дома блог страница 759

(Фото галерија) Величенствено! Над 1.000 луѓе ги пречекаа битолските илинденски коњаници со село Цапари

По четврти пат, а во чест на Илинденците кои својот живот го дале за слободна Македонија, битолската коњаница “Галоп” се упати до славно Крушево.

Патот ќе ги води низ 9 села, а во Крушево ќе пристигнат на големиот христијански празник Илинден, на 2. август.

20 коњаници и една девојка, се дел од годинешното патешествие. Кон Крушево се упатија вчера, на големиот празник и заштитник „Архангел Гаврил“ од истоимената црква, која се наоѓа во населбата Довлеџик.

По добиениот благослов од Владиката Петар, илинденците од Битола се упатија во Цапари, каде синоќа се одржа прекрасна церемонија, со музичка програма, а присуствуваа над 1000 луѓе.

Се положи цвеќе на спомен обележјето на загинатите илинденци и борци во народноослободителната борба, а коњаниците положија и заклетва. На крајот беше избран и нов војвода кој ќе ги води до Крушево.

Да им посакаме патот да им биде лесен, а за Илинден заедно да празнуваме кај Мечкин Камен.

Свечен пречек со музичка програма на ИЛИНДЕНСКАТА КОЊАНИЦА во прилепско Ропотово – Сите се поканети!

На 30.07. во с. Ропотово – прилепско, ќе се организира свечен пречек на илинденската коњаница. Настанот ќе се одржи на спортското игралиште, со почеток од 18:30часот, а свој настап ќе има музичката група “Нота бенд”.

Заеднички да ги поздравиме учесниците на коњаницата со што помасовно присуство, и да одбележиме 121 година од Илинденското востание.

MВР СО СООПШТЕНИЕ: Затворен патот од прилепско Големо Коњари до Крушево – ова ќе бидат алтернативните патишта за Илинден

Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август, кој традиционално се одбележува во Крушево ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Крушево, поради што истиот е затворен за сообраќај во делот од село Големо Коњари до село Кривогаштани, за доаѓање на манифестација во Крушево на ден 01 и 02.08.2024 година треба да се користат патните правци: Прилеп – Битола – по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево.

41-годишна прилепчанка нападната од својот татко и поранешниот сопруг, ја спасил деверот

На 26.07.2024 во 23.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода О.З.(34) и М.Ѓ.(67), двајцата од Прилеп.

О.З. се сомничи дека физички ја нападнал својата 41-годишна поранешна сопруга, додека М.Ѓ. се обидел фиизчки да ја нападне својата 41- годишна ќерка, но бил спречен од нејзиниот поранешен девер.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци – информираат од МВР.

Не е само обична забава! Овде се создаваат спомени! Тимот на “Салида аква парк” и вечерва ве очекува на ноќно капење и луда журка!

Тимот на “Салида” аква парк и ова лето ги нуди најдобрите забави во Прилеп. Прилепчани веќе се разладуваат на дневните горештини и уживаат во водените лудории на аква паркот и со нетрпение ја очекуваа следната забава.

Вечерва Салида аква парк ви закажува нова забава со ноќно капење. Со почеток од 20часот, диџеј кабината е резервирана за популарниот DJ PETRO.

Резервирајте навреме на телефонскиот број: 076/814-100, уживајте и забавувајте се, тимот на аква парк “Салида” ве очекува!

Емотивно го погодила песната: 24-годишно момче од Неготино сам се пробол со нож во кафеана

Вистинска драма се случувала во кафеана во Неготино, кога 24-годишник се прободел со нож во стомакот.

Тој со возило на итната помош е транспортиран во градската хируршка болница, по што бил препратен на скопските клиники.

Очевидци, сведочат дека причина за повредата е песна на која повредениот емотивно реагирал, како последица на љубовна врска која завршила пред неколку де

Битола ќе добие нов современ влез од страната на Прилеп

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, со поставување камен темелник го означија отпочнувањето на проектот за изградба на влезот во Битола од страната на Прилеп.

„Овде сме заради еден вреден проект реконструкција на коловоз во должина од 1,3 километри на потегот од „Лук Оил“ до ГУП, односно до самиот влез во градот кај таблата што пишува Битола. Делницата која опфаќа не само нов коловоз туку комплетен булеварски влез со ширина од 27,5 метри, ширина на двата коловози од по 7,5 метри, со урбано уредена површина која ќе ги разделува двата коловози со пешачки и велосипедски патеки од 5,5 метри од по страните. Влез кој заслужува да биде направен, затоа што беше болна точка, беше влез кој недоликуваше за Битола“, рече градоначалникот Тони Коњановски.

Премиерот Мицкоски истакна дека овој проект е многу значаен за битолчани и очекува овој влез да биде брзо завршен, со што ќе биде заокружена една целина.

„За мене Битола има посебно значење во делот на реализација на проектите, бидејќи, Битола, полека но сигурно во овие години откако Тони Коњановски е градоначалник, заедно со советниците и со администрацијата, се обидуваат што е можно повеќе проекти да реализираат. Морам да напоменам дека Владата во тој период не беше позитивно настроена кон Битола, се земаа ингеренции и сеуште имаме рецидиви од тоа време. Но, сега е поинаква ситуацијата и од тоа што го знам дека, кога ќе помине ребалансот и ќе биде објавен јавниот повик, општина Битола ќе конкурира со нови проекти, а ќе имаме нови проекти и со усвојување на буџетот идната година. Само во овој период до крајот на оваа година и следната околу 14, 15 милиони евра ќе бидат инвестирани во проекти овдека во Битола, надвор од буџетот којшто го има самата општина“, изјави премиерот Мицкоски.

Манијаци во Прилеп: Еден фатен како се самозадоволувал пред малолетници, друг заработи кривична пријава

На 23.07.2024 во паркот “Могила на непобедените” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Т.(37) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека во паркот се самозадоволувал пред двајца малолетници.

Исто така СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување на полови страсти“.

На 22.03.2024 во Прилеп, пријавениот се самозадоволувал пред малолетно девојче.

Ова е целосната програма на натпревари, за 9-от по ред Меморијален ракометен турнир “Миле Нешкоски”

Деветтото издание на меѓународниот ракометен меморијален турнир „Миле Нешкоски“ ќе се одржи од 29 август до 1 септември. Организаторот ги потврди шесте учесници на турнирот. На ова издание ќе ги нема ланските финалисти, освојувачот Дубочица од Србија и Мулти Есенс.

Освен домаќинот прилеп, ќе настапат уште четири македонски екипи. Тоа ќе бидат Охрид, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш и Куманово. Единствениот странски претставник ќе биде екипата на Врање од Србија.

Охрид и Куманово ќе го одиграат првиот натпревар на турнирот, а на првиот ден ќе играат уште и пелагониските ривали, Прилеп и Еурофарм Пелистер 2.

Натпреварите ќе се играат на 29, 30 и 31 август, со финалето закажано за 1 септември.

Битолчанец останал без својата “априлија”

На 26.07.2024 во СВР Битола, Т.Ж. (55) од Битола пријавил дека од ул. „4 Ноември” му бил одземен мопед „априлија” со битолски регистарски ознаки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.