дома блог страница 810

Претреси кај двајца битолчани – пронајдена дрога

На 15.02.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода И.Н.(28) и И.Ч.(24), двајцата од Битола.

При претрес во домот на И.Н., извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Додека, при претрес во домот на И..Ч., извршен, исто така, со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска промоција на книгата “Заклетва” – Дело пишувано од директни учесници во војната во 2001 година

Денеска со почеток од 19:00 ќе се одржи промоцијата на книгата „Заклетва“, која ќе биде пропратена со македонска вечер. Во House of Legends ќе настапат Влатко Миладиноски, Филип Карајановски и Дамјан Стојаноски. Рецензент на книгата е Јохан Тарчуловски.

„Заклетва“, како што самото име кажува, е книга за еден збор кој има многу силно и големо значење. Пред еден век нашите револуционери давале заклетва за да станат дел од МРО. Тоа меѓу другото била и заклетва за одбрана на својот дом, на своето вековно огниште. Пред преку 20 години нова закана се вивна над македонското небо. Илјадници бранители се одлучија да одговорат на повикот на татковината и да застанат на нејзиниот браник.

Токму како што пред повеќе од еден век, револуционерите и партизаните давале збор во вид на заклетва за ослободување на својата мајка Македонија од злите раце на окупаторите така и бранителите во 2001 година ги напуштија своите огништа, својот пород и род, својата слобода и се одлучија на еден непредвидлив потег – да ја одбранат Македонија од тогашниот терор. Бранители кои беа подготвени да го дадат и најсветото за татковината. Токму тие луѓе не се штедеа себеси со цел исполнување на аманетот оставен од предците.

Во оваа книга ќе се спуштиме во рововите заедно со бранителите за да допреме поблиску до тоа што се случи таа година, а исто така ќе допреме до нивните сеќавања преплавени со страв и храброст, истовремено. Ќе се навратиме на миговите кога Македонија имаше потреба од силата на нејзините синови. За нас, Македонците, 2001 година е година на целосно отсликување на структурата на една држава, способна за себеодбрана. Причината за конфликтот е сè уште вид мистерија затоа што и до ден-денес се кријат многу работи, разни пропусти во командниот систем, а и многу работи ќе ви станат конфузни по читањето на книгата. Книгава во суштина е колекција од интервјуа со бранители. Интервјуата и сведоштвата ги собиравме веќе подолг период и успеавме да собереме доволен број за да се создаде книгата. Свој придонес дадоа бранители кои биле на најразлични позиции за време на конфликтот и кои учествувале во сите поголеми операции. Сите тие ги оставија дома родителите, жените, децата, за да ја исполнат дадената заклетва. Некои од нив се вратија, некои не успеаја. Државата ги заборави тие што се вратија од фронтот. Тоа и една од причините за пишувањето на оваа книга. Она што треба да се напомене е дека со секое купување на книгата „Заклетва“, дел од средствата ќе бидат наменети како финансиска помош за бранителите. Во книгата е зачувана анонимноста на бранителите од принцип на приватност. Да искажеме голема благодарност до сите бранители кои собраа храброст и сила да ги споделат со сите нас поголемиот дел од нивните доживувања на браникот на борбените акции и угнетувања. Нека Бог нè чува нас Македонците, како и нашите бранители кои биле подготвени да го дадат или за нас го дале најсветото што го имале – животот. Сите даваме по нешто, но некои даваат сè.

Mицкоски: Се спрема епски криминал на бегање

Се спрема епски криминал на бегање. Повеќе од 140 милиони евра тендери се подготвуваат во РЕК Битола. Околу 6 милијарди денари за увоз на јаглен и околу 3 милјарди денари со вклучен ДДВ за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола. Однапред ќе ви кажам дека тие две јавни набавки ќе ги добијат фирми кои ги знаете и кои се омилени фирми на неколкумина од власта. И ќе го доделат тендерот за ископ на јаглен и јаловина на омилениот конзул на една источна земја бидејќи се европски фронт ама не им смета да доделуваат вакви јавни набавки на конзули коишто се од источни земји коишто имаат санкции од ЕУ. Тоа е во вредност од повеќе од 40 милиони евра – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој упати и апел:

-Апелирам до луѓето коишто се во ЕЛЕМ, до генералниот директор и до вработените и во рудникот и во термоелектраната лично за неколку месеци од денеска ќе се занимавам со овие две набавки. И јас им ветувам дека секој оној кој ќе стави потпис на оваа јавна набавка ќе биде изнесен пред лицето на правдата и ќе одговара за тоа што го пљачка народот за да ги полни џебовите на неколкумина кои се спремаат да бегаат после 8 мај. Лично ќе се занимавам, а верувајте имам големо искуство и знаење посено во делот на енергетиката. Иточно знам што правите и што се подготвувате да направите. Нема да дозволам овој сиромашен народ дополнително да биде пљачкан од овие политички криминалци кои што се во заминување. Ова не е закана, ова е предупредување. И со ова лично ќе се занимавам ако се случи.

https://publish.twitter.com/?url=https://twitter.com/MickoskiHM/status/1758141765352145243#

Грција ги легализираше истополовите бракови

На истополовите двојки во Грција законски ќе им биде дозволено да посвојуваат деца, по вчерашното гласање во парламентот.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека новиот закон „храбро ќе поддржи сериозна нееднаквост“.

Законот беше усвоен со просто мнозинство во парламентот од 300 пратеници.

Мицотакис беше за законот, но му требаше помош од опозициските партии за да собере мнозинство, додека повеќе од десетина пратеници од неговата централно-десничарска партија се спротивставија на одлуката.

15 февруари 1903год. – Сведоштво на француски весник за една македонска крвава свадба во гевгелиско

15 февруари 1903 година, Париз
Франција, на денешен ден точно пред 120 години, весникот Le Petit Zournal, дава опис на маскр на православна свадба во Македонија.

Што точно се случило во гевгелиско на овој ден прочитајте во продолжение:

Во сабота сите во сала! Мега Баскет во Прилеп го дочекува Шкупи!

Екипата на Мега Баскет од Прилеп во сабота е пред нов предизвик во Втората кошаркарска лига. Во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски” гостува третопласираната екипа на Шкупи, еден од главните фаворити според досегашните резултати за пласман во најелитното кошаркарско друштво кај нас.

Прилепчани ветуваат одлична игра и мотивираност за добар резултат, а за тоа секако ќе им биде потребна помош од домашната публика.

Досега Мега баскетџиите забележаа пет триумфи и девет порази, и со 19 освоени вода се на добар пат да обезбедат опстанок во овој ранг на натпреварување.

Натпреварот од петнаесеттото коло против Шкупи, се игра со почеток од 19:15ч. Да ги поддржиме нашите момци и да ја наполнеме трибината во “Добре”.

Здравјето на вработените за нив е неприкосновено! ВИТАМИНКА организираше предавање на тема “Превентивата како прв чекор за добро здравје кај мажите” (ФОТО)

Како дел од грижата на Витаминка за своите вработени, постојано презема активности во чиј фокус се здравјето и добросостојбата на вработените. Со истата цел денеска беше организирано предавање на тема „Превентивата како прв чекор за добро здравје кај мажите“.

Поттикнато од недоволното знаење и свесноста за опасностите по машкото здравје, предавањето имаше за цел да информира, едуцира и да ја подигне свесноста за ризиците по машкото здравје и за превентивното делување.

Предавањето беше во организација на Витаминка и Здружението за унапредување на здравјето Филип Лукароски Прилеп, а пред вработените опасностите по машкото здравје од различни аспекти беа претставени од предавачите Петра Лукароска, претседател на Здружението за унапредување на здравјето Филип Лукароски, д-р Љубица Илиеска доктор по општа пракса од ПЗУ Алфамед Прилеп, д-р Златко Савоски, специјалист интернист и д-р Влатко Кузманоски, специјалист уролог.

Ново правило: Тие што имаат џип ќе плаќаат двојно повеќе паркинг од обичните коли – Tреба ли вака секаде?

По Париз, од март и германскиот град Кобленц ќе применува нови цени за паркирање врз основа на големината на возилото.
Од март се воведува основна сума од 23,40 евра годишно (0,45 неделно) што се множи со променлив фактор врз основа на димензиите на возилото.

За разлика од Париз, новите цени ќе важат главно за жителите на градот.

„Кој сака да паркира теренец во француската престолнина, од септември ќе треба да плати 18 евра на час. Шест часа паркирање во Париз би требало да чини 225 евра“, пишува „ХАК“.

Париз ги договори тие стапки по референдумот. Новата тарифа не важи за жителите на Париз, туку само за луѓето кои доаѓаат во градот однадвор.

Организацијата за заштита на животната средина „ДУХ“ смета дека ова е добра идеја и заедно со организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“ и Здружението за заштита на животната средина и природата (БУНД), повикаа на слични правила за поголемите германски градови.

ФАТЕНИ ЖИВИ: МВР на Тошковски откри корумпирани полицајци кои ќе ,,летаат” од работа (ВИДЕО)

МВР на техничкиот министер Панче Тошковски фати корумпирани полицајци на граничниот премин Ќафасан кои земале пари за да помогнат на криминалци да влезат во Македонија.

Полицајците, ако се докаже вината на суд” ќе бидат избркани од МВР.

,,Ставаме крај на селективното постапување и ја засилуваме борбата против корупцијата и криминалот во полициските редови. Во таа насока, министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против две лица – полициски службеници од ПС за ГП Ќафасан поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело „Примање поткуп“.

Согласно сознанијата добиени врз основа на преземените оперативни активности од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, првопријавениот примил парични средства за да изврши дејствие кое не смеел да го изврши, додека второпријавениот му помогнал да не биде откриен, односно ги сокрил инкриминираните дејствија. Покрај кривичната пријава за лицата ќе биде поднесен предлог за отстранување од работните места.

Како министер секогаш ќе се залагам за одговорно работење и посветена борба против корупцијата, бидејќи нашите сограѓани заслужуваат професионална, одговорна и посветена полиција која ќе биде нивен сервис”, објави Тошковски.

Милошоски: “Отповикајте го Мемеди од амбасасор. Тој работи против Македонија”

Нарекувајќи го скандалозен, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека случајот е особено сериозен со оглед на тоа што, како што вели, ниту Министерството за надворешни работи ниту Амбасадата немаат право да прогласат за неважечки личен документ кој не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи. Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, побара одговорност од амбасадорот на С Македонија во Рим, Весел Мемеди, поради тоа што, како што тврди, преку официјална нота ги известил властите во Италија дека и валидните патни исправи на македонските државјани кои се со старото уставно име се неважечки по 12 февруари 2024 година.

Милошоски објави и фотографија од документот кој Мемеди го доставил до тамошните власти.