дома блог страница 758

Прилепчанец кој живее во Германија, го промовираше својот прв музички македонско-германски албум (ВИДЕО)

Прилепчанецот Кире Гелев, кој 10 години живее во Бад Херсфелд, Германија, неодамна го издаде својот прв музички албум, кој е прво музичко дело на македонско-германски јазик.

Албумот е насловен како “Кратко и јасно” и на него се наоѓаат 10 композиции. Слушнете во продолжение:

Емили Иваноска од Прилеп e новата атлетска надеж на Македонија: Во две недели, два маратони и два пиедестали!

Во неделата по улиците во центарот на Велес, се одржа третата по ред атлетска трка „Трчаме за Рацин“, каде учествуваа 518 учесници, кои трчаа 10 и 5 км, во машка и женска конкуренција.

На 5 км. кај жените најбрза беше Ирма Хајдари со време од 21:01, пред Емили Ивановска од Прилеп, која имаше само 5 секунди послабо време (21:06).

Ова е втор одличен резултат за младата Иваноска, која пред само десетина дена триумфираше во истата дисциплина на маратонот “Охрид Трчат”

Девојката од Прилеп од која се очекува да прерасне во нов атлетски бисер на Македонија, од скоро е нов ученик на Игор Јакимовски, и после одработени 4 неделни напорни тренинзи стигна до првите големи резултати.

Нам ни останува да и’ честитаме и да и’ посакаме уште поголеми успеси во иднина, како на домашен, така и на меѓународен терен.

„Ало! Ало!“ на Театар Комедија, прилепската „Дупло дно“ и „Кенди“ на МТФ „Војдан Чернодрински“

Претставата „Ало! Ало!“ во режија на Синиша Евтимов на Театар „Комедија“ ќе биде изведена вечерва во 20 часот на сцената на Центар за култура „Марко Цепенков“. Огромен интерес владее кај прилепската публика за претставата, која беше распродадена една недела пред да започне фестивалот. Улогите ги толкуваат: Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски, Асен Алберто, Сергеј Димоски, Тони Денковски, Виктор Арсов, Јаков Спасов, Столе Мицов, Илија Илиоски, Наталија Теодосиева, Маја Љутков, Елена Кузманов, Григор Јовановски и Стефан Николовски.

„Ало! Ало!“ е духовита пародија на историските случувања и на човековите слабости во обидот да се сочува главата во налетот на насилството. Дејството е сместено во скопската кафеана „Кај Јорго“, во окупираното Скопје за време на Втората светска војна. „Кај Јорго“ е сврталиште на високите претставници на фашистичкиот окупатор во Скопје и на членовите на Отпорот, а сопственикот на кафеаната, Јорго, се труди да ги „менаџира“ односите со двете страни и да се одржи жив среде војната. Но, неретко се заплеткува во компромитирачки ситуации, обидувајќи се да ги балансира барањата на Отпорот и на фашистичките чиновници, што резултира со напнати и комични расплети. Хуморот во претставата го формираат многубројни зборовни игри, двосмислености, каламбури, јазични сплетки и сатиризирање на различни стереотипи и клишеа поврзани со минатото, но и со сегашноста во Македонија.

Во 22 часот на својата матична сцена ќе биде изведена претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска. Играат: Катерина Чакмакоска-Клинческа (Кристина), Даниела Иваноска (Параскева), Димитар Ѓорѓиевски (Божо), Игор Трпчески (Јаков), Зоран Иваноски (Лудакот) и Михајло Миленкоски (Нове).

На полноќ на сцената 105 во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе гостува Театар „Златен Елец“ со претставата „Кенди“. Улогите ги толкуваат Бобан Алексоски и Лео Поповиќ.

Во рамките на денешната програма на фестивалот во 11 часот ќе биде промовирана монографијата посветена на 75 години Кумановски театар. Веднаш потоа ќе следува тркалезна маса со екипата на претставата „На дното“ во режија на Ќендрим Ријани. На фестивалот во тек е работилницата за млади новинари што ја реализира порталот Умно.мк. Низ програмата на фестивалот младите ентузијасти учат како да известуваат од театарски фестивал. Исто така, со млади работеше и Александар Ношпал на тема костимографија. Екипата на Струмичкиот театар на тркалезна маса разговараше со публиката за својата претстава „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Сите се согласија дека Горан Стефановски е неисцрпна тема и дека треба одново и одново да му се навраќаме.

Во придружнаа програма на фестивалот беа промовирани и нови драми од мрежата „Еуродрам“. Иван Додовски им ги врачи наградите на драматурзите Ана Ристоска Трпеноска и Ева Камчевска.

На четвртиот фестивалски ден гостуваа екипите „На дното“ и „Домот на куклата“ на Турскиот театар. Прилепската публика до последно столче ги исполни гледалиштата за овие претстави.

Покровители на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ се: Министерството за култура и Општина Прилеп. Спонзори на фестивалот се: Пакомак, Витаминка, Прилепска пиварница. Пријатели на фестивалот се: Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, Градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, Театар за сите, Самоглас, Умно.мк, Јавен простор – Прилеп, Гледај.мк, Театроск, Факултет за драмски уметности, Донирај компјутер, Урбан ера. Пријатели на фестивалот се: Бит крафт, Карé и Смарт Ливинг, Македонија осигурување, Крин производство Прилеп, Аура, Клуб Калинка, Кафе-бар Тротоар, Кафе бар Чоше, Кафе бар Лувр, Брос бургерс, Монарка гастробар, пекара Алекс, Национален ресторан „Македонска куќа“, Центарот за современа ликовна уметност – Прилеп, Такси 5, Лусио Стор, Уан бајт и хотелите Кристал Палас, Атлас и Салида. Медиумски покровители се Македонската радио-телевизија и Трн.мк.

Сеќавање на прилепската актерска легенда: 9 години без Џумерко (Видео)

На 69-годишна возраст на 11 јуни во 2015 година, почина познатиот театарски и филмски актер Благоја Спиркоски – Џумерко.

Одиграл повеќе улоги, а најпознат ќе остане по улогата на Итар Пејо во „Солунски патрдии“.

Беше член на Народниот театар “Војдан Чернодрински” во Прилеп од 1966 година се до неговото пензионирање. Џумерко имал огромен придонес во македонската култура со бројните остварени улоги во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, ТВ-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“.

Беше носител на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011-година.

Џумерко е роден во во Прилеп, во 1946 година.

НИКОЛА, ЗА ЧИЕ ЛЕКУВАЊЕ СЕ ОБЕДИНИ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА, ЈА ПОБЕДИ БОЛЕСТА!

Деветнаесетгодишниот Никола Ѓорѓиев од Црешево за кого во хуманоста се обедини цела Македонија ја победи болеста.

Никола боледуваше од малигна неоплазма, миелоидна лоза, редок вид на канцер на коските, а при последните лекарски прегледи во Турција, било утврдено дека е излечен и во неговото тело нема повеќе метастази.

Веста на социјалните мрежи ја сподели градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој напиша:

-Младиот Никола ја победи болеста‼️ Со голема радост сакам да објавам дека штотуку разговарав со младиот Никола кој се наоѓа на лекарски прегледи во Турција и ме извести дека и при оваа контрола е утврдено дека е излечен и во неговото тело нема повеќе метастази. Ова е втора контрола со која на Никола му се констатира истото. Ова е победа на сите хумани луѓе! Во хуманоста за Никола се обединивме сите и јас од срце им благодарам на сите оние кои донираа!

Како да го прилагодите клима уредот да троши помалку струја?

Високите температури и животот без клима е речиси незамислив. Меѓутоа, штом ќе го земете далечинскиот управувач, се поставува друго прашање, колку ќе биде сметката за струја.

Дали навистина штедите струја со исклучување на климата кога не сте дома или подобро е да ја оставите климата да работи на иста температура цел ден?

Експертите велат дека системот за ладење на просторот најдобро функционира кога работи со полна брзина, а не кога работи во пократки интервали со помала брзина.

Поточно, подобро е да ја оставите климата да работи со полна моќност, кратко време, а потоа да ја исклучите кога ќе ја излади просторијата, отколку да ја оставите да работи цел ден на иста температура.

Во овој, полн интензитет на работа, клима уредот не само што ќе ви заштеди пари, туку и ќе ја избрка влагата од просторијата.

Исто така, кога се зборува за заштеди и клима, не можеме да го заобиколиме термостатот. Ако го поставите термостатот на клима уредот на повисока температура, да речеме дека разликата помеѓу температурата во просторијата и надворешната не е повеќе од седум степени, ќе заштедите многу.

Според некои податоци, клима уредите трошат три до пет проценти помалку енергија со секој степен повисок на термостатот.

Предлог мени за денешниов пеколен ден! Не гответе дома, други мислат на Вас!

Ако на овие пеколни температури планирате да се варите над шпорет и да готвите, а сето тоа ви предизвикува нервоза и одбивност, не грижете се, трк до “АНА МАРИЈА”, таму денеска имаат зготвено јадења за цела царска трпеза.

Едноставно нема што нема, а се’ им е превкусно! Еве што нудат на денешното дневно мени:

✅телешка чорба
✅телешки гулаш
✅јанија со телешко месо
✅свинско печење BBQ
✅️бегова тава
✅лазања
✅️селско месо-анамарија
✅пилешко на скара во сос со печурки
✅пилешко во тава со крем сос
✅пилешко со кари сос
✅пилешко -кулен кашкавал
✅пилешки похован стек
✅мариниран копан на скара-120 ден порција
✅грчко ќофте
✅бурито со пилешко
✅️мрсна сарма
✅мусака во тава
✅ребро во фурна
✅подварок со чадено месо
✅полнети пиперки со мелено месо
✅шпагети болонезе>12ч
✅домашен колбас на скара
✅пилешки прсти
✅ориз/компир/пире
✅салати

Посетете ги на улица “Мице Козар” после “Футура” маркет, или побарајте ги на телефонскиот број: 075/234-190.

Три лица ќе одговараат за насилство во Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.А.(36), В.А.(34) и Е.Р.(34), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 05.06.2024 во угостителски објект во Битола, пријавените физички ги нападнале И.Ј. и Д.С. од Битола.

Прилепската гимназија широко ги отвори портите: Голем број деветтоодделенци љубопитно разгледуваа и се запознаваа со училишниот простор (ФОТО)

Денеска, Гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп ги отвори ширум вратите и за учениците од основните училишта од градот.

Денес во голем број, училишниот простор беше исполнет со најљубопитни гости од основните училишта, кои имаа можност, најпрвин пречекани од директорката и професорите, да го запознаат училишниот простор преку прошетка низ училишната зграда, а со тоа да ги видат техничките и наставните ресурси со кои располага Гимназијата.

Низ прошетката ги водеа професорите кои ги запознаваа со наставните можности преку кабинетската настава, а пријатна музичка атмосфера со прекрасни интерпретации на различни композиции им создаваше гимназискиот бенд и ученичката Софија Настоска.

Исто така, од страна на професорите им беше презентирана наставната програма по подрачјата, со што им се објаснија и понудија добрите можности за избор на учениците.

Гимназијалците исто така учествуваа во пречекот и гостопримството на идните гимназијалци. Во една пријатна и добронамерна атмосфера, Гимназијата го реализираше својот отворен ден за учениците полуматуранти.

За крај Гимназијата им испрати јасна порака на сите деветтоодделенци, дека ако ја одберат Гимназијата за нивно средно училиште, станале дел од расадникот на таленти и идни интелектуалци!

Поранешен висок функционер на СДСМ од прилепско, распали по раководството: Срамота на векот сте!

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување од СДСМ, Аднан Џафероски распали на социјалните мрежи. Партијата според него ја носат во бездна оние кои ги манипулираат членството, јавноста и симпатизерите на партијата.

„Мислите ли дека некој нормален ви верува?

Вистинста е дека денес немаше доволен број Делегати, исто како и на минатиот Конгрес за да одлуките бидат легитимни, и дека одложувањето на активностите се од лукративни причини на раководството во заминување.

Делегатите ги третирате како овци, и барате заменски делегати за да изгледа дека ве има.

Денешната игранка која им ја направивте на делегатите со вклучување на вашите полтрочиња и измеќари со барање за одложуваење на Конгресот е класично газење по достоинството на луѓето кои во Недела, по екстремни горештини дошле на “Конгрес”.

Тоа што го кажале вашите ИЗМЕЌАРИ на Конгрес, можеа во писмена форма да ви укажат на време дека бараат одложување заради тоа што не знаат да го читаат брзо, вашиот наводно обемен “отчет”, пишуван споро..

Срамота на векот сте ..!

Ама ете…!? И тоа се случи ..

Се одложи КОНГРЕС на СДСМ…!

Може ли поголемо ДНО од ова драги мои !?!?“, напиша тој на фејсбук.

Во нареден статус Џафероски пишува:

“И наместо раководството во оставка, да ја затвори оваа нивна срамна улога на овие избори, да се извинат јавно на граѓаните и да се сокријат некаде, они одложиле Конгрес да се додоговорат кој е крив…

Која мизерија…! И пазете го образложението Ве молам!?

“Раководствата на Општинските организации на СДСМ, немале време да го прочитаат извештајот”…

Што ќе читаат…????

Извештајот им беше даден на 8 мај вечерта…. ! ДЕБАКЛ..!

Што повеќе треба да читаат навистина не ми е јасно..!?”