дома блог страница 788

Жените избраа: Ова според нив е најдобриот автомобил за 2024 год! Дали се согласувате?!

Новинарки од 52 земји кои работат автомобилизам го избраа светскиот автомобил на годината за 2024 година.

На овој избор, кој симболично беше објавен на 8 март, учествуваа 75 новинарки, а наградата за најдобар автомобил отиде кај Kia EV9.

Ова е првпат да победи целосно електрично возило, а пред оваа главна награда беа објавени и победниците во различни категории:

Автомобил подолг од 4,6 m: BMW Серија 5
Автомобил до 4,6 m: Volvo EX30
SUV: Kia EV9
4×4 и пикап: Volkswagen Amarok
Луксузен автомобил: Aston Martin DB12

„Изборот беше особено тежок оваа година. Секој од финалистите заслужено победи, но Kia EV9 ја симна предноста поради неговата способност да допре до возачите во најголемиот дел од светот, рече извршната претседателка Марта Гарсија.

При изборот беше земено предвид и дека автомобилот мора да биде нова генерација (не редизајн) и дека мора да се продава на најмалку два континента. Минатата година победник беше Kia Niro, во 2022 Peugeot 308, а во 2021 Land Rover Defender.

ПОДГОТВЕТЕСЕ ЗА НЕВРЕМЕ, НИ ДОАЃА ВЛАЖЕН БРАН: Утре и задутре пообилни врнежи со локално невреме и силен ветер

Под влијание на циклонска активност утре попладне, во текот на ноќта и во вторник времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен и пороен дожд, над 20 литри на метар квадратен, проследени со силен ветер, над 70 километри на час и појава на грмежи.

Во Скопје утре попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер и појава на грмежи.

Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд со слаб интензитет.

Го снимил моментот на камера: Гром удира во авион со 400 патници (ВИДЕО)

Видео снимка на еден Канаѓанец го прикажува моментот кога Боинг 777 беше погоден од гром веднаш по полетувањето.

Според Националната метеоролошка служба, повеќето авиони се удирани од гром најмалку еднаш годишно. Сепак, ваков инцидент ретко се фаќа на видео, пишува Business Insider.

Итан Вест изјави за CBC News дека гледал авиони на меѓународниот аеродром во Ванкувер во неделата кога видел еден од неговите омилени авиони: Боинг 777-300ER.

Набргу откако почнал да го снима авионот на Ер Канада како полетува, леталото било погодено од гром.

Портпаролот на Air Canada потврди за CBC News дека авионот што полетал од Ванкувер бил погоден од гром во неделата.

Авионите за кои постои сомневање дека се погодени од гром мора да бидат подложени на задолжителна проверка, што може да доведе до доцнење на летовите.

Трипуновски на средби со земјоделците од битолско: Земјоделците се револтирани и демотивирани, затоа и приносите се помали (ФОТО)

Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство вчера беше во работна посета на општина Битола.

При посетата остварени се повеќе средби со земјоделци од с. Велушина и с. Кравари каде што се разговараа актуелните состојби и проблемите со кои се соочуваат изминатиов период.

-Во 2016 година во Македонија под пченица биле некаде околу 80.000 ха, а во 2022 година површините паѓаат на 70.000 ха, што значи 10.000 ха помалку. Во 2016 година како држава сме произвеле 306.000 тони пченица, а во 2022 година некаде околу 224.000 тони пченица, што значи дека и површината се намалува и произведената пченица. Ова се официјални податоци од извештаите на државниот завод за статистика и годишните извештаи на министерството, изјави Трипуновски.

Како главна причина за оваа состојба Трипуновски ја наведе ланската ситуација кога за потребните на стоковите резерви наместо да се откупи домашната пченица, државата увезе пченица по далеку повисоки цени, а македонската домашна пченица остана не откупена.

-Ова предизвикува револт и демотивација на македонските земјоделци и затоа се повеќе земјоделци го напуштаат полето и земјоделството како примарна дејност, рече тој.

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Витолишта, од село Штавица кон село Бoнче

Поради одрон на камења во целосен прекин е сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Витолишта, на потегот од селото Штавица кон селото Бунче.

Од АМСМ соопштија дека сообраќајот е во прекин од 17:10 часот.

20 години традиција и илјадници задоволни муштерии: “Ана Марија Фуд”, тимот кој од прилепчани направи вистински гурмани (Фото галерија)

Живееме во време кога како никогаш досега сме преокупирани со работни овбрски, со брзање да стигнеме секаде, да обезбедиме денар повеќе и подобар живот за себе и своето семејство. Па не е ни случајно што во една ваква трка со времето, многу често се случува готвењето да го ставиме во втор план.

Ако ги прашате прилепчани пак, тие ќе ви речат дека одамна заборавиле што е тоа готвење, а зошто е тоа така? Епа Прилеп си ја има “Ана Марија”, кетеринг кој секојдневно се грижи за илјадници трпези со највкусни јадења. И сега многумина ќе речат: “Па тоа не е причина да не се готви дома”. Не е причина, но ако ги погледнете нивните цени, а потоа и вашата сметка за потрошена електрична енергија, и тоа како ќе ви стане јасно за што зборуваме.

20 години традиција се нешто со кое ретко кој може да се пофали, а притоа ниту еднаш да не ги разочара оние кои им ја даваат довербата. Сите кои се увериле во квалитетот на храната, услугата, љубезноста, виското ниво на хигиена и уредност секогаш повторно се враќаат.

Менито е секојдневно богато, има од се’ по нешто, па дури и најпребирливите ќе најдат храна која им одговара. За да нема кавги подома од типот “Што ќе јадеме утре?”, тимот на “Ана Марија” навремено ги известува своите потрошувачи за утрешното мени.

Неодамна во нивниот синџир за храна се приклучи и “Ана Марија” ресторанот за брза храна, лоциран веднаш до кетерингот и место каде прилепчани уживаат во најдобрите хамбургери и гиро во градот. Ако сте вљубеници во овој вид на храна, наш совет е секогаш навремено да порачате на телефонскиот број: 072/267-000, затоа што редот на порачки често е долг.

И за понудата на храна да биде комплетна, сопствениците отворија уште и пица ресторан, кој пак се наоѓа веднаш до средното училиште “Орде Чопела”.

Готвена храна со многу љубов, вкус и мирис за уживање, хамбургери какви нема никаде во Прилеп и пици по најниски цени во градот. Сето ова само во “Ана Марија”, а како успеваат да постигнат се’? Eпа затоа се мајстори на својот занает во кој никој не им е рамен.

А за малку ќе заборавевме. Тимот на “Ана Марија” ви стои на располагање за сите помали и поголеми свечености. Нудат кетеринг прилагоден по вашиот вкус, со кој вашите прослави ќе добијат поинаков шмек.

Бидете и вие дел од илјадниците кои својата својата доверба им ја дале на најдобрите. Веќе од понеделник, стартувајте ја работната недела со нешто вкусно и неодоливо.

Побарајте ги на телефонските броеви: Пица ресторан – 073/444-433
Фаст фуд: 072/267-000
Готвени јадења: 075/234-190
Тимот на “Ана Марија” ве очекува!

Фатен бегалец од прилепскиот затвор – Се барал да одлежи над 9 години затворска казна

Денеска (09.03.2024) во 11.15 часот, по наредба за распишана потерница од Казнено поправната установа Затвор-Прилеп, од страна на полициски службеници од СВР Битола на ул. „Мирче Ацев“ во Битола е лишен од слобода Н.Н.(24) од Битола, кој бил баран за издржување на вкупна казна затвор во траење од 9 години и 3 месеци, од кои што издржал 2 години и 5 месеци, за тешки кражби и разбојништва – информираат од СВР Битола.

Историско достигнување на Македонски Железници! Возот до Велес наместо 20 ќе почне да вози со 50км на час

Наместо со 20 километри на час, која беше максималната дозволена брзина на движење на возовите на пругата Велес-Скопје, отсега возовите на оваа делница ќе сообраќаат со „неверојатни“ 50 километри на час, бидејќи, како што соопшти МЖ Инфраструктура, завршена е санацијата на пругата.

„Сектор ЗОП Скопје во изминатиот период работеше на замена на дрвени колосечни прагови и шини на делот меѓу станиците Рајко Жинзифов и Велес. Замената е завршена и брзината од 20 км/час е зголемена на 50 км/час“, соопштија од МЖ Инфраструктура.

Исто така, во изминатиот период се работело на замена на дрвени прагови во станицата Кадина Река на втор колосек, кој досега беше затворен за сообраќај.

Колосекот е пуштен за сообраќај, со што се овозможува вкрстување на возови и зголемување на протокот на железничкиот сообраќај

ГЕСТ ЗА ПОЧИТ! Човек не треба да заборави кој го донел на прав пат, ниту кога е градоначалник (ФОТО) –

Секој човек остава трага во нашиот живот. Но, некои луѓе не само што оставаат трага, туку ни се водилка, затоа што дале бројни совети и цели генерации насочувале и подготвувале за идните фази во животот – напиша на ФБ штипскиот градоначалник Иван Јорданов, кој вчера на 8-ми Март со мало внимание ја посети својата класна раководителка.

-Денешниот ден го посветив на жената која на многу генерации помогна да го изберат вистинскиот правец, од аспект на морални и хумани вредности, да ги изберат позитивни човечки особини и со работа да го слават успехот. Среќен празник на мојата класна наставничка, Грозданка Мешинкова! Среќен празник на сите жени, кои оставаат белег со своето постоење – напиша Јорданов, а за гестот доби илјадници пофалби од граѓани од цела Македонија.

Прилепската фаланга пред портите на Куманово: Ќе успее ли РК Прилеп да триумфира на тешкото гостување?

Ракометарите на РК Прилеп денеска со почеток од 17часот, го играат петтиот натпревар од плеј-аут разигрувањето на ракометната Супер лига.

Избраниците на тренерот Боби Мојсов се наоѓаат пред првиот посериозен предизвик, а тоа е гостувањето во Куманово, каде на прилепчани ќе им бидат потребни бодови за останување на првото место на плеј-аут табелата, а со тоа борба до крајот за сигурен опстанок во лигата.

Освен службено добиениот триумф против дисквалификуваниот РК Аеродром, прилепчани досега беа сигурни и против Мулти Есенс, Голден Арт и Скопје, но до крајот има уште 9 натпревари.

Куманово од друга страна триумфираше над Вардар Неготино, Скопје и Голден Арт, а забележа пораз од втората екипа на Еурофарм Пелистер.

Останува да видиме како и дали капитенот на РК Прилеп, Филип Велески, ќе успее да ги мотивира момците, за нови бодови на тешкото гостување.