дома блог страница 796

Момироски: Му нема рамен на Цакио…менува функции како никој друг

Новинарот Зоран Момироски во неговата редовна петочна колумна “Во Прилеп нема проблем, а се’ е проблем”, по обичај направи ретроспектива на минатонеделните случувања на политичката сцена во градот под Марковите Кули, а неизоставен дел тука е и претседателот на ОО СДСМ Прилеп и Генерален директор на Тутунскиот Комбинат, Зоран Печешкоски.

-Зоран Пачешкоски – Цакио, генералениот директор на Тутунски комбинат и претседател на ОО на СДСМ ,,гол,, се пече на жар. Партијата го вработи и го постави за раководител на Подрачното одделение за земјоделие.Експресно беше прераспределен во УЈП за од таму откако малку одмори од проблемите со земјоделците го постави за генерален директор на Тутунскиот комбинат.Цакио стана и недопирлив и недостижен. Со ,,многу труд,, и со ,,уште поголемо знаење ,, тој со сета своја препотенција стана ,,Цар Мурат,, и со функциите што ги има никој не му е равен.И тоа не е проблем.Навикнал овој народ да гледа се и сешто.Сега негов и на неговите од тимот во партијата проблем е што Централата во Скопје побарала од Цакио на следните избори како знае да обезбеди најмалку 14.000 гласови ,,ЗА,, СДСМ на престојните локални избори. Во спортивоно е можно и очекувано да биде разрешен од претседател на ОО на СДСМ а според редот на нештата и од генерален директор на Тутунски комбинат.Објективно и во УЈП кога ќе се врати нема да му биде лошо оти тој реално и тоа го нема,,сонувано,,. Го слушам муабетов и си велам до кој ред дојде овој СДСМ – Прилеп ,со овие актуелни кадровски решенија.Притоа размислувам ако обврската е најмалку 14.000 за СДСМ , а од ВМРО-ДПМНЕ бараат над 18.000 илјади ,,ЗА,,! Каде ќе се најдат луѓе за другиве партии!?! Особено кога се знае дека над 35% а можеби и повеќе од прилепачни се или во април ќе бидат на печалба во странство за егзистенција ама и по живот во организирани средини , во држави каде што се знае ,кој јади, кој пие и кој плаќа – напиша Момироски.

Голема полициска акција во Македонија: Уапсен поранешен градоначалник

Големо полициско присуство во Струмичко. Според напите информации, уапсени се повеќе лица меѓу кои и поранешен градоначалник кој во минатото бил обвинет за повеќе кривични дела меѓу кои криумчарење цигари преку македонско-бугарската граница.

По неколку месечната затворска казна во 2019 и 2020 го прошири својот бизнис во енергетскиот сектор, но и со отворање на фирми и фабрики за одгледување на марихуана по претходно издадени лиценци од Владата.

Според информациите, производството на марихуаната завршувало на црниот пазар во Македонија, но и пошироко во регионот.

Извор: “КУРИР”

Јовчески: Завршуваме со проектот за асфалтирање на 60 улици

Ги правиме финалните подготовки од завршувањето на предвидената рехабилитација на околу 60 улици ширум нашата општина – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

-Со цел да го подигнеме квалитетот на инфраструктурата во општина Прилеп, нашиот тим работеше неуморно и оваа инвестиција ќе допринесе значително за подобрување на безбедноста во сообраќајот, ублажување на проблемите со инфраструктурата и подигнување на квалитетот на живот на сите наши жители. Почитувани мои сограѓани, со Вашата поддршка и разбирање, продолжуваме со нови проекти во сите останати урбани и месни заедници во зависност од потребите и приоритетите и сигурен сум дека ќе го оствариме нашиот визионерски поглед за подобра и посигурна општина Прилеп – пишува во објавата Јовчески.

(ФОТО) Се’ и сешто и за сечиј вкус! Утре отварање на најголемата досега продавница за пијалоци во Прилеп

Утре во Прилеп започнува со работа најголемата продавница за пијалоци.

Лоцирана во дуќанот на домот “Спиро Забрчанец” Liquor Store Prilep , ќе биде прва премиум дестинација за секаков тип на пијалоци во Прилеп.

Конечно градот под Марковите Кули ќе добие еден современ продажен салон за пијалоци, каде на едно место ќе може да се најде се’ и сешто и за сечиј вкус.

Засега оставаме на вашата имагинација и љубопитност да појдете и лично да се уверите во широкиот асортиман на пијалоци во Liquor Store, а за секоја промоција, попусти и новитети, ќе ве известуваме во периодот кој следи.

Утре сите во сала! Овие дечки заслужуваат поддршка за нови бодови!

Во рамки на 17-то коло од Втората кошаркарска лига, екипата на Мега Баскет од Прилеп, утре (сабота), со почеток од 19:00ч, во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, го дочекува Борец.

По високиот триумф минатото коло на гостувањето кај Тетекс, прилепчани влегуваат мотивирани и во овој натпревар и веруваат дека одново ќе ги израдуваат вљубениците во кошарката во Прилеп.

Мега Баскет се наоѓа на осмото место на табелата со 6 триумфи и 10 порази, а Борец две места подобро рангиран со 8 победи и 8 порази.

Значи утре сите во сала! Овие момчиња заслужуваат поддршка!

Дали цpквата го оправдува носењето мартинка?

Денеска на 1. Март, народот има обичај да прави и подарува Мартинка, висулец од засукани конци кој се дава и се верува дека ќе донесе среќа.

Мартинката претставува засукан бел и црвен конец, најчестo волнен. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа.

Традицијата е на првиот ден од март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци.

Мартинките се носаат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, а во Македонија и до здогледување на првата ластовица. Потоа се ставаат под камен. Ако после еден месец под каменот има мравки, годината ќе биде бериќетна.

-Секој оној што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена „мартинка“ (нешто како нараквица направена од црвен и од бел конец) за здравје и за среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни. Не може истовремено да веруваме и во Бог и во мартинка, смета Црквата.

Верата и суеверието немаат ништо заедничко, исто како што и Бог нема ништо заедничко со ѓаволот. А на два господара не можеме да им служиме, или ќе Му служиме на Бог или на ѓаволот – па секој слободно нека избере кому ќе му служи. И секое друго суеверие, спротивно на православната вера, не е од Бога.

Носењето мартинка е суеверен и магиски обичај, а со тоа и демонски обичај, затоа што луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сè до доаѓањето на пролетта и доаѓањето на ластовичките (или штрковите) и сè додека да расцути првото дрво. Потоа, според истото погрешно верување, мора да ги закачат на некое дрво и да си пожелаат добро здравје и среќа, со некаква вера дека желбите ќе им се исполнат. Вадењето на мартинката, пред време, се смета за несреќа и затоа луѓето ја чуваат со страв. Таквото верување нема никава врска со православната вера, туку е обично суеверие. Ние христијаните си носиме на рака или во рака бројаничка, украсена со крвче, која ни служи за молитва.

Христијанската среќа и здравје не доаѓаат на некој автоматски, безличен и лесен магиски начин со некакво просто чинење или нечинење на нешто – без личен подвиг и саможртва (како што ѓаволот ги подучил Ева и Адам во рајот: само ако вкусите од плодот на познанието на доброто и злото ќе бидете како богови – види 1. Мој. 3, 4-5), туку единствено со слободен подвиг во градење на личен однос со Бог, преку очистување на срцето од страстите, преку љубовно исполнување на Божјите заповеди и преку смирено учество во Светите Тајни на Црквата; на кој, подвиг, Бог лично, слободно и љубовно одговара во одредено спасително време за секој од нас.

Христијанската среќа и здравје извираат од личната заедница со Бог, а не од безлично, фобично и душегубно суеверие.

МВР со детали за синоќешното убиство во Прилеп – Приведен е сторителот и уште едно лице

Денеска (01.03.2024) во 04.00 часот во с. Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода малолетник и В.Т.(21), двајцата од с. Сенокос, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Имено на 29.02.2024 во 19.37 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп било пронајдено лице со повреди, по што билo пренесено во Градска болница Прилеп, каде што лекар констатирал смрт и било утврдено дека се работи за малолетник од Прилеп.

Полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а по судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот во с. Сенокос, при што биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело.

Со малолетникот бил извршен службен разговор, во кој го признал делото, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик.

Момироски: Другар го уби својот другар! Ова е епилогот од синоќешното убиство во центарот на Прилеп

Другар го уби својот другар! Ова е епилогот од синоќешното убиство што се случи во центарот на Прилеп во непосредна близина на деветтокатницата. Убиеното 15-годишно момче од Сенокос со повеќе убоди од нож го убил негов другар и тоа момче на 15 години од истото село – пишува во најновата колумна новинарот Зоран Момироски за синоќешниот грозоморен чин после кој никој не остана рамнодушен.

-И е приведено во полиција. Се работи на причините за предходната нивна расправија која заврши со фатален крај. Јавно преку фб родителите на убиеното момче изразуваат голема тага. И се простуваат од нивното дете. А кај граѓаните остануваат реакциите со прашањето: ДАЛИ ПРИЛЕП Е БЕЗБЕДЕН ГРАД?!? И ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЛУЃЕТО КОИ ОСТАНАЛЕ И ЖИВЕАТ ВО ОВАА СРЕДИНА?

Прагот на толеранција е на најниско можно ниво. Состојбите во семејствата се одразуваат и на улица. Секој ден сме сведоци на тепачки со тешки, а сега и смртни последици. Насилствата во семејството зачестија и кулиминраат. Се ,,крева рака,, и на полицајци.

Под закана се обвинители. Дедо извршил сексуално вознемирување врз внука. Жени тепаат мажи. А мажи жени. Некој велат: Ова го има насекаде!!! Да го има во повеќе милионски држави. А не во ,,педа,,држава. Каде секој знае за секого. Каде секој живее со секого. И каде секој мрази секого – пишува Момироски.

Саат Кулата во Битола осветлена во боите за поддршка на лицата со ретки болести (ФОТО)

По повод Меѓународниот ден на лицата со ретки болести, Саат кулата во Битола, вечерва е осветлена во боите кои испраќаат порака за поддршка на овие лица. На овој начин, Општина Битола, уште еднаш потенцира дека потребно е да се подигне јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести, како и да им се помогне во полесно надминување на секојдневните проблеми.

Покрај ваквиот начин на поддршка, општината во соработка со други институции во градот, организираше повеќе настани посветени на овие лица, а преку Програмата за социјална заштита, на иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски и со поддршка од Советот на општината, од минатата година, обезбедени се 1.000.0000 денари за лицата со ретки
болести.

„Секогаш и секаде први“ – 30 години баталјон за специјални намени “ВОЛЦИ” (ВИДЕО)

Баталјонот на специјални сили го прославува 1 март, како датум во спомен на денот кога 1994 година е формирана првата специјална единица во Армијата, препознатлива како „Волци“, која воедно е и првата професионална единица.

Нејзин прв командант е тогашниот потполковник Мирослав Стојановски, потоа Началник на Генералштабот на АРМ во периодот од 2005 до 2011 година.

На почетокот на 2000-тите години единицата претрпува неколку структурни промени со тоа што станува дел од новата Единица за борба против тероризам, таканаречена „Соколи“ која првично за време на воениот конфликт во 2001 година требала да претставува здружено воено-полициско тело за борба против тероризам, но потоа се планирало да остане само дел од армијата. Кога е формирана Командата за специјални единици, Волците стануваат нејзин одред. Последната структурна измена на единицата се случува во 2003 година кога таа станува Баталјон за специјални намени, дел од Полкот за специјални операции заедно со Ренџерскиот баталјон, формиран наредната година.

На 18 август 2005 година на прославата по повод одбележувањето на Денот на АРМ, тогашниот Претседател на Македонија, Бранко Црвенковски го одликувал Баталјонот за специјални сили со Орден за воени заслуги, високо воено одличје кое се доделува за храброст и истакната служба на воен план. Toa е првото доделување воопшто на овој орден.

Како клучно тело во безбедносните структури, единицата активно учествувала во низа операции за време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Еден од поважните настани за единицата во овој период е Масакрот кај Вејце кој се случил на 28 април на патот меѓу селата Вејце и Селце во тетовско. Тој ден 8 припадници биле ангажирани во комбинирана патрола со 8 други припадници на ПЕП низ селата на Шар Планина. Волците учествувале со две возила Хамер со по четворица припадници внатре.

Конвојот од полициско-воени возила бил нападнат во заседа во тесен, непрегледен свиок, засечен од двете страни со косини до три метри височина. Во настанот загинуваат четворица припадници на единицата — Бобан Трајковски, Игор Костески, Миле Јаневски и Роберт Петковски. Овој настан се одликува како еден од најкрвавите во поновата историја на Македонија. Истиот го извршиле припадници на ОНА, во содејство со Муџахедини. По престрелката извршителите громорозно ги мачеле и касапеле убиените. На припадниците на единицата им биле разнесени главите, прстите, нозете.

Во касарната „Илинден“ – Скопје денеска ќе се одржи воена свеченост по повод одбележување на Денот на првата специјална единицата и 30 години од формирањето на Баталјонот на специјални сили (бСС).

На свеченоста, покрај министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, ќе присуствуваат и армиски генерали, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, пензионирани генерали, команданти на команди и единици на Армијата и други високи гости.

Денот на единицата, согласно програмата, ќе се одбележи со пригодни обраќања на министерката за одбрана, началникот на Генералштабот на Армијата, првиот командант на единицата, пензионираниот генерал Мирослав Стојановски и командантот на бСС потполковник Стефан Ивановски, по што ќе следува соопштување на стимулативни мерки за припадници на единицата и презентација на дел од новата опрема за припадниците на Армијата.