дома блог страница 803

Просечната нето плата во февруари 39 276 денари, измери Државниот завод за статистика

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава изнесувала 39 276 и во однос на февруари минатата година е повисока за 16,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.9 проценти), Административни и помошни услужни дејности (22,5 проценти) и Уметност, забава и рекреација (20,4 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (10,1 процент), Рударство и вадење на камен (7,2 проценти) и Земјоделство, шумарство и рибарство (6,3 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 58 967 денари.

Мисајловски: Многу сме блиску до 61 пратеник

Се среќавам со многу луѓе, има убава енергија, ги слушаме маките на граѓаните и се забележува сплотување насекаде во Македонија, ја оценува за „Република“ Владо Мисајловски, носителот во втората изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, досегашната кампања.

-Граѓаните најчесто се жалат на нефункционирање на целиот систем во државата.Ако зборуваме со пензионерите се жалат дека немаат средства за основните потреби, за лековите. Власта се фали дека ја зголемувале минималната плата и пензиите кога ќе ги прашате пензионерите или било кој дали ви се доволни тие велат инфлациите ни ги изеде парите.Тоа е најголемиот проблем. Ние како политичари треба да ветиме реални работи и да ги исполниме. СДСМ и ДУИ лажеа и ќе лажат. Затоа ние ветуваме дека пензионерите ветуваат 5000 денари уште во првата година.

Најчестото прашање е ќе има ли доволно пари?

-Треба да се знае дека во Македонија околу 30-40 проценти има сива економија.Тоа е огромна бројка што ние мора да ја сведеме до минимум.Ако ова се направи ќе има пари во буџетот не само за пензии, туку и за капитални проекти.Лидери сме во регионот по криминал и корупција и на СДСМ и ДУИ ова им е природна средина.Сакаме тоа да го смениме и ќе има доволно пари и за пензии и за многу проекти.

Мисајловски вели дека е возможен економски раст од пет отсто.

Тој открива и колку пратеници очекува.

-Многу сме блиску до 61 пратеник. Зависи од излезноста и колку граѓани дополнително ќе се мотивираат на денот на изборите да излезат. Затоа ќе кажам дека многу сме блиску до 61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ да има стабилна влада, Христијан Мицкоски да биде нов премиер и да имаме сериозна влада со реформи и проекти и економски стандард што сите го заслужуваме-нагласува Мисајловски за „Република“.

Носителот на листа во втората изборна единица вели дека ВМРО-ДПМНЕ има коалициски потенцијал.

Целото интервју на Мисајловски прочитајте го на Република.

Kaртата обоена во жолто: Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски само во Крушево, Маврово и Центар Жупа

Гордана Силјановска Давковска победи во: Аеродром (51,48 %), Берово (54,92 %), Битола (48,44%), Богданци (49,59 %), Босилево (57,61 %), Брвеница (33,54 %), Бутел (43,91%), Валандово (50,29 %), Василево (60,18 %), Вевчани (56,15 %), Велес (53,57 %), Виница (56,71 %), Гази Баба (53,68 %), Гевгелија (52,62 %), Ѓорче Петров (51,58 %), Градско (64,27 %), Дебарца (57,06 %), Делчево (47, 08 %), Демир Капија (54,77%), Демир Хисар (52,92 %), Дојран (52,58 %), Зелениково (53,35 %), Зрновци (61,15 %), Илинден (62,96 %), Јегуновце (47,49 %), Кавадарци (50,84 %), Карбинци (61,22 %), Карпош (40,82 %), Кисела Вода (57,67 %), Кичево (39,84 %), Конче (57,85 %), Кочани (53,10 %), Кратово (62,84 %), Крива Паланка (47,05 %), Кривогаштани (54,84 %), Лозово (53,09 %), Македонска Каменица (50,96 %), Македонски Брод (55,86 %), Могила (63,48 %), Неготино (49,02 %), Новаци (61,88 %), Ново Село (56,84 %), Охрид (53,89 %), Петровец (59,05 %), Пехчево (53,97 %), Прилеп (51,42 %), Пробиштип (52,03 %), Радовиш (56,34 %), Ранковце (54,34 %), Ресен (47,64 %), Росоман (51,36 %), Свети Николе (57,63 %), Сопиште (49,44 %), Старо Нагоричане (37,59 %), Струмица (47,06 %), Центар (39,98 %), Чашка (32,70 %), Чешиново-Облешево (58,93 %), Чучер Сандево (36,35 %) и во Штип (53,44 %),

Стево Пендаровски освои најмногу гласови во: Крушево (43,02 %), Маврово и Ростуша (44,04 %) и во Центар Жупа (34,95 %).

Бујар Османи победи во: Арачиново (53,51 %), Боговиње (55,33 %), Врапчиште (58,02 %), Дебар (49,88 %), Долнени (32,95 %), Желино (49,45 %), Липково (56,83 %), Пласница (66,91 %), Сарај (55,49 %), Струга (39,38 %), Студеничани (50,54 %), Теарце (41,30 %), Тетово (37,91 %), Чаир (40,65 %), Шуто Оризари (37,11 %)

Арбен Таравари освои најмногу гласови во Гостивар (32,26 %), а Максим Димитриевски во Куманово (22,89 %).

Прилеп: Полицијата му рекла да застане, а тој се дал во бегство, па фрлил од автомобилот ќеса со дрога

На 23.04.2024 во 18.45 часот на ул.„Дабничка“ од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп бил даден знак за запирање на возило управувано од А.А.(20) од Прилеп, но тој не ја испочитувал наредбата, продолжил да се движи и од возилото исфрлил ќеса со марихуана.

По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Поранешен градоначалник на СДСМ во прилепско јавно повика да не се гласа за партијата: “Златна партија ја претворија во дувло на криминал” (ВИДЕО)

Поранешниот градоначалник на СДСМ на Кривогаштани, Рубинчо Шефтероски јавно го искажа своето незадоцолство и револт, а сега јавно ја напушти партијата.

-Не можам да ја препознаам партијата од чии редови бев градоначалник и од чии редови се борев за Македонија да биде подобро место за живеење. Ова не е СДСМ во кое јас верувам. Златна партија ја претворија во дувло на криминал, рече тој.

Посочи дека со СДСМ целосно е изгубено достоинството на Македонците.

-Јас го замрзнувам членството и си заминувам од СДСМ и ги повикувам сите членови да го напуштат членството. Овој пат, СДСМ не заслужува да победи, рече тој

Ченто: “Ние го кренавме тоа црвено-црно знаме и назад нема”

По објавувањето на резултатите од првиот круг претседателски избори и убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјаноска Давкова, од затворот во Идризово се јави и Јане Ченто.

-Ние го кренавме тоа црвено црно знаме и назад нема ! Да живее ВМРО! Да живее Македонија! Радувајте се Македонци – напиша Јане на ФБ.

Разликата се искачи на над 180.000 гласови: Ова се резултатите после 99% обработени податоци

Убедлива победа освои Гордана Силјановска Давкова на вчерашното гласање во првиот круг од претседателските избори.

На над 99% изброени гласови таа има освоено 362.522 гласови или 40,09% од вкупниот број на гласачи.

Кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, на досега објавените резултати, има освоено 180.197 гласови или 19,93%.

Се огласија двајцата кандидати кои влегуваат во вториот круг на претседателските избори.

По оваа убедлива победа, Силјановска Давкова му се заблагодари на македонскиот народ.

Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста, дури се срамам зарем е можно толку луѓе вака да реагираат. Не мислам дека сум посебна од многу работи, само знам дека она што ќе го ветам ќе го остварам на мој начин. Во тоа ве уверувам, од првиот ден, изјави кандидатката за претседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

На прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска Давкова рече дека овој резултат е инспиративен за неа.

-Горда сум на мнозина, најпрво, горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене, туку и на останатите, особено сум горда на членовите на ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката. Без нив немаше да го запознам народот, ниту тие мене, рече таа.

Дополни дека треба, како што рече, да ги инспирираме граѓаните дека вреди да се учествува на избори.

Пендаровски, пак, не криеше дека е разочаран од резултатите.

-Од она што го знам, веројатно разликата ќе биде некаде околу 130.000 гласови, може и нешто повеќе. Очекувавме помалку. Но, од утре е нов ден. Почнуваме средби со граѓани како и до сега. Тргнуваме, практично, од нула, рече Пендаровски.

Вели дека гласовите се поделиле на повеќе страни затоа што имало повеќе кандидати.

-До вториот изборен круг има празници и неработни денови, но за нас тоа нема да важи. Продолжуваме до крај да го промовираме концептот во кој веруваме и јас сум убеден дека на крај ќе излеземе со мнозинска поддршка на македонските граѓани за тој концепт, рече Пендаровски.

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски истакна дека излезноста на гласачите според податоците од 3.156 избирачки места изнесува 49,75 отсто. На гласање излегле 810 971 гласачи. Важечки гласачки ливчиња се 789 031, а неважечки 21. 946 гласачки ливчиња.

Даштевски оцени дека изборниот ден минал мирно, а граѓаните достоинствено гласале.

Мицкоски: Победуваме со 170.000 гласови разлика, над 600.000 луѓе гласаа против власта (ВИДЕО)

Народот на Македонија покажа дека секој оној кој го потценува, прави голема грешка, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по победата во првиот круг од претседателските избори на кандидатката Гордана Силјановска Давкова.

„Ветив дека ќе победиме со најмалку 100 илјади гласови разлика, победуваме со повеќе од 170 илјади гласови. Зборувавме дека многу работи ќе се случат не ни веруваа, не потценуваа, мислеа дека си имаат работа со мали деца. Но ние благодарение на народот покажавме и докажавме дека Македонија ја има и ќе ја има уште многу долго време. Ветував многу работи и сите работи се случија, не напаѓаа и од внатре, ни се закануваа, се обидуваа да не делат, се обидуваа да ја делат Македонија, користеа структури од минатото на ВМРО-ДПМНЕ, но ние издржавме. Ви благодарам од срце народе на Македонија. Ветував дека ќе се случи народ и денеска се случи народ. Ова е голема победа за македонскиот народ. Пораката е јасна, Македонија не се плаши и се враќа во рацете на народот. Ние заедно со вас наспроти стотина трговци од ДУИ и СДСМ се причина за целото страдање сиромаштија и криминал во Македонија. Нашата сила сте вие, народот“, кажа Мицкоски.

„Резултатите кои ги постигнавме оставаат простор да бидеме задоволни, имаме огромна историска победа на многу избирачки места. Оваа власт паѓа. Ова е најдобриот резултат што ВМРО-ДПМНЕ го имала од позиција на опозиција. Над 600 илјади луѓе гласаа против власта, ова е победа на народот, цунамито се крена, а на 8 мај ќе ги потопи целосно. Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавство. Ова е револуција на народот на Македонија. Работата не е завршена, а власта не е нималку наивна. На осми мај е потребен убедлив резултат, јасна победа врз оваа криминална и корумпирана власт“, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој упати порака до оние кои излегле и гласале за власта дека нема да има освета кон било кој.

„Ги почитувам вашите уверувања, повеќе никој не смее да ве плаши. Единствено треба да се плашат тие што се огрешиле кон законите, а со тоа се огрешиле кон народот. Е тие ќе одговараат“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: Ова е победа на народот, цунамито се крена и им виси на глава – на 8 мај ќе ги потопи целосно

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија. И дека секој оној кој што го потценува народот, ја потценува Македонија и прави голема грешка. Ветив дека ќе победиме со најмалку 100.000 гласови разлика, победуваме со повеќе од 170.000, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Многу работи зборувавме дека ќе се случат, не ни веруваа, не потценуваа. Мислеа дека со деца мали си имаат работа. Најлошо е кога човек ќе го потцениш. Но, ние благодарение на народот, народот на Македонија покажавме и докажавме дека Македонија ја има и ќе ја има уште многу долго време. Ветував многу работи, и сите работи се случија. Не напаѓаа, не напаѓаа и од внатре, ни се закануваа, се обидуваа да не делат, се обидуваа да ја делат Македонија, се обидуваа да го делат народот, користеа структури од минатото на ВМРО-ДПМНЕ да не напаѓа, но ние издржавме затоа што верувавме и затоа што вие бевте со нас. Ви благодарам од срце народе на Македонија! Ветував дека ќе се случи народ и денес се случи народ. Победа, победа голема е ова за македонскиот народ, за граѓаните во Македонија, порача тој.

Мицкоски истакна: „Народ се излеа и пораката е јасна и единствена, Македонија не сее плаши, Македонија се враќа на народот. Целиот народ ние заедно со вас наспроти стотина трговци од ДУИ и СДСМ кои се причина за целото страдање, сиромаштија и криминал во Македонија“.

-Македонија е на нозе, нашата сила сте вие народот, граѓаните на Македонија. Македонија денес покажа дека е посилна од криминалот и корупцијата и дека народот е определен. Американскиот претседател Реган кажал: „И покрај сите наши разлики и несогласувања оваа е чесна скромна и голема земја, ѕвоната сепак ѕвонат за татковината“. Драги пријатели, браќа и сестри, резултатите кои ги постигнавме оставаат простор да бидеме задоволни. Имаме историска и огромна победа на многу избирачки места и бројките покажуваат дека оваа власт паѓа. Ова е најдобриот резултат што ВМРО-ДПМНЕ го имала од позиција на опозиција. Над 600 илјади луѓе гласаа против власта. Ова е победа на народот. Цунамито се крена и им виси на глава, а на 8 мај ќе ги потопи целосно. Имаме обврска да им ги срушиме сите идеи за калкулации и предавства, сите нивни понижувања кои ги прават посебно изминативе денови. Ова е револуција, револуција на народот на Македонија, но, работата не е завршена, а власта не е ни малку наивна, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски вели дека првиот круг од изборите е жолтиот картон, а тој свети. Конечниот, рече, црвениот мора да следи на 8 мај каде потребен е убедлив резултат, јасна победа врз оваа криминална и корумпирана власт.

-Вечерва има простор за задоволство и славење, но морам да го споделам со вас и чувството на грижа поради лошите состојби во Македонија и тоа чувство за мене, а и за сите вас со мене, тука е одговорност спрема народот. Свесен сум и треба секој еден што е со мене да испорача брзи резултати, на народот му требаат брзи резултати и не чека работа, многу работа, мерки проекти, многу промени за да се избориме за подобар живот. Мораме да ја промениме сликата за реалноста, денес секој еден глас кој беше даден со голема надеж и силна верба за менување на работите. Свесен сум дека многумина од вас не се до крај уверени, но сепак ни дадоа поддршка затоа што состојбите се претешки а ние сме единствената надеж и шанса која и свесен сум и затоа мораме да ја оправдаме. Благодарност за секој еден глас, Македонија постои и е голема поради вас народот кој во клучните времиња се одважува и носи исправна одлука но ќе ги споменам и оние кои не гласаа и се уште се двоумат подавам рака кон сите и ја барам вашата поддршка. Заедно ќе сме посилни и заедно ќе направиме многу повеќе. Воедно и оние кои излегоа и гласаа за власта сакам да знаете дека нема да има освета кон било кој. Тоа никогаш не била моја цел ниту ќе водам таква политика. Ги почитувам вашите уверувања и повеќе никој не смее да ве плаши. Единствено треба да се плашат тие што се огрешиле кон законите, а со тоа се огрешиле и кон народот е тие ќе одговараат, истакна Мицкоски.

Им порача дека ќе одговараат до последниот.

-Драги пријатели, браќа и сестри. Ве молам да го поздравиме идниот претседател, идната претседателка на Македонија, да и посакаме успешен мандат затоа што тоа ќе се случи, жалам што не веруваа во нас, жалам што многумина денес ќе има разочарани. Среќен сум што народот на Македонија веруваше во нас, народе на Македонија ви благодарам. Голема благодарност до оваа дама до мене професорката Гордана Силјановска Давкова. Ја напаѓаа, ја навредуваа, но таа издржа и храбро се бореше. Докажа дека верува и е горда и ќе ја направи Македонија повторно горда. Професорке заедно ќе успееме! Овие гласови се одговорност но и револт кон Пендаровски, истакна Мицкоски.

Тој откри дека се слушнал со албанската опозиција и дека на Арбен Таравари му честитал на резултатот и му посакал успешни парламентарни избори и идна влада во Македонија.

-Македонија ќе ги мобилизира сите капацитети најквалитетните Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци. Ова е ваша земја, заедничка земја време е да си ја вратите во ваши раце и да испишеме заедно една нова историја со која сите заедно ќе се гордееме. Во вториот круг да не дозволиме ДУИ да успее во намерите да направи нешто кое што никој од нас не го сака, а тоа е, направи добар резултат. Затоа, ве повикувам излезете и заедно, сите ние да гласаме за Македонија да биде повторно горда и да биде Македонија повторно твоја, да биде Македонија повторно ваша. Покажете им на сите дека Македонија живее, дека Македонија е идеја во која веруваме и која ќе опстане и успее. Пред една недела повикав на национално единство, но после денешниот ден и со оглед на одговорноста која ја имаме и предизвиците пред кои застануваме, јас повикувам на целосно народно и се државно обединување против оваа власт. Ги повикувам сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите останати. Ги повикувам христијаните, муслиманите, политички определените и неопределените, академиците, професорите, докторите, новинарите, уметниците и спортистите, подавам рака и ги повикувам патриотските здруженија, дијаспората, синдикатите, земјоделците, вработените и невработените, пензионерите, младите во Македонија, студентите, стопанските комори, секој еден човек, дојдете да се сплотиме и обединиме. Ве повикувам, овде имаме работа поважна од секоја партија, поединечниот став или интерес за Македонија се работи, сега е моментот, ова е тоа време да се обединиме под едно знаме и под една цел. Македонија ќе биде повторно твоја, наша заедничка единствена, посочи Мицкоски.

Тој во говорот истакна:

„Покажавте дека има надеж и дека тоа сме сите ние. Нашиот момент е сега, ова е нашето време. Да се обединиме во заедничката цел. Да го направиме овој мандат и да ја направиме оваа деценија од нашата историја нешто кое ќе се памети со генерации, ајде да ја промениме реалноста да го промениме секојдневието, да го промениме светот во кој живееме на подобро, да покажеме заедно дека силата на Македонија е во нас во сите нас заедно, да бидеме пример на сите идни генерации. Државата е твоја е време е да си ја вратиш во твои раце.

Македонија повторно твоја, промените во твои раце.

На крај вечерва славиме, утре продолжуваме, утре се гледаме Охрид, Вевчани, Струга, Кичево, одиме од врата на врата, од дом во дом, продолжуваме до конечна победа“.

Маркукуле ексклузивно дознава: Разликата меѓу Гордана и Стево сега е над 100.000 гласови

Ексклузивно Маркукуле дознава, ова е моменталната состојба на освоени гласови од претседателските кандидати: