дома блог страница 800

Два турнири по ред, Тамара на врвот – медали и за Ангела, Анабела и Јована – Девојките од БК “7-ми Мај” Прилеп газат каде и да се појават

Вчера во Косово се одржа меѓународниот турнир “Хани Елези”, каде одново главниот збор го имаа прилепските борачки. Минатонеделната победничка во Качаник, Тамара Цветкоска, и на овој турнир освои прво место и беше избрана за најдобар странски борач.

Покрај Тамара, со медали во своите конкуренции се стекнаа и:

Ангела Трајкоска и Анабела Стојаноска, кои освоија втори места, а Јована Тодороска беше третопласирана.

Честитки за девојките и нивните тренери. Благодарение на нивните успеси, Прилеп е во самиот врв во борењето во Македонија.

Автомобил удри во пешак на улица “Партизанска” во Битола

На 27.04.2024 во 09.13 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола, патничко возило „лада“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(51) удрило во пешакот Ј.С.(73), двајцата од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола – информриаат од СВР Битола.

Влегувањето на Исус во Ерусалим: Православните христијани го празнуваат Цветници – За многу години!

Православните христијани денеска го празнуваат Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници.

Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранчиња, како и со својата облека, му го постилале патот.

Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител.

Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија, го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.

Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот, Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора, Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија за да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“.

Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре?

Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот, како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.

Бендевска: Членството на “ЗНАМ” во Битола, зголемено за 20% во последните два дена

Граѓаните во Битола масовно се приклучуваат кон Движењето ЗНАМ, препознавајќи дека сме единствената опција која се заснова на принципи и вредности – порача денеска од пред канцеларијата на “ЗНАМ” на Широк Сокак, Весна Бендевска, носител на партијата во Изборната единица 5.

-Нашите врати се отворени за сите без оглед на нивните уверувања или каде биле претходно – дојдете на вистинската страна на историјата, заедно да се бориме за наша Македонија – рече Бендевска.

Николоски: Ќе вложиме 50 милиони евра во спортот, поддршка за клубовите и федерациите

Денеска сум во посета на општините Гевгелија, Валандово и Неготино. Во Гевгелија имав задоволство да проследам дел од државното првенство во карате за категорија од 10 до 14 години. Навистина импресивно како бројни млади деца се натпреваруваат и го градат спортскиот дух, и тоа е нешто што сакаме да го видиме во Македонија после изборите. Затоа силно ќе го поддржиме спортот. И затоа планираме секоја година дополнителни 50 милиони евра поддршка за спортот во Македонија со цел спортот да се развива, и тоа да е основата за развој на нацијата, изјави денеска Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.

Истакна дека ќе инвестираат во изградба и на спортски објекти, на спортски сали и на сето она кое што е потребно како спортска инфраструктура, но и поддршка на клубовите, федерациите со цел што повеќе луѓе да се занимаваат со спорт.

-Денеска исто така ќе посетиме неколку стопански објекти тука во Гевгелија каде што ќе ги презентираме нашите проекти, пред се поврзани со економскиот развој на Македонија, за стимулирање на домашните инвеститори, секако и привлекување на странски инвеститори. Тука е делот на намалување на даноци кои што треба да овозможи по поволна бизнис клима, стимулирање на извозот преку реструктуирање на министерствата, тука секако доаѓа формирањето на таканаречено Министерство за надворешни работи и трговија, кое што треба да се занима покрај се она што се основни обврски на Министерството за надворешни работи и со промоција на извозот од Македонија, како и привлекување на странски инвестиции во Македонија.

Ќе поразговараме и за состојбите во земјоделието каде што планираме бројни проекти во следниот период и за сето она кое што е важно за граѓаните.

Би сакал да искоментирам уште една работа. Ја гледаме паниката во власта, особено во политичката партија ДУИ, слушаме дека веќе интензивно размислуваат за поткуп на гласачи, да им кажам дека тоа е недозволиво, дека е законски казниво дело и дека одговорност ќе има. Да не помислуваат на таква работа, нашата цел е јасна што поголема поддршка за СДС и ДУИ да одат во опозицијата. И ние сме убедени дека граѓаните ќе ни дадат огромна поддршка за да го реализираме ова, се со цел после тоа да воведеме функционален систем на правото, економски да ја развиваме Македонија, да ги подобруваме условите во образованието, во здравството, пензиите да растат, а младите да имаат подобра иднина во Македонија, нагласи Николоски.

Најпознатиот млад клавијатурист од Прилеп подготви прекрасен Велигденски подарок за целата публика (Фото галерија)

Еден од најпознатите прилепски млади клавијатуристи, Ицко Ѓорѓиовски, деновиве на градскиот плоштад во Прилеп, го заврши со снимање својот нов музички проект.

“Дарино пајдушко оро”, инспирирано од неговата ќерка и со ритам на македонското пајдушко оро, ќе биде музичко уживање за сите генерации.

Проектот се снимаше и во далечната Австралија, каде снимките ги направи уште еден прилепчанец, Христијан Конески, а желбата да се промовира родниот град, го натера Ице да го збогати ова музичко парче со кадри од Прилеп и нашата убава Македонија.

На плоштадот “Методија Андонов-Ченто” заиграа и играорците од КУД “Моминок”, а меѓу нив беше и прекрасната ќеркичка на Ѓорѓиовски.

Во очекување на крајниот производ, кој треба да излезе околу Велигден, погледнете низ фотографии како се одвиваше снимањето:

Rock & Blues Shelter – ново музичко парче од прилепскиот блузер Игор Јагуриноски (ВИДЕО)

После една година од последната песна која беше насловена како “Биди млад”, прилепскиот блузер Игор Јагуриноски, ја објави својата нова авторска песна, или петта по ред.

Композицијата за која текстот и аранжманот се дело токму на Јагуриноски, е насловена како Rock & Blues Shelter и ја краси прекрасно музиче и ритам, кои веднаш влегуваат во глава.

– Во песната зборувам за музиката која можи да не заштити од сите глупости и нервози кои секојдневно ни се случуваат – вели Игор за својата нова песна.

Слушнете ја и уживајте во продолжение:

„Пролетта нѐ мами, на Могила нѐ кани“ – утре голем забавен хепенинг на Паркот не револуцијата во Прилеп

Почитувани сограѓани,ни претставува чест да ве поканиме на целодневна дружба „Пролетта нѐ мами, на Могила нѐ кани“

Овој прекрасен настан ќе се одржи во недела, 28.04.2024, од 11:00 до 16:00 часот, во Паркот на Могилата на Непобедените. Ќе има многу забава, дружба, музика и различни содржини за сите, од најмладо до најстаро. Исто така, сакаме да изразиме благодарност до општествено-одговорните компании „Витаминка“ и „Прилепска Пиварница“ кои дадоа несебичен придонес во реализација на овој настан.
Се гледаме в недела на Могила!
– стои во поканата од општина Прилеп.

Јанески: “Власта која дојде со паролата “нема правда, нема мир”, не само што не донесе правда, туку изгласа и неказнивост на кривичните дела” (ВИДЕО)

Живееме во држава во која што правдата за државните функционери стана недостижна. Денешната власт, која што на власт дојде под паролата: “Нема правда, нема мир”, не само што не донесе ниту правда ниту мир, туку изгласа неказнивост на кривичните дела кои што ги прават државните функционери, а денешната опозиција им обезбеди кворум во парламентот – порача на денешната прес конференција, Емил Јанески, кандидат за пратеник од движењето “ЗНАМ” во четвртата изборна единица.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

Затоа, Движењето ЗНАМ За Наша Македонија во својата програма предвиува:

незастарување на кривичните дела поврзани со криминалот и корупцијата,

врајќање на укниатите членови во крвиичниот законик,

најмалку десет години казна затвор за крвичното злоуботреба на службена положба и овластување,

зголемување на платата на судската администрација од најмалку 30%.

ЗБОРОТ Е ЗБОР, МАКСИУМУМ ЗА МАКЕДОНИЈА!

Тошкоски и новите полицајци докажа дека Македонија е жива – Снимка која денеска ја обиколи Македонија

Новите полициски службеници и публиката која беше присутна во Центарот за обука во Идризово, ја запеаја „Бисер Балкански“ при свеченоста за нивна промоција. Вкупно 508 службеници рапортираа пред министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, па патриотски го поздравија.

Во првиот дел од настанот, кога се интонираше македонската химна, Тошковски ги поздрави полициските службеници на кои им рече: „Пред да почнам со официјалниот дел од говорот, сакам да ви се заблагодарам, затоа што чувството да ја чуеш македонската химна од оволкав голем број на патриоти кои си ја сакаат Македонија, морам да признаам дека е фантастично. Ви благодарам многу за тоа“.