дома блог страница 765

Битолчанец со автомобил излетал од патот Скопје – Велес – со тешки повреди пренесен во болница

На 01.04.2024 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, во близина на место „Бадар”, патничко возило „киа” со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(63) од Битола, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни се здобил возачот, констатирани во приватна болница во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ФИНКИ си е ФИНКИ – Студентите организираа маратон и протест пред Влада, си побараа нова зграда и услови за студирање

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство- ФИНКИ. при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска од 11 часот одржа протестен маратон по повод денот на ФИНКИ.

Маратонот се одржа под мотото „ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“. Стартот беше од стариот дел на Градскиот парк, на кејот на Вардар, па до Владата.

По завршување на трката, се одржа и мирен протест пред Владата со цел подигнување на свеста во државата за подобрување на условите за студирање на студентите на ФИНКИ.

– ФИНКИ изминатиот период оствари повеќе средби со надлежните институции и се надева на позитивен исход и исполнување на дел од барањата, кои ги поставивме на минатиот протест одржан пред Владата, се вели во најавата од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Битолскиот народен театар освои 5 награди на Меѓународниот фестивал во Рума, Србија

„Кислород“, претставата од Иван Вирипаев во режија на Иван Јерчиќ освои пет награди на меѓународниот театарски фестивал кој викендов се одржа во српскиот град Рума.

Во известувањето од Битолскиот театар во врска со наградите стои:

Стручното жири на 27 Арт Трема Фестивал во состав: Зијах Соколовиќ, Марина Вујчиќ, Неџма Чизмо, едногласно ги додели следните награди на претставата ,,КИСЛОРОД” од Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ:

*СРЕБРЕНА ТРЕМИНА МАСКА за претставата ,,КИСЛОРОД”
од Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ – НУ Народен Театар Битола,
*НАЈДОБРА РЕЖИЈА (ЗЛАТНА ПЛАКЕТА) на Иван Јерчиќ,
*НАЈДОБРА СЦЕНСКА МУЗИКА на Александар Димовски,
*НАЈДОБАР ДИЗАЈН (музика, звук, светло-тотал дизајн) на Александар Димовски, Марјан Ѓорѓиевски, Владимир Переловски и Никола Ѓорѓиевски,
*НАГРАДА ЗА ПАРТНЕРСКА ИГРА на Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов.

На фестивалската сцена во Рума освен актерите од Битола, учествуваа и театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

На наивен начин повторно ќе изгинеле стотици: Пронајдени експлозиви во православни икони кои од Украина патувале до Русија

Официјални лица на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) заедно со цариниците спречија шверц на 27 импровизирани експлозивни направи скриени во православните икони од Украина во Русија, соопшти ФСБ.

Товарот се движел на релација Украина – Романија – Унгарија – Словачка – Полска – Литванија – Латвија – Русија, а во него имало 27 импровизирани експлозивни направи скриени во икони и подготвени за употреба, 70 килограми индустриски произведен пластичен експлозив со голема моќност и 91 електричен детонатори, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.

Осомничениот е приведен и одредена му е мерка притвор. ФСБ за регионот Псков го истражува случајот со нелегално пренесување експлозиви и експлозивни направи преку граница од страна на група лица.

Прилепчанец се обидел да нападне полицајци, откако му одзеле бесправно сечени дрва

На 31.03.2024 околу 12.45 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Р.(35) од Прилеп затоа што се обидел со тврд предмет да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Од него било одземено запрежно возило натоварено со огревно дрво без документација и било предадено на шумска полиција.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава – стои во соопштението од дневниот билтен на МВР.

„За нас трошките, за функционерите европски плати“ – пензионеpите го кажаа своето мислење за покачyвањето од 600ден.

„Со овие пари може да купиме само еден килограм овчо сирење и ништо повеќе„- вака дел од пензионерите кои денеска чекаа пред банкоматите го коментираат покачувањето од 5,3% кое го добија со мартовската пензија. Разочарани се, бидејќи најниските пензии се зголемија само од 600 до 800 денари. Велат,воопшто не е доволно, ако се земат во предвид цените на храната и давачките кои постојано растат – објави “АЛФА ТВ”.

„700денари ми е покачувањето. Воопшто не е доволно, за денешни услови тоа е ништо. Со тие пари можам да си купам само 1килограм сирење, ништо повеќе. Не сум израчунал колку ми е покачувањето, но нема повеќе од 1000денари. И тие 1500денари што требаше да ги дадат ги нема уште на сметка„ коментираат пензионерите. .

Околу 40% пензионери во државата земат минимална пензија од 12.500 до 16.000денари. Овие пари ниту одалеку не ги задоволуват потребите за достоинствен живот на граѓаните од третата доба. Револтот им е уште поголем откако функционерите драстично си ги зголемија своите плати.

„На нас ги дават трошките. Нивните плати си ги качија за 80%, а нашите пензии 5%. Речиси сите пари ми одат за комуналии, лекарства и што ќе остане за јадење. Под 22.000 не смее да биде пензијата. Најмногу пари ми одат за лекарства. Ништо не ми останува. Земам минимална пензија„ велат анкетираните пензионери.

Пензионерите на кои инфлацијата одамна им го изеде мартовското покачување не запираат со протестите, а не се откажуваат и од барањата 5.000 денари линеарно зголемување и 20.000денари минимална пензија. Инаку во државата пензија од 20.000 до 32.000денари земаат само 27,60 % од пензионерите.

Kрyшевчанец нападнал полициски слyжбенци, а потоа со нож им се заканyвал на тpојца пpилепчани

На 31.03.2024 околу 17.50 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода А.А.(51) од Крушево затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и претходно со остар предмет им се заканил на М.С., Е.С. и Р. Р., тројцата од Прилеп и на С.Г. од Крушево.

А.А. е задржан во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Момироски: Атак врз превентивните столатолози, се затвораат 4 училишни амбуланти во Прилеп

ПО 35 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА НЕКОЈ ,,ГЕНИЈАЛЕЦ,, МУ ПАДНАЛО НА ПАМЕТ ОД 7 СТОМАТОЛОШКИ АМБУЛАНТА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ПРИЛЕП ДА ЗАТВОРА И ДА СТАВА ВОН ФУНКЦИЈА ПОД РАЗНИ ИЗГОВОРИ 4 УЧИЛИШНИ АМБУЛАНТИ – објави новинарот Зоран Момироски.

-ТИЕ СЕ ВО РАМКИ НА ВО СЛУЖБАТА ЗА ДЕТСКА И ПРЕВЕНТИВНА СТОМАТОЛОГИЈА.ПА ДЕЧИЊАТА НАМЕСТО ДА БИДАТ ЗГРИЖЕНИ ВО УЧИЛИШНИТЕ АМБУЛАНТИ КОИ ГИ ОТВОРИ Д-Р ЛАЈЧАРОСКИ СЕ ПРЕПРАЌААТ ЗА ПЛОМБИРАЊЕ ИЛИ ЛЕЧЕЊЕ НА ЗАПЧЕ КАЈ МАТИЧЕН СТОМАТОЛОГ. ВАКОВ СТРАМ ЗАД КОЈ МОЖЕБИ СТОИ САМО ,,МАТЕМАТИКА,, НЕМА ДА ДОЗВОЛИ НИ ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ НА АФРИЧКАТА ДРЖАВА БУРУНДИ – пишува Момироски, кој најавува дека повеќе околу оваа одлука ќе напише во неговата 80-та по ред колумна од серијалот “Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем”, во петок.

Ограбено казино во Прилеп

На 31.03.2024 во 07.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во казино на ул.„11 Октомври“ во Прилеп, едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Победа со “деца” е четири кола непоразена, но ќе се најде ли “маж” да ја изваде од калта

Со најстариот Стефан Спиркоски, роден 1999 година и голманот Антонио Столевски, кој е роден 2002година, сите останати играчи на прилепска Победа се многу млади деца, генерација 2004, 2005, 2006…

И покај тоа, но и покрај тешката финансиска состојба во која се наоѓа клубот, овие дечки сега се непоразени во четири последователни натпревари и жилаво се борат клубот да опстане во Втора лига.

Три нерешени со Осогово, Беласица и Новаци, па победа над Саса од Македонска Каменица е билансот во последните кола на некогашниот освојувач на македонската лига и Купот на Македонија.

Црвено-белите сега се наоѓаат на 12-то место на табелата, и се на само 2 бода плус од опасната зона.

Следува тешко гостување кај третопласираниот Детонит, а борбата ќе биде тешка до самиот крај. Прилепчани се молат да не се случи повторно клубот да го видат во Трета лига, а за тоа да не се случи, се чини дека финансиската помош треба да пристигне час поскоро, прво за обезбедување на опстанокот, а потоа и за консолидирање на клубот и враќање на старите славни патеки.