дома блог страница 790

Економска, политичка и социјална рамноправност секогаш, а не само денеска: Среќен 8-ми Март на сите припаднички од понежниот пол

8ми март е денот кога се одбележува борбата на жената за економска, политичка и социјална рамноправност. На овој ден треба да се поклонеме на нејзиното височество жената, да се потрудиме да изнудиме насмевка, да изненадиме и со многу љубов да им ја доловиме целата почит на овој свет, која ја заслужуваат.

Светот денеска повеќе од 10 декади го одбележува Осми Март – Меѓународниот ден на жената. Овој ден започнал за првпат да се одбележува од 28 февруари 1909 година во САД, со декларација донесена од страна на американската Социјалистичка партија. Една година подоцна во Копенхаген се одржала првата меѓународна женска конференција, а на предлог на германската социјалистка Клара Цеткин бил востановен Меѓународниот ден на жената.

Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржале мировни собири. Демонстрации на работничките се оддржувале речиси во сите поголеми европски градови секоја година до 1915 година, а главно барање на тие маршеви било еворпските земји конечно да воведат универзално право на глас.

Обединетите нации(ОН) овој празник официјално започнале да го одбележуваат во 1975 година.

Денеска подарете со љубов и почит на најголемиот борец, жената. Но знајте дека ова не е единствениот ден во годината за кој е потребно внимание. Секој ден е посебен да се изнуди насмевка на женското лице, 8ми март е денот што треба да ве потсети на тоа.

Честитки: “МАТАДОР” е веќе фирма со респект од светските гиганти (ФОТО)

Liqui Moly Македонија, како и минатата година, така и оваа, на дилерска средба ги претстави резулатите од работа на компанијата како независен дистрибутер за продуктите на германскиот производител.

За завршница на настанот им беа доделени плакети на најдобрите дистрибутери на Liqui Moly Македонија, а признанието за најдобар партнер, како и минатата година, повторно го освои компанијата “Матадор” oд Прилеп.

Позната по производство на врвни лубриканти, компанијата Liqi Moly чие седиште е во Улм, Германија, со своите производи е присутна во дури 150 земји ширум светот и е синоним за квалитет, не само за лубриканти, туку и за сите други производи од нивниот асортиман.

Прилепската болница се пофали со нови апарати за анестезија (ФОТО)

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност продолжува со континуираните активности за набавка на нова апаратура за болничките одделенија. За потребите на одделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување набавени се Абиоскоп и Перфузор – информираат од прилепската болница.

Абиоскопот, односно PSP (Pancreatic stone protection), е фактички биомаркер за рана детекција на сепса. Со овој најсовремен апарат од фирмата ABIONIC се укажува на можна појава на сепса 72 часа пред нејзиното настанување со што се овозможува предвремено детектирање и делување.

Исто така за ова оделение набавен е и Перфузор, со кој се овозможува континирана покриеност на пациентите со 24 часовна терапија, вели Татјана Гнип Катароска, главна сестра на службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Во наредниот период ЈЗУ Општа болница со проширена дејност ќе продолжи со набавката на најсовремена апаратура за подобрување на опременоста на наште болнички оддели а се со цел поквалитетна услуга за нашите пациенти и подобри услови и опрема за нашиот медицински кадар.

Со срце и душа! Трајче Каралиоски го објави својот најнов музички проект посветен на војводата Методиј Патчев (ВИДЕО)

Oнака како што доликува за човек кој долги години е на музичката сцена и ја негува македонската народна песна. Трајче Каралиоски објави видео спот за својот најнов музички проект во чест на војводата Методиј Патчев.

Текстот за песната е напишан и адаптиран од Каралиоски и тоа според народни кажувања и историски факти, а за одличниот аранжман се погрижи Мендо Ташкоски.

Вокалот на Каралиоски е придружуван од кларинетот на Димитар Настески и хармониката на Ташкоски, додека за продукцијата се погрижи Марјан Беџоски. И за крај, за целиот овој проект да изледа комплетно, свој труд преку добра монтажа вложи Никола Димески.

Уживајте во продолжение:

Потписите ги собраа во рекорден рок, а првиот митинг го закажаа за Прилеп: Бојан и Марјан го почнуваат својот урнебесен предизборен караван!

Без притисоци и списоци, без телфонски повици и без сендвичи и комбиња…. Ова се двајцата кандидати кои во рекорден број ги собраа потребните потписи и влегуваат во изборната кампања. А како што е ред, политичката битка ќе ја започнат од Прилеп, градот каде се кршат копјата и кој одлучува за победникот на секои избори.

Бојан Велевски и Марјан Георгиевски го започнуваат својот предизборен караван од градот под Марковите Кули со урнебесна стенд ап претстава во која ќе уживаат сите. Друштво ќе им прави Игор Стојанов а.к.а Баркли, а двајцата кандидати ќе ги претстават програмите на партиите “Ќе биди” и “Ќе средиме”.

Митинзите, како што ги нарекоа, се во сите поголеми градови низ државата, а темата на шоуто е предизборната кампања, македонското општество и менталитет и политичка култура.

Текстот “МОЖЕВМЕ (мало сутра) е на маестрото за политички хумор Божидар Божиновски, кој се покажа како добитна комбинација на минатата турнеја со Бојан Велевски.

Премиерата е закажана за 13. март во Центарот за култура “Марко Цепенков”, со почеток од 19часот, а картите традиционално се во продажба во “АРТ Kафе Апореа” по 400 ден. До овој момент половина од салата е распродадена. Па затоа побрзајте и час поскоро приклучете се на овој предизборен караван, затоа што ова е единствениот митиг на кој нема со сила да ракоплескате!

Влезот е без пасош, по моделот еден плус тројца неопределени!

Eдните краделе во РЕК Битола, а друг во магацин од фирма: Фатени тројца арамии од Битола

Извадоци од полицискиот билтен на МВР

-На 06.03.2024 во 21.45 чaсот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола ги лишиле од слобода А.М.(40) и И.К.(55), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека истиот ден извршиле „тешка кражба“, при што од рудникот Брод – Гнеотино на РЕК Битола одзеле повеќе предмети. При преглед на патничко возило „нисан”, во кое се превезувале, биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

-На 06.03.2024 во 15.50 часот на ул.„Индустриска” во Битола, полициски службенци од СВР Битола го лишиле од слобода Е.А.(33) од Битола. Тој бил затекнат во магацин на приватна фирма при извршување „тешка кражба“, при што кај него биле пронајдени повеќе одземени предмети. Одземеното било вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против Е.А. ќе следува соодветна пријава.

Во месецот на жената ГРАТИС патничко осигурување и 20% ПОПУСТ на домаќинско и приватно здравствено осигурување во СН

Во месецот на жената ГРАТИС патничко осигурување и 20% ПОПУСТ на домаќинско и приватно здравствено осигурување

СН Осигурителен Брокер во рамките на промотивната кампања по повод месецот на жената овозможува гратис патничко осигурување и по 20 отсто попуст за домаќинско и за доброволно приватно здравствено осигурување.

„Жената е стожерот на семејството и домот и затоа преку специјален попуст ѝ овозможуваме на најдобар начин да ги заштити со полиса за домаќинско осигурување. Секоја жена заслужува да биде силна и здрава и затоа под најповолни услови ѝ овозможуваме да обезбеди најдобра грижа за своето здравје.“ – порачуваат од СН Осигурителен Брокер АД Битола.

20 % попуст на приватно здравствено осигурување

Попустот од 20% важи за секоја нова полиса за доброволно приватно здравствено осигурување купена до крајот на месец март.

Пакетот овозможува користење на здравствени услуги во сите приватни здравствени установи, при што се опфатени:

– Специјалистички прегледи

– Основни дијагностички мерења и снимања

– Лабораториски анализи и испитувања

– Амбулантски интервенции

– Амбулантска рехабилитација

– Комплексни дијагностички постапки

– Трошоци за лекови

– Дневна болница и дневна хирургија

– Дел од операции

– Дел од стоматолошки интервенции

-Состојби на бременост и породување

Пакетот предвидува можност за вклучување на ризикот бременост и породување со доплаток од 100% на основната премија и вклучување на член на семејство (сопружник, дете) со истото покритие. Вклучениот ризик бременост и породување е со лимит од 1.500 ЕУР како пакет за специјалистички и болнички услуги со фиксна франшиза од 30%.

Приватното здравствено осигурување нуди бројни предности:

-Пократко време на чекање

-Побрзо до дијагноза

-Подобра опрема

-Подобра услуга

Подетални информации за оваа промотивна понуда може да се добијат на веб страната http://www.snbroker.mk и на телефонските броеви 15 770 и 075 807 225.

Со СН Осигурителен Брокер обезбедете врвна грижа за вашето здравје!

20 % попуст на домаќинско осигурување

Во мeсецот на жената за сите припаднички на понежниот пол СН Осигурителен Брокер овозможува и 20% ПОПУСТ на домаќинско осигурување.

Заштити ги домот и семејството! Избери полиса за домаќинско осигурување од СН Осигурителен Брокер АД Битола, која го штити твојот дом од земјотрес, поплава, пожар, кражба и други ризици, нудејќи истовремено и осигурување за членовите на семејството.

Акцијата трае до крајот на месец март.

Подетални информации за оваа промотивна понуда може да се добијат на веб страната www.snbroker.mk и на телефонските броеви 15 770 и 075 284 653.

ГРАТИС ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

За сите припаднички на понежниот пол, со секоја комплетна регистрација на возило во СН Мото Центар Скопје и во СН Сообраќаен центар Битола следува ГРАТИС ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ.

Акцијата трае до крајот на месец март.

СН Мото Центар Скопје

📌 Ул.Калош Дани број 22, Момин Поток, Карпош, Скопје

📞 071/76-77-76 📞 076 666 607  📞15 771

🌐 www.snmotocentar.mk

СН Сообраќаен Центар Битола Михаил Апостолски Дончо 7

Новачки пат, Битола

047 553 683

www.sncentar.mk

За ЕПП не постои „Северна“: Мицкоски на Конгресот во Букурешт најавен како лидер од Македонија (ВИДЕО)

На Конгресот на ЕПП што се одржува овие два дена во Букурешт, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше најавен како претседател на опозицијата во Македонија! Зборот Северна на овој Конгрес не постои!

„ЗИМСКА ПРИКАЗНА“ ИЗБРАНА ЗА НАЈДОБАР ФЕСТИВАЛ ВО МАКЕДОНИЈА

„ЗИМСКА ПРИКАЗНА 2023“ во организација на Општина Битола е избрана за најдобар фестивал на вториот БЕАМ Фестивал на најдобри настани во државата. Наградата им беше врачена на градоначалникот Тони Коњановски и секретарот Борче Димитровски, кои на синоќешната свеченост изразија голема благодарност до сите вклучени субјекти во организација на оваа десетдневна предновогодишна културно-туристичка атракција, започнувајќи од претставниците на општинската администрација, Локалниот економско социјален совет, Занаетчиската комора и претставниците на Старата битолска чаршија, како и големата поддршка од бизнис секторот. Голема заслуга за успешната организација и реализација на оваа манифестација која се реализираше по трет пат во Битола, имаат и сите учесници на настаните, претставниците на основните и средните училишта, детските градинки, како и музичарите, актерите и другите изведувачи вклучени во програмските активности.

Манифестацијата е единствена затоа што истовремено, културно, заживува повеќе локации, со различен вид културни содржини за сите генерации. Истовремено, го покажува квалитетот на културните случувања и големиот потенцијал на домашаните изведувачи, како и бенефитот за граѓаните, преку соработка помеѓу сите вклучени субјекти во општественото живеење, а бизнис секторот, самоницијативно ја покажува својата општествена одговорност.

Овие карактеристики, беа соодветно препознати, евалуирани и наградени од страна на жири комисијата на БЕАМ фестивалот, со што Општина Битола и „Зимска приказна“, добија заслужено признание.

БЕАМ (Best of Еvent Аwards Macedonia) е професионална награда која се доделува на компании, агенции и институции за најдобрите и најквалитетните настани за изминатата година. За наградите одлучува стручно жири составено од истакнати професионалци од креативни, маркетинг, ПР и ивент агенции, продукциски куќи и компании од Македонија. БЕАМ е фестивал кој има за цел да им оддаде признание на креативните идеи и настани, но и да се потенцира и поттикне важноста на настаните во маркетинг плановите на клиентите и компаниите. БЕАМ ја слави креативноста, уникатноста, иновативноста и вредната и напорна работа на сите актери во индустријата за организација на настани.

Организатор на БЕАМ е Асоцијацијата на ивент индустрија ИВАП Скопје.

Падна шефот во „Македонски шуми“ – тарифата му била 200 евра за камион дрва

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Т.М.(58) од село Дрвош, општина Босилово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „проневера во службата“.

На 03.03.2024 на место викано „Боровите“, атар на село Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица затекнале две товарни возила „застава“ со струмички регистарски ознаки, во кои биле превезувани огревни дрва. Извршен бил увид и во координација со Шумска полиција Струмица било утврдено дека дрвата се нежигосани и без соодветна документација, по што со возилата биле одземени.

Во службен разговор во полициска станица, лицата кои ги управувале возила изјавиле дека огревните дрва ги имаат набрано со знаење и усно одобрение на пријавениот Т.М. – вработен како референт за дотур и сеча вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“ – подружница Беласица Струмица, за што требале да му дадат паричен надомест од 12.000 денари за секое натоварено товарно возило.

Исто така на 03.03.2024, пријавениот во име на друго службено лице вработено во јавното претпријатие извршил пополнување на дозвола за сеча и дотур на огревни дрва за две лица од струмичко. За овие дотури на огревни дрва, по извршената продажба, двете лица на Т.М.требале да му дадат по 12.000,оо денари за секое натоварено товарно возило. При увид во дворните места на лицата во село Куклиш и во село Банско, биле пронајдени огревни дрва, од кои поголем дел биле нежигосани. Дрвата и возилото, со кое бил вршен транспортот, биле одземени.

Со ваквите дејствија, пријавениот предизвикал штета на Јавно претпријатие „Национални шуми“ – подружница „Беласица“ Струмица во висина од 186.200 денари. Тој бил лишен од слобода и изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.