На 20.03.2024 во 12.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Октомвриска“ во Прилеп, патничко возило „цитроен берлинго“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Џ.Р.(49) од с.Црнилиште, удрило во Ц.Х.(75) од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Х., констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.
Интернет-платформата „Тикток“ важи за ризница на трикови за мода и убавина. Така, еден од новитетите е видео објавено од корисничката @everything_tidy коешто покажува колку нечистотија содржи една четка за коса…
– Можеби главната причина за мрсна коса не е самата коса, туку четката што ја користите. Сега ќе го тестирам тоа. Сите четки ги ставам во мијалникот и ќе ги оставам така некое време. Ставив топла вода и шампон во мијалникот, појанува „тиктокерката“.
По извесно време, се покажа резултатот – заматена и сива вода.
– Ги оставив четките во вода еден час, а потоа се вратив да ја проверам состојбата… Одвратно е! Дами, не заборавајте да ги измиете четките што ги користите за стилизирање на косата, советува девојката.
На 28 и 29 февруари во просториите на ПМФ- Институт за хемија се одржа вториот селекционен натпревар по хемија, на кој се решаваше кои ученици ќе бидат во тимот кој ќе ја претставува Македонија на меѓународните олимпијади по хемија во 2024 година.
Првиот натпреварувачки ден беше теоретскиот дел, кој траеше 5 часа а следниот ден практичниот, лабораториски дел.
Конечни резултати од македонската хемиска олимпијада:
1. Петар Мирчевски СОУГ„Мирче Ацев” Прилеп
2. Марио Ванчоски СОУГ „Славчо Стојменски” Штип
3. Иван Костевски СОУГ „Славчо Стојменски” Штип
4. Јусуф Луш СУГС „Орце Николов“ Скопје
Ментор на Петар му е професорот по хемија Блаже Димески.
На Петар му посакуваме многу успеси, а најмалце да го повтори ланскиот успех, кога освои бронзен медал на 55 Интернационална Олимпијада по хемија во Цирих, Швајцарија.
Тука во четворката очекувам најголема победа за ВМРО-ДПМНЕ со најголем број освоени гласови и најмногу пратеници во апсолутна бројка. Мислам дека четворката ќе биде шампион за ВМРО-ДПМНЕ и сум убеден дека ќе имам квалитетен тим заедно со мене, квалитетна листа на пратеници и целиот овој Јужен југоисточен и Централен регион на Македонија после изборите со мое лично залагање и со залагање на сите што ќе бидат со мене на листа и секако со залагање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе добие многу повеќе од било кога во минатото, а за тоа јас сум гарант, вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за време на денешната посета на Неготино одговори на новинарско прашање што очекува од изборите како носител на четвртатата изборна единица.
Николоски исто така додаде дека е убеден во победата и дека време е да се заврши работата започната на изборите во 2020 година, а тоа е да се удри во чело на криминалот и корупцијата кои се случуваат токму во четвртата изборна единица.
-Убеден сум затоа што јас пред четири години не случајно дојдов тука. Јас не сум ниту од Неготино, ниту од Кавадарци, ниту од Струмица, ниту од Прилеп, по потекло сум од петата изборна единица, а живеам главно во првата изборна единица. Дојдов тука во четворката затоа што сакав да удриме во чело на криминалот и корупцијата којшто има извориште токму тука во четворката. Најтесното извориште е токму ресторанот Вила Парк во Струмица, а малце поширокото е целиот струмички регион, пипците одат и до Валандово и до Дојран итн. И сметам дека тоа крими семејство мора да биде удрено во чело ако сакаме ние да имаме држава, потенцираше Николоски и додаде:
-Во 2020 ја почнавме работата, во 2021 на локалните избори зададовме силен удар и ги испративме во политичка пензија, а сега 2024 после овие избори, затоа мислев дека е фер да дојдам пак, ќе си одговараат и пред ослободените институции на судството и обвинителството затоа што мора конечно да се воведе ред во државата и тоа е мојот мотив зошто сум тука.
Николоски исто така потенцираше дека кога правдата ќе дојде на свое место ВМРО-ДПМНЕ ќе направи многу убави работи во оваа изборна единица.
-Откако ќе завршиме со тоа, затоа што не се живее само од правда, ќе правиме многу работи за сите тука и во делот на стопанството и индустријата, затоа што во оваа изборна единица има и сериозна индустрија, но исто така и во делот на земјоделието и развојот на туризмот ќе гледате многу убави работи во следните 4 години, нагласи Николоски.
На 20.03.2024год., во 03:30 часот во Полициската станица Прилеп, Ц.Т.(73) од Прилеп, пријавила дека три лица влегле во нејзиниот дом во Прилеп и одзеле пари и други предмети, а откако ги забележала, едното од нив физички ја нападнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од ОВР Прилеп.
Мајката Црква, премудро одредила, за време на Четириесетницата (Великиот пост), која е време кога ние христијаните треба да вложиме дополнителен труд за духовно усовршување, преку особена служба, која се нарекува Акатист, ние верните да упатуваме молитви и кон Пресветата Богородица.
Црквата од векови не почучувала дека за време на нашиот краток животен век, кој е обременет со многу животни искушенија, за нас е дужеполезно да ја повикуваме за помош Мајката на нашиот Господ Исус Христос, Пресветата Богородица и да ја молиме да го моли својот Син и наш Бог, Исус Христос, да не’ запази од животните бури.
Во деновите, кога се служи овој посебен чин, Акатистот кон Пресвета Богородица (петоците), според православната традиција, верните принесуваат петтолебие од благодарност кон Бога и за здравје на нивните семејства. Меѓу народот, вообичаено се вели: „Испеј си едно петолебие за здравје“
Петолебието е кратка служба на Благодарност, преку која ја изразуваме нашата благодарност кон Бога за сите благослови во животот. Маслото, виното, пченицата и лебовите што се употребуваат во службата ги претставуваат најосновните елементи неопходни за живот. Ова благословување не’ потсетува на чудото на умножување на лебовите и рибите од страна на Христа, со кои нахранил мноштво луѓе.
Ова благословување обично се извршува за време на празнично вечерно богослужение и особено во петоците од Великиот пост.
По службата, лебовите се разделуваат меѓу присутните верници. Овој благословен леб помага против секакво зло, доколку се прима со вера.
Филмот „Недела“ го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски
Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица и во поправен дом, Џеј успеа да го заземе своето место на музичката сцена и преку песна да стане дел од животот на многумина.
Режија: Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ
Улоги: Хусеин Алијевиќ, Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ, Милица Јаневски
Времетраење: 130 минути
Земја: Србија
Жанр: Драма
Премиерата на филмот во Прилеп ќе биде на 25.03 (понеделник), со почеток од 19:30ч. во киното “Мис Стон”
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Т.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „давање лажен исказ“.
На 30.11.2023 на социјална мрежа Фејсбук, на објава на портал, објавил коментар со кој поттикнал омраза и нетрпеливост.
Во службен разговор во полициска станица, пријавениот изјавил дека му бил хакиран профилот на социјалната мрежа, но било утврдено дека дал лажен исказ – информираат од МВР.
На 19.03.2024год., во 14:30часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул. “Јоска Јорданоски” во Прилеп, З.Ч. (51) од с. Кривогаштани, со своето возило го попречил нормалното одвивање на сообраќајот и го наружил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.
По повод големиот велигденски пост, секој петок на вечерната богослужба се пее акатистот на Пресвета Богородица и се осветува петтолебие за здравје и спасение на верниот народ, велат од храмот Св. Кирил и Методиј – Параклис од Прилеп и ги покануваат сите верници, откако ќе заврши вечерната богослужба, да присуствуваат на “агапе” (вечера на љубовта) на која ќе се зборува за простувањето, а ќе предава чтец Андреј Иваноски.