дома блог страница 757

Голем број естрадни ѕвезди доаѓаат во Прилеп, и ќе пејат за доизградба на манастирските конаци во манастирот Св. Никола во Загорани

Иницијативниот одбор за доизградба на манастирските конаци во манастирот Св. Никола, село Загорани, прилепско, ве поканува на вториот хуманитарен концерт, кој ќе се одржи на 25.април во ресторант “Центар” во Прилеп.

-Со вашето присуство и купување на картата, со дел од средствата директно ќе помогнете во донациите за помош за доизградба на манастирскиот конак. На овој концерт ќе ве забавуваат голем број гости и звезди од македонската естрада, кои се одважија и дадоа безрезервна поддршка и придонес во доизградбата на овој храм. Ве очекуваме во голем број! ЗАБАВУВАЈ СЕ И ПОМОГНИ – стои во поканата на социјалните мрежи.

Димитриевски денеска oд Охрид: “На Македонија и треба Претседател кој ќе ги штити интересите на граѓаните”

Караванот на претседателскиот кандидат од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски и денеска беше во охридскиот регион.
„Јас како кандидат за Претседател на државата којшто сака да го даде својот максимум за наша Македонија, заедно со членовите и претставниците од Движењето ЗНАМ вчера и денеска поминавме многу домови, се сретнавме со многу граѓани од Охрид и регионот. Проблемите се секаде исти во Македонија“, рече Димитриевски во обраќањето до медиумите.

„Во рамките на нашата програма и мојата програма како претседателски кандидат, Манифест за Македонија, има голем број на решенија кои ги
нудиме.И ќе ги реализираме, нема да останат само зборови на хартија. Едно од најбитните е дека Македонија ќе добие Претседател од граѓаните, којшто нема да биде во функција на политичките субјекти, туку првенствено ќе ги штити граѓанските интереси. Со тоа што никогаш нема да дозволам да потпишам закон или каков било дргу акт којшто е спротивен на вољата на граѓаните и секогаш истиот ќе добие вето и ќе биде вратен на повторно разгледување пред законодавниот дом“, објасни Димитриевски и додаде дека тоа што граѓаните ќе дадат поддршка на еден ваков концепт, ќе значи дека ќе добијат Претседател на државата од своите редови, човек којшто излегува од самите граѓани. Човек кој не должи никому, ниту на еден политички субјект.

Тој рече дека Движење ЗНАМ-ЗА наша Македонија е мал политички субјект кој добил повеќе потписи во делот на подршката за неговата кандидатура, отколку што имал членови во тој момент и верува дека граѓаните ќе ја дадат нивната поддршка на денот на изборите.

Запрашан за што најмногу се жалат граѓаните, Димитриевски рече:

„Најголемите проблеми кои ги наведуват се владеењето на правото, неказнивоста, селективната правда, нефункционална држава и
финансиско-социјалната состојба во којашто е државата,а знааеме дека е многу лоша. Недостаток на уреден систем кадешто можат институционално да ги решаваат проблемите. На средбите со капетаните коишто се тука и даваат услуги на туристите рекоа дека, на пример, нема Марина каде што може да се снабдат со основната работа на прописен начин, а тоа е горивото. Со години се ветува дека ќе се реши, но реално тие децениски проблеми не се решаваат. Сметам дека нивото на организацијата во делот
на туризмот треба да се подобри“, потенцира Димитриевски.

Неговиот караван денеска ќе ги посети населенните места во Дебарца. Вчера претседателскиот кандидат Максим Димитриевски имаше повеќе средби со граѓаните на Вевчани и Струга, а се обрати и пред граѓаните на Охрид.

Дошле да работат во Прилеп, па избегале: На прилепски газда му заминале работничките од Непал

На 07.04.2024 го 21:57часот во Полициската станица Прилеп, Д.Н. пријавил дека четири државјанки на Непал, Л.С.(29), Б.К.П.(26), С.С.М.Т.(29) и С.Р.М.(29), кои биле во работен однос со склучен договор во неговата фирма, од околу 19:00часот на 06.04.2024 не се вратиле во куќата во која престојувале во Прилеп.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата – стои во соопштението од СВР Битола.

Притвор за три лица кои претепаа сопственик на кафуле во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против С.М.(21), О.И.(26) и А.А.(34), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „насилство“ по член 386 и „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека на 05.04.2024 околу 19 часот во близина на Градскиот часовник во Прилеп физички го нападнале С.Ч.(54) од Прилеп и му нанеле тешки телесни повреди.

По преземени мерки, набргу биле лишени од слобода и против нив е поднесена пријавата, а судија на претходна постапка им определи мерка притвор – информираат од МВР.

Новата детска приказна за ран детски развој на Еду “Шампиони” пристигна во Прилеп, и е место во кое сонот на секое дете станува реалност (Фото галерија/Видео)

Новата детска приказна на Еду Шампиони за Ран Детски Развој пристигна во нашиот град, и е место во кое сонот на секое дете станува реалност, растат среќни деца и се гради силна основа.

ЕДУ “ШАМПИОНИ” ви нуди:

👉секојдневен престој на деца од 2.5 до 6 години;
👉попладневни едукативни активности и работилници за деца од 3 до 11години;
👉попладневно кафе за родители во игротеката додека ние се грижиме за децата;
👉саботен престој исполнет со многу игра, креативни едукативни работилници;
👉роденденски прослави;

Дел од АКТИВНОСТИТЕ се прикажани на следните фотографии:

Ја фатил работата рано-рано: Прилепчанец ограбил продавница во 5:30 наутро

На 07.04.2024 во 10.50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Џ.П.(41) од Прилеп. Тој се сомничи дека околу 05.30 часот извршил „тешка кражба“ во продажен објект во Прилеп, при што одзел повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.

(ВИДЕО) Maкедонците го освоија Скадар: 17-годишниот Матеј Чатлески од Прилеп стигна до првата профи победа

На 06 април во Скадар, Р.Албанија се одржа професионална боксерка ревија организирана од промотерот Нелсон Хиса.

На овој настан учествуваа двајца наши боксери од Македонија.

Во борба од 4 рунди во лесно тешка категорија 17-годишниот Матеј Чатлески oд Прилеп, дебитираше против Стефан Марич од Р.Србија. Чатлески прикажа одлична борба со добра боксерска техника. Сите четири рунди беа со размена на удари од двете страни. Во втората рунда Марич доби нокдаун од Чатлески. На крајот со едногласна одлука на судиите победата му припадна на младиот прилепски боксер.

Тоше Цветков во тешка категорија дебитираше против Анел Балич од БиХ. Во првата рунда Цветков беше доминантен и надмоќен над Балич. На крајот од првата рунда тренерот на Балич беше принуден да ја прекине борбата поради повреда. Со технички нокаут во првата рунда Цветков го победи Анел Балич.

Честитки за борците од “Про Бокс Македонија”, и да им посакаме овие деби борби да бидат само почеток во нивната понатамошна успешна спортска кариера.

Репертоар на прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински” Прилеп – Две претстави на програмата оваа недела

-петок, 12.04. 2024 – 20.00 ч. – „АУДИЦИЈА“

-сабота 13.04.2024 – 20.00 ч. – „ДУПЛО ДНО“

Влезници на телeфонскиот број: 076 442 378

Срамен резултат: Прилепската фаланга разоружана и понижена во Битола

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 забележаа витална победа во борбата за опстанок во лигата и го совладаа соседниот Прилеп со 32-21 (15-12). Битолчани водеа од првата до последната минута, па победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање.

Митревски со седум и Хаџиќ со шест гола беа најефикасни кај битолчани, додека осум кола за Прилеп постигна Органџиев.

Oва е прв пораз за прилепчани во плеј-аут разигрувањето, па после седум одиграни кола им го препуштија првото место токму на битолчани, со кои имаат ист број бодови, но пелистерци имаат подобра гол разлика.

Во наредното коло РК Прилеп гостува кај Скопје.

Лекари кои се и ангели чувари: По 4 часа во операциона сала и обилно крварење кај пациентка, спасена и мајката и бебето

По повод Светскиот ден на здравјето 7 Април, на Интернационалниот конгрес ICRC за ретки случаи, одржан во Скопје во организација на Македонското лекарско друштво, д-р Александар Јовановски, специјалист гинеколог-акушер во болницата “Плодност” во Битола, одржа предавање за редок и тежок случај кај пациентка, кој успешно беше решен.

Во продолжение целосното соопштение од болницата “Плодност”:

-Пациентка, на 40 години, на која претходно не и била дијагностицирана коагулопатија, се породува со царски рез во нашата болница, поради бебе од 4 килограми, но со обилно постпартално крварење.

Д-р Владимир Поповски, по 4 часа во операциона сала, успева да и го спаси животот на родилката, а при тоа и нејзината матка. По овој случај, пациентката добива совет да оди на трансфузиолог, каде и е дијагностицирана коагулопатија (намалена способност за згрутчување на крвта).

Втората бременост на пациентката е водена од д-р Александар Јовановски. Трансфузиолог дава препорака за терапија, која сепак би била недоволна за пациентката да може нормално, без крварење, да се породи. Со конзилијарна одлука на д-р Александар Јовановски, д-р Владимир Поповски и анестезиологот д-р Филип Трајковски, се дава правилна и потребна терапија.

Пациентката се породува со царски рез по втор пат, без крварење и без никаков проблем си заминува од Болница Плодност.

Сега, пациентката има синче од 3 години и ќеркичка од неколку месеци. Во двата нејзини случаи, благодарејќи на знаењето и искуството на медицинскиот тим и можностите кои ги нуди Болница Плодност, таа добива беспрекорна и посветена медицинска заштита ви најранливите моменти од нејзиниот живот.

За нашиот врвен медицински тим, најголем подарок е сигурноста, која пациентката ја чувствуваше во нивните раце, во текот на двете бремености.