Мислам дека не треба да потсетувам какви емоции кај Македонците буди спомнувањето на УЧК и тоа во центарот на Скопје, на самиот скопски плоштад, додека присутните вееја безброј албански знамиња и знамиња на УЧК, без ниту едно единствено македонско знаме.
Ова, во објава на Фејсбук му го порача лидерот на „Достоинство, Атојанче Ангелов на претеседателот на ДУИ, Али Ахмети по вчерашниот „настап“ на митинг во Скопје.
„На синоќешниот митинг на ДУИ во центарот на Скопје, поранешниот командант на УЧК и сегашен претседател на ДУИ Али Ахмети упати отворена и директна закана до Христијан Мицкоски, која беше придужена со скандирање “УЧК, УЧК, УЧК….“ на кое се придружи и самиот Ахмети силно викајќи “УЧК, УЧК, УЧК…“
Затоа, му порачувам на Али Ахмети да биде внимателен со заканите! Мицковски не е сам! Зад него стои ВМРО ДПМНЕ и коалицијата “Твоја Македонија“…
Од 18 до 21.04. во Златибор, Р. Србија, се одржа еден од најголемите фудбалски турнир во поранешна Југославија, 14-от по ред “ЧИН ЧИН” КУП, на кој учество зедоа над 500 екипи.
Таму беа и дечките од фудбалската школа “ЕВРО ГОЛ” од Прилеп, од каде учествуваа четири генерации (2011, 2012, 2014 и 2015).
Сите генерации одиграа маестрално, а овие натпревари за дечките се огромно искуство. Посебно задоволство имаа дечињата родени во 2015 година, кои играа против екипата на Партизан од Белград.
Генерацијата 2014 ги помина групите со две победи и еден нерешен резултат, а особено интересен беше натпреварот против ОФК Београд, со кого нашите деца одиграа нерешено.
Од клубот најмногу жалат за шансата која ја имаа дечките од генерацијата 2011, кои загубија од шампионот на турнирот во таа генерација, иако два пати водеа, и тоа до 4 минути пред крајот на натпреварот. Сепак, противникот имаше повеќе среќа на крајот и со 2 постигнати погодоци направи пресврт.
Најголемиот успех го имаше генерацијата 2012, кои го подигнаа шампионскиот пехар во конкуренција на 64 екипи од целиот Балкан и пошироко.
Дечките на патот до тронот стигнаа преку 7 победи и еден нерешен резултат.
“Во ниту еден момент не бевме доведени во ситуација да стравуваме на натпреварите, затоа што во сите натпревари доминиравме убедливо над противниците. Посебно задоволство кое треба да го истакнеме е тоа што, нашите двајца најдобри фудбалери, Јаков Ристески и Берат Фејзулаху, беа забележани од организаторот на турнирот, и беа прогласени за најдобар играч на турнирот, односно за најперспективен играч во генерацијата. Но, сепак овој успех немаше да биде ваков, доколку и останатите фудбалери немаа свој максимален допринос. Овој трофеј треба да ни биде дополнителен поттик за понатамошен развој, како на нашиот клуб, така и на нашите прекрасни фудбалерчиња. Нема да застанеме овде, ќе чекориме уште похрабро и уште подобро, за да го оправдаме епитетот најдобри. Oва е уште еден доказ дека во Прилеп има таленти и фудбалери на кои што треба да се обрне внимание, да им се створат услови за работа, и резултатите сигурно нема да изостанат”, истакна тренерот Николче Здравески.
Успешен викенд на борачкиот клуб “7-ми Мај” од Прилеп. Вчера во Штип се одржа Државно првенство до 15 години, каде прилепскиот клуб ги постигна следните резултати:
-Анабела Стојаноска прво место
-Марија Христоска второ место
-Јована Тодороска трето место
-Јована Мидоска второ место
-Ана Марија Мицкоска трето место
БК “7-ми Мај” во севкупен пласман го освои второто место.
Во пресрет на Велигденските празници СН Осигурителен брокер АД Битола во рамките на голема промотивна велигденска акција ви овозможува да обезбедите патничко осигурување за 90 дена по цена за 30 дена.
Безгрижно патувајте четири сезони со промотивниот пакет кој можете да го користите во текот на целата година.
За само 1.142 денари, купувате 90 дена кои може да ги искористите во наредните 365 дена.
Пакетот ја опфаќа територијата на Европа без Швајцарија. Покритието е без франшиза.
За дополнителни 308 денари имате можност да го проширете пакетот со осигурување и на багаж.
Во сите пакети вклучена е услугата на асистентската куќа Europ assistance, со што доколку Ви е потребна итна медицинска помош трошоците се плаќаат директно на болницата од асистентската куќа. Овозможена е 24/7 подршка на голем избор на јазици.
Акцијата трае до 7 мај 2024.
Полисата за патничко осигурување овозможува заштита и сигурност во текот на привремен престој во странство и гарантира покривање на евентуални трошоци во случај на неопходна медицинска помош поради ненадејна болест или последици од несреќен случај – незгода, како и при Ковид 19.
За понудата можете да се информирате на www.snbroker.mk/ и на телефоните 15 770 и 075 284 653.
Полисата можете да ја обезбедите во најблиската подружница на СН Осигурителен Брокер АД Битола.
Во организација на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија, во саботата во спортската сала “Борис Tрајковски” се одржа КУПОТ на МАКЕДОНИЈА, а учество зедоа и две девојки од Прилеп, Андреа Аврамоска и Александра Пантелевски.
И двете девојки во Прилеп се вратија со медали. Минатогодишната вицешампионка на Државното првенство, Андреа Аврамоска, е шампион во боди-фитнес, додека Александра го освои третото место во бикини-фитнес.
Ментор на двете девојки е Ангела Гелинческа од ‘ЕLITE GYM’, освојувач на голем број медали во изминатите години на државно и меѓународно ниво.
Честитки за сите и желби за уште поголеми успеси во иднина!
-На 20.04.2024 година, во 15:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, 24-годишен охриѓанец пријавил дека две жени од Непал, на возраст од 41 и 25 години, кои биле вработени во негова фирма, се оддалечиле од домот во кој престојувале во Охрид.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, информираат од МВР – стои во соопштението од МВР.
На 20.04.2024 во 21.45 часот на Градското шеталиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Б.М.(36) од Скопје, со привремен престој во Битола.
Таа била затекната како нуди сексуални услуги, односно при оддавање на проституција. Против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.
Би сакал денеска да позборувам повеќе за криминалот и корупцијата коишто се случуваат во Општата болница во Прилеп која што е директорувана од директорката кети Смилеска која е поставена за директор од носителот на листата на СДСМ во четвртата изборна единица Венко Филипче, истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 4 Александар николоски.
Би сакал денеска да позборувам повеќе за криминалот и корупцијата коишто се случуваат во Општата болница во Прилеп која што е директорувана од директорката кети Смилеска која е поставена за директор од носителот на листата на СДСМ во четвртата изборна единица Венко Филипче, истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 4 Александар николоски.
-Имено, состојбата во прилепската болница е ужасна, голем број на одделенија не работа, нема соодветни здравствени услуги, дури нема ни основни здравствени услуги за пациентите. Во време на корона кризата Прилеп за жал имаше највисока смртност токму заради состојбата во прилепската болница. Се сеќавате дека немаше довод за кислород скоро една година, а кога се отвори модуларната болница, немаше крај на забеганоста па Венко Филипче заедно со Јована Тренчевска со хеликоптер слетаа во Прилеп за да ја отворат.
Во Општата болница Прилеп нема лекови за пациентите, нема соодветни здравствени услуги затоа што има криминал и корупција.
Би сакал денес да отвораме една серија на прес конференции на коишто ќе обзнанам бројни криминали во болницата.
Почнуваме со договорите за одржување на компјутерскиот систем. Се работи за два исти договори, едниот потпишан на 2 декември 2021 година и вториот потпишан на 22 февруари 2024 година со истата фирма Кодекс компјутери.
Доколку внимателно се разгледаат овие два договори ќе се види дека за истата работа, а тоа е одржување на постоечкиот информациски систем со иста спецификација која е препишана и е јајце на јајце буквално помеѓу едниот и другиот тендер, разликата во цена е 60.000 евра.
Истата фирма го добива тендерот и во 2021 година и во 2024 година, но во 2024 година за 60.000 евра поскапо.
Доколку одиме на единечна цена што мислам дека најфрапантно во целата оваа работа, за истата услуга одржување на компјутерскиот систем во 2021 година цената е 162.500 денари или некаде околу 2.500 илјади евра, а веќе во 2024 година е 5.000 евра.
Повторувам во 2021 година одржувањето на компјутерскиот систем кој што според спецификацијата е исти и во 2021 чини 2.500 евра месечно а во 2024 година чини 5.000 евра месечно.
Што значи дека во Прилепската болница оди на дупло значи не се зголемило за 10 или 20 проценти како што фамозно крадат од СДСМ тука во прилепската болница директорката поставена од Венко Филипче краде 100 проценти.
За 100 проценти повисок договор дава во 2024 година односно истата услуга која што во 2021 чинела 2.500 евра месечно во 2024 година 5.000 евра месечно или разликата за 24 месечен период е 60.000 евра пари кои што се одлеваат од прилепската болница и затоа нема соодветни здравствени услуги за граѓаните. Ќе продолжиме следниот период да обзнануваме и други криминали што само покажуваат како работел Венко Филипче од каде му пари за скапото ауди и за удопствата во животот тие сигурно не се ниту од министерската ниту од докторската плата очигледно се од криминал и корупција, како што денес не даде одговори на крупните прашања кои што ги поставувавме поврзани со наводите за криминал и корупција во време на неговото министерување, рече Николоски.
Најновиот и најраскошниот црковен храм во Прилеп, Св. Петка во населбата “Точила”, благодарение на домаќинското работење и донациите од верниците, се поднови со нови порти и кристални лустери.
-Пред се’ благодарение на Бога а потоа на здружените сили на семејствата Стојкоски, Станчески, Грданоски и на храмот св. Петка, зачинети со умешноста на фирмата Кристални Лустери (SDK Kristalni lusteri) нашиот храм се поднови со уникатен полиелеј кој дополнително ќе ја разубави внатрешноста на храмот. Бог да им дарува здравје и спасение на семејствата кои помогнаа да се оствари овој проект како и на изработувачот, фирмата Кристални лустери – напишаа од храмот Св. Петка.
Пред неколку дена храмот доби и порти, а кога на тоа ќе се додаде уреденоста на дворот, уредените тревници, дрвцата, цвеќињата… може да се каже само едно – секоја чест за луѓето од управата и свештениците.
Eкипата на Победа брзо закрепна од поразот од Кожуф, па со вчерашниот триумф на гостински терен кај Караорман во Струга, е речиси на чекор од остварување на целата, а тоа е опстанок во Втората фудбалска лига.
Головите ги постигнаа Дестан Адили во 23-та и Димитар Шаркоски во 77-та минута од натпреварот.
Со овој тирумф Победа се искачи едно место погоре на табелата и сега е на +6 од опасната зона.
Во наредното коло црвено-белите го пречекуваат Вардар Неготино.