дома блог страница 786

Владата на првата седница го укина факулетот за медицина на Мерко

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го укина факулетот за медицина на Мерко, образованието ќе биде на највисоко ниво, велат во партиското соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДС и ДУИ даде одобрение за основање на медицински факултет на универзитетот на Мерко во Струга, иако тој не ги исполнува условите за тоа.

Основањето и работата на приватните факултети е регулирана професија, која подлежи по Европска Директива. Давањето на одобрение за работа треба да биде последица на темелни исцрпни анализи, кои не се направени.

Незаконие повеќе нема да биде толерирано.

Образованието мора да се унапреди, и да го добире заслуженото место достигнувајќи ги европските стандарди.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ силно ќе инвестира во образованието.

За тебе. Почнуваме, стои во соопштението на партијата.

Снабдете се пред осминафиналните возбудувања на Европското: Liquor Store Прилеп со специјални попусти на ексклузивните пивски вкусови!

На Европското првенство во фудбал денеска започнуваат осминафиналните дуели, па возбудувањата пред малите екрани се повеќе ќе растат, а атмосферата ќе се вжештува.

За среќа тука е Liquor Store – специјализираната продавница за пијалоци во Прилеп, да ја гаси жедта и со големи намалувања на различните видови пиво да ги разладува навивачите.

Не чекајте ни момент, веднаш упатете се во дуќанот на домот “Спиро Забрчанец” и наполнете ја кошничката со вашиот омилен вкус.

Украден автомобил “опел корса” во Прилеп

На 26.06.2024 во 22:00 часот во ОВР Прилеп, Ј.З. (22) од Прилеп, пријавил дека на улица “Мице Козар” во Прилеп, му било одземено возило марка “опел корса”, кое претходно таму го паркирал.

Се работи на расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

Николоски на средба со Агелер: Договорено зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорката на САД, Н.Е. Ангела Агелер.

На средбата се разговараше за реформските процеси и стратешките приорити на Владата и Министерството за транспорт.

Министерот Николоски ја истакна огромната важност за навремена реализација на капитални проекти, со посебен акцент на регионалното поврзување и интеграција.

Тој изрази уверување дека предвидените проекти од владината програма ќе ги реализира заради забрзан економски раст и развој на инфраструктурата во државата.

На средбата министерот Николоски ја потенцира стратешката определба која е во насока на зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји. САД се наш најзначаен партнер и поддржувач.

На средбата се нагласи и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаење во областа на капитални инвестиции и инфраструктурни решенија.

Двајцата се согласија за зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката.

Прекрасен апартман во Калитеа ве очекува да го поминете вашиот одмор (ВИДЕО)

Апартманот “Илин -Андреа” лоциран во центарот на Калитеа со прекрасен поглед и сите услови за одличен одмор ве очекува да резервирате.

Најубавата плажа на првиот крак од Егејското Море е примамлива за гостите од цела Европа.

Апартманот Илин-Андреа е лоциран во комплексот Tzogalis во Калитеа, во самиот центар, на втората улица од шеталиштето и на само 5 минути пешачење од преубавата градска плажа. Апартманот се состои мал ходник, спална соба со брачен кревет, дневна соба со кујна и уште една софа на пуштање на која што можат да спијат две возрасни лица, купатило и тераса. Има телевизор, клима ( вклучена во цената) и комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење.

Побрзајте и резервирајте!

Контакт телефон: +38970309669

Eве кој ќе ги наследи Проданоски и Кузманоска во советничките клупи на Советот на општина Прилеп

Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа 44-тата седница каде што на дневен ред беше констатирањето за престанок на мандатот на членови во Советот на општина Прилеп, и верификацијата на мандатот на новите членови во Советот на Општина Прилеп како и избор на претседател на Советот на Општина Прилеп.

Со седницата, според протоколот, најпрво заседаваше најстариот член на Советот, Мирјана Крстеска, а потоа со мнозинство гласови за претседател на Советот на Општина Прилеп беше избрана според предлогот од новоформираната кандидациона комисија, советничката на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Ирена Стерјоска Локвенец, која во иднина ќе биде новиот претседател на Советот на Општина Прилеп.

Ваквите промени доаѓаат по резултатите од одржаните парламентарни избори на 8 мај, по кои во новиот парламентарен состав од 4-тата изборна единица од Прилеп, влегоа двајца пратеници, претходни советници, Дејан Проданоски и Билјана Кузманоска од ВМРО ДПМНЕ. Со тоа местото на Кузманоска е заменето со Мирајна Конеска, а местото на Проданоски го зазеде како советник, Влатко Петкоски, од ВМРО ДПМНЕ, чии мандати беа верификувани на денешната седница.

На дневен ред на Седницата на Советот на Општина Прилеп пред советниците беа усвоени и предлог-одлуката за дополнувања на Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година, програма за измена и дополнување на програматa за јавно осветлување за 2024 година, програмата за заштита на животната средина и природата за 2024 година и предлог – одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2024 година.

Инаку Мирјана Крстеска е дипломирана медицинска сестра и е вработена во прилепската болница “Борка Талески”, а Влатко Петкоски е вработен како портпарол на општина Прилеп.

36-годишник од прилепско осомничен дека извршил обљуба врз своите ќерки

На 27.06.2024 во 17.15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Р. (36) од прилепско село, постапувајќи по претходна пријава од малолетничка од прилепско село, која во присуство на социјален работник и нејзината мајка пријави дека во временскиот период од 2021 година до вчера нејзиниот татко А.Р. неколку пати извршил обљуба врз неа и нејзината сестра.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Избран нов претседател на Советот: Двоецот Јовчески-Стерјовска ќе го врати Прилеп на старите патеки!

Неодамна преку нашата Фејсбук фан страна спроведовме анкета, преку која ги прашавме граѓаните, кој треба да биде иден Претседател на Советот на општина Прилеп, со оглед на тоа дека досегашниот Дејан Проданоски беше избран за пратеник во Собранието.

Најчестиот одговор на граѓаните беше Ирена Стерјовска, советничка која веќе втор мандат е водечко лице на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Прилеп.

И токму така се случи. На денешната 44. седница на Советот, мнозинството гласаше токму Стерјовска да седне на претседателското столче, и да работи заедно со градоначалникот Јовчески, за реализација на голем број предвидени проекти.

Стерјовска беше Заменик градоначалник на општината, а нејзината блискост со народот, ораторски способности и способност за менаџирање, веројатно беа пресудни за граѓаните, кои бараа токму таа да го преземе претседателското столче и да раководи со донесувањето на одлуките клучни за развој на градот.

Довербата што и ја довери Јовчески за да го заменува во случај на неможност за извршување на функцијата, уште дотолку беше пресудна и уверува дека заеднички ќе можат да донесат одлуки кои ќе треба да го променат ликот на Прилеп.

Граѓаните веруваат дека двоецот Јовчески-Стерјоска ќе биде одличен линк со новата Влада во Скопје, особено ако се знае дека голем број проекти бараат финансиска поддршка од централната власт.

Битолчанец со “мерцедес” излетал од патот Прилеп-Битола: Едно лице се здоби со тешки повреди

На 27.06.2024 во 05.17 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, пред надвозник за с.Долно Српци, патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(60) од Битола, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Б.М.(55) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола – информираат од МВР.

EKСКЛУЗИВНО! Маркукуле прв дознава! Еве кога ќе се одржи овогодинешниот PRILEP BEER WEEKEND

Maркукуле прв дознава кога ќе се одржи овогодинешното 21. издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Prilep Beer Weekend 2024”.

Фестивалот секоја година се одржуваше во средината на јули, веднаш по Петровденските пости, но од минатата година форматот е променет. Наместо “Пиво Фест”, фестивалот сега носи име Prilep Beer Weekend, а оваа година ќе се одржи од 9 до 11 август.

Засега нема информации околу програмата и кои познати ѕвезди ќе настапат на фестивалската сцена во Прилеп.