дома блог страница 798

Тошковски: 54 пратеници притворија стотици илјади граѓани, цената ќе ја платат на 8-ми мај

Виновниците кои буквално притворија стотици илјади граѓани на територија од 26000 км2 од денеска имаат конкретно име и презиме, а тоа се сите оние 54 пратеници од СДСМ и ДУИ кои во Собранието гласаа против продолжувањето на важноста на пасошите, истакнува техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Тоа го направија молчешкум, без да дадат разумно образложение водејќи се исклучиво од нивниот партиски интерес, притоа оставајќи ги граѓаните во состојба на несигурност и безизлезност и кршејќи им го основното човеково право на слобода на движење. Но, цената за нивниот молк денеска, ќе ја платат на 8 мај, кога народот многу гласно ќе го каже своето“ – истакна тој.

Во петок, гледајте ја “Стапица за глувци” во прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”

Репертоар на прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински”

Петок, 1.03.2024 – 19.30 ч., гледајте ја претставата „СТАПИЦА ЗА ГЛУВЦИ“

Режија: Борис Василески
Драматург и превод: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Сценографија и дизајн на светло: Мартин Манев
Костимографија: Марта Дојчиновска
Музика: Томе Темелкоски
Дизајн на плакат: Илина Василеска

*************************************

Играат:
МОЛИ РОЛСТОН – Сара Спиркоска
ЖИЛ РОЛСТОН – Илија Волчески
КРИСТОФЕР РЕН – Дарко Карбески
ГОСПОЃА БОЈЛ – Марија Спиркоска Илијеска
МАЈОРОТ МЕТКАФ – Александар Тодески
ГОСПОЃИЦА КЕЈСВЕЛ – Даниела Иваноска
ГОСПОДИН ПАРАВИЧИНИ – Михајло Миленкоски
ДЕТЕКТИВОТ – НАРЕДНИК ТРОТЕР – Димитар Ѓорѓиевски

****************************************************
Кога неправдата не се разрешува на задоволителен начин и кога злосторникот не ја добива соодветната казна, тогаш се раѓа желбата за одмазда. Токму оттука почнува оваа приказна, која ја испитува човековата перцепција на вистината.

Секој мисли дека неговата перспектива е правилната, но што е, всушност, вистината? Како се манипулира со човековите мисли и зошто е толку лесно човек да биде наведен да размислува во погрешна насока, да си направи приказна во главата и да поверува во неа? Сомнежот е фрлен врз секого и секој претставува потенцијална опасност, затоа што секој има своја скриена приказна. Претпоставките, едноставно, мора да бидат преиспитувани.

Пред вас поставуваме предизвик – да се обидете да откриете кој е убиецот и да дознаете дали вашите почетни сомнежи биле точни. Можеби и самите на крајот ќе се изненадите. Во секој случај, не откривате им кој е убиецот на оние кои не ја гледале претставата. Нека остане тајна!

Влезници и резервации на телефонскиот број: 076 442 378

Големиот ХАНСЕН со данскиот гигант Алборг на гости во Битола (ФОТО/ВИДЕО)

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер во овие моменти во спортската сала “Боро Чурлевски” во Битола, го игра последниот натпревар пред својата публика во Лигата на шампионите. Кај „зелено-белите“ гостува данскиот гигант Алборг, на чело со една од најголемите светски ѕвезди Микел Хансен.

Пелистерци одлично се држат во првиот дел од натпреварот па по одиграни дваесет минути резултатот е во егал.

Ветер во грбот на битолчани е преполната сала во Битола, па ниту големиот Микел Хансен не може засега да направи многу.

Османи: Ние Албанците не сме малцинство, ние ја водиме државата

Министерот за надворешни работи и кандидат за претседател на претстојните избори, Бујар Османи, гостувајќи во емисија на Топ чанел, меѓу другото истакнал дека „Албанците бараат единство, а не доминација“.

Османи кажал дека е достоен да ја извршува таа функција бидејќи е единствениот кандидат со меѓународно искуство, и нагласил дека изборот на претседател од етнички аспект мора да заврши.

-Обвинувањата беа „Албанците не треба да излезат со кандидат кој ги преминува етичките граници“. Затоа излегуваме со кандидат, кој е единствен во трката со меѓународно искуство. Јас го водев ОБСЕ. Ако на овие избори повторно се избира претставникот од етички аспект, нема причина Албанците да бидат алиби за изборен процес и ќе инсистираме овие да бидат последни избори на ваков начин, да се смени Уставот и претседателот да биде избран во парламентот со две третини од гласовите, рекол Османи.

Тој оценил дека начинот на избор на претседател во Македонија е погрешен бидејќи во мултиетничките општества, каде што изборите се моноетнички, многу заедници се исклучени што, посочил, носи незадоволство кон претседателот и како последица на тоа криза, бидејќи не е прифатен од дел од населението.

-Ние работиме за заедничка држава, господари сме во сопствената куќа. Ние не сме малцинство, ние ја водиме државата. Ова е пристап кој е погрешно разбран и во Косово и во Албанија. Не ни треба покровителство, ние сме господари во својата куќа. Пред 20 години бевме исклучени. Во институциите во 2001 година бевме 0,2 Албанци, денес сме околу 25 проценти. Не ја преземаме претседателската функција за да покажеме доминација. Тоа не е забранета област. Претседателот, кој ја има улогата на обединувач, треба да го изберат сите заедно, додал Османи.

Шестотини илјади луѓе остануваат во државен притвор: СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против продолжување на пасошите без северна

СДСМ и ДУИ гласаа против продолжувањето на рокот на важење на пасошите. На денешната седница, беше ставен на дневен ред предлог Законот кој го поднесе опозицијата но со мнозинство гласови на СДСМ и ДУИ пратениците на опозицијата беа надгласани. За гласа 46 пратеници, а против 54. Со тоа, македонските граѓани остануваат во државниот притвор.
Доколку се донесеа измените за македонските граѓани ќе се сменеше само тоа што македонските граничари ќе можеа да ги пропуштаат на нашата граница за излез и оние со стар пасош, бидејќи штом излезете од Македонија, потоа, со стариот пасош без проблем се движите во најголемиот дел од Европа.

Со реакција на потегот на СДСМ и ДУИ се јави и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој напиша:

-Бранејќи ги грешките на Оливер Спасовски, пратениците на СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите издадени од МВР на Република Македонија. Со ова, за жал, СДСМ, ДУИ и НСДП оставија на цедило 600.000 македонски државјани на кои им е нарушено правото на слободно движење, а на голем дел со ова им се загрозени нивните работни дозволи во странство, документите за постојан престој, како и лекувањето или образованието надвор од Македонија!

П.С. им благодариме на колегите пратеници

Бејџан Илјаз, Мирослав Јовановиќ, Павле Трајанов, Африм Гаши, Фадил Зендели, Изет Меџити, Сафие Шаини, Мерита Коџаџику и Муса Ибраими, кои гласаа ЗА и потребата на државјаните ја ставија пред ситно-партиските калкулации на власта.

Прилеп: Со автомобил удрил во 75-годишна сограѓанка – жената итно пренесена во прилепската болница

На 27.02 2024 во 10.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Пчиња“ во Прилеп, патничко возило „цитроен”, управувано од Б.П.(56) од Прилеп, удрил во пешакот С.К.(75) од Прилеп.

Во несреќата, С.К. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.

МАКЕДОН од МАКЕДОНИЈА продолжува да го освојува светот со знаење: Освои нов златен медал од светски натпревар по математика

Малиот генијалец од Тетово, Македон Димитровски, повторно освои златен медал во зимскиот дел од натпреварот „Математика без граници“, што се одржа на почетокот на месецов.

Во зимскиот дел до натпреварувањето учествуваа 28 земји, меѓу кои и Македонија, а резултатите од престижното натпреварување беа објавени денес на официјалниот веб-сајт на турнирот.

Како што може да се види, малиот генијалец од Тетово повторно успеа да се закити со златен медал во натпреварувањето за трето одделение и со тоа да нѐ направи горди, затоа што навистина поседуваме вистински таленти.

Инаку, Македон е прв основец што ја добил наградата за млад талент, а за време на зимскиот распуст тој имаше средба со странските македонисти во рамки на четвртата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

За време на семинарот, Македон ги воодушеви сите со познавањето на дејноста на светите браќа Кирил и Методиј, но и со тоа што наизуст ја знае старословенската азбука.

Исто така, тој беше дел и од симултано натпреварување во шах, каде успеа да заврши со нерешен резултат.

Нема затварање улици, копање, трошење пари – Еве како изгледа кружен тек во Нов Зеланд (ФОТО)

Нов Зеланд е една од најсовремените, најмодерните, најбезбедните и најдобрите за живот земји во светот. Имаат пари да изградат што сакаат и како сакаат, но сепак се практични.

Еве како изгледа еден кружен тек во оваа островска земја која е сон за живеење на голем број Македонци:

-Нема потреба од затварање на улици, копање, градење острови, трошење пари итн., земаш црташ смајли и завршена работа. Замисли да беше вака кај нас? – напиша на својот Фејсбук профил македонскиот готвач Виктор Настески.

Повеќе повредени во страшна сообраќајка пред Кавадарци утрово – пожарникари ги ваделе од возилата

Три лица се повредени од кои едно потешко во страшна сообраќајна несреќа која утрово се случила на патот Кавадарци Росоман.

Според првичните информации станува збор за две лица во раните дваесетти години и уште едно постаро лице.

Станува збор за директен судир но нема информации како дошло до него.

Регионалниот пат Кавадарци-с.Росоман, од 07:00 часот е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, соопшти АМСМ.
ТППЕ Кавадарци излезе на терен со 8 пожарникари, 2 возила за техничка интервенција и 1 амбулантно возило.

Извор: Press24.mk

Oд денеска можете да проверите дали ве има во ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

Сите заинтересирани граѓани на Република Северна Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во избирачкиот список, тоа да го направат по електронски пат на официјалната веб страна на Државната изборна комисија (ДИК), http://www.sec.mk или на следната адреса: https://izbirackispisok.gov.mk или лично во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата.

Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список се поднесува писмено во подрачното одделение или канцеларијата на ДИК на подрачјето на живеење, или по електронска пошта на ДИК на следната адреса: [email protected].

Подрачните одделенија и канцелариите на ДИК за време на траењето на јавниот увид, ќе работат секој ден во периодот 08:00 до 20:00 часот, вклучително во деновите сабота и недела, како и за време на празници, а на 18 март 2024 година до 24:00 часот.

Истовремено продолжуваат роковите за собирање потписи за кандидатите за претседател и за пратеници, како и за поднесување барања за гласање на нашинците од дијаспората.

– Во инетерес на транспрентноста на изборниот процес, апелираме граѓаните да го искористат правото и да ги проверат своите податоци. Согласно Роковникот и Изборниот законик, податоците за Избирачкиот список се ставени на увид со состојба од денот на распишување на изборите, 14 февруари, а по јавниот увид, ако има основани барања за одредени промени, ДИК соодветно ќе постапи, истакна на вчерашната седница членот на ДИК, Борис Кондарко.

Тој потсети дека адресите на подрачните одделенија и канцеларии се наведени на веб страницата на ДИК, како и дека скоро сите се сместени во седиштата на локалните самоуправи на општините.

-Тоа се истите подрачни одделенија и канцеларии каде во моментов тече постапката за собирање потписи.

Покрај непосреден, јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, граѓаните може да направат увид и на нашата веб страница https://izbirackispisok.gov.mk/, додека непосредно во подрачните одделенија може да поднесат писмени барања за запишување, дополнување или бришење на нивните податоци во Избирачкиот список – ако некој граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или ако е запишан, а нема избирачко право или нема живеалиште на подрачјето на општината, ако некое лице е починато во меѓу време, ако е сменета адресата или личното име, односно ако се неправилно запишани, објасни Кондарко.

За текот на увидот и бројот на граѓани кои ќе извршат увид, ДИК ќе информира на дневна основа и постојано ќе апелира граѓаните да го искористат ова свое право во интерес на изборниот процес.