дома блог страница 802

ГЛЕТКА ЗА МЕРАК! Струга ја грееја стотина македонски сонца (ВИДЕО)

Неверојатна глетка и атмосфера на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, на кој беа претставени кандидатите за пратеници во Петтата изборна единица.

Голем број стужани со знамиња со сонцето од Кутлеш го обоија централниот дел на градот во црвено-жолта боја.

За потсетување, на првиот круг од претседателските избори во средата, кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјаноска Давкова, во Струга освои над 5700 гласови, или околу 3.000 повеќе од Стево Пендаровски.

Ќе биде величенствен настан: На Цветници ќе се осветува 63-метарскиот крст во скопско Драчево

Вo недела на Цветници ќе биде осветен македонскиот Крст во Драчево.

– Заедно со Светски Македонски Конгрес за сите присутни се потрудивме настанот да помине во добра и пријатна атмосфера за која ќе се погрижат Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски како и мешаниот камерен хор ,,Свети Климент Охридски”. Потоа, следува она што ќе го запише историјата – во 12 часот е чинот на осветување на Крстот изграден со многу љубов и големи заложби кое ќе го изврши Неговото блаженство – Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана прва, г.г. Стефан. Дојдете заедно да посведочиме за овој прекрасен настан, на едно од најголемите православни градби во светот со кој го градиме и нашиот национален идентитет – вели градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Крстот во Драчево е висок 63,5 метри, широк 4 метри, со распон на краците од 34 метри, секој крак по 17 метри, постаментот е 12,5 метри, втор по височина во Македонија после оној на врвот на Водно кој е висок 66 метри. Инвеститор на Крстот е Светскиот Македонски Конгрес, а донатори се компаниите Дабар, Прототип и Факом. Воопшто не беа користени буџетски средства од општината Кисела Вода, Градот или Републиката.

Бура од емоции: Зајкова убедена во победа на Коалицијата за европска иднина

Како дел од коалицијата „За европска иднина“ не можам да кажам колку пратенички мандати ќе се освојат, тоа ќе го кажат на крајот од денот граѓаните. Сметам дека оваа коалиција ќе биде победничката коалиција и дека ќе го заокружи процесот на евроинтеграција до 2030 година, затоа што покажа дека знае како да работи, вели претседателката на Либералнодемократската партија Моника Зајкова во интервју за МИА во рамки на серијата интервјуа што Агенцијата ги подготви во пресрет на парламентарните избори.

ЛДП која деновиве одбележа 27 години од постоењето на политичката сцена, има тројца кандидати за пратеници, а Зајкова која е ко-носителка во Изборната единица 1 заедно со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, очекува сите тројца да станат пратеници.

Како коалиција јас не можам да кажам колку пратенички мандати ќе се освојат, тоа ќе го кажат на крајот од денот граѓаните. Јас сметам дека оваа коалиција ќе биде победничката коалиција затоа што покажа знае како да работи. Да, оној кој работи има и грешки. Меѓутоа, ние тие грешки не ги преќутуваме, ги признаваме и се извинуваме на граѓаните, знаеме каде ни се аномалиите и каде треба да се фокусираме во периодот кој претстои. ЛДП има тројца кандидати. Мене ми е чест што сум ко-носителка заедно во Изборната единица 1 со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Имаме кандидат во Изборната единица 4, тоа е познатиот и ценет доктор кардиохирург Илија Нешковски и генералниот секретар на партијата којшто трча кампања во Изборната единица 5, тоа е Боби Мојсовски. Јас искрено сметам дека ЛДП во овој парламентарен состав ќе има тројца пратеници во однос на досегашните двајца, бидејќи заедно со оваа коалиција се изборивме за многу работи. Покажавме дека можеме да се грижиме за сите, од младите до возрасните, до менаџирање на кризата, до почнување на онаа енергетска транзиција во државата, така што има еден континуитет и пред се борбата за членство во Европската унија, вели Зајкова.

Таа нема амбиции да стане дел од владиниот кабинет доколку коалицијата победи на изборите, а во однос на тоа колку министерски места очекува, Зајкова нагласува дека е тоа работа за понатамошни преговори и договори помеѓу коалиционите партнери, но уверува дека имаат квалитетни луѓе кои може да се најдат во кој било ресор во владата.

Двајцата претседатели на политички партии вчера одиграле и партија на плејстејшен и одговарале на кратки прашања:

Како за Бајрам така и Велигден: Во недела бесплатно потстрижување кај мајстор Шогун за сите дечиња

Како за Бајрам, така и за Велигден, порача познатиот охридски бербер Неат Алим- Шогун, кој важи за една исклучителна личност помеѓу охриѓани, човек кој ги почитува различностите и го почитуваат и сакаат сите граѓани во Балканскиот Ерусалим.

– Почитувани мои Охриѓани, се ближит големиот Православен празник-Велигден. Одлучивме заедно со берберот Емин Алим од Barber shop Shogun, во недела, на 28-ми април 2024 година, во нашата берберница „Шогун“ да посветиме еден ден за сите деца од православна вероисповед за кои шишањето ќе е бесплатно. Деца ве очекуваме, порача бербер Шогун.

Претходно мајстор Шогун истото го направи за празникот Рамазан Бајрам.

20-годишно момче од прилепско загина во сообраќајна несреќа помеѓу две возила кај Новоселани

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот М.М. од село Браилово-прилепско и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот К.Т. од Скопје, извести МВР.

„Во несреќата на местото на настанот починал М.М., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Градската општа болница Прилеп“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп.

Учениците од понеделник за прв пат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

Пред нас се големи празници, утре е Лазарова сабота, а во недела Цветници: Еве што треба да знаете за овие денови

Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

Во Македонија овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни. Има повеќе лазарски песни и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната.

Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок.Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.

На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

Во Македонија овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни. Има повеќе лазарски песни и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната. Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок.

Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил тамо но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта уште му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми.

Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“. Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Во Македонија со Лазаревата сабота се поврзани повеќе обичаи и песни познати како лазарски. Ги изведуваат девојки во групи одејќи по куќите и низ населените места и пресретнувајќи ги луѓето. Лазарките му пеат посебна песна на секој човек зависно од неговата возраст и општествената положба и за тоа добиваат дарови, најчесто пари. Во овие песни се велича личноста, се посакуват напредок на семејството здравје и среќен живот на поединецот. Овој обичај се нарекува Лазарување.

На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! На овој ден се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.

Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител.

Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија, го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.

Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот, Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора, Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија за да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“.

Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре?

Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот, како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.

Уште едно прво место за гимназијалецот Благој, овојпат на Македонската олимпијада по информатика

Благој Рујаноски Стојановски од втора година и Иван Јованоски од четврта година од прилепската гимназија “Мирче Ацев”, учествуваа на Македонската олимпијада по информатика, која се одржа на 16.04 и 17.04. во Скопје на ФИНКИ. Натпреварувачи од цела Македонија во два дена си ги одмеруваа знаењата при што нашиот ученик Благој освои прво место.

Со овој успех, Благој може да учествува во селекционите натпревари за учество на балканската, односно светската информатичка олимпијада.

Ментор на Благој му е професорката по информатика Анета Стојческа.

Ова, не е прв ваков успех на Благој. На државниот натпревар по информатика кој се одржа пред еден месец, Благој беше апсолутен победник со најмногу бодови од сите натпреварувачи.

Браво Благој!

(ВИДЕО) Одличен гест! Дориан Бабунски преку видео ги поздрави најмалите фубалерчиња на Победа и им испрати спортска опрема

Најмалите фудбалерчиња на Фудбалскиот клуб Победа се фотографираа во нова опрема, а за што станува збор, дознаваме од објавата на социјалните мрежи, споделена од “Идеал Спорт”, невладина спортска организација предводена од прилепчанецот Александар Ѓорѓиески.

-ИДЕАЛ СПОРТ изразува голема благодарност до Дориан Бабунски, Жарко Костиќ, ФК Победа – младинската школа, за овој убав гест кој со ваша помош преку оваа идеја, сите ние заедно придонесуваме да ги промовираме основните спортски вредности, за доброто пред сè, и дека заедно можеме нештата да ги направиме уште подобри.

Се надеваме дека ќе допреме и поттикнеме и други врвни спортисти да го направат истото во други фудбалски клубови, фудбалски школи или училишта во Македонија🇲🇰.

Идеал Спорт го испраќа и следниот совет до родителите на децата: Оставете ги вашите деца да уживаат, да се забавуваат во спортот, не ги форсирајте и не им правете непотребен притисок, и кога грешат дајте им поддршка и охрабрете ги. Учете ги на основните спортски вредности да се почитуваат меѓу себе да се бодрат и кога победуваат и кога губат. Ова е фаза да уживате заедно со вашето дете и сите други деца, бидете среќни што во ова денешно дигитално време тие спортуваат.

Патот до врвен фудбалер има многу фази и е многу суров, но без основните спортски вредности не се стигнува никаде.👈🏻

На тренерите кои работат со деца до 12 години, а притоа промовираат играње на резултати, сакаме да им посочиме дека прават штета на самите деца. Овој вид на притисок може да има негативен ефект и врз децата и врз нивните перформанси во иднина, воедно и самите како тренери си правите непотребен притисок, сепак ова не е финале на лига на шампиони. Затоа ги молиме тренерите да го разгледаат својот пристап и да се фокусираат на развојот и уживањето на децата во спортот, без да ги притискаат да бидат професионалци пред време.

Идеал спорт, ќе продолжи и со нови активности и акции со крајна цел за подобар спорт во Македонија.

Аплицирајте за универзетска летна пракса во Битола – Можност за едномесечен платен ангажман во општината и јавните претпријатија за 40 студенти

Втора година по ред, Општина Битола во соработка со Универзитетот „Свети Климент Охридски“, објавува јавен повик за универзитетска летна пракса, со цел збогатување на практичните вештини на студентите и стекнување искуство во реалниот сектор. Можност за практикантска работа во одделенијата на општината и во дел од јавните претпријатија, за период од 1 месец, ќе имаат 40 студенти, распоредени во месеците јули, август и септември, за што ќе добиваат месечен надомест од 10.000 денари. Средствата за оваа намена, во висина од 500.000 денари, планирани се во буџетот на Општина Битола, преку Програмата за спорт и млади.

За да може да аплицираат на јавниот повик за универзитетска летна пракса, студентите, потребно е да достават CV, мотивационо писмо, потврда од факултетот за запишан летен семестар и своерачно потпишана изјава дека ќе ги почитуваат правилата кои важат во институцијата и дека ќе се однесуваат совесно и одговорно.

Документацијата се доставува во електронска форма на мејл адресата [email protected], најдоцна до 15 мај 2024 година.

Универзитетската летна пракса, за првпат беше воведена минатата година, на иницијатива на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и ректорот на универзитетот, Проф. Д-р Игор Неделковски, а резултираше со успешно завршување на практичната работа од страна на 30 студенти од битолскиот универзитет.