дома блог страница 811

“Запејте со Алтернатор” нов музички проект во кој го слушаме прилепчанецот Мартин Стојаноски

Дел од него, срасната за душата, не може без неа , не сака без неа , ете така е Мартин Стојаноски со песната. По сите овие 18 години музичко растење и зреење со песната, Мартин и пред себе и пред публиката потврди дека го одбрал вистинското. Глас кој може да испее се, харизма која се чита од прва, пеач кој преку неговите емоции во интерпретацијата ја буди публиката.

Со два збора кажано комплетен артист. Од 2021 година Мартин е фронтмен и вокал на битолската група “Алтернатор”. Заедно снимија неколку убави авторски песни кои имаат чиста македонска боја.

Деновиве на публиката и подарија и нов видео проект, со кој ја канат да запее со нив. “Запејте со Алтернатор” така ги потпишаа тринаесетте песни кои имаат уникатна емоција идентификувана преку вокалот и енергијата на Мартин кој ја води групата, но и секој што ќе го слушне или види.

Внимателно одбрани песни кои немаат рок на траење, едноставно речено песни ” вековиште”. Снимени во пријатен амбиент, максимално спонтано, убаво, искрено. Песни кои сите ги знаеме наизуст, кој Мартин и “Алтернатор” ги раскажаа по свое. Гледајќи го видеото кое трае 30 минути , изведбата на Мартин ќе ве наврати во некое време, на некои места, а песните ќе ви ги претвори во некои драги луѓе. Отпеано со ќеиф и љубов, тоа најдобро го препознава публиката. Група” Алтернатор” годинава слави и убав јубилеј 30 години живот. Честитки за се.

Полицијата фатила прилепчанец и битолчанец додека цртаат графити во центарот на Скопје

На 17.04.2024 во 02.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар ги затекнале Ј.М.(24) од Скопје, П.Н.(23) од Прилеп, Д.Б.(23) од Скопје, М.Ј.(25) од Битола и А.М.(24) од Скопје додека пишувале графит.

Од нив биле одземени неколку канти со поликолор и боја и други предмети.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – информираат од МВР.

Даштевски: Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

Училиштата во кои ќе се одржи гласањето за претседателските избори ќе работат во вторник, ден пред изборите. Ќе бидат заклучени само оние простории каде ќе сместен избирачкиот материјал.

– Тоа е веќе договорено и мислам дека е ставено на веб страницата. Тие училишта ќе работат меѓутоа просториите во кои ќе биде избирачкиот материјал, ќе бидат заклучени и ќе ги обезбедува Министерството за внатрешни работи, изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски парламентарни избори.

Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи следната среда на 24 април.

Заради непречено спроведување на претседателските и парламентарните избори, закажани за 24 април и 8 мај, Владата вчера донесе одлука овие два дена да бидат неработни и да не се одработуваат.

Гимназијалецот Михаил Живковиќ од Прилеп, освои бронзен медал на Македонската математичка олимпијада

На 07.04.2024, во Скопје на ПМФ се одржа Македонската математичка олимпијада, на која oд прилепската гимназија “Мирче Ацев” од Прилеп, учество зедоја учениците:

-Михаил Живковиќ од втора година под менторство на проф. Евгенија Нешкоска и

-Иван Јованоски од четврта година, под менторство на проф. Афродита Стефаноска

Михаил Живковиќ освои бронзен медал и по којзнае кој пат докажа дека прилепската гимназија е расадник на ученици со знаење.

Србинка по втор пат влезе во Гинисовата книга на рекорди – го направи тоа што не можат најголем број од мажите

Милица Наранчиќ, српска фитнес шампионка, по вторпат влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Атрактивната Милица Наранчиќ за 60 секунди направи 64 склекови одбивање на дланките од земја со што го израмни рекордот во машка конкуренција, кој три години го држеше повеќекратниот Гинисов рекордер, маестралниот Грк Јоргос Коцимпос.

Просечната брзина на склек беше 0,94 стотинки.

„Го срушив сопствениот рекорд во Њујорк, во фитнес центарот Crunch, на 19. Февруари (на мојот роденден) 2024 година, а официјалната потврда од Лондон пристигна вчера. Стручниот штаб го сочинуваа: државниот функционер, адвокатот Расел Сиринционе, генералниот менаџер на фитнес центарот Crunch Луис Росалес и елитните тренери Ари Бауман и Нора Левин“, напиша Милица на социјалните мрежи, пренесува Pink.rs.

Браво за малото СОПИШТЕ! Атракција во која ќе уживаат сите љубители на природата (ФОТО)

Од оваа недела нашата општина е побогата со уште една туристичка атракција. Имено, станува збор за проект наречен Гризли Иглос единствен на Балканот а и пошироко, кој што претставува вистински рај за сите љубители на природата и еколошката одговорност. Оваа туристичка атракција се наоѓа на планинскиот масив Јасен. Проектот нуди неверојатни можности за авантури, но во исто време ја чува и штити природата – информираше на социјалните мрежи градоначалникот на оваа општина Стефче Трпкоски.

Главниот фокус е зачувување на природата и одржување на еколошкиот баланс. Сите активности се спроведуваат со почитување на природните ресурси и животната средина. Планината е дом на голем број растителни и животински видови, кои се внимателно заштитени. Посетителите можат да уживаат во пешачење по еко-патеки, јавање, или планинарење, додека се восхитуваат на убавината на околината.

Сместувачките капацитети се комплетно македонско производство, монтажни, еколошки и одржливи, користејќи обновливи извори на енергија и рециклирани материјали. Тие се изградени во хармонија со природата, обезбедувајќи комфорен престој за гостите, без да го нарушуваат еколошкиот баланс.

Сите заинтересирани ќе можат да се приклучат на организирани тури водени од искусни водичи кои ве учат за локалната флора и фауна, историјата и културата на областа. Оваа туристичка атракција има за цел да ја поттикне свеста за зачувување и грижа за националниот парк и природата, додека нуди единствено искуство на своите посетители.

Прв случај на голема кашлица во Прилеп? Дијагностицирана кај 9-месечно бебе?

Маркукуле дознава дека е дијагностициран прв случај на голема кашлица – Пертусис кај 9-месечно бебе од прилепско, кое било хоспитализирано во детското одделение на прилепската болница “Борка Талески”.

Според нашите информации бебето е префрлено на понатамошно лекување во Институтот за белодробни заболувања во Козле, и засега не е познато во каква состојба се наоѓа.

За случајот се обидовме да добиеме одговор и од директорката на прилепската болница, Кети Смилеска, која ни кажа дека одделот за педијатрија за секој сомнителен пациент, испраќа примерок од земен брис до Центарот за јавно здравје во Битола, без притоа да ја потврди или негира информацијата.

Се обидовме да стапиме во контакт и со ЦЗЈ Битола, но на телефонските повици до нивниот телефонски број објавен на веб страната cjzbt.org.mk, никој не одговори.

Инаку, според најновите информации од Институтот за јавно здравје 5 до 11 април биле пријавени 44 случаи на голема кашлица, од кои најголем дел во Скопје.

Тоа според статистиката е намалување на бројот на случаи од 10 отсто во споредба со претходниот седумдневен период.

Според последниот извештајот на ИЈЗ, освен во Скопје, случаи беа регистирани и во Битола, Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените е од еден месец до 75 години. Најмногу случаи се во возрасната група од 10 до 14 години.

Се јави Зоки од Муртино! Немал години за губење и ја сакал Македонија (ВИДЕО)

Поранешниот премиер Зоран Заев по две години откако функцијата му ја препушти на Димитар Ковачевски, сега преку социјалните мрежи ги повикува граѓаните да ја дале поддршка за неговата партија.

„Ако се грижите за сопствената македонска земја, ако си го сакате својот народ, ако верувате во европскиот пат на Македонија, ако не сте подготвени да се предадете и откажете од иднината, СДСМ и коалицијата за европска иднина се единствениот избор, бројот 1 е секогаш пред сите, како што е ЕДЕН и единствен нашиот завет за татковината“, порача во видео обраќање поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Рече дека сме немале нови години за губење.

Погледнете го целото видео на следниот линк:

Уапсен 73-годишен крушевчанец: Во неговиот дом полицијата пронашла оружје и дрога

На 15.04.2024, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода В.Ц.(73) од Крушево. При претрес во неговиот дом во с.Кошино, општина Долнени, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени при што одземени пиштол, рамка со куршуми, марихуана, грутчеста материја, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

Лицето било приведено во Полициската станица Прилеп и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави – информираат од МВР

Утре повеќе улици во Прилеп ќе бидат без струја 6 часа

Утре (четврток, 18 април) од 09:00 до 15:00 часот, жителите на улиците: “Велешка”, “Ѓорѓи Абаџиев”, “Дабнички Завој”, “Васил Главинов”, “Кобаш”, “Сремски Фронт”, “Авала”, “Богомила”, “Дојранска”, ќе останат без електрична енергија, информираат од Центарот за управување со кризи – Прилеп.