дома блог страница 787

EKСКЛУЗИВНО! Маркукуле прв дознава! Еве кога ќе се одржи овогодинешниот PRILEP BEER WEEKEND

Maркукуле прв дознава кога ќе се одржи овогодинешното 21. издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Prilep Beer Weekend 2024”.

Фестивалот секоја година се одржуваше во средината на јули, веднаш по Петровденските пости, но од минатата година форматот е променет. Наместо “Пиво Фест”, фестивалот сега носи име Prilep Beer Weekend, а оваа година ќе се одржи од 9 до 11 август.

Засега нема информации околу програмата и кои познати ѕвезди ќе настапат на фестивалската сцена во Прилеп.

На влезот во Прилеп се наоѓа најмераклиското место: Еве зошто ресторан “Beer ti & ja” стана главна дестинација за сите гурмани и боеми (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

На самиот влез во Прилеп од страната за Скопје, во непосредна близина на бензиската пумпа “Макпетрол”, се наоѓа најмераклиското место во градот под Марковите Кули.

Во само два месеци од своето отварање, ресторанот “Beer ti & ja” стана главна дестинација за сите прилепски боеми и вљубеници во добра храна и амбиент.

А зошто е тоа така?! Епа газдите на овој ресторан решија на своите сограѓани и сите гости во Прилеп, да им понудат нешто посебно, нешто направено со многу љубов, со многу труд, квалитетна услуга каква ретко каде има, и секако одлична и првокласна храна.

Многумина им рекле: “Абе вие со вака убаво месо и специјалитети нема многу да спечалите. Ќе се отепате од работа, а ќарот ќе ви биде мал”. За среќа не секој верува во квантитет, има и такви кои веруваат во квалитет и задоволни муштерии, а таа проценка на газда Бале Кочоски и тоа како му се исплати. Гостите доаѓаат, добиваат гостење за мерак, си заминуваат задоволни и повторно се враќаат назад. Тоа е вистински еснфалук кој заслужува секаква пофалба.

Ресторанот располага со простор за 40-50 гости и одлично место за раат дружба со вашите најблиски, семејство, пријатели. Внатре се’ е ново и модерно, убави маси, столици, со еден збор грее.

Го имаат едно од најбогатите менија за умот да ви зајде. Разно-разни предјадења и вкусна прилепска скара, специјалитети од месо, богата винска карта и богат избор на пијалоци. Секоја им чест како успеваат се’ да приготват навреме, се’ да им биде пресно во секое време и секако сето тоа убаво да изгледа во тајнир.

А за малку ќе заборавевме да спомнеме дека тука ја има и највкусната чорба во градот. Дека и тоа е така, епа ќе мора да навратите до пладне и да видите и самите колку само “чорбаџии” се собрани тука и на колку маси по прилепски кажано “тропа лајца”.

За пофалба е и тоа што веднаш од спротива на ресторанот има широк паркинг простор, па не мора да се грижите каде ќе го оставите вашиот автомобил и дали истиот ќе пречи некому.

За крај само и тоа дека цените се прифатливи за сечиј џеб, а тоа ќе го забележите во мени понудата на ресторанот.

Затоа не чекајте, право “Beer ti & ja” и поминете прекрасно време со вашето семејство, или вашите најблиски.

НА ЗДРАВЈЕ!

Во продолжение уживајте во оваа фотогалерија, каде се прикажани само дел од сите вкусни специјалитети:

Историја во НБА: Ќе бидат првите татко и син кои играле заедно за ист клуб

Брони Џејмс, синот на Леброн Џејмс, и официјално е нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс.

Она што се шпекулираше во последните денови, на вториот дел од НБА драфтот беше потврдено – Брони Џејмс, како 55-ти пик беше избран од клубот каде што настапува неговиот татко. Историјата е испишана, затоа што за првпат ќе видиме татко и син во ист НБА тим во исто време.

Како што рече Боб Мајерс, поранешен генерален директор на Голден Стејт Вориорс, Рич Пол, агентот на Леброн и Брони Џејмс, им се заканувал на тимовите дека Брони ќе игра во Австралија доколку го избере друг тим освен Лос Анџелес Лејкерс.

Никој не го зеде Брони, кој пред овој драфт беше рангиран како 72. потенцијал во оваа класа, а потсетуваме дека има 60 пикови на НБА драфтот.

Димитриевски: ЗНАМ во владата ќе биде гарантот дека во државата нема да се случуваат нешта како порано

Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово и лидер на на Движење ЗНАМ – За наша Македонија беше гостин во емисијата Дејли клик на ТВ 21.

Запрашан зошто останал градоначалник, а не прифатил министерско место, особено министер за одбрана, Димитриевски одговори:

„Мислам дека јавноста ги меша, особено новинарската фела, тие работи во тоа дека јас сум претендирал на тоа министерство. Тоа е всушност, некој заклучил дека своевремено ја водев Комисијата за одбрана и безбедност во 2016 година во парламентот, па го врзал со минситерското место. Факт е дека ја уважувам и почитувам армијата и полицијата до максимум. Но, во овој случај јас како кандидат се борев за првата функција во државата, тоа е претседател на државата. Иако добив огромна поддршка од граѓаните како кандидат на една нова политичка партија, сепак актуелната претседателка Силјановска има огромен легитимитет, бидејќи убедливо победи на овие избори и јас ја почитувам одлуката на граѓаните со тие освоени 86 илјади гласови. Аплицирав или излегов да се борам за тоа место. Моето место е, барем морално и етички да си ја завршам својата обврска пред кумановчани до крај на мандатот. Што се однесува до власта никогаш не сум се борел во политиката од аспект на желба за добивање на позиција, туку за добивање на можност да се покаже резултат. Јас добив доверба од кумановчани, во целост ќе ја оправдам таа доверба со реализација на ветеното пред две ипол години. Има уште една и пол година од мандатот. А потоа ќе видиме какви ќе бидат трендовите“.

Што ќе добие ЗНАМ како дел од извршната власт покрај министерските места и потпреседател на Собранието и претседател на комисијата за
одбрана и безбедност?

Да го прокоментирам еве можеби и прв пат изборниот резултат. Јас освоив три ипол пати повеќе гласови или добив поддршка од три ипол пати повеќе гаѓани во однос на претходните локални избори и тоа е мојот максимален резултат. Претходно околу 26 илјади гласа, сега нешто околу 86 илјади гласа и сум благодарен на секој гласач кој ја дал својата поддршка на мене, а сум благодарен и на оние гласачи што излегле да гласаат. Ќе се обидам во иднина да се стекнам и со нивната доверба. Што се однесува до новата политичка партија ЗНАМ, којашто освои повеќе од 12, па дури и 14 пати гласови отколку што имаше членови.Значи ЗНАМ тргна од нула и имаше околу 56 илјади гласа, партија којашто можеби има три четири месеци искуство партиско, со неформирани општински организации на територија на цела држава и тој резултат за нас како за старт е одличен. Одличен старт. Ќе продолжиме во континуитет првично транспарентно, потоа конструктивно, чесно и достоинствено да работиме во интерес на граѓаните, да ги штитиме интересите, не само на нашите граѓани и гласачи, туку првенствено интересите на Македонија и да се движиме на политичкиот пат во понатамошнито развој“.

Во однос на влезот во владата Димитриевски нагласи дека првенствено се разговарало за изнаоѓање на решение на политичките разлики во дел на
идеолошките определби. Тој рече дека упатиле свои барања и усогласиле протокол за влада со ВМРО ДПМНЕ со основните принципи коишто ги најавиле во делот на предизборниот период.

„Никакво учество на ДУИ во власта, до негова целосна реформа, внатреша реформа како политички субјект. Дополнително гласање на уставните
измени и амандаманите и нивна одложена применливост по полноправно членство на Македонија во Европската унија и борба против криминалот и
корупцијата. Дополнително рамномерен и одржлив еконосмки раст и развој и самоодржливост на Македонија. И тоа го гледаме веќе на првиот проект кој беше најавен, во делот на ветропаркот којшто јас лично, а и ЗНАМ, како партија го поддржуваме иако не е наша домашна инвестиција“.

Запрашан што доколку не се успее да се промени преговарачката рамка и како тоа ќе се одрази на уставните измени, Димитриевски рече:

„Други беа околностите до пред овие избори. Други се околностите денеска. Ако забележите и односот на меѓународната заедница е делумно
променет кон актуелната власт. Зошто, затоа што за прв пат вие во долг временски период имате еден историски момент, каде што на маса во иста влада, метафорично кажано од многу ваши колеги, ви седат потомци на комити и потомци на партизани. Што значи првенствено Македонците се многу пообединети. Кога се Македонците обединети во очите на меѓународниот фактор, нештата се случуваат поинаку. Веќе вие немате
огромен простор, како во минатото, некој да ви врши континуиран притисок и од внатре, а и од надвор. Се знае како се врши притисокот од
внатре, преку останатите политички репрезенти, а од надвор директно со една дипломатска кампања. И јас тоа го чувствувам првенствено како лидер на политичка партија којашто е нова, а дополнтелно и како градоначалник на најголемата општина во државата.

Сметам дека ние треба да останеме на нашите ставови коишто беа и во предизборниот период и да продолжиме да работиме да си ги средиме
нештата во сопствената куќа. А евроинтегративниот пат да продолжи во континуитет, со создавање на нови пријателства појаки врски во
меѓународниот фактор, бидејќи на крајот на денот, како што реков, иако ова прашање ќе се решава на релација Скопје-Софија, сепак ќе се решава под посредништво на нашите партнери надвор. Мислам на Македонија не само што и требаат олеснувачи, ние имавме мнгу олеснувачи во многу процеси кадешто многу неславно завршивме како држава и прифативме многу меѓународни договори на наша штета, на нас ни треба квалитетен тим на луѓе коишто ќе ги застапуваат нашите национални и државни интереси на таа маса кадешто истите тие национални и државни интереси претходно взаемно ќе бидт усогласени од страна на владеачкото мнозинство. Затоа многупати велам и барам разбирање од нашите сограѓани Албанци, бидејќи се работи за суштинска измена на уставот која задира во македонското национално ткиво“.

Димитриевски нагласи дека Македонија во моментов покрај членството во ЕУ има неколку национални приоритети.

„И тука сме усогласени ние во владата. Првиот приоритет е да направиме услови да се создаде систем, систем на вредности. Државата да стане
функционална за сите граѓани, а не само за оние во власта. Системот на врски да се искорени. Допполнително да се создаде ниво на
самоодржливост на Македонија. Да се произведе доволно енергија од сопствени ресурси, доволно храна, да се намали увозот на храната, да не
создаваме дефицит по таа основа. Вистинската земја да им се даде за обработка на вистинските земјоделци, да не осатане кај големопоседниците, а вистинскиот земјоделец од година во година ќе преживува и не може да опстане. И на крајот на денот сето тоа да се
систематизира за да се создаде таа самоодржлива држава. Паралелно да имаме владеење на право, во суштинска смисла на зоборот правна држава,
закон и правда еднакво за сите. Да нема основ за самоамнестија или политичка амнестија, како што имаше до сега“.

Тој додаде дека можеби една од основните причини да го побараат ресорот за правда е токму тоа, измените на Кривичниот закон, бидејќи сакаат
директно како политички субјект да дадат придонес во делот на функционалноста на правната држава,како и усогласување на одредени
законодавни решенија.

„Дополнително, измена на ваквите селективни наменски закони коишто се во функција на политичката елита, којашто беше до 2016 година и на оваа којашто веќе се замина. За жал истите коишто ќе одговараат од претходната власт за злоупотреби по член 353 од казнениот закон, по
прв, втор, трет или четврти став, не е битно, значи ќе одговараат со тие минимални предвидени казни. Ние дури предвидуваме, тука и
удвостручување на казните по веќе постечкиот стар закон. Ние ќе предложиме час поскоро во прва фаза да се врати стариот, а доколку е
можно и овој постоечкиот којшто е во процедура во Минустерството за правда да биде отворен пред јавноста, да го даде јавноста своето
мислење и да го внесеме во собраниска процедура“.

Димитриевски нагласи дека со појавувањето на ЗНАМ на политичката сцена, иако со само шест пратеници, граѓаните испратиле јасна порака дека
црно сивиот свет сакаат да го обојат и со поинакви бои.

„Ние сме тука, рече тој, ние сме тие коишто ќе бидеме стожерот на граѓаните и ќе им гарантираме дека никогаш повеќе во државата нема да
се случуваат такви исти работи“.

Може ли Прилеп конечно да се надева на враќање на спортскиот храм – Универзалната сала?

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски денеска се сретна со претседателот на Светската ракометна федерација, Хасан Мустафа, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов и генералниот секретар на Ракометната федерација, Филип Милошевски.

-Разговори за унапредување на македонскиот спорт, инвестиции и визии за иднина, напиша Мицкоски по средбата, која ја оцени за срдечна.

За прилепчани формирањето на новото Министерство за спорт е надеж дека конечно храмот на спортот во Прилеп – Универзалната сала, ќе се стави во владение на општината.

Ова беше еден од напорите на локалните власти, но проблемот заглави во дневно-политичките случувања и препукувања, а ракометниот клуб Прилеп и останатите спортски клубови, своите натпревари се’ уште ги играат во училишни спортски сали.

Прилепска пиварница на 13. јули ви приредува ноќ за паметење со српската ѕвезда Марија Шерифовиќ

Марија Шерифовиќ, ДНК и Тропико бенд ќе пејат на прославата по повод 100-годишнината од формирањето на “Прилепска Пиварница”.

Настанот ќе се случи на 13.07 со почеток од 20часот на плоштадот “Методија Андонов-Ченто”, а од компанијата ги канат сите граѓани да бидат дел од забавата.

-Прилепска Пиварница продолжува со прославата на големиот роденден! На 13 јули на плоштадот во Прилеп не пропуштајте да бидете дел од забавата и да прославите 100 години успешност заедно со нас – стои во соопштението од Прилепска Пиварница.

Неверојатен подвиг за кој долго ќе се зборува: Филип, Влатко и Христијан од Прилеп возеа на велосипеди од Цирих до Прилеп – 1.800км за 2 недели!

Тројца членови на велосипедското здружение “Маркови точакџии” од Прилеп, направија подвиг кој долго ќе се памети и за кој долго ќе се зборува и раскажува.

Филип Илиоски, Влатко Крстески и Христијан Мојсоски, се тројцата дечки кои на велосипед поминаа 1.800 километри во две недели и ја реализираа Tour de Suisse.

Нивната тура започна од езерото во Цирих и по 14 дена на две тркала пристигнаа во Прилеп.

На патот до својот подвиг поминаа низ 7 држави и низ секакви временски услови.

Денеска тие имаа прием и кај градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој им честиташе на подвигот и порача дека тие се вистински амбасадори на Прилеп и Македонија.

-Филип, Влатко и Христијан се вистински прилепски амбасадори кои поминаа повеќе од 1.800 километри на велосипед и така успешно ја реализираа Tour de Suisse 2024! Како градоначалник, денес, имав чест тие да бидат мои гости и исто така имавме прилика да поразговараме за нивниот прекрасен подвиг, за нивните авантури низ 6-те држави кои ги помимаа и својата мисија која успешно ја завршија во Прилеп, Македонија. Локалната самоуправа на Општина Прилеп секогаш ќе дава безрезервна поддршка на ваквите подвизи бидејќи покрај промоцијата на спортот и здравите навики, се промовира и нашиот град и нашата држава – напиша Јовчески на ФБ.

Мини депонија во типската населба: Жителите револтирани, велат дека од ѓубрето излегла и змија (ФОТО)

Жители од улицата “Јоска Јорданоски” со денови апелираат до нас за чистење на депонијата на нивната улица, која е направена од несовесни граѓани.

“Веќе една недела ѓубрето стои, а надлежните од Комуналец, иако пријавивме не го собираат. Забележавме и влекач како излегува од сметот”, вели наш сограѓанин од оваа улица.

Маркукуле како сервис на граѓаните е тука да апелира до надлежните да ги обавуваат своите обврски кон граѓаните. За жал и во 21 век имаме несовесни поединци во нашиот град кои сопствениот отпад го оставаат каде ќе најдат, без притоа да водат грижа за животната средина, како и здравјето на своите соседи, роднини, деца….

Утре седница за нов претседател на Советот на општина Прилеп

Советниците при Советот на општина Прилеп, утре (петок) 28.06.2024, со почеток од 12 часот, ќе ја одржат 44-та седница, а на дневен ред е изборот на нов претседател на Советот, како и пополнување на испразнетите советнички места.

Советниците ќе дискутираат и одлучуваат и по следниве други прашања:

1. Предлог-Решение за верификација на мандат на член на Совет на Општина Прилеп.
2. Предлог-Решение за верификација на мандат на член на Совет на Општина Прилеп.
3. Предлог-Решение за избор на Кандидациона комисија.
4. Предлог-Решение за избор на Претседател на Совет на Општина Прилеп.
5. Предлог-Решение за измена и дополнување на Решението за формирање Комисија за родова еднаквост.
6. Предлог-Решение за измена и дополнување на Решението за формирање Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Прилеп за мандат 2021-2025 година.
7. Предлог-Решение за измена и дополнување на Решението за формирање Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата.
8. Предлог-Решение за измена и дополнување на Решението за избор на Комисија за мандатни прашања, избор и именувања.
9. Предлог-Измени и дополнувања на Буџет на Општина Прилеп, за 2024 година.

Претседавач со Советот на утрешната седница ќе биде советничката од СДСМ Мирјана Крстеска, како најстар советник во овој состав, по именувањето на досегашниот претседател Дејан Проданоски за пратеник во Собранието на Република Македонија.

Прилеп одбројува до големиот музички спектакл! Ќе врие како во кошница на стадионот на Могила – Влезниците се при крај!

Прилеп се подготвува за големиот музички спектакал кој ќе се одржи во петок 12 јули на ден Петровден на стадионот во Паркот на револуцијата!

Најголемата балканска ѕвезда Теа Таировиќ ќе одржи голем концерт и ќе направи ноќ за паметење.

Поголемиот дел од влезниците се веќе распродадени и истите по промотивни цени до недела 30 јуни ќе може да се купат во Тобако Плус, Т.А Бран, Кафе Мун и сите продажни места на Мк тикетс ширум републиката.

Исто така билети можат да се купат и онлајн на www.vleznica.mk.

Интересот за настанот е огромен и се очекуваат посетители од сите делови на Македонија. Бидете и вие дел од едно од најголемите музички случувања годинава!