дома блог страница 797

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Министерството за правда известува дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Палевски е во екстрадициски притвор во Турција, каде беше приведен од тамошните власти по распишана потерница.

Кога ќе биде донесен во земјава, Палевски ќе биде спроведен во казнено поправна установа, согласно решение на суд и понатаму тече постапката пред правосудните органи.

Максим Димитриевски денеска ги соопшти условите на Движењето ЗНАМ За наша Македонија за формирање на идна влада на Македонија

Претседателот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија денеска одржа прес конференција на која ги соопшти ставовите на партијата во однос на
идните коалиции.

Тој пред медиумите рече:

„Изминатите денови слушам различни пораки од двата табора. Едните велат дека ЗНАМ бил создаден по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ за да го ослаби СДСМ, дека гласот даден за ЗНАМ е глас даден за ВМРО и слично.

Другиот табор вели дека наводно коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ е веќе договорена работа и дека очекуваат став од ЗНАМ во врска со вториот круг на претседателските избори. Уверен сум дека и двете пораки имаат за цел да го намалат изборниот резултат на ЗНАМ на парламентарните избори.

Јас целиот мој живот сум борец! Кажано со спортски речник, никогаш не пласирам удари под појас, ниту правам нешто тајно. Не прифаќам да разговарам зад завесите и преку емисари, кои во овој период зачестено не контактираат индиректно или директно. Затоа, денес, онака како ме познавате, отворено и јавно, јасно и гласно ќе ги изнесам своите ставови, моите лични ставови и ставовите на партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија.

Официјалниот став на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е следниот: Врвен државн приоритет на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е на овие избори да се избере Претседател на Македонија, затоа влеговме во оваа борба и учествувавме на претседателските избори, како и да се оневозможи институционалната блокада и политичка криза.

Ги повикувам јавно сите граѓани, масовно, во што поголем број, на осми, да излезат на гласање, да гласаат и за претседателските кандидати, но и за парламентарните состави и тоа да го сторат по лично и сопствено убедување.

Почнувам со порака до чесните членови и симпатизери на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Почитувани,

Срцето ме боли кога ве гледам вака исплашени од раководството на мојата поранешна политичка партија како ве држи во заложништво и како сте
гневни на сите нив, а молчите.Да ви кажам искрено, гневен сум и јас! Сметам дека е етички исправно, да направам обид заедно да ги спасиме
АСНОМските и Крушевските леви вредности и принципи. Затоа денеска на раководството на СДСМ му се обраќам директно и му ги соопштувам
кумулативните услови на ЗНАМ за разговор за евентуална можна соработка.

Прво, во наредните 24 часа раководството на СДСМ да поднесе комплет неотповикливи оставки од сите можни функции во партијата. Второ, носителите и ко-носителите на кандидатските листи на нотар да изјават дека нема да прифатат пратенички мандати, и истите ќе ги
преземат сите кандидати коишто следуваата на листите по нив. Трето, да се обврзат дека ниту тајно, ниту јавно нема да продолжат да заговараат соработка со сегашното ДУИ, за навистина, а не само формално, туку и суштински со пример, да покажат дека ја примиле вистински пораката на граѓаните и постапиле веднаш по истата.

Сакам да бидам јасен, овие услови не се за понижување, туку за одговорност на ова раководство на СДСМ, кое овие потези требаше да ги
повлече многу одамна. Нашите работни групи се подготвени за разговори за евентуална соработка со некое преодно, техничко ново раководство на СДСМ, кое ќе изрази политичка волја за ревидирање на досегашните нивни политики за најважните национални прашања, но и целосна одговорност на сите поединци без исклучок по законот и без можност за каква било амнестија.

Доколку ова не се случи, никој од раководството на СДСМ нема никакво право да му се обраќа на ЗНАМ, бидејќи ќе потврдат дека нивната цел е
само да се докопаат до пратеничките мандати и имунитетот којшто го нудат мандатите и дека никогаш не воделе сметка, ниту за интересите на
Македонија и граѓаните, ниту за чесните членови и симпатизери и поддржувачи на партијата. Ние од ЗНАМ нема да се вртиме назад, туку ќе гледаме во иднината на Македонија, што е и нашиот основен приоритет.

Во оваа прилика сакам да упатам порака и до раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Со вашите програмски определби дека не прифаќате уставни измени под бугарски диктат и не прифаќате соработка со ДУИ по ниту една цена, се согласуваме.

Тоа се наши ставови, први излеговме со тој став и ќе стоиме на тоа. Поради досегашната кампања на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста се наметнува една
дилема која на ЗНАМ многу му е важно да биде расчистена во целост пред воопшто нашите работни групи, доколку седнат да разговараат, да
разговораат за можна идна соработка.

Барам да потврдите дека не е точно дека дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ заговара јавна или тајна соработка со поранешниот премиер
Зоран Заев, преку неговите фикс кандидати за пратеници, како што е Венко Филипче и други, за обезбедување на 2/3 мнозинство во идниот собраниски состав, што доколку навистина постои, имплицира дека селективната правда ќе ја имаме и во идната Влада, како што беше и до сега.

Во спротивно доколку немате таков став, најдобро е самите да си продолжите и јавно да соработувате, а ние ќе продолжиме заедно со
народот. Ова се условите на ЗНАМ за почеток на разговори за евентуална соработка со едните или другите. Ние сме транспарентни и ќе бидеме транспарентни во целост. Никогаш нема да сториме нешто со што ќе ја изневериме довербата на граѓаните и интересите на Македонија“.

Запрашан дали ќе побараат од граѓаните да гласаат за позицијата или опозицијата, Димитриевски одговори:

„Јас реков уште во текот на кампањата како претседателски канадидат, дека гласачите кандидатите, ниту партиите не ги носат во џеб.
Тоа е законско и уставно право на секој гласач, да се произнесе легитмно на демократски тајни избори за кого ќе гласа. По однос на
гласањето, веќе реков дека секој гласач во Македонија може да гласа според мене, по сопствено убедување, така како што е запишано во
Уставот и во законот“.

На прашањето доколку би можел кој партнер од двата блока во македонскиот кампус би го преферирал, имајќи предвид дека ВМРО-ДПМНЕ е
поизвесно дека ќе ја формира владата, дали би се определил за власт или за опозиција, претседателот на ЗНАМ, Димитриевски рече:

„Ние од ЗНАМ нашиот избор за коалиција веќе го направивме. Тоа се граѓаните на Македонија, тоа го кажавме пред избори, тоа го потврдуваме
и денеска. Нам од ЗНАМ не ни се битни личните или партиските интереси, туку првенствено граѓанските интереси и да бидам уште подиректен на вашето прашање, сакам да потврдам дека во јули 2022 година, јас лично го кажав својот став за актуелниот претседател Пендаровски и јавно се извинив на јавноста и дека имав направено грешка со мојата поддршка тогаш за него“.

Чук, чук…ОЈО бара мерки на претпазливост за Дарко Каевски, Даниел Димевски и Наумче Мојсовски

Јавното обвинителство објави дека е поднесено барање за обезбедување мерки за претпазливост за 12 лица од Агенцијата за млади и спорт во врска со случајот со распределба на средства од ваучечер системот.

„Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост“, информира ОЈО.

Извор: Фактор

Две прилепчанки дел од основчкиот одбор на канцеларијата на Обединета Македонска Дијаспора во Шведска (ФОТО)

Со огромна чест и задоволство ве известуваме дека на 19.04.2024 год. се собра одборот за формирање на првата организација на ОМД во Шведска и во Европската Унија. Оваа канцеларија со седиште во Малмо, ќе има за цел да ги претставува правата на Македонците во Шведска и Скандинавија, како и ги канализира и навигира проектите на македонските веќе постоечки организации во Шведска и истите ги спојува со матичната држава Македонија – информираат од Обединета Македонска Дијаспора.

Основачкиот одбор на оваа организација се состои од 6 члена на чело со:

Мирјана Наумоска
Антонијо Трпевски
Габриела Јакимова
Трајче Цветановски
Александра Гарбеска
Пеце Релушковски

Инаку Александра Гарбеска и Габриела Јакимова се нашинки од Прилеп кои живеат и работат во оваа скандинавска земја.

Оваа организација, како и останатите ќе се заснова на членство и донации на сите кои се од Македонија или имаат македонско потекло или се пријатели на Македонија.

“Ми претставува огромна среќа и задоволство што за неполна една година успеавме да ги пронајдеме и се споиме со луѓе кои ја препознаа визијата и мисијата на ОМД и креиравме организација во која сите луѓе ќе имаат можност да придонесат за својата татковина Македонија. Ова е еден од најпрофесионалните тимови кои ќе им подаде рака на сите македонци и македонски организации во Шведска со цел гласот на многубројната македонска заедница биде достојно претставен” рече Гордан Јорданов, Директор на ОМД за Македонија и Европа.
“Исполнет сум со радост и гордост, за отварањето на новата организација на ОМД во Шведска, знаејќи го длабокото влијание што оваа организација ќе го има врз Македонската заедница во Шведска, низ Скандинавија и низ целата Европска Унија. Заедно, ќе ги зајакнеме нашите врски , ќе го зачуваме нашето наследство и ќе го отвориме патот за посветла иднина на нашата македонска младина “
. рече Стојан Николов, Потпретседател за глобални операции на ОМД.

“Како Македонка и човек кој ги претставува интересите на Македонија насекаде низ Скандинавија, ова е огромна чест и задоволство за мене и сите основачки членови на организацијата, да ја донесеме и шириме глобалната мисија на ОМД токму во Шведска, земја во која македонската заедница има долга историја и континуитет. Заедно ќе ги отвориме вратите на сите македонци да ги прикажат своите квалитети и придонесат во поврзувањето на културите на двете држави”, рече Ко-основачот и Претседател на ОМД Шведска, Мирјана Наумоска.

Хуманитарна забава “ОД СРЦЕ ЗА СТЕФАН”: Во петок сите во “КАФЕ ПАУЗА”, да помогнеме малиот Стефан од Прилеп да има нормално детство!

Малиот Стефан Трпчески од Прилеп боледува од Церебрална парализа – хемипареза на десната страна. Неговите родители од самото негово раѓање се трудат да му пружат здрав и нормален живот, а сега конечно им се пружи шанса за тоа.

Имено, Стефан треба да замине на лекување во болница во Ниш, Србија, каде лекарите гарантираат дека третманот за него ќе биде 95% успешен, а со тоа Стефан ќе има нормален детски и тинејџерски живот.

Лекувањето во Србија чини 17.000 евра, сума која семејството не е во можност целосно да ја покрие, па затоа им е потребна помош од сите хумани граѓани.

Со цел што побрзо да се соберат потребните средства за лекувањето на Стефан, во петок (03.05), во “Кафе Пауза” во “Точила”, се организира хуманитарна забава, каде ќе ве забавуваат дечките од дуото “Леонид Бенд”. Бидете во што поголем број!

Сите останати можете да донирате на телефонскиот број и трансакциските сметки во продолжение:

Изложбата „Моменти низ времето“ од уметницата Моника Десоска, во четврток пред прилепчани

На 2 мај 2024 г. во 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Моменти низ времето“ од уметницата Моника Десоска, од Прилеп.

Моника Десоска и се претставува на ликовната публика со серија на дела од циклусот “Моменти нив ремето”. Нејзината животна ретроспектива, несебично ја споделува преку свое самооткривање.

Сеќавањето опстојува како белег низ димензиите на времето толкувајќи го човековото постоење. Го буди копнежот, носталгијата во нас и ни помага да ја согледаме животната трансформација. Тајни скриени длабоко во мислите, ги евоцираат спомените, ги потикнуваат соништата и ја будат надежта. Делата сведочат за детските мечти, безгрижните дни, за едно време кое душата ја храни.Драматичните промени и носталгичните импулси, го откриваат уметниковиот сензибилитет преточен низ играта на изразениот констраст. Препознатливата нота на тактилниот допир, ја рекреира нераскинливата врска на нејзиниот слободен дух со природата. Централната композиција го акцентира дејствието и не повикува заедно да го започнеме самооткривањето. Динамиката на просторот, формата, палетата на бои и раскошната тактилна вредност, ги интригира сетилата на набљудувачот и ја буди неговата љубопитна природа.

И како што самиот уметник вели” Портата на тишината не чека…..”Ана Јосифовска

Самосон
од Моника Десоска
Портата на тишината нè чека,
Да си кажеме за височината на боговите
Па да се скриеме меѓу листовите,
Пиејќи од сржта на животот.
Длабочини, тажни и тегобни,
Понекогаш пропаѓам во вас,
Понекогаш лебдам како птица,
Пеејќи за изгубените мигови.
Вечноста на духовното,
Вгнездена во шишарките…
Нè втурна да се загледаме во светот…
И капките солзи да ни ја исплакнат душата.
Боите на Сонцето, водата…..
Се изгубија во гладните очи на тагата,
По нашиот пат, одредок поредок.
Во собата, високо на ридот,
Е приказната за еден цвет.

Ова е понижување на комуналните работници: Еден јa фрлил јогата пред општина, други оставиле купишта картони на секое ќоше во чаршијата

Најлесно е вака…. фрли кај ќе стигнеш, ви е гајле….друг ќе му го бери гајлето… Нели, затоа земаат плата?! Е се додека поединци се водат од тоа дека некој зема плата за нив да им ги чисте сите гадости, ќе сме сите на работ од бездната како општество.

Од ЈКП Комуналец информираат дека за овој вид отпад се собира од домовите секој четврток со бесплатната линија. Потребно било само несовесниот граѓанин да се јавел на 048/ 428 992 и како на господин непотребната јога ќе му се земе од домот.

Додека пак за купиштата картони низ чаршијата, од ова јавно претпријатие напишаа:

-Во Старата чаршија, но и по булеварските пешачки патеки ќе се сопнете на купишта картони исфрлени од одредени дуќанџии. Иако истите имаат екстра дневна услуга со подигање на отпадот од дуќаните, навика е одредени дуќанџии купишта картон и друг вид на отпад да исфрлаат до кантите за отпадоци наменети за минувачите. Истите се ослободуваат од отпадот пред затворање на дуќанот, кога знаат дека интервентната смена од комуналните работници работи до 19 часот. Сликата е секојдневна до 05:00 часот наутро, кога доаѓа утринската смена комунални работници и кои наместо да се грижат за хигиената на улиците, тротоарите и плоштадите, тие се грижат да се ослободат од создадениот отпад од одредени бизнисмени.

Димитриевски од Битола ги повика граѓаните да се придружат во борбата за менување на владеачката структура која се однароди и од членството на СДСМ и од народот

Караванот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по Охрид и Ресен, беше и во Битола. Претседателот на Движењето ЗНАМ За наша
Македонија, Максим Димитриевски, носителката на листата за кандидати за пратеници во ИЕ, Весна Бендевска, како и другите кандидати имаа повеќе средби со граѓаните.

Во изјавата за медиумите во Битола, Димитриевски рече дека ЗНАМ се формирал како политички субјект заедно со граѓаните и се афирмира како
нова политичка сила во Македонија.

„Нашата цел е да работиме согласно програмските определби, од граѓаните, заедно со граѓаните и за граѓаните“, рече тој и упати порака до сите чесни социјалдемократи дека вратата на ЗНАМ е отворена за нив.

„Ги повикувам заедно да работиме на менување на оваа владеачка структура којашто се однароди, не само од сопственото членство, туку и од народот. Истите тие кои се претставуваат дека се наводно потомци на АСНОМ-ци, а всушност ги избришаа АСНОМ-ските постулати од Уставот на Македонија“, потенцира Димитриевски и ги повика сите да се придружат за да ја водат оваа борба заедно до крај.

„Да победиме на овие избори и во иднина да бидеме коректив на секоја власт и на секоја опозиција во државата од позиција на трета политичка сила, која се вика Движење ЗНАМ – За наша Македонија“, рече тој.

Носителката на листата за Ие 5, Весна Бендевска потенцира дека ЗНАМ добива се поголема и помасовна поддршка во очи на парламентарните избори на осми мај.

„Сега сите знаеме дека сме на вистинската страна“, рече Бендевска и ги повика граѓаните да го заокружат бројот седум, затоа што Движењето ЗНАМ знае како заедно со граѓаните да ја подигне Македонија на нозе и да ја води државата достоинствено и чесно.

Ласовска: Предавствата не се забораваат! Никогаш!

Фејсбук статус на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска:

На средбите со граѓаните, во нивните домови, се потсетувам на вашите предавства. И тие, исто така. И не ви ги забораваат.Затоа ќе ви се случи ПОТОП!

Слика 1
ШАХТИ БРУСЕВТЕ
Ееееј шахтиии.
А СОНЦЕТО, по дворовите никне.

Слика 2
Ми вели мојот сограѓанин, кој си има тешка мака. Влези дома. Влегов. Комити, војводи на слика, карта. Гоце Делчев е тука. Сликав, со дозвола, се разбира. Многу предавници има, ми вели. Има, одговарам, ама има и патриоти. Не им ја даваме Македонија, заеднички се согласивме. И да. Не им ја даваме. Наша е. Твоја е. Горда и твоја. А вие. Вие, СДС, ќе бидете на буништето на историјата. Запишани како предатели на својот народ. Преспански, Бугарски договор, Тиранска платформа…
Затоа што НИЕ, НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ ОД МИНАТОТО. БЕЗ МИНАТО, НЕМА ИДНИНА!

Ќе биде ли повторно во право? Христијан Мицкоски даде предвидување за исходот на изборите на 8 мај (Видео)

На прашањето „Која е вашата прогноза за вториот круг“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Мегафон даде одговор.

-Запишете, Гордана Силјановска Давкова ќе има повеќе од 500.000 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ќе имаат повеќе од 55 пратеници.

Христијан Мицкоски го споделува своето мислење за исходот на вториот круг на изборите, како и бројот на гласови и пратеници кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои.

Претходно, пред првиот круг, во интервју за ТВ 21, Мицкоски најави дека Гордана Силјановска Давкова ќе победи со разлика од 100 до 150 илјади гласови, што се покажа точно. Сега, со вториот круг на 8 МАЈ, сме предизвикани да видиме дали ќе се потврди неговата прогноза.