дома блог страница 791

По којзнае кој пат ги стоплија срцата на прилепчани: Oктетот “Прилеп” одржа прекрасен концерт по повод празникот на жената “8-ми Март” (ВИДЕО)

Прилепските амбасадори од oктетот “Прилеп” вечерва одржаа маестрален концерт по повод празникот на жената “8-ми Март”. Концертот беше насловен како “Букет песни”, а во него уживаа голем број присутни во фоајето на Центарот за култура “Марко Цепенков”.

Проследете мал дел од нивниот настап во продолжение:

Двајца млади прилепчани завршија во полициска станица: Полицијата им пронајде марихуана

На 04.03.2024 во 21.30 часот на ул.„Дравска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.А.(20) и А.С.(24), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.

(ВИДЕО) Најубавиот хор на светот кој сте го виделе досега – 14 бебенца во “Плодност” “пејат разлеваат”

Најубавиот хор на светот, во кој денес учествуваат 14 новороденчиња – напишаа од болницата “Плодност” на социјалните мрежи и објавија видео кое за кратко време ги собра симпатиите од илјадници корисници.

Настан кој зрачи со труд и голема љубов: Во Центарот за култура “Марко Цепенков” oтворена етно изложбата “Перничињата на мама” (ФОТО)

„Перничињата на мама“ е етно изложбата што денес беше отворена во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“- Прилеп. Презентирани се педесетина домашни ракотворби – перничиња, изработени од прилепчанки низ годините, кои се дел од домашните оставнини.

Уникатната изложба, на чи отвоерање присуствуваше градоначалникот Борче Јовчески, ја отвори етнологот Александар Цветкоски, кој посочи дека е многу убава идејата да се презентира традицијата.

Изложбата ја реализира активот на жени пензионерки при Здружението на инвалидски пензионери на Прилеп.

-Секој од нас како мал на почетокот своите први соништа ги имавме отсонувано на маминото перниче, направено своерачно од нашите мајки. Па затоа сакавме да ја пренесиме таа традиција, по повод Осми март, денот на жената – изјави Кирил Ристески, претседател на Здружението на инвалидски пензионери – Прилеп.

За најубавите и автентични перничиња беа доделени три награди. Изложбата псоетителите ќе можат да ја разгледаат во наредните два дена.

Фатен 28-годишен разбојник од Битола: Се сомничи дека ограбил обложувалница

На 05.03.2024, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Б.(28) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” казниво по член 237 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека на 09.02.2024 во спортска обложувалница на ул.„Охридска” во Битола со закана кон вработени одзел пари.

По преземени мерки било дојдено до сознанија дека тој е сторителот, по што, подоцна со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и возило и биле пронајдени предмети за кои постоои сомнение дека се поврзани со делото.

Тој бил приведен и во службен разговор во полициска станица го признал делото – информираат од СВР Битола.

Важно известување за возачите: Во наредните 10 дена оваа сообраќајница во Прилеп ќе биде затворена за сообраќај од 10 до 14 часот

Фирмата изведувач на улицата “Леце Котески” известува дека од денеска 06.03.2024, оваа сообраќајница, која вооедно е и влез во градот од Крушево и Кривогаштани, ќе биде целосно затворена за сообраќај во периодот од 10 до 14часот секој работен ден, во наредните 10 денови.

Според известувањето од фирмата изведувач на градежните работи, овие денови ќе се врши поставување на последниот слој од асфалт.

Во периодот на забрана како алтернатива ќе се користи патот Мало Коњари-Галичани-Лагово.

(ФОТО) УБАВИНА! Прилепскиот театар преполн со дечиња – Доказ дека Прилеп заслужува модерен театар!

Уште еден доказ дека Прилеп заслужува голем и модерен театар, а прилепските актери заслужуваат современи услови за работа.

Денеска театарот „Војдан Чернодрински“ беше препол со дечиња, кои уживаа во изведбата на претставата “Пипи долгиот чорап”, а ништо поразлично не е на било која друга претстава.

Во Кавадарци започна изградба на фонтана во чест на Сашко Гешовски, првата жртва од Македонија во војната во Југославија (ФОТО)

Започна изградбата на фонтаната во спомен на Сашко Гешовски, на кружниот тек кој го доби неговото име – информира градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

-Идејното решение се состои од централна кружна фонтана со висок млаз вода и две полукружни фонтани кои се изработени од темен материјал кој ја обиколуваат централната фонтана, материјалите се модерни, лесни за одржување и долготрајни. Изведувач на проектот е ОЈА ДООЕЛ, а финансиската конструкција е во висина од 2.700.000,00 денари – пишува во објавата Јанчев.

Сашо Гешовски (Кавадарци, 31 октомври 1971 – Сплит, Хрватска, 6 мај 1991) е првата жртва од Македонија во воените конфликти кои избија во 1991 година во СФРЈ. Тој бил застрелан на 6 мај додека чувал стража во касарната во Сплит за време на демонстрациите на поддржувачите на независноста на Хрватска.

Таче не го примија во Рим, ама еве се наканил за Прилеп

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, утре (07.03.2024), ќе биде присутен на отварањето на промотивниот штаб на партијата, кој е лоциран на плоштадот “Методија Андонов” – Ченто во Прилеп – информираат од партискиот огранок на СДСМ.

Од таму велат дека од Прилеп ќе тргнела големата двојна победа на престојните претседателски и парламентарни избори.

За прв пат во Македонија: Во “Плодност” се изведуваше лапароскопска гинеколошка операција, а лекари следеа во живо во “Холидеј ИН”

Лапароскопска гинеколошка операција во живо од Болница Плодност – Hospital Plodnost , беше изведена за прв пат во Македонија.

Деновиве во Скопје во хотелот Холидеј ин, се одржа симпозиум за микроинвазивна хирургија во гинекологијата и акушерството во Македонија со присуство на странски предавачи.

Прим. д-р Таше Трпчевски беше предавач и со слајдови и видеопрезентација ги изнесе досегашните искуства на Болница Плодност за примената на микроинвазивната хирургија- лапароскопија и хистероскопија кај гинеколошките заболувања.
Во исто време, д-р Христијан Трпчевски директно од оперативната сала во болницата од Битола, ВО ЖИВО, демонстрираше оперативен зафат кај пациентка со гинеколошко заболување – вадење на матка и лимфни жлезди.

“Ме радува фактот што е ова прва ваква презентација во живо во Македонија од оперативна сала, тешка и сложена операција со вадење на лимфните жлезди околу крвните садови. Прво би истакнал дека вакви операции по лапароскопски пат многу малку гинеколози прават во Македонија, а второ, за прв пат во живо е пренесувана оваа сложена и деликатна операција, пред голем аудиториум на стручњаци од оваа област. Да имате храброст и би рекол дрскост да ја презентирате оваа технологија пред компетентни лица кои ја разбираат оваа проблематика, значи дека добро ја владеете оваа техника и имате вештина и знаење за нејзино изведување. Сакаме нашето знаење и искуство да го пренесеме и на сите останати колеги кои се заинтересирани за оваа проблематика, нонкстовремено и да ги увериме и запознаеме сите останати колеги дека болницата Плодност стана референтен центар за т.н. Напредната лапароскопска хирургија Во иднина се надевам ова ќе ни стане пракса во живо да пренесуваме операции на други симпозиуми,секции и конгреси”, вели д-р Христијан Трпчевски експерт во областа на ендоскопската микроинвазивна хирургија.