дома блог страница 768

Николоски вечерва гостин во “Вечерното шоу на Богдан Илиевски”

-Вечерва во 22:30 гостувам во ,,Вечерното шоу на Богдан Илиевски”.

Многу теми и многу разговори во насока на промените кои се извесни во Македонија.

Време е за ПРОМЕНИ – напиша Николоски на Фејсбук.

https://www.facebook.com/share/p/gAGF9DaYzHFWu2st/?mibextid=oFDknk

Математиката е јасна! Две победи во последните две кола за пласман во плеј-оф! Утре сите да ги поддржиме момците на Мега Баскет

Прилепската кошаркарска екипа Мега Баскет, утре во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, со почеток од 19ч, го пречекуваат вториот тим на МЗТ Скопје.

Ова е последен домашен натпревар во регуларниот дел од сезоната во Втората кошаркарска лига, а математиката на прилепчани е јасна – две победи во последните две кола, за пласман во плеј-оф разигрувањето.

Прилепчани се наоѓаат на деветтото место на табелата и по трите последователни порази, ќе мораат да најдат мотивација за да го изненадат петтопласираниот тим на МЗТ.

Бидејќи само победа ги остава во игра прилепските момци за продолжување на сезоанта, потребна е поддршката на сите вљубеници во кошарката и полна трибина.

Се гледаме утре во ДОБРЕ!

Верниот прилепски народ до последно место ги исполни храмовите, на Вториот Акатист посветен кон Пресвета Богородица во Великиот пост (ФОТО)

Во вториот петок од Великиот Велигденски пост во прилепските црковни храмови, се отслужи Големо повечерие на кое се читаше акатистот посветен кон Пресвета Богородица и се освети петтолебие за здравје и спасение на верниот народ.

Прилепчани до последно место ги исполнија црквите и принесоа петтолебија за здравје и спасение на себе си и своите ближни.

Мајката Црква, премудро одредила, за време на Четириесетницата (Великиот пост), која е време кога ние христијаните треба да вложиме дополнителен труд за духовно усовршување, преку особена служба, која се нарекува Акатист, ние верните да упатуваме молитви и кон Пресветата Богородица.

Црквата од векови не почучувала дека за време на нашиот краток животен век, кој е обременет со многу животни искушенија, за нас е дужеполезно да ја повикуваме за помош Мајката на нашиот Господ Исус Христос, Пресветата Богородица и да ја молиме да го моли својот Син и наш Бог, Исус Христос, да не’ запази од животните бури.

Во деновите, кога се служи овој посебен чин, Акатистот кон Пресвета Богородица (петоците), според православната традиција, верните принесуваат петтолебие од благодарност кон Бога и за здравје на нивните семејства. Меѓу народот, вообичаено се вели: „Испеј си едно петолебие за здравје“

Петолебието е кратка служба на Благодарност, преку која ја изразуваме нашата благодарност кон Бога за сите благослови во животот. Маслото, виното, пченицата и лебовите што се употребуваат во службата ги претставуваат најосновните елементи неопходни за живот. Ова благословување не’ потсетува на чудото на умножување на лебовите и рибите од страна на Христа, со кои нахранил мноштво луѓе.

Ова благословување обично се извршува за време на празнично вечерно богослужение и особено во петоците од Великиот пост.

По службата, лебовите се разделуваат меѓу присутните верници. Овој благословен леб помага против секакво зло, доколку се прима со вера.

(ФОТО) Јапонскиот амбасадор во Македонија ја посети “ВИТАМИНКА”

Амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја денеска ја посети “Витаминка”. Во рамките на посетата, делегацијата имаше можност да се запознае со работата на компанија, деловните активности и производниот асортиман.

Директорите на продажните сектори за домашен пазар, Владимир Трпаноски и извоз, Љупчо Велески, ги запознаа амбасадорот и делегацијата со голем број проекти што ги реализира “Витаминка” во изминатиот период, фокусот на компанијата во делот на извозната политика и заложбите да биде пример за општествено одговорна компанија.

Девојките во Бугарија, а 11 борачи на училишен турнир во Кочани – Прилепскиот БК “7-ми Мај” атакува на медали на два фронта

Денеска прилепските борачи и борачки зедоја учество на училишниот натпревар во борење, кој се одржа во Кочани. Учествуваа 11 борачи и борачки од Прилеп, а екипата беше предводена од тренерите Теодора Димеска и Леона Настоска.

Втората екипа со 4 борачки отпатува на силен Меѓународен турнир во Стара Загора, Бугарија, каде боите на БК “7-ми Mај” ќе ги бранат: Анабела Стојаноска, Ангела Трајкоска, Јована Тодороска и Тамара Цветкоска, а девојките се предводени од тренерите Стојанче Тушески и Филип Јованоски.

Од прилепските клуб очекуваат нови медали и веруваат дека одново ќе ја израдуваат прилепската спортска јавност.

Moмироски: “Невестите и зетовите за пратеници се познати, мајската свадба може да почне”

Новинарот Зоран Момироски ја објави својата најнова колумна од серијалот ,,Во Прилеп нема проблем, а се е проблем”, каде во најголем дел се осврна на кандидатските листи за пратеници на партиите за четвртата изборна единица.

Во колумната Момироски пишува:

,,Невестите и зетовите се познати,,!!! Мајската свадба може да почне!!! Она што не е познато е колку гости ќе има на оваа заедничка веселба ?! Оти секој ќе си кани според своите можности. Деновиве ќе бидат посетени и ќе бидат поделени покани безмалку во сите домови на заедничката веселба.Затоа во изборните штабови се формирани тимови кои ќе ги делат поканите односно изборните програми а ќе има и дополнителни обврски поединци со себе да кандисаат од 10 до 20 луѓе за да присуствуваат на оваа заедничка мајска веселба. СДСМ реши во четвртата прилепско-струмичка изборна единица од Прилеп да бидат на трето место, добитно место да биде Миле Талески.

На тринаесетто место Кети Стевананџија и на дваесеттото Илија Зероски. На чело орото ќе го води доктор Венко Филипче. Човек од И.Е еден. И, ВМРО-ДПМНЕ конечно одлучи во оваа И.Е. на четврто и седмото добитно место од градов да биде Дејан Проданоски и Петар Ристески ама амбициите се ако може во парламентот место да обезбеди и Билјана Кузманоска. И на дваесетото место е Никола Златески.

Ороводецот од поодамна се знае потпредседателот на партијата Александар Николоски. Ама изненадување е што на второ место е кичевчанецот Антонио Милишески кој исто како Николоски природно припаѓаат во петтата И.Е. Што би значело дека ниту СДСМ ниту ВМРО – ДПМНЕ не создале ,,бренд- политичари,,во оваа И.Е. Битката меѓу прилепските и струмичките активисти за листата на пратеници во ЗНАМ заврши. Миле Цеков од Струмица ќе биде носител на листата. Емил Јанески од Прилеп ќе биде на второто а за градов Максим резервирал уште еден можен кандидат и тоа на четвртата позија. ЗНАМ и Левица во оваа изборна единица би можеле да освојат по едно место во Парламентот. НО,СЕ ЗАВИСИ КОЈ ЌЕ ЈА ФОРМИРА НОВАТА ВЛАДА .

И по овие почетни политички игри и комбинаторики сосема е јасно дека некој во СДСМ го маргинализира Прилеп. Дали тоа е односот на Централата кон градот или желбата на поединци од градот да акумулираат моќ е прашање на кое треба сепак некој е должен да даде одговор. Познавајќи ги политичките состојби и турбиленции во ОО на СДСМ-Прилеп ми даваат за право да се сомневам дека ова е одраз на поединци кои сакаат да го држат градот во заложништво, за да остваруваат исклучиво сопствени желби и потреби. И во сегашниот состав иако партијата е носител на централната власт сепак има еден пратенк. Систем разработен уште пред и за времето кога ВМРО-ДПМНЕ ја имаше централната власт. А тогаш како претеник од опозицијата си ,,царуваше,, Горан Сугарески, кој од позција на опозиција си го помина мандатот лефтерно. Си се шеташе како ,,паун,, низ градот, по прилепските улици ама се шеташе со мобилниот на уво па дури и тогаш кога со никого не зборуваше. И тоа наменски да не го запре некој и да не го вознемири со личен проблем.

Имаше многу мал временски интервал во овие дваесеттина години кога во ,,тајфава,, беа вклучени како пратеници и Хари Локвенеци и Кети Смилеска. Одраз на ваквите долгогодишни состојби се под ,,диригентска палка,, на поединци, јас ги нарекувам Г.Г ( група граѓани ) кои и сега се ,,природна непогода,, која серозно ќе се рефлектира и на овие избори.

Четата на Велески утре во поход кон нов полн плен – Во Прилеп гостува Вардар Неготино

Во рамките на шестото коло од плеј-аут разигрувањето во ракометната Супер лига, екипата на РК Прилеп, утре со почеток од 18:30ч. го дочекува Вардар од Неготино.

И двете екипи се одлични во досегашниот дел од разигрувањето. Прилеп има 4 победи и еден нерешен резултат, а Вардар 4 победи и еден пораз.

Екипата на тренерот Божидар Мојсов и капитенот Филип Велески, сигурно ќе атакува на нов триумф, а тоа го очекуваат и ракометните вљубеници во Прилеп.

Бидете во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески-Ричко” и поддржете ги нашите момци.

За љубителите на добрата книга: Утре пред Градскиот Саат во Прилеп повеќе издавачки куќи ќе ги претстават своите изданија

Во сабота, на 30 март од 10:00 до 17:00 часот, на платото кај градскиот Саат, неколку издавачки куќи, ќе ги претстават своите изданија, со што читателската публика ќе има можност за увид во најновите текови на светската и македонската книжевност.

Културниот настан “Книги во Прилеп” кој го организира Здружението за културна размена Логос, со поддршка на Општина Прилеп, има за цел да ја разбуди книжевната пролет кај прилепчани!

Ќе бидат претставени класични дела, детски изданија како и дела од современи странски и македонски автори.

Фановите сигурно ќе бидат разочарани: Познати детали за шестиот дел на “Пиратите од карибите”

Продуцентот на „Пиратите од Карибите“ Џери Брукхајмер планира да ја рестартира популарната франшиза, но не планира враќање на Џони Деп.

Како што пренесуваат странските медиуми, продуцентот Брукхајмер во интервју изјавил дека нема да се потпира на враќањето на Деп. Откри дека е полесно да се најдат нови луѓе отколку да се чекаат одредени актери.

Брукхајмер претходно изјави дека Деп нема да има поддршка да се врати за шестиот дел од филмот.

По петтиот дел од „Dead Men Tell No Tales“ во 2017 година, Деп беше дел од судење за клевета со неговата поранешна сопруга, актерката Амбер Херд. Судењето во 2022 година беше голема медиумска приказна, бидејќи Деп успешно го доби случајот против Херд поради објавувањето на извештајот на Вашингтон пост во кој се тврди дека маж сексуално ја нападнал.

И покрај тоа што победи на судењето во САД, Деп загуби слична тужба за клевета против Амбер Херд во Велика Британија.

Ќе пиеме ракија на суво во кафана: Доматите 135 денари, краставицата 85 – шопската ќе стане изгор?

Не е некоја нова вест дека во пресрет на Велигденските празници цената на свежата салата достигнува неверојатни вредности. Ако ги гледаме цените сега, на нешто повеќе од месец дена пред Велигден, не треба да очекуваме некоја различна ситуација.

Во моментов килограм домат во еден од поголемите ланци на маркети чини 135 денари. Краставиците се 84 денари за килограм а една марула 25 денари. Еден врзоп млад кромид чини 29 денари.

Цените варираат од место на место но разликите не се многу големи.

Тоа што може да не спаси е фактот дека Велигден оваа година се паѓа прилично доцна, на 5 мај а тогаш и домашното раноградинарство има поголемо производство.

Граѓаните се веќе навикнати за најголемиот верски празник кога царуваат свежите салати за нив да плаќаат мало богатство.

Извор: “Пресс24”