа зависност.

Толку голем број пушачи ја рангира Македонија меѓу земјите во светот со најголем процент на активни пушачи.

Според најновото истражување на Институтот за јавно здравје на Македонија, 45,4 проценти се активни пушачи, со многу низок процент на луѓе – пет проценти од оние кои успешно се обиделе и се откажале од пушењето во последните години – пишува во соопштението по повод денешниот Светски ден против тутунот.

Се известува дека посетеноста во советувалиштата за откажување од пушење е многу мала.

Така, во 2023 година во советувалиштата за одвикнување од пушење дошле само 43 лица, што покажува дека нема голем интерес кај населението за тоа – посочуваат од Заводот за јавно здравје.

Темата на овогодинешниот Светски ден без тутун е „Заштита на децата од влијанието на тутунската индустрија“ во обид да се намали употребата на тутун.

Под мотото “Промени се, промени се’,, – Oд 7 до 14 јуни во Прилеп ќе се одржи 58-то издание на театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински”

Од 7 до 14 јуни, во Прилеп ќе се одржи 58-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Фестивалот ќе понуди единаесет претстави на професионалните македонски театри кои се во официјалната конкуренција и уште седум во придружниот дел од програмата. Годинава МТФ „Војдан Чернодрински“ се одржува под мотото „Промени се, промени сѐ“.

„Фестивалот е нашето обележје, препознатливост и културно живеење. Ние сме дел од него, тој е дел од нас. Генерации растеа и живееја со него, генерации ги чуваат спомените од него и уживаат во секое ново издание. Театарските уметници и прилепската театарска публика, тука, отсекогаш се соединувале, а градот дише и ужива во секој миг кога се случува фестивалот. Поканата е отворена до сите граѓани на Македонија да дојдат, да не’ посетат и да уживаат во театарската маѓија на единствениот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој живее во Прилеп 58 години.“ – рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески изразувајќи ја поддршката за МТФ „Војдан Чернодрински“.

Фестивалот ќе го отвори претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар од Скопје, а во конкуренцијата се и „Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, на народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, во продукција на Албански театар од Скопје, „Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, на Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип, „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, во продукција на ЦК „Антон Панов“ од Струмица, „Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, на Ц.К. „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, „Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, во продукција на Македонскиот народен театар, „Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, на Турски театар од Скопје, „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани на народниот театар од Битола, „Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов на Театар Комедија и претставата „Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, а во продукција на Театар за деца и младинци од Скопје.

Фестивалот нуди богата придружна програма во која се и 7 претстави, ќе има промоции и секојдневни разговори на тркалезната маса за одгледаните претстави. Ќе бидат одржани пет работилници. Работилницата за драмско пишување што ќе ја води Ана Трпеноска, работилницата за читање на Горан Стефаноски што ќе ја води проф. д-р Јелена Лужина, работилницата за следење на фестивал што ја води тимот на Умно.мк,

Работилница за тело – говор – простор што ја води Искра Шукарова и работилницата за костимографија што ја води Александар Ношпал.
Свеченото затворање е на 14 јуни кога ќе бидат доделени годинешните награди на фестивалот, а во чест на наградените ќе следи концерт на „Добрила и Дориан дуо“.

Коњановски изврши увид во изградбата на новата градинка во АРМ – се работи на кровот и дограмата

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на градежните активности за изградба на детската градинка во АРМ, каде се финализира првата фаза од изградбата.

Во моментот се работи на кровната конструкција и дограмата, по што ќе следува отпочнувањето на втората фаза за внатрешно уредување на просторот.

При увидот на градежните работи беше констатирано дека, по надминувањето на проблемите со земјиштето градежните работи напредуваат со задоволителна динамика, согласно планираните рокови.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека завршувањето на изградбата и адаптацијата на објектите предвидени за детски градинки е од голема важност, заради надминување на проблемите со долгите листи на чекање во детските градинки.

Жител од битолско со семејството доживеале хорор кај тунелот на “Баир” – Прво фрлале по нив со камења, па ги нападнале

На 29.05.2024 во СВР Битола, Е.Р.(31) од село Ивањевци, општина Могила, пријавил дека на магистралниот пат Битола – Ресен, во близина на тунелот над населбата „Баир”, неколку лица фрлале тврди предмети кон неговото возило, физички го нападнале, а потоа со остри и тврди предмети извршиле оштетување на возилото во кое бил со неговата сопруга, нејзината сестра и неговите две малолетни деца.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.