дома блог страница 769

Повеќе немаат место во витрините: Девојките од прилепскиот клуб за естетска гимнастика “Авантгард”, се вратија со еден грст медали од Бугарија (ФОТО)

Тие се вистински амбасадори на Прилеп и Македонија кога естетската гимнастика е во прашање. Нема натпревар на кој учествувале, а не се вратиле со грст награди, признанија, пехари… Веќе им снема простор во клубските витрини, сладок проблем со кој ретко кој клуб може да се пофали. Клубот за естетска гимнастика “Авантград” од Прилеп ги заслужува сите пофалби за успешно работење. Довербата која ја добиваат од родителите на нивните ученици, ја оправдуваат со создавање на шампиони. Така беше и на последниот натпревар во “Кралица на Аида” бугарскиот град Хасково, каде учество зедоја околу 500 натпреварувачи од: Босна и Хецеговина, Србија, Црна Гора и Бугарија.

Наштите девојките собраа еден куп први места и ги постигнаа следните резултати:

1.Марија Тошеска 2010 г.
🥇 1 место реквизит топка
🥉 3 место реквизит обрач
🥉 3 место многу бои
2.Анастасија 2010 г .
🥉 3 место реквизит топка реквизт обач
🥉 3 место лента реквизит
🥉 3 место многу бој
3.Георгина Апостоловска 2009 г.
🥇 1 место без реквизит
🥇 1 место реквизит топка
🥇 1 место меѓународмо класирање
🥇 1 место реквизит топка
4.Јана Димоска 2012 г.
🥇 1 место без реквизит
🥇 1 меѓународно класирање
4 место реквизит обрач
🏆👑Избрано од главен судија за нај артистичен учесник .
5.Илина Кузманоска 2014 г.
🥇1 место меѓународно класирање
🥇1 место реквизит обрач
🥈 2 место многу бои
🥈 2 место без реквизит
6.Јована Везенкоска 2013г.
🥇1 место реквизит топка
🥇1 место меѓународно класирање
🥈2 место без реквизит
🏆👑Избрана за нај елегантна учесничка
7.Галена Ацеска 2013г.
🥇 1 место реквизит обрач
8.Мелани Ристеска 2014г.
🥈 2 место без реквизит
9.Дисциплина Естетско групна гимнастика категорија 8-10г. долга програма
-Марија Кузманоска -Сања Гулеска
-Дарија Бунтеска -Калина Петкоска
-Мелани Ристеска -Исидора Нешкоска
-Галена Јорданоска -Ива Конеска
🥇 1место

“За да станеш шампион, мора да веруваш во себеси и кога никој друг не верува, па така морам да напоменам дека иако го немаме овој национален олимписки спорт со сите услови за професионалано развивање, и немаме можеби 70-годишна традиција и историја во овој спорт во нашата земја како другите земји, сепак чекор по чекор успешно ја развиваме оваа дисциплина. Заеднички, сполетени, со љубов и взаемна соработка, бесконечно сме горди на нашите достигнувања. А сега атакуваме и кон нови и уште поголеми предизивици, а тоa се Балканските игри во јули”, истакна Александра Стојаноска, професор по физичко образование и тренер на овие прекрасни девојки.

Фотогалеријата од натпреварот погледнете ја на линкот во продолжение:

Maкедонија доби група за натпревар, плус ќе играме во Вараждин

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги доби ривалите во групата за Светското првенство 2025, на кое ко-организатори ќе бидат Данска, Норвешка и Хрватска.

Македонија ќе игра во групата Д што ќе се игра во Вараждин, па за очекување е избраниците на Кире Лазаров да имаат солидна поддршка од трибините.

Ривали на „црвено-жолтите“ ќе бидат репрезентациите на Унгарија, Холандија и дебитантот Гвинеја, а во главната фаза пласман обезбедуваат најдобрите три од секоја група.

Сениорите со пласманот на Мундијалот 2025 го продолжија континуитетот на големата сцена, па така Македонија следната година ќе го има деветтото учество на Светските првенства.

Нашата репрезентација најдобриот пласман на Мундијалите го има остварено во Катар (2015) кога во конкуренција на 24 репрезентации заврши на 9. позиција.

Мундијалот 2025 ќе се игра во пет градови – Осло, Хернинг, Загреб, Пореч и Вараждин од 14 јануари до 2 февруари.

Актуелен бранител на титулата ќе биде репрезентацијата на Данска, која во финалето на СП 2023 славеше против Франција со 34:29.

ПРВ ТОПЛОТЕН БРАН: Температурите во Македонија ќе се искачат до 36 степени

Според последните најави на метеоролозите, првиот силен топлотен бран ќе пристигне на Балканот од петок. Температурите ќе бидат и до 36 Целзиусови степени.

Се очекува во следните денови источните делови на Балканскиот полуостров – Македонија, Бугарија, Грција, како и поголемиот дел од Романија да ги зафати првиот силен топол бран.

Во Македонија, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи денеска не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне на некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град. УВ-индексот ќе биде 6. Утринската температура ќе биде од 7 до 15 Целзиусови степени, а во текот на денот од 16 до 29 степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, во делови од котлината, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Температурата ќе биде од 13 Целзиусови степени наутро, до 26 во текот на денот.

За утре, според прогнозата на УХМР, се најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во Скопје и утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за краткотраен пороен дожд во попладневните часови. Дневната темпертура утре ќе биде од 18 до 32 Целзиусови степени.

Во сабота, во Македонија ќе имаме сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 9°C до 16°C, додека пак максималната 26°C до 34°C.

Во недела, ќе имаме сончево и топло време, додека пакм во попладневните часови се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се движи од 10°C до 18°C, додека пак максималната 28°C до 35°C.

По викендот, во понеделник се очекува иста временска прогноза, но малку потопло. Минималната температура ќе се движи од 11°C до 20°C, додека пак максималната од 29°C до 36°C.

Во сабота кај Градскиот Саат во Прилеп – Xуманитарен базар во организација на Здружението “ЗА НАС”

Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението „ЗА НАС“ ве поканува да присуствувате на донацискиот базар „Сестрите за сестрите“ кој ќе се одржи на 1 јуни 2024 година во 12 часот кај Градскиот саат во Прилеп. Програмските цели на Хуманитарното друштво при ЗМСТАС „ЗА НАС“ започнаа пред Божиќ со медицинските сестри од патронажата, низ донациите за бездомните и социјално загрозените лица, продолжувајќи со хуманитарниот донациски базар кој беше организиран во текот на чествувањето на Меѓународниот ден на медицинските сестри и традиционалната Свечена академија.

-Нашите активности во оваа хумана насока продолжуваат, па токму сега, на Светскиот ден на детето, го организираме овој хуманитарен базар за помош на нашите колешки и нивните деца, за кои се потребни средства за лекување со порака да допринесеме за уште две детски насмевки. Од особено значење ќе биде вашето присуство на настанот и можноста да допринесете за хуманитарната акција – велат од Здружението “ЗА НАС”.

Oфицијално: Винсент Компани е нов тренер на Баерн Минхен

Винсент Компани официјално e нов тренер на германскиот гигант, Баерн Минхен. Информацијата ја потврди самиот клуб, а белгискиот тренер добива договор до 2027 година.

И покрај тоа што не успеа да обезбеди опстанок со Барнли во Премиер лигата, Компани важи за еден од најдобрите тренери на својата генерација и во фудбалскиот свет е ценет како исклучително добар тактичар и мотиватор. Ова за него е прв огромен предизвик во кратката тренерска кариера и ќе има тешка задача да го крене тимот кој минатата сезона не успеа да ја освои титулата во Бундеслигата.

38-годишниот стратег доаѓа на местото на Томас Тухел и би требало да има на располагање околу 180 милиони евра за трансфери, а навивачите на Баерн се надеваат дека управата направила правилен избор и се полни со оптимизам за следната сезона.

Винсент Компани ја заврши играчката кариера во 2020 година, по што го презема тимот на Андерлехт, а од 2022 година беше тренер на англискиот Барнли.

23-годишна девојка од Прилеп извршила разбојништво

СВР Штип поднесе кривична пријава против Џ.С. (23) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 15.05.2024 во Штип, пријавената со закана со остар предмет од Л.М. одзела паричник со пари и лични документи – информираат од МВР.

Во Прилеп се одржаа обуки за градење здрави навики за исхрана кај децата од предучилишна возраст

На 28-29 мај 2024 година, приближно 150 членови на персоналот од градинката „Наша иднина“ од Прилеп, вклучувајќи негувателки, воспитувачки, вработени во кујна и администрација, учествуваа на работилница за промовирање здрава и одржлива исхрана за децата од предучилишна возраст.
Оваа работилница е резултат на соработката помеѓу Министерството за труд и социјала, УНИЦЕФ, Едуленд и Здружението за одржлив просперитет Арете, кои заеднички работеа на развивање модули за нутриционистичка педагогија во рамките на проектот „Градење здрави навики за исхрана кај децата од предучилишна возраст“. Работилницата беше отворена од страна на Борче Јовчески, градоначалникот на Прилеп, општина-партнер на овој проект.

Обуката е клучна компонента во рамки на FEAST, петгодишен проект финансиран од програмата на ЕУ Хоризонт Европа и координиран од Универзитетот Хајделберг. Проектот вклучува 35 партнери од 15 европски земји и има за цел да одговори на итни предизвици со кои се соочуваат европските граѓани во пристапот до хранлива и здрава храна. Преку мрежа на лаборатории – Living Labs, вклучувајќи општини (меѓу кои и општина Прилеп) FEAST се обидува да поттикне позитивни промени низ синџирот на вредност на храната.

Овој проект претставува клучен чекор во градењето здрави и одржливи системи за исхрана. Со зајакнување на знаењата и вештините на персоналот во градинките за поттикнување здрави навики во исхраната кај децата, проектните цели се усогласуваат со пошироките цели на FEAST, промовирајќи синергија меѓу луѓето, планетата, јавниот и приватниот сектор.

Прилепчанка смртно настрадала откако била удрена од малолетник на моторцикл

На 28.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Тризла“ во Прилеп, мотоцикл „хамачи” без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Прилеп, удрил во пешакот Г.М.(68) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.М. и била пренесена во Градската болница Прилеп каде што подоцна починала, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Дамјан тргна во благородна мисија: Ќе пешачи од Скопје до Острог, а мотивот е голем колку планина

Дамјан Марковски одлучи да си постави 400 километарски предизвик во знак на благодарност кон Св. Василие Острошки и подигнување на свеста за подобрување на медицинската грижа за спортистите во Македонија. Информацијата ја објави фондацијата „Марко Божиновски“ која е отворена во чест на Марче, чиј живот прерано згасна. Неговите родители преку оваа фонадција имаат една цел, да им помогнат на млади луѓе да успеат во спортот, пред сé на тие кои се таленти, а немаат можности да инвестираат во развој на својата кариера. Мисија на Фондацијата е преку спортот на децата, младинците како и лицата со посебни потреби да им се овозможи поквалитетен живот и поздрава иднина.

На својот ФБ профил Дамјан напиша:

-Би сакал да ви се обратам и да побарам поддршка за мојата намера.

Како млад човек кој го поминал поголемиот дел од своето детство и младост играјќи фудбал, решив да преземам еден исклучителен предизвик – пешачење од Скопје до манастирот Острог во Црна Гора, пат долг 400 километри.

Ова патување за мене не е само физички предизвик, туку и духовна мисија. Со ова пешачење сакам да изразам благодарност кон Св. Василие Острошки за оздравувањето на член од моето семејство. Покрај ова, сакам да направам нешто добро за нашата заедница и младите спортисти. Одлучив да ја искористам оваа иницијатива за да соберам средства и да го свртам вниманието кон потребата за подобрување на медицинската грижа за спортистите во нашата земја.

Целта на мојата иницијатива е да помогнам во собирањето средства за купување Polar мерачи на срцевиот ритам, проект кој е планиран за реализација од страна на Фондацијата Марко Божиновски. Како спортист комплетно ја разбирам потребата од овие мерачи на срцевиот ритам и ја давам мојата безрезервна поддршка на Фондацијата во остварувањето на нивната цел, но за да стигнеме до истата потребни се многу финансиски средства.

Овие уреди можат да откријат неправилности во срцевиот ритам и да обезбедат рани предупредувања за потенцијални срцеви проблеми. Со редовно следење на срцевото здравје на младите спортисти, веруваме дека можеме да спречиме трагедии како онаа која ги однесе животите на Марко и Андреј.

Фондацијата Марко Божиновски беше формирана во чест на Марко Божиновски, талентиран спортист кој трагично го загуби својот живот, неговото срце престана да чука во сон, а дијагнозата беше миокардит. Неговата смрт беше шок за сите нас и ни покажа колку е итно да се подигне свеста за редовни и детални здравствени и систематски прегледи. Целта ние подобра здравствена заштита за спортистите во Македонија.
Ве поканувам сите да ја поддржите оваа моја иницијатива. Вашите донации ќе помогнат младите спортисти да ја добијат потребната опрема и медицинска грижа за да можат безбедно и здраво да тренираат.

Ги повикувам сите љубители на спортот да донираат онлајн преку веб-страната на Фондацијата или на телефонските броеви кои ќе бидат отворени специјално за оваа намена. Споделете ја нашата иницијатива на социјалните мрежи користејќи ги хаштаговите #WalkForMarko и #HealthyAthletes.

Воедно ве поканувам да го поддржите и бидете дел од третиот меморијален турнир „Марко Божиновски 9“. На овој турнир млади спортисти од различни држави доаѓаат во Скопје, играат во чест на Марко, во чест на младоста, пријателството, даваат пример за спортски дух, за почитта и меѓусебната поддршка.

Мојата благодарност и поддршка ќе биде покажана преку секој направен чекор од ова патување. Благодарение на GPS-от и стримингот на социјалните медиуми, можете да го следите моето пешачење во реално време. Останете информирани за мојот напредок и бидете дел од ова инспиративно патување.

Од срце ви благодарам за вашата поддршка и ангажираност. Само заедно можеме да придонесеме за здравјето на нашите млади спортисти и да го сочуваме споменот на Марко.

Срдечни поздрави,

Дамјан

Да им посакаме среќа! 14 каратисти од Бонсаи Прилеп ќе ја претставуваат Македонија на престојното Балканско првенство во Истанбул (Фото галерија)

Oд 31.05 до 02.06.2024 година во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи Балканско првенство во карате за деца, каде карате клубот “Бонсаи” oд Прилеп ќе учествува со 14 натпреварувачи во категорија кати и кумите борби.

На првенството ќе настапат:

Цвете Миланоска
Софија Крстевска
Јована Маркоска
Анастасија Ангелеска
Патриција Наумоска
Сара Спиркоска
Благица Јошеска
Иво Качаков
Леонид Белески
Алексеј Петрески
Максим Петрески
Христијан Димески
Габриел Ламбевски
Теодор Стојановски

Натпреварувачите ќе ги следи тренерот Дамјан Ристески.

Да им посакаме среќа и многу медали на нашите каратисти!