дома блог страница 806

Koмпанијата “ЕЛС” обвинува за нерегуларности во тендерот за носење на гласачкиот материјал

Вчеравечер истажувачката емисија “КОД”, објави емисија во која еден дел беше наменет за тендерот од ДИК наменет за носење на изборниот материјал до Општинските изборни комисии, тендер кој го доби компанијата “КОЛПОРТЕР”.

Фирмата одеднаш се појавува во постапката со најниска цена и со поедноставена постапка добива тендер вреден над 100.000 евра.

Откако “КОД” ја истражува целата постапка откриваме дека компанијата е во загуба, нема доволно возила за целата постапка, возилата се без камери што не гарантираат сигурност во транспортот на избирачкиот материјал. Од “Еко Логистик Сервис” обвинуваат на неправилности. За целиот процес комерцијалниот директор на “ЕЛС”, Хари Бутле за “КOД” подетално ја опиша целата постапка.

-Дали токму пред избори потребно е институциите да реагираат во целиот процес пред да настане хаос на денот на избори, или сето ова има друга позадина за која допрва треба да се истражува. Доколку компанијата нема доволно возила, нема доволно вработени, нема камери, како ДИК донесуваат одлука за КОЛПОРТЕР како најповолен понудувач? – прашуваат од “ЕЛС”.

ЧУДОТО ОД ДЕТЕ од Шаховскиот клуб “ПРИЛЕП”, ќе се бори за титулата СВЕТСКИ ШАМПИОН!

17-годишниот Индиец, Домарају Гукеш, ќе се бори за титулата светски шаховски шампион, откако победи на “Турнирот на кандидатите” кој се одржа во Торонто.

И сето тоа во ред, но малкумина знаат дека Гукеш беше член на најтрофејниот прилепски шаховски клуб “Прилеп”, a во 2021 година како член на овој клуб настапуваше и на турнир во Струга.

Чудото од дете како што го нарекуваат, за титулата светски шампион ќе се натпреварува против Лирен Динг, Кинезот кој пак во минатото беше член на ШК “Алкалоид”.

Доколку Гукеш ја освои оваа титула, ќе биде најмладиот светски шампион во историјата на овој спорт.

Oдлични резултати за младите прилепски пингпонгари на државните првенства: Мартин Ристески е ДРЖАВЕН ПРВАК!

Прилеп уште еднаш докажа дека е вистински расадник на млади таленти кога пинг-понгот е во прашање.

На државните првенства за помлади категории кои се одржаа викендов во Берово, прилепчани забележаа извонредни резултати.

Мартин Ристески од ППК “Младост 96” е нов државен првак во категорија до 13 години, а покрај тоа ова младо момче се закити со уште четири други медали, и тоа:

-прво место во двојки до 13 години
-прво место во двојки до 15 години (кадети)
-трето место поединечно до 15 години
-трето место во микс двојки до 15 години

Еден импресивен скор на кој може да позавидат дури и повозрасните играчи.

Покрај Ристески, на турнирите во Берово одлични беа и Давид Јоноски, Трајче Маркоски и Огнен Илиески.

Јоноски во категорија на кадети до 15 години го освои третото место поединечно и третото место во двојки заедно со Трајче Маркоски.

Трајче Маркоски пак покрај бронзата заедно со Јоноски, се закиити и со бронзен медал во категорија до 13 години поединечно, како и прво место во двојки заедно со Мартин Ристески во истата категорија.

Огнен Илиески во категорија кадети до 13 години успеа да влезе во четврт-финале, но загуби од државниот првак Мартин Ристески, додека пак во категорија кадети до 15 години не ја помина групната фаза.

Честитки за сите!

Димитриевски: Зелените од Европскиот фронт со скандирањето на УЧК во Скопје излегоа од јагнешките кожи и се прикажаа во вистинското светло

Караванот на кандидатот за претседател на државата од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска беше во посета на
Радовиш,кадешто имаше средби со граѓаните. Тој при тоа даде и изјава за медиумите, во која нагласи декаја презентираат програмата за да го дадат максимуот за Македонија и во непосредни средби да поразговара со граѓаните.

„Воедно сакам да упатам една порака, првенствено до оние кои на минатите избори се именуваа како зелени, а денеска себе си се нарекуваат како европски фронт. Да ги остават милитантните изјави и сето она што на последниот митинг го претставија во јавноста, по страна. Бидејќи со таквите гестови излегуваат од јагнешките кожи и се претставуваат во вистинско светло, какви што се. Скандирањето на УЧК на плоштадот во Скопје дополнително создава негативни емоции кај граѓаните на Македонија и кај македонскиот народ. Од овде сакам да му порачам и на господинот Ахмети, но и на мојот противкандидат Османи, којшто под завеса на голем поборник за европски права, со ваквото делување дополително ја дели Македонија“, рече Димитриевски.

Тој додаде дека пред два дена потпишал Меморандум за соработка со бранителите во Битола, коишто учествуваа во конфликтот од 2001.

„Господине Ахмети, додека бранителите коишто не бранеа во тие моменти, се денеска на дното во општеството, заборавени во целост, вашите припадници, на вашите милитантни структури, се наоѓаат во законодавната, извршната и за жал во независната судска власт. Дополнително по владини кабинети пеат песни и играат фудбал. Тоа што за вас е УЧК, не навлегувам во вашите лични чувства, за нас се нашите бранители. Да ја оставиме таа лоша историја од нашето заедничко живеење на страна и да продолжиме да градиме нови мостови на пријателства, бидејќи Македонија мора и еден ден ќе биде таму кадешто и е местото, каде ние од ЗНАМ суштински се залагаме, во Европа. Но притоа лошите моменти ќе ги помниме и ќе учиме од нив. А ние од ЗНАМ и јас како иден претседател на Македонија ќе работам на комплетно национално единство на македонскиот народ и единство на сите граѓани на Македонија, со взаемно почитување и разбирање помеѓу себе, бидејќи оваа држава им припаѓа на сите, но првенствено на македонскиот народ и сите етнички заедници коишто живеат во неа“, рече Димитриевски.

Претседателскиот кандидат Димитриевски денеска ќе ги посети и Василево, Босилово, Ново село и Струмица кадешто вечер ќе има обраќање пред
граѓаните.

Надвор девојка, на татамите вистински гладијатор: Тамара Цветкоска избрана за најдобра борачка на силен меѓународен турнир во Косово (ФОТО)

Девојките од прилепскиот боречки клуб “7-ми Мај”, викендов зедоја учество на силен меѓународен турнир во Качаник, Косово.

Сите девојки во Прилеп се враќаат со медали, а најголем успех забележа Тамара Цветкоска, која беше прва во нејзината конкуренција и беше избрана за најдобар борач на турнирот.

Ангела Трајкоска освои второ местом, исто како и Михаела Тодороска, додека пак Елена Најдоска и Леона Настоска беа третопласирани во своите категории.

Девојките на турнирот ги предводеа тренерите Стојанчо Тушески и Теодора Димеска.

Честитки за сите!

АЈДЕ ХУМАНА МАКЕДОНИЈО! Да му помогнеме на Томче од Битола повторно да стане на нозе!

На 33 годишна возраст, одејќи на работа, Томислав Ивановски од Битола преживеа тешка сообраќајна несреќа, која му ја одзема мобилноста на долните екстремитети.

По две рехабилитации во Охрид, по 14 месеци рехабилитација со помош на роботика во Ниш и еден третман со матични клетки во Турција, која покажа подобрување, Томислав треба да оди на нов третман со матични клетки во Турција.

-Ова е трета година како поминуваме како семејство низ овој кошмар, но и покрај тоа што нашите финансиски можности сосема се исцрпени, надежта дека Томи дека ќе прооди тлее и гори во секој еден од нас. Затоа се отвараме кон сите вас добри луѓе, да ни подадете рака и да му помогнеме на Томче да стане – велат од семејството.

Третманот со матични клетки во Турција чини 22.000 евра, сместувањето е 1500 евра, патните трошоци се 500 евра, лековите после третманот се 200 евра. Преку А1 и Телеком се собрани 4000 евра, остануваат уште 20.000 евра.

За Томислав можете да донирате ТУКА

Како и на телефонските броеви во продолжение:

11 натпреварувачи освоија 11 медали: Одличен настап на прилепскиот ЏК “Сеишин” на Државните првенства во Битола (ФОТО)

На 21.04.2024 во Битола се одржаа Државните првенства во џудо за млади сениори/ки до 23 години, и ветерани/ки над 30 години.

На овие првенства настапија натпреварувачи од 11 клубови од државата, ЏК “Сеишин” Прилеп настапи со вкупно единаесет натпреварувачи, при што се освоени се исто толку медали (шест златни, три сребрени и два бронзени медали).

Резултати поединечно:

-Млади сениори-ки

1.Теа Настоска 1-во место
2.Кристина Мантароска 1-во место
3.Никола Магдески 1-во место
4.Христијан Стојкоски 1-во место
5.Михаил Димоски 2-ро место
6.Михаил Стојановски 3-то место
7.Кристијан Маѓероски 3-то место

-Ветерани-ки

1.Киро Здравески 1-во место
2.Марјан Димески 1-во место
3.Сашо Димовски 2-ро место
4.Мартин Ристески 2-ро место

ЏК Сеишин Прилеп е задоволен од остварените резултати и ги продолжува своите активности и подготовки за идните меѓу народни натпревари.

Бензините се зголемуваат, а дизелот се намалува – Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09% во однос на одлуката од 15.4.2024 година.

Од 23.4.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,554 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,252 ден/кг и ќе изнесува 44,554 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,608%, кај дизелот намалувањето е за 5,088%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 4,799% и кај мазутот намалувањето е за 1,138%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,618%.

“Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат”, Мицкоски не му остана должен на Ахмети

Се огласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по вчерашните пораки од Али Ахмети упатени до него.

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека веднаш по изборите, уште првиот ден ќе остварам контакт со нив за заедничка соработка која ќе се темели на принципи околу кои ќе се обединиме.

Уште истиот ден се јави Али Ахмети, нервозно одговарајќи, прозивајќи ме со навреди и доза на закани, но треба да знае дека неговите закани не само што не ме заплашуваат, туку и добро ме засмејуваат”, вели Мицкоски.

“Заканите доаѓаат од човек пред политичка пензија, помалку и заборавен, но сепак со добро грло, кое го вежба пеејќи по државни институции, и партиски прослави.

Важен му бил на Али мојот оброк од детството, хммм…, чудно па се обидува заканите преку вицови да ги испрати. Ќе му одговорам! Мојот оброк Али во детството го печалеа моите родители со многу љубов и жртва да ме израснат и воспитаат во личност која ќе почитува и ќе се бори за својата Македонија. Но што е важно? Важно е Али да дадеш одговор со што ги хранеше твоите, па денес голобради момчиња печалат милиони, ја купуваат Соравија, или пак како го спечали тој дворец во Зајас кој е како на некој блискоисточен шеик, а не политичар од сиромашната Македонија.

Ја разбирам нервозата и паниката бидејќи за првпат сте прочитани и пред пораз. Доаѓа времето за одговори на многу прашања. Ова не е 2001ва, туку 2024та, 23 години потоа, а ДУИ го претвори во криминална организација од која страдаат и Албанците и Македонците. Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат“ му порача Мицкоски на Ахмети.

Стојанче и’ за’ржи на УЧК

Мислам дека не треба да потсетувам какви емоции кај Македонците буди спомнувањето на УЧК и тоа во центарот на Скопје, на самиот скопски плоштад, додека присутните вееја безброј албански знамиња и знамиња на УЧК, без ниту едно единствено македонско знаме.

Ова, во објава на Фејсбук му го порача лидерот на „Достоинство, Атојанче Ангелов на претеседателот на ДУИ, Али Ахмети по вчерашниот „настап“ на митинг во Скопје.

„На синоќешниот митинг на ДУИ во центарот на Скопје, поранешниот командант на УЧК и сегашен претседател на ДУИ Али Ахмети упати отворена и директна закана до Христијан Мицкоски, која беше придужена со скандирање “УЧК, УЧК, УЧК….“ на кое се придружи и самиот Ахмети силно викајќи “УЧК, УЧК, УЧК…“

Затоа, му порачувам на Али Ахмети да биде внимателен со заканите! Мицковски не е сам! Зад него стои ВМРО ДПМНЕ и коалицијата “Твоја Македонија“…