Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Црна Гора.
Земјотресот, кој е регистриран во 04:06 часот, ја погодил областа Никшиќ и бил почувствуван се до Сараево, но и до нашата држава во западна Македонија, Скопје и Охрид.
Според првите информации, поголема материјална штета е регистрирана во околината на епицентарот, а штетите се евидентирани и на територијата на Босна и Херцеговина.
Првите страшни снимки од земјотресот може да ги погледнете ТУКА.
Веднаш по земјотресот беа направени проценки за опасност од цунами, но подоцна беше соопштено дека нема опасност.
Земјотресот бил толку силен што бил почувствуван во Белград и Сараево, како и на многу други места низ регионот.
По силниот земјотрес следеа уште најмалку 30 земјотреси од кои најсилниот беше со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.Р.(44) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 17.03.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле полуавтоматска пушка, два пиштоли, ловечка пушка со 30 куршуми и куршуми за пиштол – информираат од СВР Битола.
Нема неубава жена, само ненегувана жена. Затоа постојат козметичките салони и центри за убавина каде соништата стануваат реалност, а секоја жена ја добива насмевката која ја заслужува.
А уште кога за таа насмевка ќе се погрижи некоја млада личност, посветена со целата своја енергија и љубов да донесе среќа, тогаш сликата е комплетна.
Лујза Мијоска е млада девојка од Прилеп, која подолго време работи на свое усовршување за разубавување на припадничките од понежниот пол. Неодамна таа реши целото свое знаење, стекнати дипломи, признанија и сертификати, да ги стави во функција на сите жени и девојки кои сакаат да пленат со својот излед во секоја пригода.
Carelux studio е новиот салон за шминка и депилација во Прилеп, каде оваа млада девојка отсега ќе се погрижи да одговори на сите ваши барања и вашиот изглед да го доближи до перфекција.
Ова катче за Лујза е остварување на сонот, и не само за заработка, туку и можност за исполнување на мисијата да се погрижи што повеќе девојки да изгледаат убаво и да чекорат со многу поголема самодоверба.
Се работи за студио кое изобилува со многу љубов, префинетост и пред се огромна професионалност! Дека тоа е така, ќе ви потврдат голем број муштерики, кои за кратко време се уверија во вредите раце и креативност на младата Мијоска.
“Кога нешто сакате, се вложувате со целата своја енергија. Мојот сон е разубавам што повеќе женски лица, да пренесам позитивна енергија и да вградам што поголема самодоверба во сечие женско срце. Патот до успехот е трнлив и полн со препреки, но верувам дека ќе ја исполнам мојата цел и полека ќе се искачам до самиот врв. Верувам дека можам да ги исполнам желбите на секого и дека мојата посветеност, креативност и подготвеност за работа, при секое излегување од мојот салон ќе биде на обострано задоволство, како мое, така и на моите клиентки”, вели Лујза.
Покрај професионална шминка и депилација, во Carelux Studio можете да искористите и услуга за надградба со свилени трепки, нешто што исто така е во тренд во ова модерно време во кое живееме. Цените се пристапни за сечиј џеб и токму тоа е идејата на оваа млада прилепчанка – секоја жена да може и да си дозволи да изгледа неодоливо.
Следете ги сите новитети, попусти и промоции на Фејсбук и Инстаграм станите на Carelux Studio, термините за март и април се отворени за закажување!
Прилеп како докажана дестинација која ја негува планинската култура, традиционално ќе биде домаќин на ЕХО фестивалот на планински филм, кој ќе се претстави пред прилепската публика со дел од овогодинешната програма.
Организатор на настанот е здружението Форум за Авангардна Креативност – Прилеп со поддршка на INTERLUCAS и CLS equipment. Форумот за Авангардна Креативност оваа година одбележува 25 години од постоењето и со неколку активности преку целата година ќе го промовира јубилејот.
Проекцијата на филмови ќе се одржи на 14ти март (четврток) во Кино Мис Стон, НУЦК „ Марко Цепенков “ – Прилеп со почеток во 19:00 часот.
Програма:
Блок 1, 19:00 часот
Претставување на најновата публикација на ЕХО: „Пат“ на Нејц Заплотник, 15’
„Еголенд“, Игнаси Лопез Фабрегас, Шпанија, 20’
„До планините и назад“, Мајк Квигли, Канада, 47’
ПАУЗА 15мин
Блок 2, 20:45 часот
„Поврзување на летови“, Николас Бриксл, Германија, 19’
„Звучен опсег“, Тими Онил, САД, 15′
„Во замрзнувач: Диретисимата Вокер“, Јаник Боисено, Франција, 27’
„АлтаВиа 4000“, Лука Матасони и Марко Тоноли, Италија, 37’
Влезот е слободен.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.А.(19) и А.А.(21), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на дрва“.
На 27.07.2023 во атар на с.Крстец, прилепско, полициски службеници ги затекнале пријавените при бесправна сеча на дрва во шума со која стопанисува Јавното претпријатие „Национални шуми“ – информираат од СВР Битола.
Холивудската актерка Глен Клоуз го избра филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во промотивно видео пред оскаровската церемонија, во кое на филмски уметници им се поставува прашањето кој филм ги инспирирал да посакаат да патуваат во некоја земја.
Хуманоста ја отсликува големината на човекот и затоа децата треба да се учат на хуманост, човечност и емпатија.
Во чест на претстојните празници Рамазан Бајрам и Велигден, Младинската организација при СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко” организира хуманитарен футсал турнир под мотото ,,Ричковци спортуваат и празнично даруваат”.
Во 09.30 часот од страна на РЦУК Прилеп е известено за случена сообраќајна незгода во близина на с. Вашарејца – Битола. Превртена е цистерна со плин.
Известени се ТППЕ Битола којашто прати 4 пожарникари со 1 ПП возило, а МВР Битола се веќе на терен.
Возачот на камионот е лесно повреден и е пренесен во клиничката болница во Битола од страна на Итна медицинска помош.
За подигање на цистерната се чека механизација.
Инаку во полиција пријавата е евидентирана утринава во 06:45 часот, а било пријавено излетување на цистерна на патот А3, и дека нема штети и нема излевање на плинот, вела од МВР.
Учениците од СОУ “Орде Чопела” од Прилеп: Андреа Гагалеска, Емилијано Стојаноски, Нина Доклеска, Андреј Ѓорѓиоски и Теодора Ангелеска (како членови на тимот „GREEN AIR“), а под менторство на професорот Ѓорѓија Гагалески, освоија награда од 120.000 денари за имплементација на својот предлог проект „ПАМЕТЕН ЕКО ПАНЕЛ“ .
Натпреварот беше организиран од страна на НВО ЛЕАД (Leaders for Education, Activism and Development) во соработка со ФИТР (фонд за иновации и технолошки развој на Република Македонија), а финансиски поддржан од Амбасадата на Шведска во рамки на програмата UPSHIFT (програма за социјални иновации).
Натпреварот се одвиваше во 5 фази, и тоа:
1. Избор на 10 финалисти врз основа на добиените апликации
2. Организирање на онлајн работилница за подготовка на 10-те финалисти (26 МАРТ).
3. UpShift Air Bootcamp за 10 финалисти (04-06 АПРИЛ, СТРУГА) каде преку Design Thinking методологијата, 10 те избрани финалисти ги развија своите идеи во финални решенија/социјални иновации. На самиот настан се презентираа сите решенија и се избираа 5 победнички решенија кои беа наградени со 120.000,00 денари и менторска поддршка за имплементација на своето решение.
4. Дополнително, 5-те победнички тима треба да посетат еднодневна обука за застапување и за обезбедување дополнителна поддршка и средства од заедницата за реализирање на иницијативита, на база на пристапот на crowdfunding;
5. ФАЗА 5 – Имплементација на социјалните иницијативи (АПРИЛ-ЈУНИ), имено со помош на назначен ментор од страна на ЛЕАД 5-те тима го реализираат замисленото решение и притоа креираат план за понатамошен развој на социјалната иницијатива.
Покрај тимот на прилепчани, со по 2.000 евра беа наградени и иновациите од уште 4 други училишта низ Македонија: СОУ “Гостивар” – Гостивар, СОУ “Љупчо Сантов” – Кочани, СОУ “28 Ноември” – Дебар и СУГС “Владо Тасевски” – Скопје
Со реализација на своите решенија, победничките тимовите ќе придонесат кон намалување на штетните последици од загадениот воздух.
Честитки за учениците и нивниот професор и нека оваа нивна посветеност, иновативност и глад за знаење, биде поттик за сите останати.
ВО продолжение фотографии како се подготвуваше “Паметниот ЕКО ПАНЕЛ”: