дома блог страница 760

Градежните работи на експресниот пат Градско- Прилеп се засилуваат од август – До крај на годината ќе се вози по нов пат од Градско до Дреново

Од 1 август се засилуваат градежните работи на експресниот пат Градско -Прилеп. Застојот од неработењето од година и половина е надминат и до крај на годината граѓаните ќе можат да возат по нов модерен пат од Градско до Дреново, најави заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Како што истакна Николоски, причината за застојот за изградба на првата фаза од овој патен превец е фактот што во изминатата година и половина, Министерството за траспорт и ЈП за државни патишта не номинарале членови на Комисија која во соработка со ЕУ требало да работи на надминување на техничките и административни проблеми во изградба на овој дел од експресниот пат.

“ После година и половина јас веднаш ја формирав Комисијата. Таа веќе почна да работи и тоа што е најважно веќе од август ќе се засилат работите на терен се со цел во декември да се заврши оваа 1 фаза и да се вози по нов пат од Градско до Дреново. Во однос на втората фаза од Дреново до Фариш, таа практично е најтешката фаза за што имавме состанок до Синохидро и таму ги придвиживме работите. Реално е за очекување веќе во април месец следната година и таа фаза да биде завршена и да се стави во сообраќај”, изјави министерот Николоски.

Според министерот Николоски, од следната година ќе започне да се работи на проект за проширување на превојот Плетвар, во делови каде што недостасува трета лента, се со цел до крај на 2026 година целиот експресeн пат од Градско до Прилеп да биде функционален.

Неколку причини зошто “Керов продукција” од Прилеп е една од најдобрите, кога во прашање се вашите свадбени свечености

“Керов продукција” од Прилеп е една од најдобрите за фотографирање и видео на свадби поради неколку причини:

Позитивни критики и репутација:

Силното портфолио заедно со позитивните препораки на клиентите помага да се воспостави репутација на “Керов продукција”, која ги доловуваат емоциите на денот – радост, љубов, смеа, па дури и солзи. Тие знаат како да ги врамат моментите кои длабоко резонираат со парот и нивните семејства.

Експертиза и искуство:

Тим со долгогодишно искуство во снимање на свадби, кој знае како ефективно да ги предвиди и документира скапоцените моменти.

Креативна визија:

Професионалните фотографи и видеографи кои имаат уникатен креативен стил што ги издвојува.

Најсовремена опрема:

Ова осигурува дека и фотографијата и видеото се со највисоки стандарди, со одличен квалитет на сликата.

Персонализирана услуга:

Оваа персонализација осигурува дека финалниот производ ја одразува личноста на парот и суштината на денот на нивната венчавка.

Внимание на деталите: Ова ниво на детали го подобрува аспектот на раскажување приказни на нивната работа.

Следете ги на FACEBOOK и INSTAGRAM

Мицкоски денеска со набиена агенда во Битола

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на влезот во Општина Битола, каде што ќе даде изјава за медиуми.

Станува збор за проект вреден над 100 милиони денари, кој се реализира во должина од 1.332 метри.

Проектот вклучува реконструкција со доградба на коловоз на дел од улица „8 Септември“ во Битола, од бензинска пумпа „Лукоил“ до граница на ГУП на Општина Битола.

Потоа, предвидено е Мицкоски да изврши увид на градежни активности при изградба на Противпожарната зграда. Проект кој што беше најавен дека ќе започне со реализација во јануари.

На крај, претседателот на Владата ќе присуствува на пуштање во употреба на спортски игралишта во OУ „Елпида Караманди“ во Битола.

Се очекува рекордна посетеност! За ИЛИНДЕН во манастирот Св. Илија Писокал кај прилепско Кален

По повод големиот христијански празник Св. Илија Илинден, истоимениот манастир во с. Кален мариовско широко ги отвара портите за верниците.

Божјиот храм сместен во живописната природа на мариовскиот недопрен регион и оваа година очекува голем број посетители, кои заедно ќе се помолат и ќе го прослават духот на Илинден.

Вечерната литургија ќе се служи на 01.08. август со почеток од 18:00 часот, а утрената на 02.08 во утринските часови со почеток од 07:00 часот.

Храмот блеска од убавина, а природата на Мариовскиот регион е дополнителен декор на празничниот амбиент.

За забавата на гостите и верниците ќе се погрижат:

01.08. со почеток од 19:30ч – Форум бенд
02.08. со почеток од 10:30ч – Форум бенд заедно со познатата естрадна пејачка Татијана Стефановска

Бидете дел од едно најмасовните празнувања на Илинден во Македонија!

Викендот не може да почне поубаво! Салида аква парк ве кани на две супер забави!

Тимот на “Салида” аква парк и ова лето ги нуди најдобрите забави во Прилеп. Прилепчани веќе се разладуваат на дневните горештини и уживаат во водените лудории на аква паркот и со нетрпение ја очекуваа следната забава.

Викендов не можеше да почне поубаво. Денеска со почеток од 12:00 часот, во диџеј кабината ќе застане DJ MARIO, кој ќе се погрижи дополнително да ја загрее атмосферата, a веќе утре (27.06), нова одлична забава и ноќно капење со DJ PETRO.

Ваше е само да понесите добро расположение и позитивен став.

Резервирајте навреме на телефонскиот број: 076/814-100, уживајте и забавувајте се, тимот на аква парк “Салида” ве очекува!

За многу години! Денеска ги празнуваме чудата на Светиот Архангел Гаврил

Денеска е Свети Архангел Гаврил, празник меѓу народот познат и како летен Архангел.

За овој ден се врзуваат многубројни обичаи. Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога.

Поради тоа се верува дека на денот на Свети Архангел Гаврил треба да се одмори и дека не треба да се работи за себе или за пари, но и дека ова е најдобро време за отпочнување на каква било доброволна работа.

Треба да споделуваме се’ што имаме со блиските, бидејќи ова е празник на споделувањето. Потрудете се да направите некое добро дело, нема да ве чини ништо, а светецот ќе ви помогне да ви се промени животот.

Именден празнуваат Гаврил и Габриела.Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој архангел во една келија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“. Заради овој настан таа келија и денес се нарекува келијата „Достојно ест“.

Во Библиските преданија понекогаш го среќаваме и како ангел на смртта или Божји гласник. Според една подоцнежна легенда, тој е и неименуваниот ангел во Откровението кој дува во труба за да го најави Судниот Ден.

Во Македонија, во еднокорабниот храм над селото Горбиново (Курбиново), изграден во 12 век во 1191 година се наоѓа светски познатата олтарна фреска на Синиот Ангел (Архангел Гаврил) според мислењето на врвни историчари на уметноста е прапочетокот на европската сликарска ренесанса, дури два века пред пионерите, италијанските ренесансни мајстори Џото и Фра Анџелико.

Секоја чест! Двајца полициски службеници од Прилеп на велосипеди се упатија до манастирот Св. Василиј Острошки (ФОТО)

Како долгогодишни спортисти, а веќе неколку години и рекреативни велосипедисти, полициските службеници при ОВР Прилеп и припадници на Посебната единица на полицијата (ПЕП), Драган Илиоски и Филип Спиркоски, се упатија на долга велосипедска тура до манастирот Св. Василиј Острошки во Црна Гора.

Двајцата колеги досега често организираа интересни тури во околината на Прилеп и Битола, како и подолги релации низ Македонија, а ова им е прв пат да се упатат на толку далечна дестинација.

-За нас ова е многу значаен подвиг, пред се поради долгите километри кои треба да ги поминеме до крајната цел, но и да упатиме порака до сите, а посебно до младите, дека се’ што посакуваат во животот може да им се исполни доколку имаат желба и вложат труд за остварување на целта. Секако, сето тоа е возможно со силна верба во Бог, кој патот секогаш го прави полесен. Благодарност до сите пријатели и спонзори кои помогнаа да се реализира овој наш подвиг – порачаа двајцата колеги за Маркукуле.

Нам ни останува да им посакаме среќа. Нека патот до манастирот Св. Василиј Острошки им биде лесен, без предизвици, безбедно да пристигнат, а потоа и безбедно да се вратат во Прилеп.

Вака се брани родната грутка земја: Жителите на Гостиражни рамо до рамо со прилепските пожарникари помагаа во гасење на огнените јазици

Жителите на селото Гостиражни во општина Долнени, рамо до рамо со прилепските пожарникари помагаа во гаснењето на пожарот, кој на нивните куќи и имоти се закануваше од страната на село Богомила.

Со механизација и со лопати тие им помагале на пожарникарите од ТППЕ Прилеп, кои водат битка со огнените јазици и на територијата на оваа соседна општина.

-Секоја им чест на мештаните од село Гостиражни како и на машинистот од Општина Долнени…вака се гаси пожар – напишаа на ФБ од ТППЕ Прилеп.

Јадењето ќе поскапи за функционерите, ама платите никако да се намалат

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски најавува зголемување на цените на угостителските услуги во Ввладините објекти.

Томовски вели, нема повеќе “багатела” јадење на државна сметка, како и дека во изминатиот период, јавноста често со право обрнуваше внимание на ниските и непазарни цени по кои се користеа угостителските услуги на (СОЗР) на Владата.

-Во таквите дебати особено беше апострофиран собранискиот и владиниот ресторан, каде цените на услугите и производите беа значително пониски од оние на слободниот пазар достапни за граѓаните. Излегувајќи во пресрет на овие оправдани повеќегодишни забелешки, како и во функција на натамошно рационализирање, на мој предлог како директор на СОЗР, Владата вчера едногласно усвои првична одлука за зголемување на цените на угостителските услуги за 50%., информира Томовски.

Тој вели дека ваквото зголемување на цените не е прекумерно имајќи предвид дека претходно цените беа значително пониски во споредба со приватниот пазар.

Томовски најавува дека во периодот што следува, ќе се прават дополнителни анализи и секогаш кога ќе се јави потреба поради отстапувања од пазарните цени, ќе има корекции на истите.

-Важно е да се обезбеди еднаков пристап на сите услуги, но без привилегии за избраните функционери и раководниот кадар, вели директорот на СОЗР.

Плетени октоподи за предвремено родените бебиња во “Плодност” Битола – Причината ќе ве воодушеви! (ФОТО)

Методата која го воодушеви светот, на голема радост на персоналот и на родителите, се применува и во Болница Плодност.

Кај предвремено родените бебенца, додека се во инкубатор, во нивна близина се поставува плетен октопод, кој ја симулира папочната врвца на мајката. Со извитканите делови го допира бебето и го потсетува дека сеуште е во мајчината утроба.

Во сите софистицирани медицински центри во светот се применува оваа метода, која на бебето многу му помага во мозочниот развој и има утврдени позитивни ефекти врз целосниот развој на предвремено родените бебиња.

Октоподот истовремено има и смирувачко влијание врз бебињата, затоа што кога со малите рачиња го држат кракот на октоподот, мислат дека ја држат папочната врвца на мајката, така што мирно ја поднесуваат сондата и не ја вадат од устата додека се во инкубаторот.