дома блог страница 783

Марјан Ристески во четири очи со Марјан Ристески

Денеска остварив работна средба со Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на Синдикални Организации на Македонија (КСОМ), каде дискутиравме на повеќе актуелни теми околу правата на работниците во Македонија и социјалниот дијалог кои се реализира преку Економско социјалниот совет – напиша на ФБ заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, по средбата со првиот човек на КСОМ, кој исто така се вика Марјан Ристески.

-Катастрофалната состојба со буџетот на Република Македонија, руинираните институции, корупцијата и нетранспарентното работење се само дел од работите кој ги наследивме од нашите претходници и е нешто што ќе мора да се надмине.

На средбата го информирав Ристески дека врвен приоритет за мене, министерот за економија и труд, Дурмиши и Владата на Македонија е преку отворен дијалог и соработка со синдикатите заедно да креираме квалитетни решенија за сите важни социјални и економски прашања, во рамки и почитувајќи ги законските прописи во државата.

Одличната соработка со синдикатите е врвен приоритет за министерството за економија и труд и средбите со претставниците на сите синдикатите ќе продолжат во наредниот период – напиша заменик министерот на ФБ.

Во хотел во Битола пронајден починат маж

На 04.08.2024 во 12.47 часот во СВР Битола било пријавено дека во соба во хотел во Битола бил пронајден починат И.Н.(70) од Битола, со живеалиште во САД.

Увид извршила екипа од СВР Битола, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

За PRILEP BEER WEEKEND променет возниот ред на јавниот градски превоз во Прилеп

-Поради најавениот Фестивал на пивото и скарата насловен како Prilep Beer Weekend, булеварот “Гоце Делчев ќе биде забранет за движење на сите возила.

Поради тоа автобусите на градскиот превоз, почнувајќи од четврток(08.08) до понеделник(12.08), ќе сообраќаат по НЕДЕЛНА (ВОНРЕДНА) ЛИНИЈА, почнувајќи од 6.30 часот од х.Салида, односно 6.30 часот, постојка Трло Варош, на секои 60 минути.

Последно тргнување на автобусите ќе биди во 15.30 часот од х.Салида односно Н.Гробишта – стои во соопштението од ЈП за ПУП Прилеп.

Денеска е Света маченичка Христина

Родум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои причини родителите ? го имаа дадено името Христина, но тоа ја криеше во себе тајната на нејзиното идно одење по Христа. До својата единаесетта година не знаеше за Христа ништо. А кога наполни единаесет години, нејзиниот татко, со цел до полната возраст да ја скрие од светот заради нејзината вонредна убавина, ? го одреди највисокиот кат од една висока кула и ја всели да живее таму. И ги устрои сите удобности за живот, И даде робинки да ја служат, постави во нејзините одаи сребрени и златни идоли за секојдневно да им принесува жртви. Но на таа млада душа ? беше тегобно во онаа идолопоклоничка средина.

Гледајќи ги низ прозорецот дење сонцето и сите убавини на светот, а ноќе чудесното блескање на ѕвездите, таа по својот природен разум дојде до цврстата вера во едниот жив Бог. Милостивиот Бог, Којшто го виде нејзиниот копнеж по вистината, и испрати ангел кој ја прекрсти со крсниот знак, ја нарече невеста Христова и наполно ја поучи во богопознанието. Тогаш Христина ги искрши сите идоли по нејзините одаи и така предизвика ѕверска јарост кај татко ? . Тој ја изведе на суд, ја предаде на маки, а потоа ја фрли во затвор, со намера утредента да ја убие со меч.

Но таа ноќ Урбан здрав како дрен ја испушти душата и отиде во гроб пред ќерка му. Потоа двајцата намесници Дион и Јулијан го продолжија истизавањето на Светата девица. Храброста во трпењето и чудата што ги изврши Христина со силата Божја обратија мнозина тирски незнабожци во христијанство. За време на нејзиното мачење Дион одеднаш падна мртов сред народот.

Неговиот наследник Јулијан ? ги отсече градите и јазикот. Маченичката го зеде својот јазик и му го фрли на Јулијан во очи, од што тој одеднаш ослепе. Најпосле нејзините маки за Христа завршија со смрт под остар меч, а нејзиниот живот се продолжи во бесмртното ангелско царство. Света Христина пострада чесно во 3 век.

Фатена прилепчанка која се барала со потерница

На 05.08.2024 во 12.55 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја привеле Ј.Ч.(37) од Прилеп.

Таа била барана по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната – информираат од СВР Битола.

Исчезнато е возрасно лице од Прилеп – СЕМЕЈСТВОТО БАРА ПОМОШ!

За кратко време исчезнато уште едно возрасно лице во Прилеп. На социјалните мрежи од синоќа се споделува информација за исчезнат возрасен маж, кој за кого од семејството информираат дека е со бела коса и бела брада, а на себе носи маица во сива боја со кратки ракави, влечки и кремови долги фармерки.

Според информацијата, лицето последно било видено вчера.

Семејството бара помош и замолува секој кој ќе го забележи лицето да ги контактира на телефонските броеви: 079 213 – 053 или 076 995 586.

Пред извесно време за исчезнат беше пријавен и Т.J, кој потоа успешно беше пронајден жив и во добра здравствена состојба.

Прилепчанец запалил трева во дворот, па предизвикал пожар и кај соседите

На 05.08.2024 во с.Штавица, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп и од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Г.К.(54) од с.Штавица поради сомнение дека предизвикал пожар.

Околу 09.00 часот тој запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото.

Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема.

Увид бил извршен, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ – информираат од СВР Битола.

Почина новинарот Саше Димовски

Почина новинарот Саше Димовски кој во јавноста беше познат по следењето на случувањата во правосудниот систем. Димовски почина на 47 годишна возраст по долги и тешки здравствени компликации.

Беше претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Работниот век го помина во Канал 5, Сител, Алфа ТВ, основач е на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството. Автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.

„Најголем правник меѓу новинарите, најголем новинар меѓу правниците“, велат за него.

Погребот ќе се изврши во среда, 7.8.2024, на новите Градски гробишта во Велес.

На Св. Петка Архиерејска богослужба и панихида за паднатите бранители на Карпалак во велелепниот храм во Прилеп

Покана до верниците од храмот Св. Петка во населбата “Точила” во Прилеп:

-Почитувани верници, браќа и сестри во Христа,

и ова 2024-то лето Господово на ден 08.08 (четврток) ќе ја празнуваме славата на нашиот храм па затоа, Ве покануваме заедно да го почувствуваме духот на вековното православно чествување и да го прославиме празникот посветен на нашата закрилничка и молитвена застапничка пред Христа, св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка, а во сеќавање на нејзиниот живот кој претставува поука и пример за исполнување на Евангелието.

Молитвеното чествување ќе започне со празнична вечерна богослужба во среда (07.08.2024) со почеток во 18:00 часот.
Чествувањето ќе продолжи во четврток (08.08 2024), со Архиерејска богослужба со која се очекува да чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар.

По завршувањето на Литургијата ќе се одржи панихида за молитвен спомен на бранителите кои загинаа на Карпалак.

Со почит,
в. д. старешина протоереј Љупче Петрески
со свештенството и настојателството
при храмот „Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ – Точила

Тешка сообраќајка на влезот во Прилеп: Се судрија четири возила, има и повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила на влезот на Прилеп. Од првите информации до кои дојде ТВ21, сообраќајката била меѓу четири возила, а има и повредени лица, поради што морала да интервенира и брзата помош.

Сообраќајката се случила на клучката кај Салида, при што главниот пат меѓу Прилеп и Битола е целосно во прекин.