дома блог страница 766

Кривична пријава за тројца прилепчани: Во ист ден, на две различни локации нападнале свој сограѓанин

-СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Б.(39), Х.З.(31) и И.Б.(40), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 17.03.2024 во Прилеп, по претходна расправија, пријавените во два наврати на две локации физички го нападнале Т.Д. и му нанеле повреди – информираат од СВР Битола.

Исчезнато е возрасно лице од Прилеп: Семејството бара помош!

На социјалните мрежи се шири информација за исчезнато возрасно лице од Прилеп.

Според информацијата човекот се вика Трајко, облечен е во светло крем боја блуза и сини пантоломи.

Семејството моли за помош, па доколку некој го забележи лицето нека ги контактира на телефонскиот број: 077 939 686.

Денеска сончево и многу топло време, попладне локални дождови

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво за опасност од високи температури.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме со град.

Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40степени.

Од утре до средината на следната седмица во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.

Прилепчанецот Николче Шаркоски е нов фудбалер на ФК Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар доведе уште едно засилување, овојпат од македонскиот шампионат.

Нов фудбалер на „црвено-црните“ е прилепчанецот Николче Шаркоски, кој доаѓа од Воска Спорт, а претходно настапуваше за Работнички, Брера, Пелистер и за Победа.

Неговата примарна позиција е десно крило, но може да игра на левата страна, а и како десен бек.

Да му посакаме среќа во црвено-црниот дрес!

Кривична пријава за битолчанка: Со нож им се заканувала на своите баба и дедо

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Д.К.(32) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство.

На 01.07.2024, пријавената во семејниот дом со нож упатила закани на нејзините баба и дедо.

За кратко време ја вжештија музичката сцена во Прилеп: Дечките од The Flames вечерва ќе свират свој трибјут на Red Hot Chilli Peppers на Камена бина

Во рамките на проектот “Од 0 до култура”, кој се реализира со свирки во живо секој четврток на камената бина во центарот на Прилеп, вечерва за прв пат ќе не загреат The Flames, дечките кои за многу кратко време и со голем труд ја вжештија музичката сцена во Прилеп.

The Flames е бенд кој што официјално постои од 11.10.2023 година, во состав од: Сергеј Попоски (вокал), Ивана Стојкоска (водечка гитара), Тамара Радеска (бас гитара), Филип Сотиров (ритам гитара) и Давид Рунески (тапани).

Во првиот дел од вечерта ќе имате можност да ги слушате најголемите хитови од легендарните Red Hot Chili Peppers, а додека во вториот дел The Flames ќе ве забавуваат со песни од многу други различни бендови.

Настапот e закажан со почеток од 21часот.

Уште еден хуманитарен концерт за доизградба на храмот Св. Петка во Прилеп: Ќе настапат женскиот камерен хор “Керамија” и црковниот хор “Св. Петка”

По прекрасниот концерт на Андријана Јаневска, придружувана од звуците на Ратко и Драган Даутовски, на платото од црквата Св. Петка во Прилеп, ќе се одржи уште еден концерт. Прилепчани ќе можат да уживаат во изведбите на женскиот камерен хор „Керамија“ и црковниот хор “Св.Петка”.

Соопштението од храмот го пренесуваме во продолжение:

Почитувани сограѓани,
Во преубавиот амбиент на платото пред храмот Св. Петка, со задоволство Ве покануваме на концерт на духовна и македонска народна музика кој е дел од циклусот хуманитарни концерти за доизградба на храмот Св. Петка.

На концертот кој ќе се одржи на 24(среда) јули со почеток во 20:30 часот, ќе настапат:

– Женскиот камерен хор „Керамија“ под диригентската палка на Катерина Попоска, дипломиран музичар теоретичар и педагог. Во своето едногодишно постоење, хорот постигна забележителни резултати на државно и меѓународно ниво. Тие ќе се претстават со духовни композиции од Бортњански, Архангелски и други, како и македонски народни песни.

– Црковниот хор „Св. Петка“ под диригентската палка на протопсалт м-р Гоце Секулоски. Хорот активно учествува во молитвено-литургискиот живот на храмот и останатите храмови во Прилеп, а има настапувано на бројни културни манифестации во Македонија. Тие ќе се претстават со духовни композиции од композитори како Христов, Мокрањац, К. Македонски, А. Бадев, Скаловски, Секулоски и други.

Вашето присуство на овој концерт не само што ќе го збогати вашето духовно и музичко доживување, туку ќе придонесе и кон доизградбата на нашиот свет храм. Ве покануваме да ни се придружите заедно со вашите семејства и пријатели и со вашата поддршка да помогнете во оваа благородна акција. Секој ваш придонес е чекор поблиску до нашата заедничка цел.

Ве очекуваме со радост да ја споделиме оваа музичка и духовна вечер.

Со почит,
Организационен одбор на хуманитарните концерти „Од векови за векови“

### Црковниот Хор „Света Петка“ – Прилеп

Црковниот хор „Света Петка“ од Прилеп, основан во 2015 година од протопсалт м-р Гоце Секулоски, претставува светилник на духовната и музичката сцена во Македонија. Основан со цел да ја поддржи богослужбената и духовната дејност на храмот „Света преподобна маченица Параскева – Петка“, хорот брзо се истакнува како значаен фактор во литургискиот живот на Македонската Православна Црква.

Покрај своето учество во молитвено-литургискиот живот на црквата, хорот „Света Петка“ заедно со својот ансамбл „Пелагонитиса“ организира хуманитарни концерти и настапува на реномирани културни манифестации во Македонија, како што се Прилепско лето, Денови на крал Марко и Фестивал за црковно пеење „Св. Нектариј Битолски“. Нивното учество на јубилејната прослава на Богословскиот факултет во Софија е особено значајно, каде што не само што настапиле, туку и учествувале на научна конференција посветена на прилепчанецот и Старозагорски митрополит Методиј Кусев.

Со поддршка на Општина Прилеп, хорот го издаде мултимедијалното ДВД „Крепост и Достолепие Македонски – десет прилепски цркви и манастири“, кое придонесува кон развојот на духовниот и манастирскиот туризам во градот.

Репертоарот на хорот е богат и разнолик, опфаќајќи дела од ренесансни композитори како Палестрина и Бирд, до славни руски, српски, украински, бугарски и македонски автори како Алеманов, Архангелски, Христов, Мокрањац, А. Бадев, К. Македонски, Скаловски и Секулоски. Нивната музика допира до срцата на верниците и љубителите на хорската музика, негувајќи ги вековните традиции и духовни вредности.

Црковниот хор „Света Петка“ од Прилеп е вистински чувар на македонското духовно и културно наследство, пренесувајќи ја светлината на верата и музиката на сите кои ќе го слушнат. Нивната посветеност и уметничка извонредност ги прави неизоставен дел од духовниот и културниот живот на Македонија.

Женскиот камерен хор “Керамија” од Прилеп, оформен во јануари 2023 година, под диригентската палка на харизматичната Катерина Попоска, дипломиран музичар, теоретичар и педагог, брзо стана симбол на музичката елеганција и посветеност. Во овој хор, се сплотија талентирани хористи со претходно музичко знаење, кои преку своите гласови создаваат вистинска музичка магија. Хорот го сочинуваат: Ане Г. Чесноска, Оливера Цветаноска, Билјана Црвенкоска, Маја Јорданоска, Катерина А. Димеска и самата диригентка Катерина Попоска, која воедно и пее.

Репертоарот на “Керамија” е вистински музички мозаик, обединувајќи духовни композиции, англиски комерцијални хитови и македонски староградски песни. Оваа музичка разновидност им дозволува на хористите да изразат различни емоции и да создадат уникатни музички доживувања за публиката.

Во текот на изминатата година, хорот учествуваше на неколку значајни настани и фестивали, меѓу кои:

– Меѓународниот хорски фестивал “ТеХо” 2023 во Тетово.
– Меѓународниот фестивал на камерни хорови “Астибо” во Штип.
– “Зимска приказна” во Битола со Божиќни композиции.
– “Предновогодишен базар” во Прилеп.

Од натпреварувачки карактер, хорот ги воодушеви сите со своите достигнувања:

– Специјална награда на Меѓународниот фестивал “Art in” во Кавадарци.
– Прво место во категорија камерни состави на Меѓународниот “Пијано фест” во Битола.

На “ТеХо” 2024, хорот беше прогласен за еден од најдобрите фестивалски перформанси од страна на стручната јавност. Овие успеси, и покрај краткиот временски период од нивното постоење, докажуваат дека Женскиот камерен хор “Керамија” е на патот кон професионалноста во хорската уметност.

И вашето возило бара разладување – GALA WASH ве oчекува! (ВИДЕО)

Најсовремената самоуслужна автоперална во Прилеп, GALA WASH e повторно со вас! Лоцирана покрај Градската река, на улица “Кеј 1-ви Мај”, GALA WASH е местото каде можете да му пружите најдобра нега на вашето возило, и сето тоа без чекање, сами, а сега и по најниски цени во целиот град.

Цената на еден жетон е само 25 денари, а со тоа добивате 90секунди. Само тука вашето возило можете да го перете со топла вода (55 Степени помешана со шампон), а ако сакате вашиот миленик на четири тркала навистина да заблеска, тогаш на располагање ви е и опцијата за нанесување восок со ладен воден млаз.

Покрај тоа GALA WASH нуди и можност за плакнење на возилото без бришење, со дестилирана вода, а откако добро ќе го светнете возилото однадвор, редно е да се упатите на следната станица, односно добро да ја исчистите внатрешноста. За 1 жетон од 25денари добивате 180 секудни за користење на правосмукалка.

Она што мора да се потенцира е тоа дека автопералната користи исклучиво докажан бренд на хемиски средства, односно од реномираниот белгиски производител NERTA.

На вас останува после дождливото време, да ги посетите и да се уверите во пишаниот збор одблиску.

Секоја чест! Коњановски со иницијатива за награда на пожарникарите, кои со сите сили деновиве ја бранеа Битола од пламените јазици

На првата следна седница на Советот на општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски ќе поднесе иницијатива, за доделување награда од страна на Советот на општина Битола на вработените во Територијалната противпожарна единица, за нивното особено залагање и максимално
ангажирање во гаснењето на пожарите и справувањето со огнената стихија над градот.

„Од првите кризни моменти на теренот, кога започна пожарот во понеделникот попладне на 15.07.2024 година, на ридовите над обиколницата, сите припадници на ТППЕ Битола, максимално, деноноќно, беа постојано на терен и работеа напорно да се стави пожарот под контрола, иако временските прилики воопшто не беа на нивна страна. Со повеќекратни налети на канадерите, испратени како државна помош од страна на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, големиот пожар сепак беше ставен под контрола, но пресудно беше присуството на пожарникарите на теренот, кои продолжија да се борат на нови опожарени локации, заедно со постојана поддршка на јавните
претпријатија и граѓаните, кои индивидуално и преку разни здруженија, максимално помогнаа да се стабилизира состојбата, без да имаме катастрофални последици. Кризниот штаб постојано ја следеше состојбата на терен и со взаемна координација, се делуваше во сите можни насоки.

Посебна благодарност, како градоначалник, морам да упатам на сесрдната поддршка на битолчани. Ви благодарам на Вашата големина и на Вашата
вклученост, да помогнете секој на свој начин, сеедно дали тоа беше поддршка на терен во гаснењето на пожарите, или донации за луѓето на
терен во вода и храна.

Голем број на компании, меѓу кои Бимилк, Вемилк заедно со Ротари клуб Широк Сокак, Инервил клуб Битола, Хотел ресторан Бела Куќа, Хотел
ресторан Капри, Пелистерка, фирмата Фреш Кичево подружница Битола сендвичара на Широк Сокак и други поединци и граѓани, донираа храна за
пожарникарите и останатите кои го гаснеа огнот, а постојано се надополнуваа донациите и со вода, сокови, јогурт и млеко за луѓето на
терен.

Волонтерите од доброволните друштва, паралелно со пожарникарите помагаа на теренот. Тука беа дел од Чкембарите, мотокрос друштва, Доброволното противпожарно друштво Архангел, волонтери, па дури и младиот Митат кој цела вечер со мотокрос носел вода за пожарникарите и доброволците. Млади битолчани, самоиницијативно со своите теренски возила, помагаа при достава на храна и вода. Тука и е битолчанецот Васко Михалчев, кој беше дел од пилотите кои го гаснеа пожарот од воздух. Медиумите, со постојаното следење на состојбата исто така дадоа своја поддршка и беа будното око над градот, известувајќи за секоја теренска новонастаната состојба. И доколку некого изоставив, простете ми, но покажавте голема пожртвуваност и без сите Вас, предводени од нашите пожарникари, навистина исходот можеше да биде катастрофален за Битола и битолчани“, рече градоначалникот Тони Коњановски, образложувајќи ја иницијативата за доделување награда на околу 40-тина вработени во ТППЕ Битола.

(ФОТО) Крушевската депонија гори, локалната дозволува народот да се труе?

Овие денови неиздржливо е да се живее во Крушево. И кога треба да уживаме во воздушните бајни, за ги напуштиме градските средини и да претстојуваме во оваа планинската убавина, се случува непријатно изненадување.

Неподнослива мириба се шири низ градот. И тие малку туристи од странство, претежно параглајдеристи и неколкуте домашни, бурно реагираат на овој хаос.

Крајно време е локалната самоуправа да преземе нешто. Вчера пожарот од депонијата се проширил и на нискостеблеста шума, па сега се апелира истиот да биде ставен под контрола.

Од општината кусо на социјалните мрежи велат дека во моментов гори борова и нискостеблеста шума, а се обратиле и до ЦУК од каде побарале помош за гаснење на пожарот.