дома блог страница 794

Oд полноќ бензинот поскапува, дизелот поевтинува

Регулаторна донесе одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.02.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,00 ден/лит, додека тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 26.02.2024 година и со тоа малопродажната цена на

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 77,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.02.2024 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,50 ден/лит.

(ФОТО) Младиот пинг-понгар од Прилеп, Мартин Ристески, се искачи на самиот врв во Македонија

Прилеп е град од кој произлегле најдобрите пинг-понгари во Македонија. Еден таков талент неспорно е 13-годишниот Мартин Ристески.

Мартин тренира пинг-понг 3-4 години, и за многу кратко време се искачи во врвот во Македонија во овој спорт, во категорија на кадети.

Освојувач е на дваесетина медали од домашни, но исто така и на натпревари во странство. Ристески е член на пингпонгарскиот клуб “Младост 96”, но како позајмен играч со двојна регистрација се натпреварува во сениорската Прва лига за пингпонгарскиот клуб “ПРИЛЕП”, а со цел да стекне што поголемо искуство.

Маркукуле неодамна објави за скорешниот успех на Мартин, на новогодишниот турнир во Подгорица, Црна Гора и освоеното трето место во категорија млади кадети.

Ристески исто така во февруари зеде учество на Меѓународниот меморијален турнир “Илија Карески-Каре”, каде го освои второто место во кадети, а изминатиот викенд настапи и на Телеком Мастерс турнирите, кои се одржаа во спортската сала на ООУ “Кире Гаврилоски” во Прилеп.

Младиот пинг-понгар се закити со трето место во категорија за деца до 15 години, а освои и прво место во категорија за деца до 13 години, со што се искачи на самиот врв на ранг листата во Македонија за таа категорија.

На 74 години се искачи на покривот на Африка: Мира Симоновски од Делчево е жена херој!

Делчевката Мира Симоновски на 74 години го искачи врвот Ухуру кој се наоѓа на Килиманџаро, највисокиот планински масив во Африка.

Симоновски е дел од експедицијата на Клубот за планински спортови АЗОТ кој деновиве организираше високогорска акција по Килиманџаро.

-Мира Симоновски, 74 годишен планинар од Делчево се искачи на покривот на Африка, освојувајки го врвот Ухуру на 5895 метри надморска височина. Секоја чест за Симоновски, се вели во честитката од КПС АЗОТ.

Ова е втор врв кој Мира Симоновски го има искачено по навлегувањето од осмата деценија од својот живот. Претходно во 2020 година, со наполнети 70 години ја достигна висината од 5137 метри на врвот Арарат.

Десет пожари на отворено во последното деноноќие, активен пожарот во општина Македонски Брод

По еден изгаснат пожар имало на територија РЦУК Штип, РЦУК Скопје и РЦУК Куманово, по два пожара на територија на РЦУК Охрид и РЦУК Тетово и РЦУК Битола за три изгаснати пожари на отворено.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во државата во последното деноноќие. Се уште активен е пожарот во општина Македонски Брод.

Пожарникарите од ТППЕ Македонски Брод вчера во 18:10 часот имале пријавен пожар на отворен простор, високо во планина на месноста „Брајча“ меѓу селата Крушје и Томино Село, каде, како што се наведува, се претпоставува дека гори папрат и ниска вегетација.

– Во текот на утрово и денешниот ден е планирано да се направи попрецизна проценка на ситуацијата за евентуално дејство, соопшти ЦУК.

По еден изгаснат пожар имало на територија РЦУК Штип, РЦУК Скопје и РЦУК Куманово, по два пожара на територија на РЦУК Охрид и РЦУК Тетово и РЦУК Битола за три изгаснати пожари на отворено.

Во последното деноноќие имало вкупно 1.825 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 43,35 отсто, а 56,65 отсто за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 58,06 отсто, кон Итната медицинска помош 38,71 отсто, а кон пожарникарите 1,43 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Oдреден притов за битолчанецот кој со бензин потпали казино

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 35-годишен жител на селото Долно Оризари кој е осомничен за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

На 2 март, во вечерните часови, осомничениот влегол во казино на улицата „Лазо Трповски“ во Битола, се качил на спратот од објектот каде што имало и други лица, па истурил бензин врз шест слот-машини и ги запалил. Со тоа предизвикал пожар кој зафатил дел од инвентарот и предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето и по имотот од големи размери.

По предлог од надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола определи мерка притвор во траење од осум дена за осомниченото лице.

Се возело брзо, возеле пијани и без возачки: 277 казнети возачи викендов на подрачјето на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (01/02/03.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола санкционирани се 277 возачи, меѓу кои 128 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 27 мерки за возење под дејство на алкохол, 29 санкциии за управување без возачка дозвола, 18 санкции за користење на мобилен телефон, 29 мерки за непрописно паркирање…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

„За сите оние кои си заминаа од Македонија“: Игор Џамбазов со изведба која предизвикува бура емоции на “Т’га за југ” (ВИДЕО)

Игор Џамбазов, како и секоја година, така и оваа, имаше најемотивна изведба на Златна Бубамара.

Тој говореше за сите македонски граѓани кои во потрага по подобар живот ја напуштија Македонија и заминаа во некоја далечна земја.

-„Т’га за југ“ им ја посветувам на сите оние кои си заминаа од Македонија. Со нивна надеж дека никогаш нема да се вратат, со наша надеж дека ќе доаѓаат што почесто, рече Џамбазов пред изведбата.

Со него на сцената беа Маестро Дамир Имери и кавалџијата Александар Јовевски.

Партиите го блокираа сообраќајот во Прилеп (ФОТО)


ФОТО/ФБ/Златко-Ате Димески

Собирањето на потписи за кандидатите за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, го блокираше сообраќајот во централното градско подрачје во Прилеп денеска.

И додека партиските членови и симпатизери чекаа во редици да стават потпис за имињата на Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, граѓани реагираа на социјалните мрежи, а најмногу поради тоа што и двете партии имаат доволен број пратеници во Собранието за да ги предложат своите кандидати, па собирањето на потписи е само покажување на “мускули”.

Мега баскет одличен! Долгот кон Борец наплатен со камата! Прилеп заслужува прволигаш! (ФОТО)

Koшаркарите на Мега Баскет од Прилеп стигнаа до шестиот триумф сезонава, откако на домашен терен ја победија екипата на Борец со 78 – 67 и им вратија за поразот во есенскиот дел од сезоната.

Со овие нови бодови прилепчани ја вратија надежта за повисок пласман на второлигашката табела, а со тоа и можност да заиграат во плеј-офот за пласман во најелитното кошаркарско друштво кај нас.

Прилепчани водеа во текот на целиот натпревар, но гостите ги следеа во чекор, па дури направија и мал пресврт во еден дел од натпреварот. Победникот се одлучи во последниот период, а најзаслужни за новите бодови беа: Велески со 23 поени, Стевананџија со 18 и Јанески со 17.

Во наредното коло Мега баскет има тешко гостување кај МКК Куманово кој е лидер на табелата со 16 од 16 победи.

Не му паднале седумките: Битолчанец подметнал пожар во казино

35-годишник подметнал пожар во казино, соопштија од Битолската полиција.

Според информациите, синоќа во 02.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Т.(35) од с.Долно Оризари, битолско.

Тој се сомничи дека на 02.03.2024 околу 22.30 часот со запалива течност предизвикал пожар во казино на ул.„Лазо Трповски” во Битола.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.