дома блог страница 778

Златен јубилеј! 50-ти пат во Прилеп грмнаа гајдите! 50 години Фестивал на народни песни и инструменти “Пеце Атанасоски” (ФОТО)

Со симболично дефиле на 50 гајдаџии од цела Македонија и со учество на над 250 учесници од 5 до 95 години кои го негуваат изворниот македонски фолклор, вчера во Прилеп започна најновото издание на Фестивалот на народни песни и инструменти „Пеце Атанасоски“.

Фестивалот оваа година го прославува својот златен јубилеј, односно 50 години постоење. Традиционално на камената бина на плоштадот “Александрија”, настапија голем број изведувачи од сите краишта на Македонија, а во рамките на јубилејното фестивалско збиднување, се одржа и традиционалниот Симпозиум, како и промоција на Зборник на трудови „Фолклорот во минатото и денес“ и на Монографијата по повод 50-годишно постоење на Фестивалот – „Непресушен извор за навек“.

Годинава, за Програмата и организацијата на јубилејното издание, организаторите од Министерството за култура побарале три милиони денари, но одобрена им била само една третина од побараните средства, заради што нужно било – богатата Програма, за жал, да претрпи извесни кратења.

Денеска фестивалот традиционално продолжува на „Рудина“ во село Долнени. За најуспешните учесници ќе бидат доделени и традиционалните награди. Во изминативе 50 години на Фестивалот учество зеле преку 15.000 фолклористи, како од земјава, така и од странство.

Мерак за уво и душа! Елена Јовческа и Дамјан Стојаноски ќе приредат вечер за паметење во ресторан “Деспина” во Прилеп

Eдни од најдобрите фолк изведувачи во Македонија, прилепчанката Елена Јовческа и кичевчанецот Дамјан Стојаноски, во среда 17. јули, ќе пејат заедно во Ресторанот “Деспина” во Прилеп.

Двајцата пејачи ги покануваат сите иселеници кои летово се дојдени во своите родни огништа, да повелат на прекрасна МАКЕДОНСКА ВЕЧЕР.

Интересот веќе е голем, а има и зошто! Ресторанот “Деспина” секогаш ја има најдобрата понуда во градот. Разно-разни вкусни јадења, прекрасен амбиент, послуга за мерак… Вам ви останува само да резервирате навреме и да уживате.

Кривична за 62-годишник: Го најмиле за овчар, а тој во два дена им ги продал овците

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(62) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Пријавениот, кој бил ангажиран како овчар од Г.А., во период од 16.06.2024 до 18.06.2024 година со товарно возило во с.Алгуња, натоварил 127 овци, кои ги продавал во Скопје и Тетово, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари.

Oграбена обложувалницата во прилепско Ропотово

На 05.07.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Ропотово, прилепско, со употреба на подесен алат било влезено во спортска обложувалница и биле одземени пари.

Увидот го извршила увидната екипи на ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

Заслужено: Диме Бозоски нов заменик Градоначалник

Советникот во Советот на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, стопанственикот Диме Бозоски, е нов заменик градоначалник.

Градоначалникот Борче Јовчески ја донесе оваа одлука по изборот на Ирена Стерјовска за Претседател на Советот.

Бозоски е еден од омилените советници во Советот кај прилепчани, пред се поради неговата посветеност кон барањата на граѓаните, а добро е познато и тоа дека тој и неговиот сопартиец, Д-р Кире Јоноски, хонорарите кои ги добиваат од советничката функција ги донираат во добротворни цели.

Заменик градоначалникот на општината се избира од редот на советниците, а одлуката за тоа ја носи градоначалникот. Неговата задача е да го заменува првиот човек на општината во случај на неможност да ја извршува функцијата.

Томче од Битола остана парализиран после тешка сообраќајка! Ајде сите заедно да го вратиме на нозе!

Томислав Ивановски има потреба од наша помош.

36-годишниот Битолчанец остана парализиран на долните екстремитети по тешка сообраќајна несреќа, која му се случи пред три години додека се упатувал на работното место.

Во изминатите три години, тој имал две рехабилитации во Охрид, 14 месеци бил на рехабилитација со помош на роботика во Ниш и му бил направен еден третман со матични клетки во Турција, кој покажал подобрување.

Томислав сега треба да оди на нов третман со матични клетки во Турција, а за да го направи тоа му се потребни финансиски средства кои неговото семејство не може да ги обезбеди без наша помош.

Неговата сопруга Билјана копнее да го погледне Томче исправен на нозе како чекори со нивните ќеркички, па токму затоа упатува апел за помош до сите хумани луѓе.

„Ова е трета година како поминуваме како семејство низ овој кошмар, но и покрај тоа што нашите финансиски можност сосема се исцрпија, надежта дека Томче ќе прооди тлее и гори во секој еден од нас. Затоа се отвораме кон сите вас добри луѓе, да ни подадете рака и да му помогнеме на Томче да стане.“

„Како сопруга на Томислав немам поголема желба од тоа Томче да се исправи на нозе и да прошетаме заедно со нашите две девојчиња, како што правевме пред сообраќајната несреќа која ни го преврте животот наопаку и ни ја одзеде оваа радост“ – изјави таа за Femina.mk.

Броеви за донации:

А1: 143 466

Телеком: 143 106

Трансакциска сметка:

500600021482490

Томислав Ивановски

Стопанска Банка АД Битола

За донации од странство

IBAN: MK07500080014179095

SWIFT: STBBMK22

19-годишен крушевчанец со автомобил излетал од пат – со тешки повреди се здобиле неговите сопатници

-На 04.07.2024 во 07.00 часот во Полициската станица Демир Хисар било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Демир Хисар, на место викано „Чагор“, патничко возило „фолксваген шаран“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(19) од Крушево, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите сопатници М.К.(18) од с.Врбоец, крушевско и П.Р.(45) од Крушево, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Демир Хисар – информираат од МВР.

Марина Димовска избрана за нова генерална секретарка на Собранието, Никола Ѓошевски за заменик

Пратениците денеска ја избраа Марина Димовска за генерална секретарка на Собранието на Република Северна Македонија.

Димовска е дипломиран политиколог и магистер на економски науки од областа на меѓународна економија. Таа работи во Собранието од 2009 година.

За заменик-генерален секретар на Собранието е избран Никола Ѓошевски, кој е дипломиран правник и магистер по корпоративното право.

Во рамки на седницата беа утврдени и оставките на досегашната генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова и нејзиниот заменик Бојан Василевски, кои на 1 јули поднеле оставки на своите функции.

Исто така, беа констатирани и оставките на Бобан Николовски и Синиша Стојановски од функциите пратеник.

Прилепската коњаница тргна еден месец порано од Марино Маало (ФОТО)

Несовесни граѓани и понатаму ги оставаат нивните домашни животни (коњи, магариња, кобили…) да пасат и шетаат слободно низ градот, што дава една неубава слика, а се загрозува и безбедноста на пешаците и сообраќајот.

Фотографиите во прилогот се од населбата “Марино Маало”, каде возачите и соствениците на угостителски објекти утрово биле револтирани.

Проблемот не е од сега, а постапката за пријавување на домашни животни по улиците е следна:

Граѓаните најпрво треба да се обратат во Инспекторатот при Локалната самоуправа, а по издадденото Решение од нивна страна, ЈКП Комуналец Прилеп треба да ги залови животните.

Се интензивираат работите за изградбата на новата спортска сала во ООУ “Блаже Конески” Прилеп (ФОТО)

Денес направивме увид во градежните активности околу изградбата на новата спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

-Ова повеќенаменско спортско игралиште, во дворот на училиштето, претставува значајна инвестиција во нашето образование и во физичкото здравје на нашите ученици.

Со инвестиција од околу 23 милиони денари, од Буџетот на Општина Прилеп, овој проект значително ќе ги задоволи потребите на училиштето, кое до сега не располагаше со затворена спортска сала.

Локалната самоуправа на општина Прилеп продолжува со посветена грижа за нашите ученици, инвестирајќи во нивното образование. Овој нов објект ќе овозможи правилно функционирање на физичкото и здравственото образование, што досега беше предизвик за оваа училишна заедница. Со овој проект, дефинитивно ќе ги подобриме условите за развојот на нашите ученици, осигурувајќи нивен правилен раст и здрав развој – напиша Јовчески.